
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Владата денеска формално потпиша договор за донација на 255 системи за филтрација на воздух со компанијата „Екотип“. Донацијата е во висина од 1 милион евра, а уредите ќе бидат распределени во градинки, училишта, болници и други критични јавни установи, каде што, велат од Владата, квалитетот на воздухот е од клучно значење. Според владината портпаролката Марија Митева, загадувањето на воздухот останува еден од најсериозните еколошки и ...
Социјалните медиуми станаа број еден извор на вести за младите луѓе во Европската Унија, надминувајќи ја телевизијата и печатените и дигиталните медиуми, јавува Евроњуз. Според најновото истражување за млади на Европскиот парламент, 42% од Европејците на возраст од 16 до 30 години главно се потпираат на платформи како ТикТок, Инстаграм и Јутуб за пристап до вести за политика и социјални прашања. Оваа промена го одразува менувањето на навиките во ...
Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје оваа година одбележува 45 години од своето основање. Сите активности на ФЛУ до крајот на 2025 година ќе се случуваат во чест на јубилејот со официјален датум 31 март, посочуваат оттаму. Оваа недела, од 18-20 февруари, на ФЛУ ќе се одржи работилница под наслов „Од дијагностика до конзервација: Напредни методи за анализа и чистење на уметнички дела“ наменета за ...
Владата и Министерството за образование и наука (МОН) ќе продолжат да обезбедуваат финансиска поддршка за оние што ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг листа. Конкурсите за доделување на стипендии за академската 2025-2026 година се објавени, со краен рок за аплицирање до 12 септември, со тоа што од МОН најавија нови модификации на оваа мерка, која ...
Околу 80 отсто од граѓаните на Србија поддржуваат најголем дел од барањата на студентите, а третина од населението вели дека учествувале во тековните протести. Студентските протести ги поддржуваат 64 отсто од граѓаните, објави организацијата „Црта“ по последното истражување, пренесува Н1. Студентските протести станаа клучен фактор за политички и општествени промени во Србија, со потенцијал за натамошно проширување и зајакнување на поддршката, ...
Најмалку 50 милијарди долари ќе бидат потребни за обнова на разурнатиот Појас Газа, според проценката објавена од Обединетите нации, Европската Унија и Светската банка, пренесува Н1. Во документ од деведесеттина страници, трите институции заклучуваат дека се потребни 53.2 милијарди долари во следните десет години за обновување на разурнатата палестинска енклава. Во првите три години од војната, која резултираше со „масовна загуба на животи, ...
Развојната компанија за вештачка интелигенција „xAI“ во сопственост на Илон Маск, го претстави својот најнов модел на вештачка интелигенција „Grok 3“, за кој тврди дека е подобар од „ChatGPT“ на компанијата „OpenAI“. Маск рече дека „Grok“ е најпаметниот модел на Земјата, а дека „xAI“, во тестирањата на перформансите во областа на науката, математиката и програмирањето, се покажа подобар од „ChatGPT“, како и од „Gemini“, „DeepSeek“ и „Claude“. ...
На годишно ниво Јавните претпријатија формирани од државата и фирмите во државна сопственост значајно го „набилдаа“ внатрешниот долг, со пораст од над 217 милиони евра. Зголемување на доспеаните а неплатени обврски пријавиле и општинските јавни претпријатија и општините. Според пресметката на „Порталб“ само три фирми во државна сопственост „генерираат“ дури 38 % од вкупниот внатрешен долг. Јавните државни и локални претпријатија „лидери“ според ...
„Уставниот суд утре ќе одлучува по иницијатива поднесена од група граѓани, главно претставници на независни листи од последните локални избори во Македонија. Нашите Драгана и Горјан се меѓу подносителите на иницијативата“, велат од Зелен хуман град (ЗХГ), од каде потенцираат дека со иницијативата бараат Уставниот суд да ги укине или да ги поништи измените на Изборниот законик од март 2024 година со кои драстично се зголеми потребниот број на ...
