Факт е дека во извештајот на Европскиот парламент за Република Северна Македонија се споменуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и не гледам никаков проблем во тоа, вели известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за земјава Томас Вајц во изјава за бугарската телевизија БТВ. – Со сето должно почитување – сите култури, идентитети и националности во Европа се тесно испреплетени. Го кажувам ова како Австриец, како Словенец, како Унгарец, ...

Нема план „Б“ за Република Северна Македонија за исполнување на преговарачката рамка. Постои само еден план – промена на уставот, исполнување на критериумите за кластерите, за да може процесот да се движи напред, како што е утврдено во консензусот од 2022 година, изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев по денешната седница на бугарскиот парламент на која со големо мнозинство беше усвоена резолуција за напредокот на С. ...

Завчера претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, престојуваше во посета на Тетово – а не се наведува која била конкретната причина за таа „официјална посета“ – и притоа оствари средба со градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Медиумите на албански јазик во Македонија и регионот објавија: „Средбата меѓу двајцата претставници на албанските институции се одржа во братска и пријателска атмосфера. Беа нагласени силните врски меѓу ...

Анкетите се спроведени во секоја земја во март и април годинава, при што податоците за висока доверба се бележат само кај оние земји кон кои ЕУ барем засега не испорачала билатерални условувања, туку тие преговараат исклучиво врз Копенхашките критериуми, кои дури и се спуштени на минималното ниво за да можат да се сметаат за исполнети Анкета на „Евробарометар“ само ги потврдува ефектите од непринципиелните европски политики за регионов ...

Основниот суд Гостивар денеска му одредил мерка притвор на гостиварец, кој со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад врз неговата вонбрачна сопруга. -Основниот суд Гостивар денеска му одреди мерка притвор на А.С.(53) од Гостивар затоа што на 29.05.2025 околу 02 часот во нејзиниот стан во Гостивар со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад врз неговата вонбрачна сопруга. 38-годишната жена го пријавила случајот во полициска ...

Татковината била и ќе продолжи да биде живо ткиво составено од историја, традиција и заеднички стремежи. Татковината не се менува, не се напушта и не се продава – таа се брани и се гради! Македонија, иако мала, никогаш не се откажала од својот идентитет. Денес, кога некои се обидуваат да го редефинираат семејството, ние се обидуваме да ја заштитиме таа основна клетка и вредност. Семејството е нашиот темел, нашите татковини се нашата основа. ...

Годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 процентни поени, при што во април таа изнесува 2,20 отсто, соопшти Народната банка. Според Банката, просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,40 процентни поени и изнесува 5,11 проценти. Податоците на Народната банка покажуваат дека во април 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,11 отсто, и е намалена на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбанr. Мицкоски на Фејсбук објави дека разговорот бил фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување. – Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер. Во разговорот нагласив дека ...

Соединетите Американски Држави Американскиот федерален суд замрзна многу од високите царини што претседателот Доналд Трамп ги воведе врз странски земји, пресудувајќи дека тој ги пречекорил своите овластувања. Пресудата, донесена од страна на Советот од судии на Американскиот суд за меѓународна трговија, ги запре сеопфатните тарифи од 10 проценти што Трамп им ги воведе „речиси на сите американски трговски партнери“, а повеќе тарифи им се заканија ...

Размената на искуства со земји како Казахстан кои имаат силна традиција и експертиза во енергетскиот сектор е значајна за нашата земја во процесот на градење одржлива енергетска иднина, смета министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Божиновска во Казахстан се сретна со нејзиниот колега Ерлан Аккенженов со кого разговарала за искуствата во спроведувањето на енергетската транзиција, улогата на критичните минерали ...

Првпат во државава, на Одделот за дијагностичка и интервентна радиологија заедно во тимска соработка со Одделот за ендокринологија во ЈЗУ ГОБ „8 Септември“, успешно беше извршена микробранова аблација (MWA) на тироидната жлезда, информираат попладнево од здравствената установа. – Оваа револуционерна процедура ја водеа нашите ценети интервентни радиолози д-р Филип Ристески, д-р Славица Чалческа, асс. спец. д-р Андреа Нанчева – Богоевска и д-р ...

На Градежниот факултет на Скопскиот универзитет попладнево беа свечено доделени дипломи на студенти што дипломирале и магистрирале во оваа академска година. Претходно, во Ректоратот на УКИМ беше одликуван со звање почесен професор (Professor Honoris Causa) д-р Питер Марк од Рурскиот универзитет во Бохум, Германија, кој е професор и на третиот циклус (докторски) студии на Градежниот факултет. УКИМ соопшти дека признанието е во знак на неговите ...

Со измени на Законот за царински тарифи треба да се намалат 67 царински стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија – соопшти министерката за финансии Гордана Димитриoска-Кочоска. -Предлог-законот предвидува да се изврши намалување на царинските стапки до 50 проценти од нивото на царинските стапки кои важат во ЕУ, со што ќе се придонесе и за поголема усогласеност со царинската тарифа на ЕУ и ...

Тестаторите да ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците, а тие да не се обидуваат да препишуваат и испитот да го сфатат како дел од нивното образование кој не треба да претставува никаков проблем – порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред утрешното полагање на првиот екстерен испит од годинашната матура за која се пријавени над 15 000 средношколци. -Тестаторите да си ја спроведат сериозно работата и ...

Собранието денеска во рамки на 52. седница го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, по скратена постапка. Меѓудругото, со овие измени се доуредува изборот на членови во Советот на експерти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. -Претседателот и четворицата членови на Советот на експерти на Агенцијата ги именува и разрешува ...

