Студентите од Србија и официјално се кандидати за Нобеловата награда за мир, напиша писателот и драматург Синиша Ковачевиќ на социјалната мрежа Х, пренесува Н1. „Штотуку пристигна потврда од Нобеловиот комитет дека е прифатена номинацијата за Нобеловата награда за мир“, напиша тој. Студентите ширум Србија протестираат веќе два месеци, а на нивните акции се приклучија и граѓаните во речиси сите делови на земјата. Прво почнаа да ги блокираат ...

Европскиот суд за човекови права ја осуди Италија за загрозување на животите на луѓето со илегално одлагање токсичен отпад во регионот Кампанија, што доведе до зголемување на бројот на заболени од рак и загадување на подземните води, пренесува Н1. Со пресудата е утврдено дека државата е виновна за кршење на правото на живот на граѓаните со тоа што не „се позанимавала со проблемот на распространетото одлагање на отпадот“ на приватно земјиште кое ...

Во киносали во Јута изминатава недела се слушаше турски јазик, на дијалект кој Јуруците во радовишкиот регион го зборуваат. Посетителите на реномираниот филмски фестивал „Санденс“ ја следеа приказната на Ахмет, 15-годишно дете од македонското село Али Коч, кој сака да стане диџеј, истовремено справувјаќи се очекувањата од семејството и со својата прва љубов. Станува збор за „Диџеј Ахмет“, дебитантскиот долгометражен филм на режисерот и сценарист ...

Од понеделник (3 февруари), Меѓународниот Аеродром Скопје ќе стане „тивок аеродром“. „Тоа значи дека од понеделник, на скопскиот аеродром нема да се објавуваат дополнителни гласовни најави за летови преку разгласот, освен пред почеток за качување во авион (‘бординг’) кај излезите“, соопштија оттаму. Оттука, тие ги замолија и апелираа до сите патници да ги следат екраните и мониторите каде се прикажани информациите за летовите, картата за ...

Бојан Лазаревски „Сите сме пушачи со овој воздух“ е името на кампањата за превентивен скрининг на белите дробови, пласирана на билбордите во Скопје. Според статистиките, Македонија е на десетто место во светот по смртни случаи од рак на белите дробови, а според најновата публикација на Организацијата за економска соработка и развој и на Европската комисија, Македонија е земја со највисока смртност од загадувањето во Европа. Градовите во земјава ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која од денеска цената за потрошувачите на топлинска енергија во Град Скопје ќе се зголеми за 5.03%, како резултат на зголемената цена на природниот гас на светските берзи за 16% во последниот квартал од 2024 година. „По доставено барање од страна на ЕСМ Дистрибуција на топлина, ЕСМ Производство на ...

Бројни граѓани оставија траги од „крвави дланки“ кај Основниот кривичен суд во Скопје, на протестот на кој се бараше правда за трагичната смрт на 22-годишната Фросина Кулакова која пред два дена беше прегазена на булеварот „Партизански Одреди“. На протестниот собир кој започна во 13 часот на булеварот, поточно на пешачкиот премин спроти пекарницата „Силбо“, граѓаните оставаа цвеќиња и палеа свеќи за Фросина. Се одржа и триминутен молк, за трите ...

По општина Центар, сега и општина Аеродром донесе препорака основците од прво до деветто одделение да не ги поседуваат кај себе и да не ги користат мобилните телефони за време на наставата. Имено, Аеродром препорачува учениците при влез во училиштата да ги оставаат своите мобилни апарати во посебно означени кутии сместени во посебни простории во рамките на училиштата, од каде ќе можат да ги земат по завршување на наставата. „Доколку вработените ...

Денешните најави за бојкот на маркетите поради енормно зголемените цени во последно време ја инспирираше екипата „Урбана герила Скопје“ да направи нова акција во главниот град под името „Литро крв за потрошувачка кошничка“. Екипата за урбани уметнички акции вели дека секојдневно сведочиме на ценовен хаос и поскапувања кои водат до се’ поголем пад на животниот стандард. Цените токлу брзо се менуваат, посочуваат тие, што граѓаните се почесто во ...

„Ние, студентите од Институтот по филозофија при УКИМ, ја изразуваме нашата длабока загриженост во врска со неодамнешниот предлог за укинување на филозофијата како задолжителен предмет и нејзино сведување на изборен предмет со почетно изучување, како и укинувањето на етиката и логиката од наставната програма во средните училишта и нивно инкорпорирање во содржината по предметот филозофијата. Цврсто веруваме дека оваа одлука ги загрозува основните ...

