Секторот за односи со јавност на СВР Битола информира дека на паркинг простор во кругот на Јавното комунално претпријатие „Водовод” во Битола настанал пожар од кој се зафатени две работни машини и едно патничко возило „фиат добло” со битолски регистарски ознаки, сите сопственост на претпријатието. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. ...

Шпаркасе Банка АД Скопје со голема гордост се приклучува на одбележувањето на значајниот јубилеј на својата матична групација – Штаермеркише Шпаркасе, која овој мај 2025 година слави 200 години постоење. Овој јубилеј е симбол на довербата, стабилноста и континуираната поддршка што оваа реномирана банкарска институција веќе два века ја пружа на речиси 3 милиони клиенти, преку 195 експозитури и деловни згради во целата групација. Под мотото ...

Ана Марјановиќ, онколошки пациент и член на Здружението „Хемаонко“, која денеска беше на средба со обвинителите за случајот „Онкологија“ информираше дека за кратко време ќе бидат исконтактирани семејствата на починатите пациенти во чии истории е утврдено несоодветно лекување, како и пациентите кои се уште се лекуваат. Марјановиќ кажа дека тие како пациенти нема да се откажат од овој случај, но и дека сметаат дека сите што биле оштетени треба да ...

На армискиот полигон „Криволак“ денеска со воена церемонија беше означен почетокот на меѓународната вежба „Immediate response 25“ (IR25), која ќе трае до 9 јуни. Единици од седум НАТО и две партнерски земји со своја формациска опрема и вооружување, ќе демонстрираат безбедносни способности и зајакнување на сајбер одбраната преку бојни гаѓања, премин преку река, сајбер и вежби за АБХ одбрана, информираат од ГШ на АРМ. Вежбата свечено ја отвори ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето во Собранието, потенцираше дека годинава има план и државата е поподготвена да се справи со пожарите доколку ги има. Тој го нагласи дуализмот и неусогласеноста на командната политика при справување со пожарите помеѓу Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи и тоа се менува Во однос на штетите од шумски пожари и палење стрништа, Мицкоски рече ...

За над шест илјади парчиња парфеми, пет илјади пара обувки, пет илјади парчиња облека, но и други производи што Царинската управа ги заплени годинава е утврдено дека се фалсификат. Како што денеска соопштија од Царинската управа, станува збор за вкупно 20 илјади производи со потпис за вкупно 57 заштитени трговски марки. Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава за неполни пет месеци откриле 51 случај на ...

Кај место викано „Монопол“ во Валандово синоќа во 21.54 часот, полициски службеници од ОВР Валандово го лишиле од слобода Т.П.(71) од село Пирава, валандовско, соопшти денеска МВР. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,64 промили алкохол во ...

Ако се погледнат подетално податоците на „Евростат“, ќе се види дека во првиот квартал од годинава најмногу банкроти биле забележани во соседна Грција, но и во Шведска и Естонија. Спротивно на нив, најголемо намалување кај банкротите имало во Кипар, Малта и Латвија „Евростат“ регистрира растечки тренд на банкротирани компании во Европската Унија Нашиот јужен сосед, Грција, во рамките на ЕУ е водечки на табелата со најмногу банкроти во текот на ...

Со мала свеченост денес на Правниот факултет Кичево беа промовирани 37 дипломирани правници и 28 магистри, со што бројката на дипломирани правници на овој факултет се искачи на 1223, а во исто време бројот на магистри ја достигна бројката од 433. На оваа свеченост присутните студенти, гости и професори ги поздрави деканката на Правниот факултет Кичево со дисперзирани студии во Битола и Струга, Д-р Светлана Вељаноска. -Денешниот ден претставува ...

Владата ќе ги разгледа заклучоците од надзорната расправа за аерозагадувањето рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната расправа во Собранието, нагласувајќи дека дел ќе бидат одговорени веднаш, а за некои ќе се даде одреден рок за имплементација. Одговарајќи на прашање на претседателката на собраниската комисија за здравство Рашела Мизрахи, која укажа дека во 2018-та, иако едногласно биле донесени 31 заклучок за загадувањето, ниту една од ...