Шелтер центарот „Сигурна куќа“ информира дека привремено ќе престане со работа и да ја дава социјалната услуга – привремен престој во центар за жртви на родово-базирано насилство. Според „Сигурна куќа“, оваа одлука билa тешкa и била донесена по внимателно разгледување на сите аспекти од моменталната ситуација во која се наоѓаат. „Свесни сме колку е важна поддршката за многумина од вас и длабоко жалиме што сме принудени привремено да прекинеме со ...
„Летниот семестар за студентите започна денес. Професорот што се наоѓа на американската црна листа, Кочо Анѓушев, подготви специјално предавање: Како да завршиме на американската црна листа?“, соопштуваат од Форумот за образовни промени, кои вчера направија своја симболична акција во кампусот на Машински факултет. Целта на акцијата е да се истакне дека на Машинскиот факултет сè уште предава, како што велат, еден од најкорумпираните и ...
Здружението „Икуалити“, во рамки на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците“, го одржа последниот петти Менторски форум во Струмица. На форумот кој се одржа на 14 февруари во просториите на Здружението „Новус“, учествува 11 лица на возраст од 16 до 24 години во склоп на три менторски обуки. „Обуките се однесуваа на три теми, обуката за јавен настап и креативно изразување, со цел унапредување на индивидуалните комуникациски ...
„Зборот на годината според Оксфордскиот речник е: Добрина. Да ја почнеме и 2025-ата во духот на пријателството со книгите и добрините што ги учиме преку нив. Да си раскажеме еден на друг што значи добрината“, стои во најавата за раскажувачката работилница со Ана Голејшка Џикова, во рамки на детскиот книжевен клуб на Јуроп хаус. Книжевнот клуб во Јуроп хаус ќе се одржи на 20 февруари во 18:30 часот, каде преку низа различни книжевни дела ќе се ...
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град (ЗХГ) упати јавно барање до претседателката Гордана Силјановска Давкова, со цел, како што велат оттаму, таа да не ги потпишува контроверзните измени на Законот за урбанистичко планирање со кои се овозможува уништување на плодно земјоделско земјиште со поставување на фотоволтаични централи и ветерници. „Ве повикуваме да покажете дека навистина сте претседателка на сите граѓани и да постапите во корист на ...
Во Социјалниот Центар „Дуња“ во Скопје, оваа сабота (22 февруари) од 20 часот ќе се одржи концерт на „Амплидајн Ефект Трио“. „Амплидајн Ефект“ е музички проект на Мартин Георгиевски, активен од 2009 година, препознатлив по електронска и амбиентална музика, со акцент на импровизирани музички сесии. „Во изминатите години, проектот издаде бројни албуми и настапуваше на реномирани регионални и меѓународни фестивали, меѓу кои Похода (Словачка), ...
Вкупно 3.142 патни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила биле издадени во периодот од 14 до 16 февруари, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму посочија дека полициските службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност на МВР и во текот на изминатиот викенд продолжиле со засилените сообраќајни ...
Македонските граѓани продолжуваат да ја поддржуваат интеграцијата во Европската Унија, но само 20% од испитаниците сметаат дека државата треба ги направи уставните измени за продолжување со процесот, соопштија од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) кои денеска објавија две истражувања на јавното мислење поврзано со македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија и ЕУ интеграцијата во 2024 година. Според резултатите од ...
Давид Јанев е шампион на Македонија за 2025 година во друштвената игра „Катан“, а тој ќе ја претставува земјава и на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Штутгарт, Германија од 4 до 6 април. „Давид беше најдобар меѓу 64-те стратези кои во неделата (16 февруари) во Лабораториум се натпреваруваа на Државното првенство на Македонија во организација на Гоблин друштвени игри. Како награда за успехот, покрај пехарот, тој ќе добие и ...
Јужна Кореја забрани нови преземања на кинескиот четбот со вештачка интелигенција (ВИ) „DeepSeek“, според тамошното надзорно тело за заштита на личните податоци, пренесува Индекс. Владината агенција соопшти дека моделот на вештачка интелигенција ќе стане повторно достапен за јужнокорејските корисници откако ќе се воведат „подобрувања и правни лекови“ за да се осигура дека е во согласност со законите за заштита на личните податоци во земјата. ...
