
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Имунизацијата и прележаните инфекции, а не Путин и неговата воена инвазија врз Украина, допринесоа да се стави крај на ковид пандемијата. Што се однесува до тврдењето во објавата дека Нетанјаху, со нападот на Израел врз Иран го ослободил светот од Украина, исто така не држи вода. Прво, Украина не е агресор и закана по светската безбедност, па светот се ослободува од неа. Русија продолжува со својата воена агресија, а за тоа известуваат светските ...
Светските цени на маслото, шеќерот, житариците во пад, пораст на цените на месото и млечните производи. Светската организација за храна и земјоделство (ФАО) објави дека во мај во однос на април вкупниот индекс на цените на храната е намален за 0,8 отсто. Државниот завод за статистика кај нас измери дека трошоците на живот за храна во истиот анализиран период, се зголемени за 4,1 отсто. Во мај во однос на истиот месец лани, освен на храната, ...
Краток преглед на вестите од македонско говорно подрачје и од српско-хрватско говорно подрачје од регионот на Западен Балкан поврзани со последниот напад врз Кримскиот мост, упатуваат на заклучок дека иако најголем дел од медиумите известуваат во рамки на професионалните стандарди, сепак се среќаваат дезинформации блиски до руските пропагандни наративи кои се пласираат преку коментаторски и сензационалистички наслови Третиот напад врз Кримскиот ...
Целта на новиот закон е да спречи приватни компании да градат објекти во близина на парламентот, а не да се забранат протестите на граѓаните, како што првично објавија повеќе медиуми. Суштината на законот зад кој стојат сите пратенички групи, е тоа што во дворот на Собранието – тревникот со површина од 1,5 хектари до Домот на АРМ, се забрануваат градежни активности, јавни собири, протести и манифестации… На овој дел се наоѓа парцелата која уште ...
Мицкоски денес како претседател на Владата говори дека 80-те години на Државниот завод за статистика „не се само историја – тие се традиција на професионализам, кредибилитет и јавна служба“, при што не е јасно дали во таа традиција на институцијата го смета и периодот од 2019 до 2021, кога најжестоко ја напаѓаше заради тоа што власта преку неа насилно го туркала пописот како политичка, а не статистичка операција. ДЗС за Мицкоски како премиер од ...
Украина нападот го подготвувала година и пол и го извршила самостојно. Во операцијата не бил вклучен никој друг, а најмалку НАТО земји, како што тврди објавата, па оттука и не може да се каже дека НАТО е сега во војна со Русија. Исто така, во украинскиот напад не било уништено никакво нуклеарно оружје, туку се уништени авиони кои имаат капацитет да лансираат нуклеарни бомби. Овие авиони Русија ги користи за бомбардирање на украинските градови и ...
Прашањето од насловот произлегува од условите што се наведени во предлогот на Русија како да се стигне до конечен и траен мир во Украина. Текстот синоќа е официјално објавен во целост и од него може да се види дека Москва не се обврзува на ништо суштинско, а сепак од Украина бара откажување и од територија и од штета (воени репарации), како и ограничување суверено да одлучува за својата иднина. Дел од точките наведени во рускиот документ се ...
Доспеаниот, а неплатен долг на државата кон „физички лица“ за три месеци е зголемен со „најголемо“ темпо, додека долгот на државата кон приватниот сектор достигна 241 милион евра со зголемување од 40 милиони евра за три месеци, пишува Порталб.мк. Најголемиот должнички износ од 124 милиони евра е по основ на комунални услуги, греење, комуникации Долгови кон приватниот сектор, физичките лица, кон странство Според висината на побарувањата од ...
Во комуникациските ставови на политичките субјекти по отворената војна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, против нелегалната градба и други незаконитости, може да се сретне сѐ и сешто. Невкусни квалификации, полувистини, недоследности, спинување. Најмалку има инсистирање да постапуваат органите и институциите, засега тоа најмногу го има од Арсовска, иако и таа си ги надминува надлежностите, па истовремено е и истражител и обвинител ...
Не е точно дека медиумите не го покривале и не известувале за ловот на дивоградби што градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го почна со преноси во живо на Фејсбук. Од првиот ден кога Арсовска обвини за дивоградби во Чаир медиумите екстензивно ја покриваат темата и со прилози и со вести во низа, секој ден со опфатени различни агли, како постапувањето на полицијата, одговорите од Општина Чаир… Во медиумите има интервјуа со Арсовска, а беше ...