Белорусија Државниот секретар на Советот за безбедност на Белорусија, Александар Волфович, изјави дека работата околу спроведувањето на одлуката за распоредување на руското моќно оружје „орешник“ напредува и дека наскоро тоа оружје ќе може да биде во оперативна употреба. – Мислам дека до крајот на годината, одлуката што ја донесоа шефовите на нашите држави практично ќе биде спроведена и операционализирана. Сите прашања се разработени. Локациите ...

Фондот за здравство работи на формирање тимови од странски и домашни експерти кои ќе бидат во Кочани и ќе дадат максимална поддршка во делот на рехабилитација на сите повредени, истакна на денешната прес -конференција во Владата, портпаролката Марија Митева. Одговарајќи на новинарски прашања и најавата на премиерот Христијан Мицковски дека во Кочани ќе бидат испратени специјални медицински тимови, нагласи дека фокусот е да направат решение ...

Полициските службеници постапуваат согласно законот. Ќе биде процесуирано секое незаконско дејство кое е во делокруг и надлежност на полицијата, рече денеска директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со завчерашниот случај, кога градоначалникот на Чаир со луѓе од Општината истури ѓубре пред Градот Скопје. Во врска со наводите за дивоградби во Чаир, Јанев истакна дека се ...

Судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се презакажува за 9 јуни. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, презакажувањето е по барање на надлежениот јавен обвинител. Судењето треба да продолжи со завршни зборови на ...

Претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова на маргините на Меѓународниот Астана форум во Казахстан остварила средби со Бан Ки Мун, поранешен генерален Секретар на Обединетите нации и актуелен претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, со Кристоф Хојсген – поранешен претседавач со Минхенската безбедносна конференција и со Фелипе Полие, помошник генерален секретар на ЕУ за младински прашања. Кабинетот на ...

Анализите за спојување на разузнавачките агенции во една се во напредна фаза и штом ќе се створат услови јавноста ќе биде информирана, истакна денеска портпаролката на Владата, Марија Митева. Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција појасни дека тоа се институции од исклучителна важност и времетраењето за таква реформа е подолго. Прашана за коментарите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека отфрлањето на обвинението против ...

Комисијата за здравство при Собранието на денешната седница едногласно изгласа заклучоци и препораки од Надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”. На прес-конференција претседателката на Комисијата Рашела Мизрахи соопшти дека Комисијата утврдила дека од вкупно усвоени триесет и три препораки и задолженија од Јавната ...

Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека во рамки на истражната постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ која што официјално заврши, собрани се огромен број на докази. Прибрани се материјални докази и документација, обезбедени се детални обдукциски вештачења и извршени се распити на околу 400 сведоци и оштетени, а испитани се и осомничените. – По наредба на јавните обвинители, полициски службеници и истражители од истражните центри на ...

Неколку десетици лица ангажирани со договори за дело во Клиничка болница Тетово во кругот на установата одржаа јавен протест поради неисплатени хонорари и тоа што не добиле нови договори. Според нив, станува збор за над 140 луѓе кои се ангажирани како медицински сестри и техничари, болничари и администрација, кои веќе трет месец очекуваат да добијат нов договор на дело, како и исплата на хонорари за два месеци. Се бара и трајно решение, односно ...

Бугарското Собрание денеска усвои нова резолуција за напредокот на земјава во процесот на пристапување кон Европската Унија. Резолуцијата била едногласно поддржана со 194 гласови „за“. Во резолуцијата, поднесена од Тошко Јорданов (ИТН) и група пратеници, се наведува дека Бугарија останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година и ги повикува властите во Република Северна Македонија строго да ги спроведуваат договорите што ...

Научниците од Британскиот универзитет во Рединг во најновото истражување заклучија дека се јавуваат нови закани за пчелите како резултат на војните, употребата на микропластика, но и уличното осветлување, објавија британските медиуми. Студијата покажува дека војните, како онаа во Украина и Газа, се меѓу 12-те најсериозни закани за популацијата на пчели во следната деценија. Научниците предупредија дека зголемениот број конфликти низ целиот свет ...

На зелената преговарачка маса ќе се најдат два меморандума од двете преговарачки страни. Имено, во Меморандумот за мировен договор подготвен од Москва се испорачани барања за тоа Украина да има неутрален статус, барање за укинување на некои западни санкции, ослободување на замрзнатите руски средства на Запад и изнаоѓање модел со кој би биле заштитени жителите што зборуваат руски јазик во Украина. Наедно Кремљ бара „писмено ветување од големите ...

Д-р Бојаџиев, ова интервју го правиме при Вашето обраќање на „Tркалезна маса по повод 25 години постоење нa „Асоцијацијата за менаџмент консалтинг“ (МКА 2000)“. Би започнале со прашање: Што Ве опишува најблиску од следниве три опции: професор, стопанственик или консултант? – Во моментов, немам дилема дека сум, пред сѐ, професор. Честопати говорам дека професурата ми зема 10% од времето а ми дава 90% од задоволството од работата. Но, од друга ...

На предлог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинската тарифа со кои се пристапува кон намалување на царинските стапки на околу 70 стоки, главно суровини и репроматеријали кои се користат од страна на индустријата во земјата. Измената, како што соопшти денеска Министерството за финансии, е дел од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година со која е предвидено постепена ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на неговиот Фејсбук профил објави дека за време на посетата на Вашингтон, остварил уште една значајна средба со Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. – Фокусот на средбата беше ставен на унапредување на билатералната трговска размена и отворање нови можности за економска соработка меѓу двете земји. Важно е да истакнам ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
53%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
2.06
65%
1020
weather icon

Загреб

20ᴼ / 16ᴼ
1.54
71%
1020
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
46%
1022
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
5.72
48%
1020
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
93%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
10.29
34%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
60%
1014
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
30%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
5.14
56%
1023
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
65%
1022
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
7.2
69%
1017
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315