Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава истакна дека нема ниеден починат од повредените лица во пожарот во Кочани. Од вкупно 178 повредени пациенти, 64 се третираат во јавните здравствени установи во државата, 13 пациенти во приватните, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри, посочи Таравари. „Пациентите се во релативно стабилна состојба. Јас лично вчера заедно со министерот за надворешни работи ги посетив ...

Вкупно 20.932.654 денари се донирани за поддршка на настраданите семејства во Кочани, соопшти утрово Црвениот Крст. Оттаму упатија голема благодарност до сите кои досега донирале и се дел хуманитарната операција за поддршка на настраданото население. Истовремено, посочија дека и понатаму продолжуваат со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт ...

Вкупно 20.932.654 денари се донирани за поддршка на настраданите семејства во Кочани, соопшти утрово Црвениот Крст. Оттаму упатија голема благодарност до сите кои досега донирале и се дел хуманитарната операција за поддршка на настраданото население. Истовремено, посочија дека и понатаму продолжуваат со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт ...

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) доцна вчера изразија загриженост поради повикувањето на информативен разговор на новинари, меѓу кои и претставници на меѓународни медиуми, кои со дронови го снимале синоќешниот протест во Скопје. Во заедничката реакција на медиумските организации се посочува дека според достапните информации, забраната за користење на дронови била ...

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) повторно објави соопштение, со кое велат дека за последен пат сакаат да се изнесат во однос на вчерашните случувања на општествениот кампус на УКИМ, каде беше прекинат говорот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, а воедно таа беше исвиркана од дел студенти. Од УСС-УКИМ сакаат да се оградат од говорот на Јаневска, за која тврдат дека ...

Централниот плоштад „Македонија“ во Скопје вечерва беше осветлен од неколку илјади граѓани, кои во молк оддадоа почит кон загинатите од големата трагедија што изминатиов викенд се случи во дискотеката во Кочани. Мирниот собир за заедништво и сочувство, во вид на комеморативен настан започна во 18 часот, а реки од луѓе го исполнија плоштадот. Присутните палеа свеќи, оставаа цвеќиња, а имаше и граѓани со транспаренти. „Заради гнилиот систем ...

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а кои се лекуваат во Србија. Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) најостро го осудува оваа постапка која, како што велат, покрај тоа што е етички недопустливо, истовремено ги загрозува животите на тешко повредените. ...

Сите починати лица се идентификувани, а завршена е обдукцијата на сите починати 59 лица, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопштувајќи ги најновите информации за трагедијата по пожарот во дискотеката во Кочани. „Повредени се 196 лица, од кои 20 деца. Во моментот 93 повредени се на лекување во скопските болници, а 80 во странство и тоа Србија, Бугарија, Австрија, Хрватска, Турција, Грција, Унгарија и Бугарија“, рече ...

По трагичниот настан во Кочани, во јавниот простор и на социјалните мрежи циркулираат бројни информации, од кои многу се непроверени, неточни или извадени од контекст, велат од Македонскиот институт за медиуми (МИМ) од каде апелираат на внимателност и одговорност при споделувањето и пренесувањето информации, како од страна на медиумите, така и од граѓаните кои активно комуницираат на дигиталните платформи. „Во вакви чувствителни ситуации, ...

Платформата за информирање на студентите „Студентарија“ реагира дека се мета на лаги, напади и валкани игри, откако вчера го пренесуваа студентскиот собир пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „На платото на УКИМ се случи инцидент кој Студентарија одлучи да го пренесе и објави, што очигледно не им одговара на владејачките елити. За време на говорот на министерката Весна Јаневска, повеќе студенти побараа лекарска помош откако на нивни ...

Од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) велат дека незамисливата загуба од Кочани не е само лична трагедија, туку и страшен потсетник на реалноста која во оваа земја секојдневно се живее – реалност во која животот е несигурен, институциите не функционираат, а чувството на безнадежност станува сè подлабоко. „Трагедијата не е еден изолиран случај. Таа е директен резултат на системскиот хаос што владее со години. Недостигот на ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) објави препораки за унапредување на комуникацијата на политичарите и носителите на јавни функции во услови на трагични настани кои ја засегаат целата јавност. Целта е да се зајакне транспарентноста и да се овозможи навремен и коректен пристап до информации. Во прилог ги објавуваме сите препораки, интегрално како што ги пратија ЗНМ: 1.Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба да ...

Студентското организирање во Македонија отсекогаш било синоним за достоинство, револуционерност и автентична борба за правда. Платото на УКИМ, најголемиот универзитет во земјава, со децении претставува свет простор на студентската мисла и отпор. Тоа е местото каде што генерации студенти храбро се спротивставуваа на неправдите, го креваа својот глас и храбро се бореа за своите права, често плаќајќи висока цена за своите идеали, велат од ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека по вчерашната голема трагедија во Кочани, каде во пожарот животот го загубија 59 лица и повредени се 169, превземени се повеќе мерки и активирани повеќе институции. Меѓу другото, утврдено е дека правното лице немало лиценца за работа за дискотеката, каде според проценките биле 500 лица на претходно продадени 250 билети. „Издавањето лиценца е под належност на Министерството за ...