Иако Општина Бутел доби средства од т.н унгарски кредит на Владата и има одредено локација каде ќе се гради поликлиниката, сепак нејзината изградба сè уште не е започната. Дури и под претпоставка сега да стартува изградбата на поликлиниката, шансите таа да се изгради во наредните 4-5 месеци до крајот на мандатот на Костовски – октомври 2025 г., се многу мали Во предизборната програма за локалните избори во 2021 година, градоначалникот на ...
Иако Општина Бутел доби средства од т.н унгарски кредит на Владата и има одредено локација каде ќе се гради поликлиниката, сепак нејзината изградба сè уште не е започната. Дури и под претпоставка сега да стартува изградбата на поликлиниката, шансите таа да се изгради во наредните 4-5 месеци до крајот на мандатот на Костовски – октомври 2025 г., се многу мали Во предизборната програма за локалните избори во 2021 година, градоначалникот на ...
Иако Москва со своите наративи за денацификација, за некаков геноцид врз рускиот народ во Украина, па и за елиминирање на некакви основни причини за конфликтот се обидува да ја замaгли вистината, вистинската причина за воената агресија на Путин е неговотo одбивање да го прифати постоењето на Украина и Украинците како суверена нација. За Путин и неговиот режим, демократијата на Украина, нејзините аспирации за членство во ЕУ и НАТО и нејзината ...
Појаснувањата на премиерот на прес-конференцијата од 28.05.2025 во врска со тендерот во МВР, на прашањата на колешката Милка Смилевска може да се оценат различно од политичка гледна точка, но никако и како напад врз новинарката и загрозување на слободата на медиумите. Оттука, тврдењата на СДСМ за такво нешто не се вистина СДСМ излезе со изјава/соопштение/став во кој го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека извршил навреда и напад врз ...
Двоцифрени проценти за раст на кредитирањето на компаниите – во април задолженоста изнесувала 4,05 милијарди евра, што е за половина милијарда евра повеќе во однос на истиот месец минатата година. Банкарите очекуваат дека и во овој втор квартал ќе има зголемена побарувачка за кредити, а условите за одобрување ќе се олеснуваат, пишува Порталб.мк. Домаќинствата, пак, само по основ на станбени и потрошувачки кредити должат 3,74 милијарди евра ...
Сѐ во врска со новинарското истражување почнало кога на данското национално радио „ДР“ му пристапил доверлив извор и му предал 49 илјади мејл пораки и повеќе од 22 илјади документи што му припаѓаат на „Правфонд“. Потоа тие материјали биле доставени до 28 медиуми во различни држави преку Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), по што беше исцртана сликата за влијанието на „Правфонд“ во одделните држави. Експертите ...
Најдолг мандат како министер во ресорот здравство, од 6 години, имаше Никола Тодоров, најкраток од пет месеци имаа Арбен Таравари во 2017 и Илир Демири во 2024 година. Во период од 19 години во Министерството за здравство имало 10 министерски смени, вклучувајќи ја и новата што треба да се случи сега, по заминувањето на крилото на АА од власта. Порталб направи хронолошко рангирање на досегашните министри за здравство и анализа на буџетот на овој ...
Споредбата на Зеленски со Хитлер не држи вода. Зеленски не е нацист, ниту пак, врши геноцид за да се споредува со Хитлер. Ова е добро позната пропаганда на Кремљ која се шири од почетокот на војната и која има за цел да ја оправда воената агресија на Русија Анализираме објава на Фејсбук која вели: Хитлер го чека Сталин на преговори пред Бранденбуршката порта, на 8 Мај 1945 година? Објавил на сите медиуми, сака преговори, погрешил што тргнал на ...
Арбен Таравари може да оддава впечаток на сериозен прагматичен политичар. Но, кога со прагматизмот во политиката ќе се претера, како во неговиот случај, тогаш јавноста може брзо да стекне впечаток дека моралната вертикала што ја продавал била само фатаморгана, односно меур од сапуница. А од обвинувања кон другите партнери за кукларство, на крај се чини дека всушност тој е кукларот кој ги влече конците и управува со своите политички партнери кои ...
Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со „чист образ“. Но, зошто тоа не го стори веднаш? И, не му доликува на еден премиер да проценува дали некој функционер „забегал“, или да се заканува со „влечење за уши“. Тоа прозвучува непримерно и невкусно. Во крајна линија остава впечаток дека некој е опиен од моќта, ...
