„’Недостиг’ е повеќеслоен психолошки роман- мистерија што нуди повеќе перспективи и толкувања за настаните, на кои временски нелинеарното изложување им е можеби најсилната страна. Приказната за недостигот е една од главните теми на кои се гради романот и како што нарацијата се развива, станува сѐ понапната, а со разврската на крајот, кој бездруго нуди повеќе толкувања, читателот осознава дека справувањето со сопствениот недостиг значи ...

„Ова не е повик за последен танц, ова е повик за ослободување!Ја отвораме агората! Ја ослободуваме младинската култура, повторно! Ве повикуваме да заедничариме, сѐ повеќе и повеќе да ја прошириме младинската сцена“, се вели најавата за настанот на „Култура Бета“ на 12 февруари во „Буква“, каде ова младинско здружение ќе го прослави својот петти роденден. Од Здружението велат дека во февруари навршуваат 5 години откако започнаа нивните ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина… [Интервју] Весна Алексовска: Борба за лекови, услуги и права на лицата со ретки болести Февруари е вториот и најкраткиот месец во годината, а за лицата со ретки болести е месецот кога тие гласно кажуваат што значи да си „редок“, со сите попатни предизвици. Особено што одново и одново се борат за ...

Во скопскиот клуб „Минус Еден“ синоќа (8 февруари) се одржа „Диско (в)Љубеници“, најновата инклузивна претстава на „Трисомија 21“ во соработка со ,,Колектив Ветерница”, која го истражува полето на имерзивниот театар и феноменот на диското. Преку неа беа отворени прашањата: „Што е диско? Каква е диско музиката? Како се танцува во диско? Дали диското е за сите возрасти? Зошто диското е важно?“. „Ветерниците“ повикаа, а младо-старите дојдоа. Се ...

Колективот „Гола планина“ со настан во скопскиот локал „Котур“, во среда 12 февруари, ќе претстави дел од новиот нов бран, трилогија на нов звук, на млада енергија која, како што велат, пополека ја превзема музичката сцена. Односно, бендови и музичари од три различни градови. Едниот од нив е „LSD During War“, млад бенд од Скопје, кој создава енергична и мрачна мешавина од слaџ и ну метал. „Тие се подготвуваат да го снимаат нивното деби ЕП, а ...

Управата за јавни приходи (УЈП) извести дека вториот масовен бојкот поминал со 22,12 отсто пад на прометот во осумте големи синџири на маркети во земјава. Во однос на минатиот петок, кога граѓаните првпат се организираа на бојкот поради високите цени, на 07.02.2025 година е остварен 36,95 отсто поголем промет. „Со оглед на интересот на јавноста, Управата за јавни приходи (УЈП) во рамки на своите овластувања ги доставува последните податоци од ...

Февруари е вториот и најкраткиот месец во годината, а за лицата со ретки болести е месецот кога тие гласно кажуваат што значи да си „редок“, со сите попатни предизвици. Особено што одново и одново се борат за терапија. Бараат и да не се заложници на долги и комплицирани административни процедури, туку здравствениот и социјален систем да претрпи измени, за да им помага, а не одмага за права и услуги. Бараат и Стратегија за ретки болести што ...

Со цел полесен пристап и транспарентност во работењето на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработена е веб страница, која ќе служи како основа за промовирање на правото на надоместок меѓу жртвите, институциите и јавноста. Како што соопшти Министерството за правда, веб страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е ...

Македонските превозничко-разбојнички џезери „Такси конзилиум“ на 12 февруари од 21 часот ќе одржат целовечерен концерт во култното скопско прифатилиште за ноќни птици – „Олд скул“ „Ќе се изведуваат исклучиво само нови композиции. Новиот албум е напишан и, пред да се сними, мора малку да се испоти пред луѓе. Досегашните хитови и нивните комплементарни еротско-сугестивни балади: Нема да бидат изведени“, стои во најавата. „Такси конзилиум“ се ...

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со претходната недела, пишува во последниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), пренесува агенцијата Мета.мк. „Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со петтата недела од минатата сезона, е зголемен за 83,7 отсто“, пишува во извештајот. Како што се ...

Подобро образование во оваа земја мора да има, без оглед кој ќе се вклучи или нема да се вклучи во креирањето на промените. Затоа што нашите деца тоа го заслужуваат. Но, јас ги повикувам сите, да дадат свој придонес. Го повикувам и СДСМ и сите други партии да учествуваат во изработка на концепцијата за гимназиското образование. Никаде не брзаме, ништо не е дефинитивно одлучено, имаме една година време за да ја донесеме новата концепција, рече ...