Намалувањето на царинските тарифи е барање на бизнис заедницата и тоа не било усогласено со децении, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Посочи дека сега ќе бидат нивелирани 50 проценти од царинските тарифи и ќе важат од 1 јули, а второто намалување ќе биде од 1 јануари 2026 година. – Тоа се царински ставки, парафискални давачки, кои имаат намера да го зголемат домашното производство и да помогнат во извозот на домашните производни ...

И Папата Лав 14. и претседателот на Италија Серџо Матарела велат дека биле и остануваат наши пријатели и дека на патот на нашиот евроинтегративен процес нема да ги заборават принципите на Европската унија, изјави македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова по завршувањето на аудиенцијата кај папата и средбата со италијанскиот претседател во рамки на посетата на Рим и Ватикан. Таа, како што рече, на средбите потсетила на тие принципи, ...

Епидемиолозите се во редовна комуникација со двете позитивни лица на MPOX, како и со посочените контакти. Двете позитивни лица на MPOX се во добра здравствена состојба, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје. Како што потенцираат, нема нови суспектни случаи на MPOX испратени на тестирање и нема нови позитивни случаи на MPOX. Никој од посочените контакти не пријавува симптоми на MPOX. -ИЈЗ претходните денови објави препораки до ...

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“ Ана Гоговска – Јакимовска денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија и онкологија за несовесно лекување ...

Системот за осигурување квалитет на социјалните услуги не е само административен инструмент, туку е и механизам за градење доверба меѓу државата и граѓанинот, доверба дека секој поединец – дете, возрасен, лице со попреченост, семејство во криза, ќе добие навремена, стручна, достпана и достоинствена поддршка, рече денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани кој заедно со евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас го ...

Судскиот Совет денеска го избра Иван Џолев, претседател на Основен Кривичен суд Скопје, за судија на Апелациониот суд Скопје. Покрај Џолев, нови судии кои ќе постапуваат во кривичната област на скопската апелација се судијките Марија Клетничка Марковска и Оља Ристова од Кривичен суд и Бетим Јахја од Основниот суд Тетово. На денешната 523-та седница, Судскиот совет избра и нов претседател на Врховен суд, судијата Африм Фидани. Додека, судијата ...

Европската Унија не смее да дозволи да бидеме жртва на идентитетски прашања или нивна билатерализација врзана за идентитетски прашања, истакнал претседателот на Италија Серџо Матарела на денешната средба во Рим со претседателката Гордана Силјановска Давкова, јави известувачот на МИА. Во изјава за медиумите по средбата со Матарела, претседателката нагласи дека шефот на Италијaнската Република е наш голем пријател и оти во разговорите ги ...

Основниот кривичен суд Скопје целосно ги демантира информациите дека наводно за денеска било закажано судење за предметот против таткото на Васил Јованов кое било одложено бидејќи не биле исполнети условите, информирајќи дека по направените проверки конкретниот предмет е насрочен на 24 јуни и е кај сосема друг судија. Од Кривичен, исто така, апелираат до претставниците на порталите, да ги проверуваат информациите пред да ги објават, односно да ...

На 77 години почина актерката Соња Каранџуловска (1948 – 2025), соопшти денеска НУ Македонски народен театар. Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година. На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија ...

Седницата за избор на гувернер на Народната банка е закажана за среда, 28 мај. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, сендицата ќе почне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневен ред. За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески кој доаѓа од Економскиот факултет и тој треба да дојде на местото на досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска. Славески ќе има седумгодишен мандат, ...

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, имаше аудиенција кај папата Лав 14., јави известувачот на МИА. По завршувањето на аудиенција, претседателката Силјановска – Давкова во Апостолската библиотека на Папата му ги претстави членовите на македонската државно-црковна делегација, каде што разменија и пригодни подароци. Во оваа ...

