
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Завршува рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Свети Наум во должина од 24,3 километри, инвестиција од 11,7 милиони евра, информира Јавното претпријатие за државни патишта. Според информацијата, во завршна фаза е поставувањето на вертикалната и означување на хоризонталната сигнализација, а привршува и поставувањето на еластичната одбојна ограда. – Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме ...
Денот на државноста и Денот на вооружените сили на Република Хрватска беа одбележани во Скопје, во организација на хрватската Амбасада во Македонија. Денот на државноста е национален празник кој се слави на 30 мај во знак на конституирањето на првиот демократски избран повеќепартиски Парламент. На овој ден во 1990 година, хрватскиот парламент ја одигра својата историската улога во зачувувањето на хрватската државност, потврдувајќи го ...
Изложба на ликовни дела на Славко Јаневски во Брисел Во рамките на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик на 80-годишнината од прогласувањето на македонската азбука, во вторникот во македонската амбасада во Брисел се отвори изложба на ликовни дела на Славко Јаневски. Станува збор за дваесетина слики, масло на платно, во мал формат, кои беа изложени пред очите на стотината посетители на овој настан. Изложбата ја отвори архитектката Јана ...
Со маратонски концерт што траеше повеќе од два и пол часа и на кој сите фолклорни ансамбли имаа по два блока со настапи, кои ги проследи многубројна публика, заврши 18. издание на меѓународниот фолклорен фестивал „Д-р Владимир Полежиноски“ во Кичево. Презадоволните гледачи исполнети го напуштија Центарот за култура на Кичево, со желба вакви музички настани што почесто да се случуваат во нивниот град. – На концертот сите фолклорни ансамбли имаа ...
Од денеска до 1 јуни, студентите од Факултетот за драмски уметности го организираат второто издание на студентскиот филмски фестивал „Хај-фај“, меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти, која служи како отскочна штица за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци. Програмата за второто издание ќе започне на Академската сцена со „Запознај ги новите деца“, настан посветен на ...
Во Галерија 2 во МКЦ е отворена изложбата „Часови без часовник“, поврзана со истоимената книга на Владимир Мартиновски. На изложбата се прикажуваат 15 негови дела во комбинирана техника на хартија, кои претставуваат илустрации во стихозбирката „Часови без часовник“ (сонетен венец). Изложбата се отвори со поетско-музичка изведба на сонетниот венец, во која учествуваа авторот, поетесата Биљана Стојановска и гитаристот Дарко Багески. Владимир ...
Со синоќешниот маратонски коцерт кој траеше повеќе од два и пол часа и на кој сите фолклорни ансамбли имаа по два блока свои настапи, многубројната публика и покрај нешто постуденото време, ревносно ги подржуваше настапите на фолклорните ансамбли од земјите учеснички на фестивалот. Презадоволните гледачи исполнети од прикажаното на фолклорните ансамбли, презадоволни го напуштија центарот на Кичево, со желба вакви музички настани што почесто да ...
Изложбата „Траг“ – заеднички уметнички проект на уметниците Стефан Анчевски и Марјан Стојаноски, двајца автори кои низ својата работа постојано ги прошируваат границите на современата визуелна уметност, отворена е во македонскиот КИЦ во Софија, Бугарија. „Траг“ е повеќе од изложба. Таа е патување низ сенките на постоењето, визуелна рефлексија на она што останува зад нас – и во материјата, и во емоцијата. Преку динамична употреба на црни тонови, ...
Концертот „Музика и цртан филм“ за најмладата публика На први јуни, недела, со почеток во 12 часот, игротеката „Дрим зона“ во „Дајмонд мол“ ќе биде домаќин на еден несекојдневен културен настан наменет за најмладата публика – концертот со наслов „Музика и цртан филм“, организиран во соработка со здружението „Пламенка Трајковска – МКС“ од Скопје. Овој концерт е уникатна можност децата да уживаат во живи изведби на класична музика и познати ...
