Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Европската комисија за следната недела закажа состанок со министри од шесте земји од Западниот Балкан околу прашањата што ги иницираа камионџиите од регионот, кои изминатите денови ги блокираа граничните премини кон шенген-зоната – најави денеска портпаролот на ЕК за внатрешни работи Маркус Ламерт. – Свесни за загриженоста што ја изразија транспортните оператори од Западниот Балкан. Внимателно ја следиме ситуацијата и во контакт сме со нашите ...
Безбедноста на новинарите, за Министерството за внатрешни работи, е еден од врвните приоритети и е максимално посветено на ова поле. МВР информира дека во тек е постапката за формирање национален комитет за заштита на новинарите, кој ќе биде системско унапредување на медиумската слобода и нивната безбедност. Од МВР посочуваат дека целта на комитетот ќе биде: да обезбеди координација помеѓу институциите, медиумските организации и граѓанскиот ...
Следната недела, Сојузот на синдикати на Македонија почнува со блокади, а останува и одлуката за генерален штрајк доколку не се зголемат платите. Оттаму упатија отворен повик до Владата да дојдат во понеделник во зградата на ССМ и да го потпишат колективниот договор со кој платите ќе се зголемат веќе од февруари. – Го повикуваме претставникот на Владата во понеделник да дојде во ССМ и да го потпише колективниот договор со кој ги зголемува ...
Индустриското производство во декември 2025 година е зголемено за 2.3 проценти во однос на декември 2024 година, а во 2025 во однос на 2024 година за 1,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, има зголемувањето на производството во одделите: Производство на прехранбени производи со 3,5 проценти, ...
Премиерот Христијан Мицкоси денеска повторно порача дека Владата ќе поддржи и ќе примени договор за повисока плата помеѓу работниците и работодавачите истакнувајќи дека за минималната плата мора да постапува по закон. – Понудивме зголемување на платите на административните службеници за 40-ина проценти, ССМ го одби покачувањето! А во делот на минималната плата ние мораме да постапуваме според законот. Ќе има зголемување и нивелирање. Првиот ...
Утре, со почеток во 12 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со рута на движење од пред Влада на булеварот „Илинден“, десно по булеварот ВМРО, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собранието и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје. – Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека Владата наследила исклучително тешка и алармантна финансиска состојба, со речиси целосно испразнета државна каса и над 70 проценти од буџетскиот дефицит потрошен уште пред промената на власта. Но, како што потенцира министерката, она што било суштински важно за нејзе како министер за финансии и за Владата е дека на работите гледале во две јасни насоки. -Нашиот пристап е јасен и ...
РАЗГОВОР СО ПРОФ. Д-Р ГОРАН ДИМИТРОВ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ МЕСЕЦ (ЈАНУАРИ) ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСНОСТА ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА Постојано сме во борба за исполнување на целите во однос на целната група, вклучувајќи го и зголемувањето на обемот на покриеноста со превентивни и редовни гинеколошки прегледи и на обемот на вакцинација (која е во стагнација последниве години) против хуман папилома вирус (ХПВ), пред сѐ кај жените, но и ...
Во организација на граѓанските здруженија „Почитувајте го Брисел“ и „Ние сме Брисел“ вечерва во Брисел ќе се одржи протестен собир насловен „600 дена без Влада“ на кој ќе се изрази незадоволство од неможноста на регионалните политичари да постигнат договор за формирање нова Влада на Бриселскиот Регион по изборите во јуни 2024. Протестот се одржува на денот кога се навршуваат 600 дена од изборите. Најавата за овој седми протест на оваа тема ...
Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, заменик шеф и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска Стојчевска, беше изгласана Резолуција за затворање на постмониторинг дијалогот со Република Македонија. Текстот на Резолуцијата во име на Мониторинг комисијата беше изготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија од политичката група на Социјалистите ...
Сè почестата практика на користење објави од социјалните мрежи како научен доказ за ретки и загрозени видови ајкули може да доведе до сериозни научни грешки, кои на крајот му штетат на зачувувањето на природата, предупредува Ален Солдо од Универзитетот во Сплит во научна студија. Во своето истражување на примерот на ајкулите во Средоземно Море, Солдо посочи случај на погрешна идентификација на големата бела ајкула во работата на група ...
Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми кај кои нема зголемување за износ на кој ќе се темели барањето за минимална плата од 36 илјади денари. Износот од 57 проценти на минималната плата кај нас во однос на просечната е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачите на Македонија. Димитров потсетува дека кај нас со закон е предвидено дека минималната плата не ...
Веселин Трајковски е млад балетски уметник, член на ансамблот на Националната опера и балет на Македонија. По завршувањето на основното образование во неговиот роден град Прилеп, средното образование го завршува во „Илија Николовски Луј“ во Скопје, а сега е во завршна фаза на студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Љубов кон танцовата уметност пројавува уште на петгодишна возраст пред се благодарение на латино танците. Сега, ...
„Македоника литера“ неодамна објави драмски текст од струмичкиот автор Ацо Ѓоргиев со наслов „Струмички шерифи“, комедија на струмички дијалект. Дејството во овој драмски текст е сместено во осумдесеттите години на минатиот век во Струмица. Ѓоргиев на сатиричен, хумористичен, ироничен, провокативен, а во исто време и со груба подбивност, презрив и дрзок однос кон моралните и општествените состојби, отсликува една социјална, урбана и ...
