Во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија вечер (16 јули) од 21 часот ќе настапуваат „The Planktons“ сурф-рок трио од Скопје, кое по неколку години пауза е назад на сцената. „The Planktons“ имаат и ново издание, EP што носи наслов „No Time For Surf“. „По одличната промоција во ‘Буква’, овие дечки ни доаѓаат во ‘Ла Кања’ и најавуваат уште еден целовечерен концерт, уште една луда и незаборавна вечер пропратена со сурф-рок магијата, која со себе ја ...

Составот „The Milk Snatchers“ вечерва (19 јули) од 21 часот ќе настапуваат во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија. Од независниот издавач „Мртов коњ“ велат дека „The Milk Snatchers“ се можеби најдобро зачуваната тајна на балканската алтернативна сцена. „Доаѓаат од Косово, а звучат како бенд кој Morrissey би го основал кога би слушал модерен пост-панк и прог. Грандиозни, емотивни, но и во точни моменти брутални, не смејат да се пропуштат овие ...