Формирана е меѓуресорска група која ќе се грижи за подигнување на безбедноста во училишните објекти, откако утрово дел од училишните раководства добија пораки за поставени експлозивни направи во објектите, информираат од Министерството за образование и наука (МОН). „Одржавме состанок со претставници на Министерството за внатрешни работи и на неколку други институции кои се задолжени за јавната безбедност, претставници на Министерството за ...

Бројни училишта низ Македонија утрово се евакуирани поради дојави за бомби. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека пристигнале пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата. Оттаму посочија дека надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се воведуваат санкции за претставници на Меѓународниот кривичен суд поради отворање истраги насочени кон САД и Израел, јавува Радио Слободна Европа. Во наредбата на Трамп се наведува дека судот во Хаг „се вклучил во нелегитимни и неосновани акции насочени против Америка и нашиот близок сојузник Израел“. Во извршната наредба, која Трамп ја потпиша на 6 ...

Дамбиса Мојо Точно е дека вештачката интелигенција има потенцијал да го поттикне глобалниот раст и да ја зголеми продуктивноста, но економијата се соочува со сè поголеми предизвици како што се зголемените трошоци за развој и обврските во однос на користењето на енергија. Во меѓувреме, инвеститорите си го поставуваат прашањето дали инвестициите во вештачка интелигенција би можеле да доведат до значајни приноси. Брзото темпо на технолошки напредок ...

Пред некоја година донесоа закон каде што моторите до 50 кубика можат да возат со одредена брзина по велосипедските патеки и тоа е најголемата несигурност која ја донесоа и буквално избркаа многу велосипеди и ги демотивираа да возат. Зошто тоа е лошо: 1.Бидејќи никогаш нема да видите полиција да контролира дали моторите се до 50 кубика. 2.Никогаш ги нема да ја мерат брзината на моторите со која возат на вело-патеките. Мене на кејот ме мавна ...

Во социјалниот центар „Дуња“ повторно ќе се држат часови по албански јазик два пати неделно, во вторник и четврток, почнувајќи од 11 февруари во 19 часот. „По успешно завршениот прв степен на првата група која посетуваше часови по албански јазик во ‘Дуња’, и поради интересот на многу другари и другарки кои подоцна дознаа за часовите и не можеа да се вклучат во првата група, одлучивме да се формира нова група за часови по албански јазик. Часовите ...

Во клубот „Минус еден“ во Скопје утре, сабота 8 февруари“, од 19 часот ќе биде одиграна „Диско (в)Љубеници“, најновата инклузивна претстава на „Трисомија 21“ во соработка со „Колектив Ветерница“ која го истражува полето на имерзивниот театар и феноменот на диското. „Преку истата ги отворивме прашањата: Што е диско? Каква е диско музиката? Како се танцува во диско? Дали диското е за сите возрасти? Зошто диското е важно? На вас останува да се ...

Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк.“ – Скопје се револтирани и ужаснати од резултатите од Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2025 година, објавени од Министерството за култура и туризам на 3 февруари, согласно кои, велат тие, тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ не добива никаква финансиска поддршка. Од здружението посочуваат дека „Прво ...

Во Монтажната/Мобилна галерија во скопскиот Парк на Франкофонија утре, петок 7 февруари, од 20 часот ќе биде отворена „Те гледам, ми пречиш“, дипломска изложба на Камелија Каламерникова. „Преку визуелната аналогија на мувата, Камелија ги претставува оние мисли кои се секојдневни појави, а истовремено досадни и вознемирувачки, кои нè поместуваат и неприметно нè насочуваат кон одредени постапки. Навидум безопасна, мувата е штетник“, стои во ...

FindJOB (Барај работа) е нова платформа за вработување со иновативен пристап во поврзувањето на работодавачите со потенцијалните кандидати. Со користење на алгоритам базиран на вештачка интелигенција, платформата ги поврзува кандидатите со работни позиции кои одговараат на нивните вештини, искуства и цели, за да ги најдат најдобрите можности за професионален развоj – програмери, угостители, менаџери, набавувачи, физичари, техничари, метеоролози… ...

Групата „Кој е следен?“ најави уличен форум насловен „Зошто нашите градови се небезбедни?“ кој ќе се одржи во недела напладне, на раскрсницата пред Зоолошката градина во Скопје која ќе ја затворат за сообраќај. „Нашите градови се небезбедни! Тоа мора да се промени. На уличниот форум ги собираме сите идеи и предлози за посигурни улици – од железнички градски превоз во Скопје, до урбанистички промени за подобрување на сообраќајната култура. Со ...