Културно-информативниот центар – Скопје утре (18 февруари) организира изложба на фотографии во рамките на проектот „Вечни тела“ од фотографот Жарко Стојчевски и кореографот Искра Шукарова. Од КИЦ посочуваат дека проектот „Вечни тела“ ја деконструира доминантната претстава за староста како крај на активниот живот и значењата што културата им ги припишува на возрасните и ја аргументира потребата од ослободување на возрасното тело од патологиите на ...
Стотици граѓани попладнево маршираа низ улиците на Скопје на третиот протестен марш на кој се побара правда за младата Фросина која смртно беше прегазена на крајот на јануари, но и за сите жртви на сообраќајни несреќи. Протестот започна кај Универзалната сала, од каде граѓаните се упатија кон Владата, но и кон Собранието каде имаше триминутен молк и ѕвездено небо. Граѓаните на маршот скандираа „Сакаме правда“, „Безбедни улици“, „Правда за ...
Пред повеќе стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на надоаѓачките музички бендови и на веќе докажани музичари и диџеи на 14 февруари се отвори новото онлајн радио „Стереолаб“ во КЦ Лабораториум. Радиото го означи стартот пред два дена, со концертни настапи на осум македонски музички автори од поновата генерација Глигор Кондовски, Алембик, Јоана, Стој После!, Вагина Корпорејшн, Огнен Златанов, Светлост и ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина… Прогнозите за домашна и здрава храна се страшни, предупредуваат младите во земјоделието Како старее населението во Македонија, стареат и производителите на домашна храна и вино. Просечната возраст на македонскиот земјоделец е 56 години и млади земјоделци има малку. Непостоењето на градинки, старечки ...
Вчеравечер избил пожар во магацин за производство на полиестер во селото Неготино, во Општина Врапчиште кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот магацин е делумно изгорен, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гостивар од 00:45 часот интервенирала со 9 пожарникари и 3 противпожарни возила, а помош добиле и од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 противпожарно ...
Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на најзагадени градови во светот, а граѓаните од почетокот на годинава можеле само во помалку од пет дена да подишат чист воздух. Во поголемиот дел од месецот вредностите на отровните честички биле постојано над максимално дозволените вредности, а податоците од ...
„Мечиња за дечиња“ е насловот на уметничката акција која вчера беше изведена во трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром. Акцијата на уметницата Маја Танева беше посветена на борбата за заштита на личните податоци и заштитата на постарите генерации од лажни вести. Од Центарот за современи уметности посочија дека инсталацијата се состоеше од два чадори за плажа и еден централно поставен постамент на кој се наоѓаат информации поврзани со ...
Во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија вечерва, 15 февруари, од 21 часот е најавен концерт, кој воедно ќе биде и промоција на истоимениот деби албум на „will discuss“. Албумот неодамна беше објавен под закрила на „Стотројка“. „Длабоко во пандемијата, музиката во живо изгледаше невозможно. Но го имаме ‘Канал 103’, нашата мала капсула во вселената. Двајца музичари, непознати еден на друг до тој момент, се собраа за импровизирана сесија во живо. ...
Во 9 часот утрово започна 15-часовната блокада во Крагуевац, на повик на студентите кои веќе два месеци протестираат и ја блокираат работата на факултетите, барајќи одговорност за 15 луѓе кои загинаа при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, јавува Радио Слободна Европа. Собирот во Крагуевац е еден од серијата протести ширум Србија, предводени од студентите кои блокираат повеќе од 60 факултети во четири универзитетски ...
Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори, пренесува новинската агенција Мета. „Во овој период ќе донесеме само една одлука на владата за трансформација на оние кои биле вработени во здравството во минатите влади и останале со договори за работа, некои дури и со децении. Станува збор ...
Утре (недела) во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи премиера на локациски специфичната претстава „Напуштени простори, напуштени тела, напуштени сеќавања“. Влезот за претставата која ќе започне во 20 часот е бесплатен, но сите заинтересирани треба да резервираат место на мејлот abandonedplaces.mk@gmail.com или преку порака на 070250500. „’Напуштени места’ се однесува на неискористените потенцијали на просторите и културното ...