Следејќи ги сите информации од петокот (16.05.2025 до денеска 20.05.2025) не може да се каже дека нема информации околу задолжувањето од Обединетото Кралство. Сепак, информациите се генерални и се соопштуваат некако парче по парче, а тоа е така, затоа што, барем до крајот на саботата, детали од договорот влада со влада, сѐ уште не биле готови Пратеникот од СДСМ Миле Талески даде изјава во рамките на тв дебата која е делумно вистинита: Со оглед ...
Денот на победата во Европа – 8 Мај, го означува крајот на Втората светска војна – 8 мај 1945 година, кога сојузниците го прифатија предавањето на нацистичка Германија. Откако Русија ја почна неиспровоцираната брутална воена инвазија врз Украина, европските лидери и политичари се дистанцираат од прославата која се одржува во Москва еден ден подоцна, на 9 мај. Бројни се доказите дека денот се одбележува во Европа. Четиридневно одбележување ...
„Вистиномер“ со помош на јавно утврдените достапни податоци (видео материјали) утврди дека во 2021 година Артан Груби во својство на прв вицепремиер во тогашната влада, двапати гостувал во емисијата „Само интервју“ на телевизија „Канал 5“. Внимателното преслушување на целосниот материјал доведува до заклучокот дека објавата што ја рецензираме е невистинита. Во ниту еден дел од двете гостувања на Груби во „Само Интервју“ тој нема изјавено дека ...
Иако од Општина Кисела Вода аплицирале на повикот на Владата за капитални инфраструктурни инвестиции и поднеле документација за новата општинска поликлиника, тоа е направено само неколку месеци пред новите локални избори кои треба да се спроведат во октомври годинава. Со други зборови, речиси е невозможно за само неколку месеци до крајот на мандатот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да се испорача ваков крупен инфраструктурен проект ...
„Бура-1516“ сега е кохерентен и зрел систем што може да биде активиран од спонзорите за дискредитација на европските и северноамериканските личности и организации особено во пресрет на големи настани како избори. Главниот таргет биле владата на Украина со семејството Зеленски, со цел да заслабне поддршката и помошта од западните земји. За таа цел тие беа претставувани како „корумпирани богаташи кои се расфрлаат со странската помош“ Пишува: ...
Путин авторитарно владее со Русија четвртина век, а на деветомајската Парада на победата има говорено 22 пати (говор на парадата стандардно држи претседателот на Русија, па Путин тоа не го правеше од 2008 до 2011 г. кога беше нејзин премиер). Низ тие негови говори провејува пропаганда, што важи и за оној последниот, но некои аналитичари сметаат дека оваа година Путин ја омекна својата реторика, што се должи на преговорите иницирани од Трамп, но ...
Во рамки на Планот за раст на ЕУ, за Северна Македонија се планирани 750 милиони евра, наменети за спроведување на реформи. Сепак, во јавноста постоеја многу прашања во врска со тоа како ќе се користат овие средства. За да се разјаснат многу од овие дилеми, Порталб.мк разговараше со шефот на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Штефен Худолин. Тој ја објасни стратегијата зад финансиската поддршка, ...
Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за над 15 милиони евра. На квартално ниво пораст на долговите има и во Јавното здравство и кај општините – покажува споредбената анализа на „Порталб“ врз основа на податоците од првиот квартал од годинава во однос на последниот од лани. На крајот ...
„Најдолгиот пат“ на Вучиќ до Москва беше нашироко пренесуван во македонските медиуми, речиси од час во час. Кога станува збор, пак, за словачкиот премиер Фицо, домашните медиуми го истакнуваат неговиот „пркос наспроти заканите од Европската Унија“, нарушувајќи ја заедничката надворешна политика на Унијата кон Русија и нејзината целосна инвазија врз Украина последниве три години Пишува: Стојан Синадинов Велат дека се чудни патиштата Господови, ...
Можеби е вистина дека Владата нема намера од едно место да се задолжи за 5-6 милијарди евра, но секако е недоследно кон јавноста да се тврди дека погрешно била пренесена информацијата и не знае како се стигнало до таа информација од страна на Николоски. Изворите на погрешно разбраните или недоразбраните информации, сепак се во неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ Во интервју за телевизија со национална концесија вицепремиерот и министер за ...