По кратко боледување, денеска на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ, соопшти Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). „Томиќ беше дел од редакцијата на Канал 5 телевизија речиси 13 години, од 2007 до 2018 година, каде што работеше како уредник во информативната редакција. Во текот на својата професионална новинарска кариера, колегата Томиќ ги следеше настаните од надворешната политика“, соопштија од ЗНМ. Томиќ бил член и на ...

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Магична виолина“, на кој како солист ќе настапи белгискиот виолинист Марк Бучков, на 6 февруари со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија. „Белгискиот виолинист со руско-украинско потекло, Марк Бучков, критиката го опишува како софистициран музичар со беспрекорна самоувереност, но и како еден од најмултифункционалните и уникатни уметници на новата генерација. Неговата ...

Министерството за образование и наука информираше дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 февруари. Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на овој ЛИНК. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација, електронски преку порталот на следниов ЛИНК. „Студентите на кои ...

На социјалните мрежи се шири повик за протест по трагичната несреќа која се случи пред два дена, а во која беше прегазена и загина 22-годишната Фросина Кулакова. Протестниот собир и блокадата е најавено дека ќе започне во 13 часот, на местото каде смртно беше прегазена 22-годишната девојка, односно најавено е блокирање на булеварот „Партизански одреди“, кај пешачкиот премин спроти пекарницата „Силбо“. Обвинителството соопшти дека 20-годишниот ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува загриженост во врска со вчерашниот избор на предлог кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) во собраниската Комисија за избори и именувања. „Загрижува фактот што дел од избраните кандидати на кои им беше дадена можност да учествуваат на јавната расправа не ги исполнуваат ниту формалните услови според објавениот оглас. Воедно ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги додели наградите за 2024 година за новинарски стории на тема: „Справување со загадувањето на воздухот во РС Македонија“. Првата наградата е доделена на новинарот Мартин Пушевски за сторијата со наслов „Аерозагадување – има решенија за горливиот проблем, нема храброст“, објавена на Македонската радио телевизија. ...

Разговори за театар и промоција на книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски, со која авторот ги манифестира своите неколкугодишни гледачки искуства на театарски претстави низ македонските театри, ќе се одржат на 4 февруари со почеток во 19 и 30 часот во кафе-книжарница „Буква“. „Театарот, како уметност што постојано е во дијалог со времето, просторот и човекот, не претставува само сцена на креативност, туку и простор за критичка ...

Изложба на циклус на слики со наслов „Балканска геометрија“ од Милош Милосављевиќ ќе се отвори на 5 февруари со почеток во 20 часот во Галеријата во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Циклус на слики со наслов „Балканска геометрија” е примерен предмет во уметничките истражувања присутни во моето творештво во период од последните петнаесет години. Кроз автентичен ликовен јазик, во една ликовна целина прикажувам синтеза на различни ...

Студенти од Белград утрово тргнаа пеш кон Нови Сад под слоганот „На чекор од правдата“ со цел да им дадат поддршка на колегите од Нови Сад во блокирањето на сите три моста во градот, по повод три месеци од трагедијата на Железничката станица во која загинаа 15 луѓе. Луѓето аплаудираат и скандираат на студентската колона, а некои ги држат рацете нагоре со црвени ракавици. Собирот започна во 8:30 часот на Факултетот за драмски уметности. Уште една ...

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје смета дека воведувањето на дополнителни трошоци за материјални и онлајн ресурси не треба да бидат на товар на студентите и ќе побара итен состанок со министерката за образование и наука Весна Јаневска за, како што велат, во најбрз можен рок дополнителните трошоци да бидат надоместени од Буџетот на државата, како што е предвидено согласно Законот. „Според ...

На 1 февруари (сабота) со почеток во 11 часот ќе одржиме протестен марш низ улиците на Струмица како израз на граѓанско незадоволство од упорното нерешавање на проблемот со воздушто загадување во Струмичката котлина што га истопори Струмица на 7 место најзагаден град во Европа, соопштуваат од „Здрава котлина“. Место на собирање е во паркот кај Дом на АРМ. „Од таму по улицата ‘24 Октомври’ почнуваме да се движиме покрај ‘Комуналец’, продолжуваме ...

