Околу 850 пешаци и 110 велосипедисти умираат секој ден ширум светот во несреќи со автомобили. Според СЗО над 300.000 пешаци и околу 50.000 до 100.000 велосипедисти ги губат животите годишно. Во Скопје 25-30% од жртвите во сообраќајот се пешаци, вели Дафина Шекутковска, помладa UX дизајнерка и истражувачка што го развива SAFE8, софтвер за зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите. Шекутковска, која бара поддршка од организации, ...

На 24 јануари 2025 година, администрацијата на Доналд Трамп ја затвори канцеларијата на USAID (Агенцијата на САД за меѓународен развој) во Вашингтон и ја замрзна финансиската помош за странските земји. Овој потег, дел од политиката „Америка на прво место“, резултираше со прекин на програмите за здравство, образование, економски развој и хуманитарна поддршка, кои беа клучни за милиони луѓе ширум светот, пишува ТрансФормА. Глобален удар врз ...

Соња Стојадиновиќ Заканите за војни и санкции на Трамп се само залажување на американските граѓани за состојбата во која се наоѓа земјата и глувост кон повиците на интелектуалците дека иднината на САД е во соработката, а не во војните и санкциите. Изборната кампања на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, изобилуваше со ветувања за одлуки со кои тој ветуваше подобрување на економијата на државата. Депортации на мигранти без документи, ...

Уставниот суд денеска го поништи Законот за данок за солидарност, кој беше воведен како мерка за справување со економските последици од кризата во 2023 година. Солидарниот данок го плаќаа компаниите кои во 2022 година имале вкупен приход поголем од 615 милиони денари. Сега, државата ќе треба да им врати околу 49.2 милиони евра на 156 компании кои биле опфатени со законот, односно со оваа еднократна, вонредна давачка. Уставниот суд поведе ...

Japan.net.mk во „Јавна соба“ на 9 февруари од 15 часот организира уникатно филмско и интерактивно искуство, наречено „Девојките се од месечината“. Настанот, како што велат организаторите, започнува со дискусија со публиката во вид на family feud прашања. „Теми за разговор: 1. Родови улоги во Јапонија и Македонија. 2.Сличности и разлики меѓу овие две култури преку разгледување на традиционални и современи прифатливи и неприфатливи однесувања за ...

Лансирана е новата платформа „ВИ Сега“ која ќе поттикнува едукација, истражувања и етичка примена на оваа технологија, соопштија од истоимената новоформирана невладина организација. Како што истакнуваат оттаму, организацијата има за цел да ја приближи вештачката интелигенција (ВИ) до сите, без мистификација, со јасна визија и етички пристап. „Сите зборуваме за вештачката интелигенција, но ретко кој навистина размислува за тоа каде нè води и како ...

Претседателот Доналд Трамп рече дека сака Соединетите американски држави (САД) да го преземат воено разурнатиот Појас Газа откако Палестинците ќе бидат раселени во соседните земји и да ја развијат територијата за „луѓе од светот“ да живеат таму, пренесува Ал Џазира Балканс. Трамп го откри својот план за време на прес-конференцијата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој вчера ја посети Белата куќа на билатерален состанок. Во текот на ...

Откако минатото лето унгарскиот психоделичен трајбл фестивал „Озора“ ја одбележа 20-годишнината, организацискиот тим сега го објави традиционалниот документарен филм, односно официјалниот aftermovie за ова јубилејно издание. Радио МОФ имаше можност да биде дел од „дваесетката“ на „Озора“, во магичната долина Дадпуста кој повторно понуди разни стејџови, работилници, места за заедничарење, готвење, за уметност и опуштање, понуди инсталации и ...

Директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, Каролина Симоновска, испрати јавно соопштение со кое на медиумите им забранува да се споменува нејзиното име и вели дека ќе ги преземе сите законски мерки ако некој ја спомеме во новинарски текст. На соопштението со нејзиниот личен став е ставен печат од Клиниката. „Јас, д-р Каролина Симоновска, именувана за в.д. директор во ЈЗУ Универзитетска клиника за ...

Додека вниманието на сите е насочено кон безбедноста во сообраќајот, најважно е да се има фокус што точно се бара од институциите и што може да направи секоја од нив (а и самите граѓани), се вели во јавната објава-анализа на иницијативата НаТочак, каде се наведени и конкретни предлози и барања до институциите. Во прилог ви го пренесуваме целиот текст од НаТочак, интегрално: 1.Што може судската власт да направи за овој случај? – Да досуди ...

Директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, Каролина Симоновска која испрати јавно соопштение со кое на медиумите им забранува да се споменува нејзиното денеска е сменета од функцијата. Од Министерството за здравство (МЗ) информираа дека за нова директорка на Детската клиника е назначена д-р Катерина Бошковска. „Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно ...

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје на 1 март од 19 часот ќе започне 13. издание на фестивалот на свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“. „Да се биде инди фестивал кој континуирано секоја година го полни МКЦ со најубавата градска младина и покажува дека и покрај сите ПОТРЕСИ имаме извонредно добра музичка сцена е ПОБЕДА. Навидум изгледа како не баш голем предизвик, НО да живееш ОВДЕ и да бидеш воден од она убавото во ...

Бројот на инциденти предизвикани од говорот на омраза во 2023 година е поголем од бројот во 2024 година, покажуваат извештаите направени од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тие покажуваат и дека жртвите и сторителите на ваквите инциденти се најчесто млади лица, објави агенцијата Мета.мк. Според извештајот за 2023 година, од јануари до декември биле евидентирани 1.171 случаи на говор на омраза, од кои најмногу, 646 биле сторени ...

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ информира дека утврдила лажна вест со која, како што велат, е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од група наречена „Јавен превоз Скопје“. Според ЈСП, оваа група не е поврзана со Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, а се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните. Принтскрин од лажната понуда за која ...

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ утре, среда 5 февруари, од 19 часот ќе има разговор со Иван Шопов, чија „Зентрифуга“ е книга за месец февруари во сите библиотеки на ГБСК, дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Од Библиотеката потенцираат дека „Зентрифуга“, издание на „Бегемот“, е збирка раскази полни хурмор, иронија, пародизација и очудување. „Расказите се навидум едноставни, напишани со лесен, разбирлив стил. Но, ...

Групата „Кој е следен?“ по вчерашниот втор масовен протест во Скопје кој следува по трагичната смрт на 22-годишната Фросина која беше смртно прегазена пред неколку денови, вели дека бројноста на протестот во Скопје, но и во повеќе градови од Македонија, како и акумулираниот гнев на целокупната јавност е доказ дека на граѓаните им е потребна ургентна системска промена. „Ако не беше доволен најзагадениот воздух во светот, сеприсутен, а невидлив ...

Шесте нови еко автобуси кои град Скопје ги доби како донација од ЕУ, а кои помпезно и пред многу политичари и медиуми беа промовирани на 26 ноември 2024 г., од денеска конечно се пуштени во употреба. Цели два месеци и една недела откако беа предадени на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје), тие почнаа да сообраќаат на линиите 2, 4, 5, 7, 15, 16, 24 и 50, пишува новинската агенција Мета. Како што информираат за Мета.мк од ЈСП ...

Градоначалникот на Приштина Перпарим Рама прогласи вонредна состојба во однос на управувањето со отпадот во главниот град, јавува Радио Слободна Европа. Тој денеска на прес-конференција рече дека регионалната јавна фирма „Пастрими“, која во моментов е единствената компанија која се занимава со собирање отпад во Приштина, не се покажала како ефикасна во оваа задача. „Ќе продолжиме со вонредна состојба што ја прогласивме, да ангажираме приватни ...

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) ја повикува Владата и Министерството за здравство итно да ја зголемат поддршката за превентивни програми за рана детекција и спречување на малигни заболувања. Анализите, како што велат од здружението, покажуваат дека превентивната здравствена заштита во земјата не е приоритет. „Буџетските средства за превенција се намалуваат, при ...

Постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Велес, Основниот суд во Велес донесе првостепена пресуда против негователка во градинка за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по Кривичниот законик. „Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност или должност во траење од 5 ...