Саемот во кинески Нингбо за размена на стоки всушност претставува долгорочен механизам што ја поддржува одржливата соработка и што при последното издание резултира со конкретни деловни зделки. На четвртото издание на економскиот настан што привлече големо внимание, во рамките на македонската делегација предводена од заменик-министерот за економија Марјан Ристески, се претставија 14 македонски компании, изложувајќи вина, сокови, кондиторски ...
Полска В недела, близу 29 милиони Полјаци излегуваат на гласачките места за во вториот круг да изберат нов претседател, кој ќе има петгодишен мандат. Според анкетите, градоначалникот на Варшава, Рафал Тшасковски, од владејачката Граѓанска коалиција (КО), е малку пред Карол Навроцки, кандидат поддржан од главната опозициска партија Право и правда (ПиС). Овие двајца кандидати претставуваат спротивставени визии за Полска, за нејзините меѓународни ...
По повод 30 Мај – Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија денеска ќе организира марш за подигнување на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза. Како што информира Мобилност Македонија, целта на маршот е да се подигне свеста за специфичните потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија на овие луѓе. На ...
Полска В недела, близу 29 милиони Полјаци излегуваат на гласачките места за во вториот круг да изберат нов претседател, кој ќе има петгодишен мандат. Според анкетите, градоначалникот на Варшава, Рафал Тшасковски, од владејачката Граѓанска коалиција (КО), е малку пред Карол Навроцки, кандидат поддржан од главната опозициска партија Право и правда (ПиС). Овие двајца кандидати претставуваат спротивставени визии за Полска, за нејзините меѓународни ...
Белорусија Државниот секретар на Советот за безбедност на Белорусија, Александар Волфович, изјави дека работата околу спроведувањето на одлуката за распоредување на руското моќно оружје „орешник“ напредува и дека наскоро тоа оружје ќе може да биде во оперативна употреба. – Мислам дека до крајот на годината, одлуката што ја донесоа шефовите на нашите држави практично ќе биде спроведена и операционализирана. Сите прашања се разработени. Локациите ...
Соединетите Американски Држави Американскиот федерален суд замрзна многу од високите царини што претседателот Доналд Трамп ги воведе врз странски земји, пресудувајќи дека тој ги пречекорил своите овластувања. Пресудата, донесена од страна на Советот од судии на Американскиот суд за меѓународна трговија, ги запре сеопфатните тарифи од 10 проценти што Трамп им ги воведе „речиси на сите американски трговски партнери“, а повеќе тарифи им се заканија ...
Станува збор за централизирана дигитална платформа што обединува значителен број лингвистички ресурси поврзани со македонскиот јазик. Опфатени се сите речници, дигитални карти со текстуални записи, аудиоснимки од македонските дијалекти, трудови на странски слависти што ги проучувале македонскиот јазик и неговите дијалекти уште од крајот на 19 век, дела за историскиот развој и граматики на македонскиот јазик, електронски верзии од едицијата 135 ...
В недела, на 1 јуни, ќе се одржи вториот круг од локалните избори во Хрватска Главна тема изминативе денови во Хрватска е вториот круг на локалните избори. Ова особено дојде до израз бидејќи во трите најголеми хрватски градови победникот сè уште не е познат. Вториот круг на локалните избори се одржува викендов, в недела на 1 јуни. Загреб Како што е веќе познато, во битката за Загреб ривали ќе бидат актуелниот градоначалник Томислав Томашевиќ и ...
Професорот д-р Трајко Славески е избран од Собранието на Република Македонија за нов гувернер на Народната банка. Во македонското собрание, новиот гувернер Славески е избран на следниот начин: „за“ гласаа 68 пратеници, а 16 беа „против“. Гувернерот Славески ќе раководи со Народната банка на Македонија (НБРМ) во следните седум години. Во биографијата, приложена кон предлогот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, се напишани следниве ...