Професори, институти и здруженија деновиве реагираат за Нацрт концепцијата за реформи во гимназиско образование. Вниманието главно е свртено кон предметите Филозофија, Логика и Етика, откако Бирото за развој на образованието (БРО) и Министерството за образование и наука (МОН) ја отворија и ставија Концепцијата на јавен увид до 1 февруари. Според дипломираниот професор по филозофија и основач на Здружение за афирмација на младинската култура ...

Самостојната ликовна изложба „Линии и бои (интроспекции)“ на уметникот и писател Христо Петрески ќе се отвори на 4 февруари со почеток во 20 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. По свеченото отворање на изложбата, македонски писатели ќе читаат своја родољубива поезија. „Сликарот се изразува преку линии, форми и бои, а писателот преку зборови, симболи и метафори. Но, уметноста нема граници и бариери, односно тие се ...

Македонскиот народен театар (МНТ) и Националниот театар во Будимпешта (Nemzeti Színház) потпишаа меморандум за соработка и станаа партнери кои ќе реализираат заеднички проекти и размени на претстави од двата театри, информираат од МНТ. „Договорот вклучува реализирање и размена на претстави, уметници и идеи, како и зајакнување на соработката за нови театарски проекти. Во рамките на оваа соработка, двете институции ќе организираат заеднички ...

Операта „Каваларија рустикана“ од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи ќе се изведе на 31 јануари со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет (НОБ). „’Кавалерија рустикана’ е едно од најуспешните дела до италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во остатите опери кои ги создал по неа. Tрагична приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, ...

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултетот во Скопје се вклучува во јавната расправа отворена од Министерството за образование и наука (МОН) и категорично го отфрла решението во нацртот на Концепцијата за реформи на гимназиско образование со кое, тврдат, се врши бришење на предметот Филозофија од корпусот задолжителни предмети, како и целосно отстранување на предметите Логика и Етика од корпусот изборни предмети во однос на постојниот ...

Во Културно информативниот центар (КИЦ) – Салон 19’19, на 31 јануари (петок) концерт ќе се одржи на пијанистката Анастасија Кочева. На програмата се дела од Франц Шуберт и Морис Равел – „Три композици за пијано“ и „Огледала“. Анастасија Кочева (1997) е дел од новата генерација активни и надоаѓачки пијанисти на домашната сцена. Своето формално музичко образование го започнува на 7-годишна возраст а го заокружува на Факултетот за музичка уметност ...

Минувачите на улицата „Македонија“ во главниот град денес налетаа на уметничка герила акција. Таа се состоеше од испружени алишта, на кои имаше пораки поврзани со заштитата на лични податоци – на крпа пишуваше „Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци“, на маица имаше нечија лична карта, а можеби најпроминентен дел од акцијата беше огромен пар гаќи на кој пишува „Покриен газ никој не го плука“. Акцијата е поставена од Центарот за современи ...

На синоќешната средба меѓу писателите и читателите во книжарницата „Три“ во Градски трговски центар, посветена на второто издание на романот „Тони“, македонската современа писателка Румена Бужаровска се здоби со Признание за најчитана авторка во 2024 година во „Три“. „Со книгите ‘Чкртки’, ‘Осмица’, ‘Не одам никаде’, ‘Мојот маж’, ‘Господ, па Америка’ и ‘Тони’, Румена е најчитаната авторка во Издавачки центар ‘Три’, со продадени над 4 000 ...

„Не е точно дека предметите философија и логика се исклучени од концептот за реформа во гимназиското образование“, посочи вчера го министерката за образование и наука Весна Јаневска, откако триесетина гимназиски професори по философија, логика и етика преку отворено писмо остро предупредија дека новата Концепција за реформи во гимназиското образование предвидува отстранување на овие предмети од наставната програма, промена што според нив ќе ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.54
33%
1019
weather icon

Белград

34ᴼ / 31ᴼ
2.06
35%
1019
weather icon

Загреб

33ᴼ / 30ᴼ
0.51
43%
1020
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
7.2
25%
1021
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
3.62
19%
1019
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
65%
1021
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
11.32
34%
1014
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
19%
1016
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.57
24%
1016
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.13
31%
1021
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 33ᴼ
3.09
32%
1020
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
10.29
100%
1018
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326