Фестивалот „Скопје Синема Сити“ кој веќе една деценија го негува музичкиот документарен филм, за својата публика го подготви настанот „загревање“ и во периодот од 6 до 8 февруари, во соработка со „Котур“, организира проекции на три музички документарци за рок фотографот Антон Корбајн, „Њу ордер“ и Моби. „За да го одржиме ритамот до следното фестивалско издание на кое не чекаат многу изненадувања, од четврток до сабота, ви нудиме загревање со ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека утре (вторник) од 6 часот ќе има посебен режим на сообраќај поради најавен настан за организирано чествување на раѓањето на Гоце Делчев, што ќе се одржи во црквата „Св. Спас“. „Ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот, односно за сообраќај ќе биде затворена ул. ‘Самоилова’ на потегот од ул. ‘Иљо Војвода’ (Виадукт-Самоилова) до крстосница со ул. ‘Прохор Пчински’“, соопштија од ...

Во скопската кафе-книжарница „Буква“ утре, вторник 4 февруари ќе се случат разговори за театар и промоција на книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски, со која авторот ги манифестира своите неколкугодишни гледачки искуства на театарски претстави низ македонските театри. „Театарот, како уметност што постојано е во дијалог со времето, просторот и човекот, не претставува само сцена на креативност, туку и простор за критичка ...

Илјадници луѓе попладнево на протестен марш во Скопје побараа правда за 22-годишната Фросина Кулакова која пред неколку дена смртно беше прегазена на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, во близина на Универзалната сала. Протестот кој започна на „Партизански Одреди“ продолжи кон Собранието и Кривичниот суд каде се одржа триминутен молк, а за време на молкот, граѓаните светеа со подигнати телефони нагоре. На маршот се скандираше „Секој еден ...

Студентите во блокада со поддршка од граѓаните ја минаа ноќта на приодите до Мостот на слободата во Нови Сад во рамки на 24-часовната блокада. Блокадата започна вчера, на Денот на градот Нови Сад, три месеци откако 15 лица загинаа при уривање на бетонската настрешница на градската Железничка станица, јавува Радио Слободна Европа. Блокадата на Мостот на слободата следеше откако илјадници студенти и граѓани претходно три часа ги блокираа ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина… [Видео+Галерија] „Сакаме правда“ – стотици граѓани на протестен марш побараа правда за смртта на 22-годишната Фросина Бројни граѓани оставија траги од „крвави дланки“ кај Основниот кривичен суд во Скопје, на протестот на кој се бараше правда за трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова која ...

Европската централна банка (ЕЦБ) го менува дизајнот на еврата по 23 години и објави скратена листа на мотиви за новите банкноти во две можни тематски целини – европската културна и природната разновидност, пренесува Ал Џазира Балканс. Според предлогот, на новата банкнота од пет евра ќе биде прикажана грчката оперска пејачка Марија Калас, на банкнотата од десет евра ќе биде германскиот композитор Лудвиг ван Бетовен, на банкнотата од 20 евра ќе ...

„Нема да дозволиме да нè гушат со отрови додека институциите се со кренати раменици. Локалната и централната власт како надлежни гласно молчат со години, но ние повеќе нема да молчиме. До кога ќе мируваме, додека не убиваат заради профит“, порачаа вчера струмичани на големиот протест против загадениот воздух, пренесува новинската агенција Мета. Под мотото „Забрането дишење“, жителите на овој град, каде во текот на зимата се измерени едни од ...

Мајкл Спенс Германија ја има улогата на главен двигател на Европа, а тоа делумно се должи на фактот дека, на почетокот од овој век, нејзините индустриски сектори ги презедоа оние сегменти кои имаа највисока додадена вредност во однос на глобалните синџири на снабдување. Повторувањето на ваквиот успех денес ќе бара од Германија да биде предводник на дигиталната трансформација, а тоа не може да го направи без ЕУ. Некогаш нарекувана како „болниот ...

Неодамнешните научни истражувања покажуваат дека популацијата на стаорци во градовите рапидно расте поради глобалното затоплување. Во анализа на 16 градови низ светот, најголем пораст на бројот на глодари е забележан во Вашингтон, Сан Франциско, Торонто, Њујорк и Амстердам, пренесува Индекс. Според истражувањето објавено во списанието „Science Advances“, во единаесет од овие градови забележале „значителни трендови во растот на популацијата на ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
24%
1013
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
38%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
38%
1016
weather icon

Софија

31ᴼ / 30ᴼ
5.14
32%
1017
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.78
27%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 24ᴼ
2.57
73%
1018
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
10.29
38%
1011
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
40%
1012
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
1.54
18%
1012
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
4.12
36%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 29ᴼ
1.54
31%
1018
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
9.26
61%
1017
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315