
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Марко Рубио на средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја нагласил потребата „сојузниците на НАТО да поддржат и да стигнат до пет проценти издвојување за одбраната“. – На средбата беше нагласена силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија и беа истакнати заедничките интереси за регионалната стабилност, ...
Благодарам од срце за можноста да се обратам на Астана форумот, пред луѓе кои со своето знаење, визии и државничка мудрост имаат потенцијал да го променат светот, напиша претседателката Гордана Силјановска-Давкова на нејзиниот Фејсбук профил. – Мултилатералниот систем базиран на правила е расцепкан под тежината на растечката мултиполарност. Се чини дека правиме чекор назад, кон постар светски поредок, оној на Макијавели, Хобс и Клаузевиц, каде ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио на која биле разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можност за започнување на процес за потпишување на Договор за слободна трговија. Како што ...
По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел решение за отфрлање на анонимните пријави против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина. Јавно обвинителство на Република Македонија денеска соопшти дека пријавите се повикувале на јавно објавени податоци според кои пријавениот при ...
Обвинителството очекува осудителна пресуда и конфискација на имотот на обвинетите во случајот „Адитив“, поради основано сомнение за злосторничко здружување и перење пари. Јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова денеска изјави дека располагаат со доволно материјални и вербални докази кои ќе ја докажат вината на обвинетите. Во однос на фактот шро во случајот има обвинето цели семејства, рече дека е бидејќи преку нивните сметки или фирми се вршеле ...
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе објави јавен тендер или јавен тендер со јавно наддавање за трет мобилен оператор, откако јавната расправа за таа намена резултираше со Писмa за искажување на интерес од ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В. – АЕК на 16.04.2025 година објави Намера за спроведување на постапка на јавен тендер со јавно наддавање (Намера). ...
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело Обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопштија дека обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. – Делото го ...
На денешното судење за случајот „Адитив“, сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека, Обвинителството истакна дека има цврсти докази и дека ќе ја докаже вината. Во воведниот збор на судењето што се одржа во дигиталната судница при КПУ Идризово, Обвинителството нагласи дека покрај вината за кривичните дела, ќе ја докажат и институционалната распаднатост во АД ЕСМ. -Покрај тоа што ќе го докажеме сторувањето на кривичните дела, ...
Денес во 18 часот граѓаните на Кичево ќе излезат на четвртиот протест, кој ќе се реализира пред новата општинска зграда. Денешниот протест се предвидува да биде најмасовен а од граѓаните се очекува во што поголем број да земат учество на истиот, за конечно да се реши проблемот со дивата градска депонија која во изминатите неколку години ги труе жителите на овој зелен град. -Поминаа три протести на кои беа повикани надлежните на ЕЛС Кичево и ЈП ...
Ветувам дека ќе ја оправдам довербата, а оние кои имаат некакви забелешки ќе ги убедам во спортивното, дека Народна банка била и ќе остане независна институција, посочи новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески, во денешната свечена изјава. Славески подвлече дека Центарлната банка треба да се фокусира на трите основни цели, а тоа се ниска и стабилна инфлација односно ценовна стабилност, финансиска стабуилност и поддршка на ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч. во својство на службени лица при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело проневера во службата. Првопријавениот противправно присвоил износ од 1.991.240 денари, а второпријавениот противправно присвоил износ од 278.077 денари, со што ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и денеска и порача на скопската градоначалничка Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности. Тој најави и пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“. ...
Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3.526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5.398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -1.872, што значи дека за толку ...
Несвесна грешка при употреба на клима-уредот Многу луѓе несвесно ја прават истата грешка со клима-уредот во текот на летото, а последиците се високи сметки, главоболки и настинки. Дознајте што не смеете да правите и како да се разладите без да го ризикувате вашето здравје. Најлошото нешто што можете да го направите со вашиот клима-уред е веднаш да го вклучите на најниската температура кога ви е жешко. Ова не само што ја зголемува потрошувачката ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши, во присуство на претставници на Државната комисија за спречување на корупција, денеска ја потпиша Политиката на интегритет, што претставува важен чекор во зајакнувањето на транспарентноста и интегритетот во јавните институции. Овој документ има за цел да ги подигне стандардите за етика, отчетност и одговорност во работата на Собранието, осигурувајќи дека секоја акција и одлука е во согласност со законите и ...
Завршниот настан во рамките на проектот „Танго единство: Прегрнување на разликите преку танц“, посебна вечер исполнета со танц, музика и заедништво, ќе се одржи на 1 јуни (недела), со почеток во 17.30 часот, кај Колонадата на независноста (пред МОБ, кај кејот на Вардар во Скопје). Проектот, поддржан од Британскиот совет, е дел од програмата „Култура и креативност за Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, и има цел да поттикне дијалог ...
ИФФК „Браќа Манаки“ во соработка со дистрибутерската куќа МЦФ во рамките на проектните активности на Јадранската мрежа на фестивали организира две специјални проекции на „Поплава“ – најдобриот анимиран филм оваа година. Публиката ќе може да го види добитникот на „оскар“ вечерва, од 18 часот, во киното „Манаки“ – Битола и в сабота, од 18 часот, во Кинотеката на Македонија. Филмот имаше две номинации за „оскар“ (за најдобар странски филм и за ...