Голем број студенти денеска се собраа пред платото на општествениот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за да оддадат почит на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани. На комеморацијата присутните палеа свеќи, се потпишуваа во книгата на жалост, оставаа цвеќиња, но и донации за поддршка на семејствата на настраданите. View this post on Instagram A post shared by Радио МОФ (@radiomof) Собирот наречен „Заеднички час“, инициран ...

„Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ден. Дупло повеќе се во болници и тешко повредени. Ние, како и децата во дискотеката, сме повторно беспомошни и оставени сами на себе. Во овие траорни денови, Македонија треба да биде заедно. Треба да си бидеме рамо за плачење и треба да си дадеме еден на ...

„Нема да има толку крв ако се’ е по закон! Бараме одговорност!“. Под овој транспарент, стотици граѓани на Кочани денеска маршираа низ градот барајќи правда и одговорност за вчерашната трагедија во која загинаа 59 луѓе. Протестот започна во 13 часот во Градскиот парк каде граѓани оддаваа почит на загинатите. Потоа, тој продолжи кон зградата на општината, каде граѓаните фрлаа со јајца. Маршот продолжи кон центарот на градот каде беше демолирано ...

Министерството за здравство ја отвори телефонската линија 078 378 754 за психолошка поддршка на пациентите. „Министерството за здравство информира дека во координација со ЈЗУ Психијатриска болница и Клиниката за психијатрија се формираат мобилни тимови составени од психијатри и психолози, кои ќе обезбедуваат психолошка поддршка за семејствата и пациентите. За сите кои имаат потреба од советување или помош, достапна е телефонската линија 078 ...

Во Градскиот парк во Кочани за денеска од 13 часот е најавен протест по вчерашната трагедија. Во објава на Фејсбук страницата Кочани (Гласот на Кочани) се наведува дека на социјалните мрежи кружат најави за протестот. „Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го ...

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, по вчерашната трагедија во која загинаа 59 луѓе, а беа повредени 155 лица. „Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна! Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи во Кочани. „Со оглед на сериозноста и сензитивноста на случајот, апелираме до сите новинари и медиуми доследно да ги почитуваат етичките принципи од Кодексот на новинарите и другите професионални стандарди, притоа внимавајќи на почитување на ...

За десет лица за кои денеска се обезбедени докази во врска со трагедијата која се случи во дискотеката во Кочани се бара притвор, а над дваесет се повикани на информативни разговори во полициски станици, информираше вечерва Јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Меѓу нив е и еден од организаторите кој денеска на обвинителите им кажал дека за вчерашниот концерт на групата ДНК нема писмен договор со изведувачите, пренесе новинската агенција Мета. ...

Владата донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 луѓе. „На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на ...

Повеќе од 20 малолетни лица се повредени, а три се починати, соопшти на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што изјави министерот, во дискотеката имало околу 500 лица, односно биле продадени околу 250 карти. „Имињата на починатите, по завршувањето ќе бидат доставени доставени до семејствата. Поголемиот дел се идентификувани. Сите тела се извадени од лице место. Во критична состојба имаме 22 лица и дел од ...

Црвен крст на Македонија информираше дека со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции, дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани, каде починаа најмалку 51 лице, а над 100 се повредени пренесени низ болниците во Штип, Кочани и Скопје. „Нашата Организација ги стави во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на ...

Бројот на загинати во трагедијата во Кочани се искачи на 59. Од загинатите, идентификувани се 35 луѓе, од кои 31 се од Кочани и 4 од Штип, соопшти попладнево на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Бројот на повредени се искачи на 155. „Уште еднаш сакам да изразам искрено сочувство до семејствата на починатите во оваа ужасна трагедија, во која животот го загуби и еден полициски службеник од полициска станица ...

Илјадници граѓани од сите делови на Србија денеска се собраа во Белград на повик на студентите за да учествуваат на протестен собир, поттикнат од трагедијата во Нови Сад кога се урна настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе, а двајца беа повредени. Многу улици во градот се блокирани поради големиот број луѓе, па граѓаните и студентите наоѓаат алтернативни начини да се приклучат на протестот. Колони ...

Во Белград денеска се одржа масовен протест, поттикнат од трагедијата во Нови Сад на 1 ноември минатата година. Граѓаните кои учествуваа на протест полека почнаа да заминуваат од плоштадот Славија откако беше објавено дека студентите го сметаат протестот за завршен, пренесе Ал Џазира Балканс. Централниот собир беше кај Народното собрание во 16 часот, но собирот се прошири и на плоштадот Славија каде студентите одржаа говори. View this post on ...

Животот го загубија 51 лице, а повеќе од 100 се хоспитализирани низ болниците во Штип, Кочани и Скопје, откако во раните утрински часови пожар ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи изјави дека полицијата ги утврдува околностите за одговорност. Тој изрази сочувство до блиските на загинатите. Околу трагичниот случај што се случи за време на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1000
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
74%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.49
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
97%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.45
89%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

157055.75

Сребро

2457.28

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Калај

48.47

Родиум

336779.07

Бакар

11.66

Цинк

3.33

Паладиум

53434.54