Германија Германскиот канцелар Фридрих Мерц веќе неколкупати нагласува во јавноста дека „Украина може да се увери во континуираната поддршка од Германија“. Меѓутоа, деновиве, Мерц додаде интензитет на поддршката на Украина, изненадувајќи ја јавноста, која сака судирот во Украина што побргу да заврши. Имено, Мерц иницираше идеи на поддршка што излегуваат од рамките на миротворството. Тој предизвика внимание со изјавата дека „нема да има веќе ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски истрча со нов предлог: Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на тројна средба со Доналд Трамп и Владимир Путин, како обид да ја принуди Москва да ја запре инвазијата врз Украина. – Ако на Путин не му е удобно да има билатерален состанок или ако сите сакаат тоа да биде трилатерален состанок, немам ништо против. Подготвен сум за секаков формат – рече Зеленски. Тој, исто така, рече дека „многу ...
Одморот за оние на кои Грција им е омилената дестинација, годинава ќе биде повеќе од луксуз. Имено, веќе е познато дека цените на пакет-аранжманите се зголемија до 25 проценти, но она што е помалку познато, е дека истиот нагорен тренд на цените го следат и многу други придружни елементи, кои би требало да значат пријатен и релаксирачки летен одмор, вклучително и изнајмување лежалки, чадори за сонце, освежувачки пијалаци на плажа итн. Истражување ...
Пред пратениците во рамки на денешната 52. седница ќе биде Предлогот за именување гувернер на Народната банка на Република Македонија. За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески од Економскиот факултет во Скопје, кој треба да ја замени досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. За избор на Славески се потребни 61 глас или просто мнозинство. Славевски е актуелен претседател на Советот на Град Скопје, а претходно ...
Според официјален Кремљ, меморандумот „ќе ги дефинира принципите на евентуално решение, временската рамка за потенцијален мировен договор и деталите за евентуален прекин на огнот“. Според истите извори, „работата на рускиот нацрт сè уште е во тек и документот многу скоро ќе ѝ биде предаден на Украина кога ќе биде готов“ Во тек е изработка на нацрт-меморандум за мировен договор По неодамнешниот телефонски разговор на двајцата претседатели, ...
Над 15.000 ученици во завршна година од средното образование утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите матуранти. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за државна матура годинава се пријавени 15.004 кандидати. Од нив, 8.816 ученици се од средните стручни училишта, 5.966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. За ...
Декларации за мир, а активности во насока на војна (4) Британската армија ја претстави својата нова воена доктрина, опишана како стратегија „20-40-40“. Новата воена британска доктрина се дистанцира од производство и употреба на тешки механизирани сили, а се насочува и фокусира кон „флексибилни формации за војна со беспилотни летала“. Одлуката за премин кон новото воено планирање е донесена по синтетизирање низа перманентни анализи од ...
Официјална Софија со потезите што (не) ги влече има јасна цел да ја опструира македонската проактивна кампања за изнаоѓање решение за деблокада на евроинтегративниот процес на земјава. Со тоа, источниот сосед практично потврдува дека нему не му одговара Македонија да биде дел од ЕУ бидејќи на тој начин ќе добие рамноправен партнер на масата и потоа нема да може да го уценува со билатерални прашања Проактивната кампања за објаснување на ...
Рано наутро утре (сабота) екипи на Водовод ќе бидат вклучени во акција од Оперативен план чија цел е подобрување на водоснабдувањето и притисокот на водата, како и намалување на загубите на вода. -На 31 мај со отпочнување во 00:00 часот планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулационен вентил, за што е изготвен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ...
За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари. Како што соопштија денеска од владината прес – служба, со оваа мерка Владата сака да постигне навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период. – Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки ...
Државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски вечерва изјави дека истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е завршена и дека од утре почнува увидот на одбраната во доказите. – По два и пол месеци истрагата се завршува утре што значи дека од утрешниот ден се почнува со увид во предметот од страна на одбраната. Одбраната во наредните 15 дена има право да доставува докази кои јавното обвинителство ќе ги цени со тоа што по поминување на тие ...
По нерешавањето на проблемот со дивата градска депонија, граѓаните на Кичево како што претходно најавија, пред влезот на општинската зграда истураа комунален отпад како реципрочна мерка, за да видат општинарите како тие тоа го прават пред нивните домови и неконтролирано истураат секаков вид отпад, кој потоа смрди и создава неподнослива реа во близина на нивните живеалишта. -Како што ветивме така денес ги реализираме нашите најави а се однесува ...