Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Забележителните постигнувања на иницијативата „Појас и пат“ во фокусот на светската јавност Забележителните резултати на кинеската иницијатива „Појас и пат“ (БРИ) постигнати во првата половина од годинава, со вкупен ангажман од 124 милијарди долари (највисоко ниво во шестмесечен период), привлекуваат големо внимание, при што и западни медиуми ги нотираат успешните постинувања. Британски „Фајненшл тајмс“ пишува „Инвестициската и градежната ...
Со сослушување на законскиот застапник на семејството на починатиот и со расправа околу предложените докази за казнена евиденција на одбраната, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава, управувајќи мотор „кавасаки“ без возачка дозвола по пешачката патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на ...
Лидерите на Германија, Франција и Британија ги поздравија напорите на САД за ставање крај на војната во Украина, но нагласија дека секој договор што ја засега Европа мора да ги вклучи нејзините партнери, нагласувајќи ги острите несогласувања со мировниот план на Вашингтон од 28 точки, пренесе ДПА. Во денешниот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и ...
Академик Стојко Стојков смета дека односите меѓу Македонија и Бугарија се во жална состојба и дека ќе има блокада од источниот сосед на нашите евроинтеграции можело да се претпостави претходно. Сега, вели, Македонија нема друг избор освен да се бори, затоа што, смета дека една отстапка би водела кон нови отстапки. – Односите меѓу Македонија и Бугарија се во многу жална состојба. Но, тоа е нешто што се очекуваше и коешто со децении се „билда“ ...
Во Кочани денеска официјално почна со работа Регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка, кој е замислен да претставува додадена вредност во зајакнувањето на услугите за ментално здравје и подобра превенција, третман и поддршка за граѓаните. На свеченоста присуствуваа министерот за здравство Азир Алиу и генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити. Во официјалниот дел од промовирањето на оваа ...
Европската Унија се позиционира како глобално сигурен партнер од доверба на самитот на Г20 во Јоханесбург, откако САД го бојкотираа состанокот, пренесе ДПА. – Европската Унија е тука. Ние сме предвидливи, сигурни и доверливи партнери – рече претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, пред почетокот на состанокот во јужноафриканскиот град. – Ние сме тука да работиме со нашите партнери од Г20. Тука сме да работиме заедно затоа што никој ...
Не гледам повеќе суштина ако билатералните проблеми и билатералните спорови се тие кои што одлучуваат дали земјите треба да станат полноправни членки во рамките на ЕУ. За мене суштината која што ја гледам е испораката, реформите, чекорите кои што ги исполнуваат. И сѐ додека тоа е врз системот на испорака, тогаш апсолутно ние како држава ќе бидеме компетитивни и убеден сум дека ние ќе бидеме тие кои што први ќе стигнат до конечната цел, изјави ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за укинување на увозните царини за бразилското говедско месо, кафето и некои други земјоделски производи, кои беа погодени од царините од 40 отсто што ги најави Трамп во јули, соопшти Белата куќа. Указот ќе се однесува на бразилскиот увоз во САД што е реализиран на или по 13 ноември и може да бара враќање на царините наплатени за овие стоки, се вели во текстот на наредбата објавена од Белата ...
Кремљ соопшти дека сè уште не е информиран дека Украина е подготвена за преговори околу мировниот план за ставање крај на војната што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе БТА. Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека разговарал со секретарот на Армијата на САД, Ден Дрискол, за начините за постигнување мир и вети дека двете страни ќе работат на точките од планот. Кабинетот на Зеленски претходно ...
Кус осврт кон рударството и металургијата: Индустриски гранки – двигатели на извозот Рударството и металургијата со години се меѓу индустриските гранки што обезбедуваат значаен дел од извозот на Македонија. Често во сенка на други економски теми, статистиката покажува дека рударските компании имаат значајно влијание во формирањето на економската кондиција на Македонија. Мал удел во БДП, силно присуство во индустријата Влијанието е врз ...
Основното јавно обвинителство Кочани ќе вложи жалба за определената мерка куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се опфатени во постапката за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”. – Основното јавно обвинителство Кочани ја прими одлуката за определената мерка куќен притвор за двајцата осомничени и ќе вложи жалба – се вели во писмениот одговор од Јавното обвинителство. МИА претходно информираше дека судија на ...
За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст во Тирана. Тоа, вели, е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена и нагласувајќи притоа дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот. – Ова беше резултат на посветена ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари прва средба со новата амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сиаојан, на која потенцирал дека релациите меѓу двете земји се одлични, со голема почит кон традицијата, историјата, независноста и суверенитетот и со поддршка на концептот „Една Кина“. – Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. Кина како втора светска ...
Судија на претходна постапка од Основниот суд во Кочани одреди мерки куќен притвор за две лица, кои се даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалниот даночен инспекторат во Регионална дирекција Штип, додека за шест лица кои беа опфатени во истрагата мерки на претпазливост и за едно лице дополнителна мерка на претпазливост, потврди денеска претседателот на Основниот суд-Кочани, Спиро Борисов. Одлуката е донесена откако ...
Министерството за здравство почна со анализа на податоци на моменталната ситуација на човечките ресурси во јавните и приватните здравствени установи низ државата. Ресорниот министер Азир Алиу денеска на прес-конференција соопшти дека станува збор за почеток на воспоставување регистар на работници во областа на здравството и дека ќе можат да го следат движењето на човечките ресурси во здравствениот систем, од пензионирања, нови вработувања, ...
Адем Чучуљ, дипломиран правник со положен правосуден испит ќе биде предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата до Собранието за нов претседател на Државната комисија за спречување и корупција. Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на Антикорупциска за Чучуљ дале највисоки оценки, па, така тој доби 96,5 бодови. Чучуљ е актуелен генерален секретар на Државната комисија за спречување и корупција и таму работи ...
Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 10:30 часот, на улицата „8 Септември“ во Велес, пред Народниот музеј настанал пожар на патничко возило „форд“ во велешки регистарски ознаки во движење, управувано од 52-годишниот С.Р. од Велес, при што било оштетено и паркирано возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 34-годишниот А.Б. од Велес. Како што информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, повредени ...
Капиталните расходи за 2026 година се проектирани на реално ниво, засновано врз досегашната реализација и очекувањата за следната година. При оценка на реализацијата на капиталните инвестиции не може целата одговорност да се припише само на Владата, бидејќи често доцнењата произлегуваат од компаниите-изведувачи кои се соочуваат со недостиг на работна сила и други ограничувања, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. ...
Руската војска вечерва објави дека го освоила градот Купјанск, украинско упориште на североисток, еден од градовите каде што руските сили напредуваа во последните недели. – Руските сили го завршија ослободувањето на градот Купјанск – му рекол командантот на Западната група руски трупи, Сергеј Кузовљев, на претседателот Владимир Путин. Купјанск, кој имал население од 55.000 жители пред војната, бил во руски раце неколку месеци во 2022 година, ...
Многу е значајно што во ЕУ постои сериозен импетус за проширување кон целиот регион на Западниот Балкан, изјави за МИА министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на крајот на неговата дводневна работна посета на Брисел. – Постојат повеќе иницијативи. Една од тие иницијативи е онаа за гласање со квалификувано мнозинство во Советот кога се во прашање одредени фази од проширувањето. Факт е дека големо мнозинство од ...
Апел од Институтот за јавно здравје Употребата на електронски цигари кај младите пораснала за десет отсто за четири години, поради што мора итно да се реагира, апелираа доктори од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на вчерашниот форум организиран од Сојузот за превентива од алкохолизам, борба против пушењето и злоупотребите на дрогите, како и борба против други зависности на Македонија во домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“. Во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тирана учествува на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“. Тој во објава на Фејсбук наведе дека земјава останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка. -Денеска присуствувам на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, којшто се одржува во Тирана, Албанија. Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни ...
Во фоајето од НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложбата „Артеизам“, на која со дела се претставуваат тројца битолски уметници – Владимир Симоновски, Дејан Макаријоски и Васко Ѓоргиев. Изложбата е заедничка авантура на тројца индивидуалци собрани во едномислието за нераскинливата врска меѓу верата и уметничкото творештво. Претставени се слики, скулптури и инсталација. – Делата од изложбата ја потенцираат непредвидливоста ...
Шестото издание на „Котон блуз фестивал“ ќе се одржи во текот на четири вечери, со девет концертни настапи, почнувајќи од денеска до 27 ноември во „Roosty“ во Скопје. Покрај деветте концерти во главната програма, на фестивалот има и придружна програма, арт-колонија (која се одржува по третпат), како и гитарска работилница со Павеза, кој последнава година беше на турнеја во Азија и Европа. Предвидени се и три промоции на албуми на интересни ...
Во музејот на уметноста „Гуангдонг Сан Та“ во Гуанџоу, Народна Република Кина, е поставена самостојната изложба „Ин битвин“ на македонскиот уметник Иван Ивановски. Кураторка на изложбата е Александра Ацеска. Настанот е реализиран во организација на „Фликер студио“, Зенг Чуан, Чен Хуе Бин (музеј на уметноста „Гуангдонг Сан Та“), а коорганизатор е Жанг Веи. Изложбата е реализирана со поддршка на Министерството за култура и туризам на ...
Уставниот суд поведе постапка за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување, кој се однесува на линеарното зголемување на пензиите, со кое редовното месечно усогласување врз основа на порастот на платите и трошоците за живот се заменува со еднаква распределба на средствата за сите пензионери, без разлика на висината на пензијата, стажот или уплатениот придонес. – Станува збор за одредба ...
Нов апарат за магнетна резонанца и лапароскопски столбови на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Нов апарат за магнетна резонанца од 1,5 тесла, два лапароскопски столба, инструментариум, односно апаратура за користење во салите за трауматологија доби Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Вкупната вредност на опремата, која клиниката ја доби со помош на Владата, е околу 90 милиони денари ...
Швајцарските глечери во последните две години се стопиле исто колку што се стопиле помеѓу 1960 и 1990 година, под дејство на екстремните временски услови што се влошени од климатските промени. Малкуте снежни врнежи во зима и многу високите температури во лето довеле во 2022 и 2023 година до намалување од 10 проценти на волуменот на глечерите, се наведува во студија на група експерти одговорни за проучување на криосферата во рамките на ...
НАЧАЛНИКОТ НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ НА ФРАНЦИЈА УПАТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ИДНИ ВЕРОЈАТНИ ЧОВЕЧКИ И ЕКОНОМСКИ ЗАГУБИ Обраќањето на началникот на Генералштабот на Франција, Фабиен Мандон, на конгресот на градоначалниците остави силен впечаток, откако тој даде алармантна процена за влошувањето на меѓународната ситуација и за ризикот за иден конфликт. Генерал Мандон ги замоли локалните избрани функционери „да ги подготват граѓаните за можна конфронтација ...
РАЗГОВОР СО М-Р ГОРАН АНГЕЛОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИЧКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА На стручните собири, како и на терен, за учесниците во сообраќајот е воочливо мошне корисно значајно дејствување на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), преку кампањи, проекти и други активности. Во неделата, 16 ноември, традиционално, како и во секоја трета недела од ноември, РСБСП го одбележа Светскиот ...