Владата презема мерки и чекори за намалување на аерозагадувањето, некои ќе можат веднаш да се реализираат, за други е потребно време, клучно е обезбедување на алтернатива за затоплување за домаќинствата, далечинско централно затоплување, изградба на конегереративни гасни централи, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на животната средина. Премиерот на расправата изрази согласност дека ...

Бруно Ретаљо, поранешниот „витез на театарот под ѕвезди“, денес јава низ политичката арена – со мечот на реториката и штитот на идеологијата на традиционализмот и суверенизмот, решен е да ја врати Франција за конзервативците Кој е човекот во кого јавноста препознава потенцијал да го преобликува францускиот политички пејзаж? Кога во март годинава пред толпа граѓани во едно париско предградие актуелниот француски министер за внатрешни работи Бруно ...

Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Македонија. Фидани беше избран за претседател со 8 гласа за и пет против. Кандидат беше и претходната претседателка на Врховен суд, Беса Адеми, кој доби само два гласа. Дискусијата помеѓу членовите на Судскиот совет при изборот беше во насока на тоа дека поранешната претседателка Беса Адеми затаила во својата работа, додека, за судијата Африм Фидани ...

Два фактора ќе бидат клучни за германската економија во блиска иднина: американската царинска политика и финансискиот пакет на владата, тврди Моника Шницер, претседателка на Советот на експерти за економски развој или, како што често се нарекуваат, Советот на економски мудреци. Во извештајот на овој совет се наведува дека германската економија е сè уште во исклучително лоша фаза. „Во последно време имаше мала корист од глобалниот економски раст. ...

Македонската делегација, предводена од заменик-министерот за економија Марјан Ристески, учествува на четвртиот Саем за соработка на Кина со државите од Централна и Источна Европа за размена на стоки, кој се одржува од денеска до недела во кинескиот град Нингбо. Кина, како што посочи Ристески, има најголем интерес за инвестирање во инфраструктурата, енергетиката, зелената економија и новите технологии, со што тој се надева дека во иднина ќе има ...

Градоначалникот на Кичево противзаконски склучил повеќе договори за извршување адвокатски услуги, оштетувајќи го општинскиот буџет за околу 64.000 евра. СВР Охрид денеска соопшти дена ОВР Кичево поднела кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик, „Злоупотреба на службена положба и овластување“. – Лицето, во периодот од 2017 година до ...

Иранскиот режисер, автор на тајно снимен филм, беше награден за филмот „Едноставна несреќа“. Жирито исто така додели две награди за „Тајниот агент“ од Бразилецот Клебер Мендонса, кој ја прикажува воената диктатура од 1970-тите Џафар Панахи ја освои „златната палма“ во кан „Би сакал да ги замолам сите Иранци, во Иран и низ целиот свет, да ги оставиме сите проблеми настрана. Најважното прашање е слободата на нашата земја. И никој да не се осмелува ...

Во рамките на програмата за 2025 година, Планинарскиот клуб Љуботен предвидува бројни активности и проекти, со особен акцент на меѓународните собири што традиционално се одржуваат на Шар Планина. Централно место меѓу нив зазема 43-тото искачување на нејзиниот највисок врв — Титов Врв, висок 2.747 метри Неделава на падините на Шара се подготвува еден настан што ги надминува спортот и рекреацијата, како посебна културна и историска свеченост. ...

Медиумски скандал заради несоодветна употреба на вештачка интелигенција Престижниот весник „Чикаго сан-тајмс“ се најде во центарот на скандал откако беше откриено дека неговата летна листа за читање е креирана со помош на вештачка интелигенција и содржи книги што дури и не постојат. Статијата, полна со лажни наслови припишани на вистински автори, отвори сериозни прашања за улогата на вештачката интелигенција во новинарството. Медиумите изјавија ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
29%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
2.57
47%
1020
weather icon

Загреб

28ᴼ / 24ᴼ
1.54
37%
1021
weather icon

Софија

29ᴼ / 26ᴼ
7.2
30%
1019
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
4.0
32%
1020
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
0.51
64%
1021
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
11.83
40%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
1.03
24%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
27%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
5.81
45%
1022
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
40%
1022
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
8.75
48%
1018
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315