
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во мај лани работеле со преоптоварени капацитети, покажуваат резултатите од извршената ревизија за успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во периодот од 2020 до 2024 година се изградени седум детски градинки за кои се исплатени средства во вкупна вредност од 263,89 милиони денари или 4,3 ...
Во две училишта во Скопје утрово се добиени дојави за поставени бомби, но по утврдената проверка е утврдено дека се работи за лажни дојави. – На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави – информираат од ...
Во сè пофрагментиран свет, Македонија останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, а Обединетите нации (ОН) ги гледаме во нејзиниот центар, истакна шефицата на македонската држава Гордана Силјановска-Давкова Средба на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова со заменик-генералната секретарка на Обединетите нации, Амина Џ. Мохамед Претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова вчера оствари средба со ...
Денеска на 8 април, по повод 116-та годишнина од раѓањето на првиот современ македонски граматичар Круме Кепески (8 април 1909 година, Прилеп – 3 ноември 1988 година, Скопје), во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп ќе биде промовирана книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески“, приредена од проф. д-р Јованка Кепеска, како издание на „Македоника литера“ Кон 116-те години од раѓањето на Круме Кепески Книгата ...
Методиј Солунски напишал еден оригинален правен состав „Закон за судење на луѓето“ на македонски дијалект, кој се смета за прво книжевно творештво на словенски јазик, но напишано со грчки букви. Од овие краишта потекнуваат и идејата и првата потреба за составување автентично словенско писмо Да не го заборавиме делото на Свети Методиј Солунски На 6 април 885 година, во Моравија, се упокои Свети Методиј Солунски, постариот брат на Свети Кирил ...
Четворица од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ во Софија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување. Раководителката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во болницата Маја Аргирова, за БТА изјави дека сите четворица се во добра состојба. Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, неговиот заменик Седат Сулејмани остварија низа средби со вработени во институциите од областа на културата во Гостивар и објекти значајни за културата. На средбите со директорите на националните установи се запознаа со активности и идните проекти кои се реализираат со поддршка на Министерството за култура и туризам, а исто така и со проблемите со кои овие установи се соочуваат во текот на ...
После пет авторски дела од кои четири романи и една стихозбирка издадени од нашите реномирани издавачки куќи, кичевската авторка Милена Лунеска го издаде и шестото книжевно дело, а тоа е бајката за деца „Добриот цар и храброто момче Давид“ издадена од „Просветно дело“ од Скопје. Лунеска во 2012 година го издаде своето прво дело „Два часа“, четири години потоа го издаде романот „Исчистени души“, во 2018 година го издаде романот „Ќерката на ...
Многу често велиме дека моралот е дејствување на луѓето според однапред поставени етички норми во заедницата. Моралот всушност е творечка дејност на луѓето, кои се одговорни, имаат човечки карактеристики и чија цел е да постапуваат најдобро што можат за да го унапредат човековото живеење. Моралот е творештво на слободна личност, која со својот етички талент, посветеност и ангажираност се труди да го подобри своето и живеењето на другите луѓе во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа повторно го изрази своето незадоволство од продолжувањето на руското бомбардирање во Украина. -Не сум задоволен од тоа што се случува со бомбардирањето, сега бомбардираат како луди – рече Трамп, кој претходно најави дека брзо ќе ја заврши војната во Украина преку преговори. На прашањето зошто не воведе царини за Русија, тој рече дека САД не соработуваат со неа бидејќи е во војна. ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе дополнителни царини од 50 отсто за Кина ако Пекинг до 8 април не ги укине најавените возвратни царини против САД. Трамп се закани дека ако Кина не се повлече, доплнителните царини за увоз на кинески стоки ќе стапат во сила на 9 април. – Покрај тоа, сите преговори со Кина во врска со побараните состаноци ќе бидат прекинати! Преговорите со другите земји, кои исто така побараа состаноци, ...
Младиот графички дизајнер Илија Дојков кој активно се изразува и во традиционалната уметност, вклучувајќи сликарство, фотографија и тетовирање во саботата на 5 април во музеј- галеријата во Кавадарци за првпат се претстави самостојно со проектот „Мартириум“. Во неговото творештво преовладува играта на светлината и сенка, преку која ја истражува човечката природа, идентитет и граница на оптествени норми. Со оваа многу интересна изложба со која на ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 76,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 68,50 за литар. За 0,680 денари поевтинува и Мазутот ...
„Го отворив судството како пупка. Нема монтирани процеси и нарачани пресуди“, рече своевремено Зоран Заев, пред целата македонска јавност, во рамките на изборната кампања на изминатите парламентарни избори. Тоа беше уште една антологиска изјава на бившиот премиер Зоран Заев, што ќе остане запаметена како ноторна невистина, лага и измама, темпирана бомба наменски активирана, што целосно ја егзекутира судската власт, чин што нѐ прогонува и натаму, ...
Ромите се составен дел од нашето општество. Тие не се малцинство, туку народ со богата традиција, со музика, со јазик, историја, обичаи. Тие се наши сограѓани, соседи, пријатели, соработници и најважно од се – граѓани со иста вредност и достоинство како секој друг, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски на настанот за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. – Нашата визија не е Ромите да бидат толерирани или вклучени, туку да ...
