Еколошката организација „Здрава котлина“ најавува протест во Струмица на 1 февруари, поради, како што велат, граѓанско незадоволство со воздушното загадување во Струмичката котлина како и бавното функционирање односно нефункционирање на системот што законски требаше да го држи под контрола загадувањето што сите ние го дишеме секој ден. „Наместо заштита и контрола од загадувањето, Струмица е 7-ми најзагаден град во Европа и нивоата на сулфур ...

Деведесет Јавни комунални претпријатија, преку АДКОМ-Здружение за даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија со дописи до Владата на РСМ, Регулаторната комисија за водни услуги и услуги за управување со отпад и Министерство за енергетика упатија барање за повластена цена на електричната енергија за Јавните комунални претпријатија. Од здружението посочуваат дека помалку од 10% од струјата што претпријатијата ја трошат отпаѓа на ...

Најмалку осум лица се убиени во израелски напади во градот Џенин на Западниот Брег, соопшти Палестинското министерство за здравство, а пренесува Ал-Џазира. Идентитетот на убиените сè уште не е познат. Дополнително, министерството за здравство соопшти дека најмалку 35 лица се повредени. Оваа вест доаѓа неполна недела по договорот за примирје во Газа. Израелската армија денес соопшти дека војниците, полицијата и разузнавачките служби започнале ...

Вчера се одржа инаугурацијата на Доналд Трамп, 47-от претседател на САД. Таа беше одбележана со остри критики за администрацијата на Бајден, големи ветувања за мандатот кој следи, како и присуството на ИТ милијардери, меѓу кои основачот на Амазон Џеф Безос, извршниот директор на Мета и Фејсбук Марк Зукерберг, како и Илон Маск, пренесуваат Гардијан и „Ен-пи-ар“. „Мојот врвен приоритет ќе биде да создадам нација која е горда, просперитетна и ...

Од 12 до 19 јануари, ликовната уметница Кристина Зимбакова првпат учествуваше на групна изложба во рамките на 20. Меѓународен симпозиум за габи и текстил, во Лас Палмас на островот Гран Канарија во северозападна Африка. Станува збор за интердисциплинарен светски собир што се одржува на секои три години, а каде земаат учество уметници, инженери и научници чија преокупација се боите за текстил и хартијата добиени од габи. На изложбата таа ...

Во Кинотека на Македонија на 23 јануари (четврток) од 19 часот ќе биде проектиран филмот „Зона на интерес“ (Zone of interest). „Филм со два ’Оскари’ за баналноста на злото од британскиот режисер Џонатан Глејзер со врвна германскa актерска екипа“, велат од Кинотека. Синопсисот вели: командантот на Аушвиц, Рудолф Хес и неговата сопруга Хедвиг се обидуваат да изградат живот од соништата за нивното семејство во куќа и градина која се граничи со ...

Џез музичарот Филип Букршлиев ќе одржи соло концерт во „Буква“. Настан ќе се одржи утре, со почеток во 21 часот. Букршлиев е дел од бројни џез состави, вклучувајќи „Такси конзилиум“, „Строг пост“, „Филип Букршлиев трио“, како и во безбројни комбинации со неговите колеги импровизатори, меѓу кои се Дени Омерагиќ, Кристијан Новковски, Драган Теодосиев – Оцет, Нинослав Спировски, Благојче Томевски, Андреа Мирческа и други. Минатата недела, ...

Во скопските гаражи и кафулиња се слуша звукот на едно ново име на македонската андерграунд сцена. Љубителите на локална музичка сцена првпат слушнаа за „Големата вода“ во декември кога тие беа предгрупа на „Харакири“, кои беа свежо вратени од регионална турнеја. На сцената во „Котур“ се качија четири момчиња кои изгледаа како да стигнале од последниот час од втора смена. Фото: Матеја Васојевиќ / @vasosocanon Но, нивниот звук беше далеку од ...

Здружението „Инцијатива за правата на жените од Шуто Оризари“ организира настан за креативен активизам „Изгреби за здравје“, кој ќе се одржи на 24 јануари, петок, од 12 до 14 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје. „За време на креативниот активизам ’Изгреби за здравје’ ќе се постави интерактивна табла со грепка, каде што минувачите ќе имаат можност да изгребаат и откријат кои се клучните проблеми со кои се соочуваат жените Ромки во ...