Вечерва, со почеток од 18:30 часот, во македонскиот КИЦ во Софија ќе биде прикажан првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, дело на режисерот и сценарист Гоце Цветановски. Премиерата на филмот во Софија се одржа во 2025 година во „Синема сити мол Софија“, а Македонскиот културно-информативен центар ги доби правата за неговото емитување пред посетителите на нашиот центар. Филмот, кој е научна фантастика со ...
Извештај на ОН Во услови на хронично осиромашување на подземните води, прекумерна распределба на водата, деградација на земјиштето и почвата, уништување на шумите и загадување, сето тоа влошено од глобалното затоплување, светот е во минус и на пат кон глобален недостиг од водата, се вели во извештајот на ОН за водата. Со извештајот, ОН сака да испрати порака до сите оние што одлучуваат дека немаат време за чекање. Тој наведува низа ...
Превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден, додека превозниците во Црна Гора и Македонија ги прекинаа блокадите откако ЕК објави нова визна стратегија што би го решила проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната. Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со ...
Спроведено истражување за учеството на велосипедистите во сообраќајот Дали ниското ниво на користење велосипед и на другите форми на активен транспорт навистина е прашање на избор – или е прашање на чувство на безбедност во сообраќајот? На глобално ниво, таканаречените ранливи учесници во сообраќајот – пешаците, велосипедистите и мотоциклистите – сочинуваат повеќе од половина од сите повреди во сообраќајните незгоди. Овој податок сам по себе ...
Принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник што излегува демократски и си го бара своето право за повисока плата. И тука треба да сме сите натпартиски сложни дека секој работник што сака повисока плата треба да се поддржи – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на прашање на пратеничката Драгана Арсова од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, нагласи дека Владата е таа што посредува во оној бипартитен ...
Редакциска опсервација: Светот по ООН Организацијата на Обединетите нации (ООН) беше создадена врз пепелта на Втората светска војна со една фундаментална идеја: да се ограничи самоволието на големите сили преку правила, институции и барем минимален консензус. Советот за безбедност (СБ), со сите свои мани и асиметрии, беше компромис меѓу реалната моќ и принципот на колективна безбедност. Денес, тој модел е во длабока криза. Но она што се ...
Техеран меѓу медиумскиот колапс и геополитичката реалност Со денови, меѓународниот информативен простор беше преплавен со уверливи прогнози дека Иран се наоѓа на работ на неминовен колапс. Насловите во водечките западни медиуми најавуваа дека е прашање на часови или денови кога ќе се случи пад на Исламската Република Иран, додека телевизиските прилози и анализи создаваа впечаток дека државниот апарат веќе е парализиран. Во таа рамка, секоја ...
Западен Балкан и шенгенската логика на Брисел Дури откако Европската Унија увиде дека и нејзините земји членки трпат огромни финансиски загуби од блокадата на границите на шенген-зоната од страна на возачите од регионот на Западен Балкан, реши да бара решение за проблемот што превозниците веќе година и половина им го предочуваа на европските бирократи. Сега одеднаш надлежните во Брисел ќе бараат солуција како возачите од регионот да бидат ...
Старата поговорка дека сто стапа по туѓ грб не болат ретко каде се потврдува толку доследно како во функционирањето на Европската Унија. Со години проблемите на транспортните компании и професионалните возачи од земјите надвор од ЕУ беа третирани како маргинално прашање – административна последица од строгите шенгенски правила, а не како системски ризик. Но, штом тие проблеми почнаа директно да ја удираат европската економија по нејзиниот ...
Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што истакна Муцунски, одлуката претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за ...
Намалена видливост до 70 метри и појава на магла утрово има на патниот правец Тетово – Гостивар, информира АМСМ. На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај с.Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. На останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини ...
Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб ветер од променлив превец, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 8, а максималните ќе достигнат од 8 до 13 степени, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време ...
Шефовите на дипломатиите на земјите членки на Европската Унија донесоа одлука да го прогласат иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда за терористичка организација, информира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по завршувањето на Советот за надворешни работи на Унијата (ФАЦ). – Ова ја става Гардата на исто рамниште со Исламската држава, Хамас, Хезболах и Ал Каеда. Оние кои ...
Иран мора да биде подготвен за војна, изјави потпретседателот на земјата, Мохамед Реза Ареф, како одговор на заканите за американска воена интервенција. – Денес мора да бидеме подготвени за војна. Исламската Република Иран никогаш не започнала војна, но ако ѝ се наметне, ќе се брани со сила – изјави потпретседателот. Во меѓувреме, поранешниот ирански премиер Мир Хосеин Мусави, централна фигура во протестното движење од 2009 година, денеска ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста да ја обезбеди безбедноста на Киев и другите украински градови за време на екстремниот зимски период. – Снабдувањето со електрична енергија е основа на животот. Ги цениме напорите на нашите партнери да ни помогнат да ги заштитиме животите. Ви благодарам, претседателе Трамп. Нашите тимови разговараа за ова во Обединетите ...
Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најави дека е во план заедно со Град Скопје да се реализира проект за обновување и модернизација на жичницата до Водно. Говорејќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Томовски информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно Како што посочи, оваа ...