Преку социјалните мрежи повторно се шири повик за бојкот на маркетите утре, поради високите цени на храната. Ваквиот повик доаѓа по првичниот бојкот кој се одржа минатиот петок, на 31 јануари. Тогаш беше забележан пад на вкупниот промет за 46.59% на осумте најголеми ланци маркет, во споредба со претходниот петок, на 24 јануари. Еден ден по бојкотот пак, податоците покажаа дека прометот бил поголем за 11.2% отколку претходната сабота. Повикот за ...

На неколку локации во Скопје, односно на Битпазар со поглед кон пазарот и булеварот, како и на јужната фасада на ГТЦ денеска осамна цртеж на платно со должина од шест метри. Цртежот го врти вниманието кон проблемот со лажните вести. Авторот Ѓорѓе Јовановиќ во своето најново дело ја истражува моќта на дезинформациите кои, како што велат од Центарот за современи уметности (ЦСУ), не само што ги искривуваат фактите, туку и ја обликуваат перцепцијата ...

Музиката на Давид Ангелевски за театарската претстава „Снег“ се вброи меѓу изданијата на независниот издавач „Шарла“. Се работи за претстава според истоимената новела на Максанс Фермин, во режија на Зоја Бузалковска. Претставата е продукција на независната театарска група „Штрих“, премиерно поставена на 12 ноевмври 2024 година во МКЦ – Скопје. Од претставата се произлезени осум теми, што сега се спакувани како прво издание на „Шарла“ за оваа ...

На 10 февруари во Културниот центар „Јадро“ премиерно ќе се одигра новата театарска претстава за млади „Чудо“. Следниот ден е планирано репризно издание, а изведбите започнуваат во 20 часот. Целта на претставата е да се занимава со актуелни проблеми на младите луѓе од овој геополитички контекст, врзани со род, социјален статус, недостаток на конструктивна поддршка од системот и родителите, како и неможност да се потпрат на никој освен на своите ...

Фестивалот на eвропски филм „Синедејс“ распиша конкурс за пријавување кратки филмови кои ќе бидат прикажани во рамки на „MK Shorts“ програмата на 24. издание што ќе се одржи од 10 до 15 јули 2025. Пријавените филмови, како што соопштија треба да се со времетраење до 20 минути, со година на продукција 2023/2024. Тие можат да се во формат на анимиран или игран филм. Конкурсот е отворен до 1 јуни, по кој учесниците ќе бидат информирани во најкус ...

Договорот со фирмата која ќе треба да ја изгради првата регионална депонија во земјава, во селото Мечкуевци во Свети Николе, може да биде потпишан во првата половина на годинава. Тендерот кој беше објавен во октомври минатата година сѐ уште е во тек и течат роковите за достава на понудите од заинтересираните компании. Според најавите од Министерството за животна средина, евалуацијата на понудите би требало да започне овој месец февруари, пишува ...

Протестен марш за правда за 22-годишната Фросина Кулакова е најавен во сабота во Неготино. Протестот ќе започне во 14 часот на улицата Маршал Тито, кај семафорите. „Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите што секојдневно се случуваат на нашите улици! Маршираме за да испратиме силна порака: Доста е со жртви на улиците. Овој протест е за Фросина, за Викторија, за сите жртви на сообраќајното насилство и за сите чии животи се изгубени поради ...

По две и пол години прекин, денеска повторно ќе стапи во функција редовната железничка линија Скопје-Куманово-Скопје. Министерот за транспорт Александар Николовски посочи дека првиот воз ќе тргне денеска во 16 часот и 30 минути. „Патувањето ќе трае 41 минута, два пати дневно ќе оперира и тоа наутро во 6 и 30 ќе тргнува од Куманово и истиот воз назад ќе се враќа кон Куманово. Ќе имаме 4 возoви дневно со што ќе се согласите многу ќе ја олесни ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
24%
1013
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
39%
1016
weather icon

Загреб

30ᴼ / 29ᴼ
3.09
39%
1016
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
5.14
33%
1017
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
5.78
28%
1017
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
49%
1018
weather icon

Атина

32ᴼ / 31ᴼ
10.29
38%
1012
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
40%
1012
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
1.54
18%
1012
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
4.12
38%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
1.54
33%
1018
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
9.26
61%
1017
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315