Деновиве се одбележуваат 82 години од стрелањето на 12 младинци од страна на бугарската окупаторска фашистичка војска и полициски сили во близината на Моклиште, кај месноста Чаир. И покрај обидите на бугарската историографија да го релативизира овој крвав настан, маскарот во близината на селото Ваташа во националната меморија на македонскиот народ останува запаметен како едно од најкрвавите дејанија на Царска Бугарија против македонското цивилно ...

Состанокот на Г7 во Кананаскис, Канада, заврши со едногласно мислење дека Иран не може да се здобие со нуклеарно оружје, но со несогласувања околу декларацијата за Украина. САД се спротивставија на заедничката изјава за Украина што би содржела строг јазик со кој ќе се осуди Русија. Тие тврдеа дека сакаат да ја зачуваат својата способност за преговори со Русија. На крајот, строгиот јазик не беше вклучен во заедничката изјава на лидерите, туку ...

Како би можел туристичкиот потенцијал да ја спаси македонската економија? На сите континенти на планетата Земја постојат локации што ги привлекуваат луѓето што не живеат во тие предели да ги посетуваат местата по своја организација, аранжман, односно по лично планирање. Луѓето од секогаш имале потреба да патуваат, предизвикани од љубопитност, желба за авантура или од најобична досада. Во 21 век технологијата е нераскинлив дел од животот на ...

САД се свртени кон себе и кон политичката филозофија на нивниот претседател Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (МАГА). Од САД зрачи и новата политичка филозофија, како што не еднаш нагласи Трамп, дека секоја држава треба да си го штити својот суверенитет, и внатрешен и надворешен, да се врти кон своите проблеми и да не им се меша во односите на другите. Препознатливо ли е на кого би требало да се однесува ова, пред сѐ во случајот со ...

Американскиот портал „Аксиос“ повикувајќи се на тројца неименуван извори објави дека претседателот Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста САД да се приклучат во војната помеѓу Израел и Иран и да ги нападнат иранските нуклеарни објекти. Тоа би значело директен конфликт помеѓу САД и Иран. Трамп денеска го свикува Советот за национална безбедност на кој ќе се разговара за војната меѓу Иран и Израел. Тој денеска објави повеќе пораки на ...

Во овој момент за нула евра сме ја задолжиле државата. Фискалниот совет за јавниот долг направил пресметки врз основа на она што го имал како информации од медиумите, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска. Како што истакна, одговорајќи на новинарски прашања, дополнителен јавен долг создава проектот со „Бехтел и Енка“ на чие завршување Владата е сега фокусирана. Димитриоска Кочоска е децидна дека долгот се регистрира ...

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец. Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата “Христо Татарчев” во Кисела Вода. Иако бил свесен дека поради неговото однесување во ...

Да докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти со оние што владееја во минатото. Да не заборавиме дека нашата фотелја не е крајна цел, туку должност, должност кон народот, кон Македонија. Сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното обраќање по повод јубилејот – 35 години ...

Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа пристигнаа на скопскиот аеродром, објави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на социјалните мрежи. -Со ова, станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт – наведе Муцунски. До понеделникот вкупно 28 македонски државјани побараа поддршка за евакуација по ...

Американскиот портал Аксиос (Axios) повикувајќи се на неименувани владини претставници денеска објави дека претседателот Доналд Трамп го стопирал израелскиот план за атентат врз иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на викендот. Израелската армија проценила дека има можност за напад, но Трамп не го прифатил планот. Според Аксиос, Белата куќа продолжува да ги поддржува целите на Израел за уништување на иранската нуклеарна и ...

Во најголемиот случај на еколошки криминал во историјата на Шведска осудени се десет луѓе поради тешки еколошки злосторства. Процесот траеше неколку години, а пресудата е на речиси 700 страници. Шведската претприемачка Фариба Ванкор, е осудена на шест години затвор поради незаконско одложување на стотици илјади тони токсичен отпад. Ванкор, претходно позната како Бела Нилсон, која беше директорка на компанијата за управување со отпад „Тинк пинк“ ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави повеќе пораки на социјалните мрежи за Иран, а во една бара „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ“. Тој на сопствената мрежа „Трут соушл“ (Truth social) објави дека знае каде се крие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, но оти засега не е планиран напад врз него. – Точно знаеме каде се крие така наречениот „Врховен лидер“. Тој е лесна мета, но таму е безбеден – Нема да го извлечеме од таму (убиеме!), барем не ...

Во денешниот израелски напад уште една експлозија одекна во близина на седиштето на Иранската државна телевизија (ИРИБ). Израел вчера првпат ја нападна зградата на ИРИБ, сместена во северниот дел на Иран. По вчерашниот израелски напад, ИРИБ кратко време не емитуваше програма. По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел ...

Владата на денешната седница ја усвои Стратегијата за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акцискиот план, соопшти вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Овој документ, како што наведува, ја одразува непоколебливата посветеност на Владата за борба против организираниот криминал и корупцијата, преку зајакнување на надлежните институции со структуриран ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал да ја навредува, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници по ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија, соопшти МНРиНТ. Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските ...