Министерството за култура и туризам информира дека е објавен Конкурсот за учество во финансирање проектни активности на правни лица од Македонија во европски проекти кои се поддржани од потпрограмата Култура на Креативна Европа 2021 – 2027 на Европската Унија за 2025 година. „Конкурсот има цел да се обезбеди развој на културниот и креативниот сектор, промоција на разновидноста на културните изразувања и афирмација на македонската култура надвор ...

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2024 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс, што се одвиваше од 15 декември минатата година до 15 јануари годинава, пристигнаа 43 романи. „Жири-комисијата, во состав Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја ...

Студентите во Белград организираа собир за поддршка на наставниците наречен „Училишен час во последен час“. Протестна прошетка организираа и средношколците во Ваљево кои велат „Децата во нас знаат сè – за мир, правда и нови соништа“. Протестни маршови има и во Ниш, каде протестира наставниот кадар на високообразовните институции, како и во Крагуевац, информира Н1. Денеска се одржа протест и на средношколците во Нови Сад – „Распустот е ваш, ...

Ниските плати, несигурните работни места и недостатокот на професионален напредок се само дел од секојдневните предизвици со кои се соочуваат младите новинари во Северна Македонија. Овие елементи ги демотивираат младите од студирањето на новинарството, па дури ги тераат и да се повлечат од оваа професија. Студентите по новинарство се жалат дека на универзитетите ја немаат основната опрема за практична работа, а велат и дека недостигаат различни ...

Централната лабораторија за животна средина и теренски мерења минатата година не се акредитирала за ниту една метода за следење на квалитетот на воздухот. Состојбата со аерозагадувањето во многу делови во земјава, особено во поголемите урбани средини, ја наметнува потребата оваа државна институција да добие можност за мерење на изворите на загадување, со што ќе помогне и во следењето на квалитетот на воздухот, но и во соодветното извршување на ...

Промоцијата на романот за Силвија Плат „Еуфорија“ од шведската авторка Елин Кулхед ќе се одржи на 23 јануари со почеток во 20 часот во Јуроп хаус во Скопје. Преводот на романот е на Катерина Јосифоска, а промоцијата ќе ја модерира и со авторката ќе разговара професорката и преведувачка Калина Малеска. „Освен што ќе можете да слушнете извадоци од романот, тој ќе биде разгледан од повеќе аспекти: ќе дознаете какво е видувањето на Кулхед за ...

Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи со Хамас за прекин на огнот во Газа, кој ќе стапи на сила утре, недела, во 7 и 30 часот по средноевропско време. Палестинската управа објави дека е подготвена да преземе целосна одговорност во Појасот Газа по спроведувањето на договорот за прекин на огнот. Израел најверојатно ќе продолжи со бомбардирањето на Газа „до последен момент“, пренесува Ал Џазира Балканс. „Ги ...

Месечината за првпат беше ставена на листата на загрозени локалитети на Светскиот фонд за споменици (World Monuments Fund) поради стравувањата дека зголемениот број планирани комерцијални патувања може да ги оштетат трагите кои сведочат за првите чекори на човештвото надвор од Земјата, пренесува Ал Џазира Балканс. Претседателот на Фондот, Бенедикт де Монтлаур, рече дека Месечината е вклучена во списокот поради зголемениот ризик од забрзани ...

Националниот џез оркестар го најавува почетокот на новата концертна сезона со, како што велат, еден задолжителен настан – „Џез лектира: Quintessence by Quincy Jones!“ кој ќе се одржи на 24 јануари со почеток од 20 часот во Филхармонија. „Концертот го покрива значајниот биг-бенд опус на сестраниот музички магнат Квинси Џонс, почнувајќи од неговиот прв албум издаден во 1959 година, ексклузивни неиздадени аранжмани; негови аранжмани за Френк ...

Кабинетот на израелскиот премиер објави дека прекинот на огнот со Хамас во Газа ќе започне во 10 часот и 15 минути по средноевропско време, по неколкучасовно одложување, откако потврди дека Израел добил список од три затворенички кои денеска ќе бидат ослободени како дел од договорот за прекин на огнот, пренесува Ал Џазира Балканс. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека прекинот на огнот во Газа нема да започне додека Хамас не ги ...

