Непотизам, богатење, судир на интереси, неспособност и партизација. Врз тие неколку премиси претседателот на Левица, Димитар Апасиев, го темелеше образложението на интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Неговиот говор беше жесток, но не навредувачки и конципиран на поинаков начин отколку во други случаи на интерпелација на министри. Во одговорот Тошковски ја поистовети институцијата – МВР – со себеси, велејќи: ...
Со меѓусебни обвинувања за партизација, непотизам и политички манипулации, во Собранието се расправаше по интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица. Образложувајќи ја интерпелацијата, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, оцени дека Тошковски е „типичен пример за политички опортунизам“, чија кариера, според него, напредувала благодарение на партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ. Тој тврдеше ...
Со меѓусебни обвинувања за партизација, непотизам и политички манипулации, во Собранието се водеше расправа по интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица. Образложувајќи ја интерпелацијата, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, оцени дека Тошковски е пример за политички опортунизам и тврдеше дека неговата кариера напредувала со поддршка од партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ. Тој упати ...
Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од Левица, откако по завршениот претрес 77 пратеници гласаа, од кои 58 беа против, а 19 за. Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, сумирајќи ја интерпелацијата оцени дека „Република Северна Македонија е небезбедна држава поради нејзиното Министерство за внатрешни работи“ и дека „апаратот за обезбедување на граѓаните не функционира ...