Владата нема да се реконструира пред локалните избори, додека односите во Владата се коалициски одлични, изјави вчера на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, пак, кој е дел од коалицијата „Вреди“ вчера прашан какви се односите меѓу политичките субјекти внатре во коалицијата „Вреди“, рече дека никој нема дилеми, освен ...
Жени во македонското револуционерно движење од предилинденскиот и Илинденскиот период (1) Во македонската историја се познати голем број настани и револуционери кои оставиле силен белег во борбите за ослободување на Македонија. Меѓутоа, она што не е доволно познато е дека во тие борби се вклучиле и повеќе Македонки, кои со своите дела и постапки исто така дале свој придонес во револуционерното дело. Околу нив се плетеле приказни, се граделе ...
Во Луксембург се одржува состанок на министрите за трговија на земјите-членки на Европската Унија, на кој се разговара за трговските односи со САД и Кина. Првично планиран за средината на мај, состанокот беше поместен поради тековните геополитички и економски околности. Иако не се очекува да се дискутираат деталите околу евентуалниот европски одговор на американските царини, од Советот на ЕУ нагласуваат дека целта на состанокот е да се анализира ...
Професорот на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград, д-р Ѓуро Мацут, е предложен за мандатар за состав на новата Влада на Србија, што треба да биде избрана најдоцна до 18 април, кога истекува законскиот рок, а за нејзин избор треба да гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници, јави дописникот на МИА од Белград. Белградски медиуми пренесоа денеска негов став дека – нема да дава изјави за плановите за работата на новата влада се ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против 37-годишник од Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“ од член 201-а од Кривичниот законик. На 5 април, како што информираат од ОЈО, осомничениот извршил физичко и психичко насилство спрема неговиот син роден 2010 година. Кон детето, посочуваат, се однесувал агресивно и се обидел да го избрка од домот, по што во ...
Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, изјави дека исказот на неговиот клиент е јасен и искрен, одразувајќи реално учество во настаните. Според адвокатот, исказот на Ѓорчевски успеал да го долови неоснованото обвинение против него, а истовремено допрел и до застапникот на обвинението. – Фактички, сметаме дека со ова успеа на некој начин да му долови на судот во што се состои неоснованото обвинение во него. Мислам дека и ...
Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Одговарајќи на прашања од неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ, Ѓорчевски денеска исцрпно и детално го опиша својот живот, односот со неговото семејство, моментите кога исчезнала Вања ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека Русија одбива да прифати безусловен прекин на огнот за да продолжи со ракетните напади од Црното Море. – Тоа е една од причините зошто Русија ја искривува дипломатијата, зошто одбива да се согласи на безусловен прекин на огнот, тие сакаат да ја задржат способноста да ги напаѓаат нашите градови и пристаништа од морето – истакна Зеленски. Според него прекинот на огнот на море не е ...
Водечкиот германски берзански индекс DAX, падна за околу 10 проценти на почетокот на тргувањето денеска, паѓајќи на 18.489 поени додека инвеститорите продолжуваат да реагираат на огромните глобални царини воведени од администрацијата на Трамп. Новите царини од 10 отсто за целиот увоз во САД стапија во сила во саботата, со дополнителни давачки за голем број трговски партнери што треба да бидат воведени во среда, вклучително и царина од 20 отсто ...
Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните финансиски пазари оваа недела, откако берзите го претрпеа најголемиот пад од 2020 година минатата недела поради американските царини за стоки од остатокот од светот. Според Coin Metrics, цената на биткоинот падна за четири отсто, на 78.835 долари, откако биткоинот се тргуваше над 80.000 долари во ...
Снежното невреме што вчера зафати поголем дел од земјава, како и минусните температури, го однесоа родот од праските, кајсиите, сливите, крушите и другите родни дрва во кичевскиот крај. Овоштарите сметаат дека ова невреме им ја скрати можноста да произведат одредени количества овошки и нешто да заработат. Тие секогаш во месец април стравуваат од вакво невреме, кое, за жал, во изминативе десетина години се повтори во повеќе наврати. – Против ...
Денеска не одбележуваме само 20 години од постоењето на нашата болница, туку и дваесет години посветеност, грижа, стручност и врвни стандардии за здравјето на нашите пациенти, вели Наташа Јорданова Мауровска, директорка во „Ре-медика“ на денешниот роденден на првата приватна општа болница. „Ре-медика“ на Светскиот ден на здравјето го одбележува дваесеттиот роденден и со традиционалната крводарителска акција, во која и годинава вработените, ...
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 61-та жртва. Почина и вториот пациент кој се лекуваше во Литванија, а беше во критична состојба уште од почетокот, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Како што посочи министерот, 29-годишниот Александар Гавриловски бил упатен од Градска болница на 17 март во тешка состојба, додека од 4-ти април неговата состојба почнала да се влошува. – Жална вест, сакам да информирам дека ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од с.Луке, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Како што соопшти МВР, на 24 март 2025 во село Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет. Од здобиените повреди, тој починал ...
Кога приготвувате слатки јадења, јајцата и чоколадото можете да ги замените со две состојки, а вкусот ќе биде совршен. При приготвувањето слатки јадења може да се случи да немате јајца или чоколадо дома. Од друга страна, ако постите, можеби сакате да најдете посни опции од овие состојки. Јајцата не се посни, а без разлика дали постите или не, може да се случи да ги немате дома. Со што можете да ги замените јајцата? Земете половина банана и ...