Во Нови Сад денеска се собраа професори, кои откако им оддадоа почит со 15 минутен молк на 15-те лица кои загинаа при падот на настрешницата на железничката станица во тој град, започнаа протестна прошетка наречена „4.000 наставници, 4.000 чекори“, во знак на поддршка за студентите, пренесува Н1. Адвокатите, пак, молчеа пред Домот на синдикатите, каде по оддавањето почит беше најавена седница на Адвокатската комора на Србија, на која се донесе ...

Младинскиот образовен форум (МОФ) информира дека ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. „Овој настан претставува признание за долгогодишните напори и посветеност на дебатерите, тренерите и координаторите кои се дел од дебатната програма на МОФ“, соопштува МОФ. Од таму потсетуваат дека пред 20 години, во 2005 година, Македонија беше домаќин и на Светското дебатно ...

Хрватскиот вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и рибарство Јосип Дабро поднесе оставка, за што ја информираше јавноста преку социјалните мрежи вчеравечер, откако Јутарњи лист објави видео на кое тој пука со пиштол од автомобил во движење низ прозорецот, пренесува Ал Џазира Балканс. „Ја поднесувам мојата неотповиклива оставка од функцијата министер за земјоделство, шумарство и рибарство од морални причини. За време на мојот мандат ...

ТикТок објави дека речиси сигурно ќе престане со работа во САД почнувајќи од утре по одлуката на американскиот Врховен суд во врска со законот што го донесе Конгресот во врска со функционирањето на оваа популарна апликација, пишува новинската агенција Мета. ТикТок со месеци се бори против овој закон, кој Конгресот го донесе во март во име на заштита националната безбедност, но Врховниот суд на САД вчера одби да го запре, со што ја предодреди ...

Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар (МНТ), на 25 јануари со почеток во 20 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. „Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено ‘Злосторство и казна’ (1994) и ‘Лаж и паралаж’ ...

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информира дека во недела, 19 јануари, по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром. Така, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег ...

Од 22 ноември 2024 година, регистрирани се 17 напади врз луѓе собрани за време на блокади и протести поради падот на настрешницата во Нови Сад. Падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад ги поттикна студентите и граѓаните да излезат на 15-минутни блокади во знак на сеќавање на жртвите, што ги поттикна арогантните возачи и симпатизерите на Српската напредна странка (СНС) да ги нападнат, пишува Данас. Поради ова, започнаа блокадите ...

Безмалку два месеци поминаа откако во депото на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, пред десетици новинарски екипи и многубројни политичари, беа промовирани шест еко-автобуси кои се донација од Европската Унија. И покрај тоа што помина толку време, скопјани сè уште не се возат во нив, иако директорот Драги Кушовски на настанот на 26 ноември, кажа дека тие ќе почна да сообраќаат за две недели, пишува новинската агенција Мета. Одговорот на ...

Тројца адвокати кои го застапуваа рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска во Русија се осудени на казни од 3.5 до 5.5 години затвор. Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липсер беа уапсени во октомври 2023 година, а еден месец подоцна беа додадени на официјалната листа на „терористи и екстремисти“, јавува Дојче веле. Кобзев е осуден на пет и пол години затворска колонија. Липсер доби пет години, додека Сергунин е осуден на три и пол ...

Трибјут бендот „Мариголд Бокс“ (Marigold Box) е целосно посветен на легендарните песни на бендот „Нирвана“. Бендот од Бергамо, Италија доаѓа во Скопје доаѓа на 22 февруари, со концерт од 20:30 часот во клубот „Минус Еден“. „Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн!“, стои во најавата. Од „Андерфест“ велат дека составот се смета меѓу најдобрите „Нирвана“ трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на ...

Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО) информираат дека е изработена нацрт Концепција за реформи во гимназиското образование и ги повикуваат сите наставници, ученици, родители, експерти и заинтересирани страни со свои мислења, предлози и забелешки да се вклучат во јавната дискусија за усвојување на најдобрата верзија. „Концепцијата за реформи во гимназиското образование е изготвена со цел да ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
44%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.6
41%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
46%
1020
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
35%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
6.46
60%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
53%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 28ᴼ
4.02
46%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
47%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
39%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
46%
1017
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
34%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
7.2
73%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60