Повредените лица од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со писмен допис до јавноста реагираат за кадровски промени во Општата болница со проширена дејност што ќе влијае врз анатмошниот нивен третман и лекување. -Чувствуваме должност и потреба да се обратиме јавно поради сериозна и загрижувачка промена во нашата здравствена нега. Ја информираме јавноста дека од овој понеделник, 1 јуни, докторката Катерина Паниќ, позната како докторка Кате, која ...
Мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година имаат за цел да ја променат логиката на државната поддршка од пасивна контрола на невработеноста кон активна мобилизација, истакна владината портпаролка на денешната прес-конференција во Владата. Митева се осврна на двете суштински мерки од Оперативниот план. – Поддршката за самовработување која опфаќа три категории е за невработени лица до 29 години која според проекциите има опфат од ...
„Високи вибрации“ е насловен концертот што ќе се одржи вечерва, со почеток во 20 часот, на кој како солист ќе настапи врвниот руски пијанист Дмитри Маслеев, а диригент е Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр. 3 во Де-мол и Симфонијата бр. 4 во Еф-мол од Сергеј Рахманинов. Рускиот пијанист Дмитри Маслеев (1988) е еден од најзначајните солисти од поновата генерација на светската музичка сцена во моментов. ...
Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три успешни операции на вградување пенилни протези, со што Македонија се вклучи во редот на најнапредните здравствени системи што нудат врвни решенија за хируршкото решавање на органската еректилна дисфункција. Овој иновативен третман е наменет за пациенти кај кои конвенционалните медикаментозни терапии не ...
Здрава храна Луѓето со инсулинска резистенција честопати се соочуваат со ограничувања во исхраната. Храната со висок гликемиски индекс е сведена на минимум, а една од нив е компирот, кој најчесто се наоѓа на трпезите кај нас. Па дали луѓето со дијагностицирана инсулинска резистенција треба да ги избегнуваат? Според нутриционистите, компирите не се забранети за луѓе со инсулинска резистенција, но начинот на кој се консумираат е важен. Со години ...
ДРЖАВНА ИЗЛОЖБА НА ДЕТСКИ ЛИКОВНИ ТВОРБИ Фолклорните ноти ја разиграа насобраната група ученици и гости од различни училишта во државата што нетрпеливо очекуваа да започне церемонијата за прогласување на наградените од 50-та државна изложба на детски ликовни творби на темата „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ пред фоајето на Центарот за култура во Битола. Народната култура е обележје на секој народ. Секоја генерација ...
ЗНАЧАЈНО НАУЧНО И АРХЕОЛОШКО ДОСТИГНУВАЊЕ Египетските археолози открија гробници што датираат од периодот на Новото Кралство (1550-1070 пр. н.е.) и ги идентификуваа имињата и титулите на нивните сопственици користејќи натписи пронајдени во гробниците, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет. Министерството објави фотографии од предмети откриени во гробниците, вклучувајќи артефакти и статуи. Откритието доаѓа пред ...
Протеините го поттикнуваат чувството на ситост, го забрзуваат метаболизмот и помагаат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта, што ги прави важен сојузник во борбата против вишокот килограми. Експертите откриваат колку протеини треба да се консумираат дневно за оптимални резултати. Во суштина, губењето и добивањето тежина зависат од рамнотежата помеѓу калориите што ги внесувате и калориите што ги согорувате. Многумина избираат да бројат ...
Од историските архиви: 32 години од смртта на Реџиналд де Бреј, светски познат лингвист, славист и македонист „По иронија на историјата, народот чии претци им го дадоа на Словените првиот книжевен јазик беше последниот народ на кого му беше признат неговиот јазик како современ јазик, како засебен словенски јазик, различен од соседниот српски и бугарски јазик“, запиша светски познатиот лингвист, славист и македонист Реџиналд де Бреј во својата ...
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов денеска на прес-конференција ја поздрави одлуката на судијката Даниела Димовска да го одржи судењето за случајот „Адитив“ во дигиталната судница во Идризово. Посочи дека станува збор за европска судница, која заслужува многу почесто да биде користена и испрати апел до сите судии да ја користат за поголеми случаи, вклучувајќи го случајот и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Универзитетот Харвард треба да воведе ограничување од 15 проценти на бројот на странски студенти што ги прифаќа и дека престижниот универзитет „Ајви лига“ треба да ѝ го покаже на администрацијата својот тековен список на студенти од други земји – објави „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“. – Харвард треба да се однесува добро. Харвард се однесува кон нашата земја со големо непочитување и со сè ...
Според одредени воени аналитичари, кај Велика Британија и Европската Унија со нејзините 27 држави членки, со исклучок на Унгарија и Словачка, сега се препознаваат елементи (планови, мерки, активности, зафати…) што индицираат многу повеќе кон „екстензија на периодот на конфликтот и негово можно продолжување“, за да добијат на време за „подготовки да се оспособат за можен воен конфликт со Русија по три-пет години“… Декларации за мир, а активности ...
Повеќе од 17.000 луѓе беа евакуирани денеска во провинцијата Манитоба, централна Канада, откако се соочи со многу лош почеток на сезоната на шумски пожари, соопштија локалните власти. Во услови на глобално затоплување, Канада сè почесто е погодена од екстремни метеоролошки појави, вклучително и пожари во шумските предели во последните години. Во 2023 година, земјата ја доживеа најлошата сезона на пожари во својата историја. – Ова е најголемата ...