И покрај тврдењата на Израел дека Иран бил само неколку месеци далеку од производство на нуклеарно оружје пред почетокот на превентивните израелски напади врз Техеран во петокот, американските разузнавачки проценки покажуваат дека Исламската Република не работела активно на производство на бомба и дека се потребни неколку години за да дојде до неа – пишува „Си-ен-ен“, повикувајќи се на четири извори запознаени со проценките на Вашингтон. Според ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во Тетово разговараше си директорот на Клиничката болница околу потребите на установата, како и за проблемот со околу 140-те лица кои се со договор на дело и кои преку протести бараа вработување на неопределено време. -Се информирав од директорот за предизвиците кои ги има, за да може што побрзо да решаваме проблеми, што се акутни, а знаете дека здравствениот систем е голем има такви акутни проблеми и ...

Во рамките на апелот за поддршка на настраданите од пожарот во дискотекат „Пулс“ во Кочани, Црвениот крст на Република Македонија собра вкупно 153.931.166 денари во периодот од 16 март до 16 јуни 2025 година. Како што соопштуваат од Црвен крст, со денешниот трансфер, извршена е исплата на 156 лица, а во престојните денови ќе се изврши трансфер на средства и на уште 11 лица. -Со последниот денешен трансфер на 17.06.2025 година исплатени се ...

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе, долгогодишен новинар и доајен на македонското новинарство. Роден е во Скопје во 1946 година. Со новинарство започна да се занимава уште од студентски денови во средината на 60тите години во редакцијата Млади за млади во тогашното Радио Скопје, а потоа и како еден од уредниците на првиот бран прогресивни новинари уредници на неделникот за млади „Фокус”. Во Македонската телевизија тогашна ...

Главниот резултат од Самитот на Г7 е признавањето на огромната штета предизвикана од антируските санкции и ударот кој со тоа западните земји си го нанесоа себеси – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. – Главниот резултат од состанокот на Г7 беше признавањето на повеќемилијардерската штета предизвикана од антируските санкции – наведе Захарова во објава на „Телеграм“. Претседателот на САД, Доналд ...

Самата албанска власт врз основа на Законот за заштитата на правата на малцинствата им овозможува на малцинствата да можат да ги реализираат своите интереси. Најважно е колку ние ги слушаме, се среќаваме со нив и разговараме за нивните вистински проблеми, а тие се енормни и се уште растат. Ова денеска го изјави претседателката Гордана Силјановска – Давкова по средбата во Тирана со Марјана Костофски – Фелах, член на Комитетот за национални ...

Во повеќе анализи деновиве политичките и економските аналитичари се осврнуваат на последиците од воениот конфликт меѓу Израел и Иран. Во продолжение издвојуваме еден сублимат за ударот што може да го предизвика новиот воен конфликт на Блискиот Исток над светската економија Проекции за можните економски последици во светски рамки од војната меѓу Иран и Израел Тешко е да се каже како ќе заврши воениот конфликт меѓу Израел и Иран, но колку подолго ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тоа што го зборуваат претставници на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата за средба во рамки на состанокот на НАТО во Хаг кон крајот на месецов. -Пристигнуваат многу различни пораки од официјална Софија. Нашите стари рекле „помалку слушај што зборуваат повеќе гледај што работат“. Има таква можност ...

Политиката на проширување е стратешки важна за релевантноста и иднината на Европската Унија – порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во обраќањето на меѓународната конференција Budapest Global Dialogue 2025, што се одржува во главниот град на Унгарија, во организација на Унгарскиот институт за меѓународни прашања и Фондацијата за следење на истражувањата. Како што соопшти МНРиНТ, во своето воведно обраќање ...

Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој беше во работна посета на општина Неготино, пред присутни заинтересирани, беше презентиран оперативниот план за вработување. Заменик министерот рече дека сака да ги охрабри, посебно младите лица до 29 години, но и сите други невработени лица, да го искористат периодот за аплицирање за една од ...

Во образовната инфраструктура има инвестиции од околу две милијарди денари, кои опфаќаат повеќе проекти, меѓу кои училишта, спортски сали, студентски домови,…, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Битола во врска со она што Владата го прави за подобрување на инфраструктурата во образованието. -Што се однесува до Министерството за образование имаме инвестиции околу две милијарди денари, седум комплетно ...

Лидерите на седум водечки демократски економии во светот, собрани на самит во Канада под покровителство на групата Г7, дадоа заедничка изјава за медиумите по состанокот. Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток во последните неколку дена, конфликтот меѓу Израел и Иран, беше главна тема на дискусија, а во оваа прилика членовите на групата Г7 изјавија дека „ја повторуваат својата поддршка за безбедноста на Израел“ и дека се „доследни во својот ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи. Во изјава за медиумите дадена во Битола, Мицкоски не прецизираше за какво решение се работи, но рече дека се следи ситуацијата и дека сериозно пристапуваат на решавање на проблемот. – Се консултираме со екпертската јавност, следиме што се случува со однесувањето на трговците, производителите, ...

Високи дипломати од Велика Британија, Франција и Германија го повикаа Иран брзо да се врати на преговарачката маса за неговата нуклеарна програма, изјави француски дипломатски извор, додека се разгорува конфликтот меѓу Израел и Исламската Република. Министрите за надворешни работи на земјите разговараа доцна синоќа со највисоката дипломатка на ЕУ, Каја Калас, и „го повикаа Иран да се врати, што е можно поскоро и без предуслови, на преговарачката ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
19%
1013
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
4.63
32%
1019
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
40%
1021
weather icon

Софија

36ᴼ / 34ᴼ
4.12
22%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
3.25
14%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
50%
1021
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
9.26
26%
1011
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
2.06
11%
1011
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.12
17%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 33ᴼ
6.71
31%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
35%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
9.77
100%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326