
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Шести ден продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Израел и Иран. Израелската армија попладнево повторно нападна, како што соопшти, воени цели во Техеран, а Иран возврати со дронови и ракети. Додека траеја нападите врз главниот град на Иран, иранската Револуционерна гарда издаде наредба за евакуација на жителите на Тел Авив. Предупредувањето за евакуација беше издадено речиси во исто време кога ИДФ соопшти дека пресретнала два дрона во подрачјето ...
Северна Кореја ќе испрати илјадници работници да помогнат во обновата на рускиот регион Курск, кој е разорен од војната – изјави генералниот секретар на Советот за безбедност на Русија. Сергеј Шојгу, кој вчера се сретна со Ким Џонг-ун во Пјонгјанг, рече дека овој потег е „братска помош“ – објавија руските државни медиуми. Со месеци се шират шпекулации за продлабочување на воената соработка меѓу двете земји, со извештаи дека илјадници ...
Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите на обвинителството. Одбраната докажа дека токму неосновано обвинетиот Александар како татко на детето Вања е жртва и оштетен во оваа постапка заедно со мајката Зорица и неговото семејство и докажа дека тој во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ...
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупло Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, додека, за таткото на Вања ...
Израелските воздухопловни сили изутрината бомбардираа пет ирански хеликоптери AH-1 во воздухопловната база во градот Керманшах, на истокот од Иран, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал Ефи Дефрин, објаснувајќи дека задачата на тие авиони била да ја оштетат израелската воздухопловна флота. Во истото обраќање пред новинарите, генерал Дефрин рече дека Иран лансирал околу 30 балистички ракети кон Израел во два баражни ...
Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени на домашен притвор од три месеци. Со таа одлука на судот, ниту еден од 13-те приведени по падот на настрешницата повеќе не е во затворски притвор. Обвинението, кое обвинителството го поднесе на 30 декември, беше вратено кон средината на април од ...
Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, денеска во Основен кривичен суд Скопје побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи. Евентуална вина, како што посочи, може да сноси само за грабнувањето на Вања. – Од доставените и изведени материјални докази на кои се ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во телевизиско обраќање до нацијата рече дека неговата земја нема да го прифати повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за безусловна капитулација. Тој истакна дека секоја американска воена интервенција несомнено ќе предизвика непоправлива штета. -Иранската нација цврсто стои против наметнатата војна, исто како што цврсто ќе стои против наметнатиот мир. Иран нема да се предаде на никого, ...
Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере денеска во Скопје порача дека проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Европската Унија, кое стартува на 1 јули, дека актуелните геополитички случувања уште повеќе го актуелизираат овој процес, како и дека нејзината држава ќе стори се што е во можност за да го поттикне евроинтегрирањето на земјава, но оти тој пат мора да се изоди заеднички, со цел да се види дали може да се ...
Српската криминалистичка полиција ја спроведува својата најголема антикорупциска операција досега, во рамки на која уапси сопственици на над 20 фиктивни компании, објави српската национална телевизија РТС. Полицијата ги уапси сопствениците и директорите на над 20 компании за кои вели дека преку симулирана работа со фиктивни компании се занимаваат „исклучиво со перење пари“, на вредност која се проценува на неколку стотици милиони динари (стотици ...
Грција Европската комисија (ЕК) ја казни Грција со 392 милиони евра поради неправилно управување со европските земјоделски субвенции во периодот од 2016 до 2023 година. Најголем дел од казната се должи на недоволниот надзор на грчката Организација за исплата и контрола на европските субвенции (ОПЕКЕПЕ), која беше укината на крајот на мај по голем корупциски скандал. ЕК во образложението наведува дека Грција го прекршила европското законодавство ...
Европската група на оператори на преносни системи за електрична енергија ENTSO-E ја повика Европската комисија да размисли за одложување на преодниот период за механизмот за прекугранично приспособување на јаглеродот (ЦБАМ) на ЕУ по 2026 година. ENTSO-E предупредува дека во спротивно овој механизам би можел да предизвика пазарни аномалии, особено во земјите што не се членки на ЕУ. Официјален претставник на европскиот енергетски регулатор АЦЕР ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска се сретна со раководителот на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава Фатих Туркменоглу. Средбата, како што информира Народна банка, претставуваше можност за размена на мислења за економската состојба и потенцијалот за зајакнување на соработката меѓу двете институции заради поддршка на одржливиот развој. Славески и Туркменоглу разговарале пред се за значењето ...
Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во дискотеката во Кочани. Ова го соопшти денеска министерот за здравство, Азир Алиу, на брифинг со новинарите. – Имавме неколкучасовна средба со експерти, родители, млади кои беа директно засегнати во трагедијата и слично. Одлучивме дека крајно време е Министерството за здравство заедно со Владата да преземе ...
На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети „Ароу“ (Аrrow), објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуван американски функционер. Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се користи против иранските ракети. САД, исто така, имаат системи за ракетна одбрана „Патриот“ и системи за воздушна одбрана на голема надморска височина на Блискиот Исток, способни да пресретнат балистички ракети. Според агенцијата, ...
Средства за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани треба да се одбезбедат со Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, што денеска доби поддршка од матичната собраниска комисија. Со предложената прераспределба на буџетски средства ќе се обезбедат 600 милиони денари за ...
Утрово Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски е исклучен од електроенергетскиот систем, соопштија од АД ЕСМ, а причината е проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување. Од секторот за односи со јавност на АД ЕСМ нагласуваат дека со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, ...
Во само три години кичевскиот мајстор казанџија Коста Галиманоски, синоќа ја отвори и третата самостојна изложба со работен наслов „Ведрина во движење“. Последниот кичевски казанџија пред многубројните присутни претстави околу 30 дела изработени претежно од железо, но и од други метали. Тој овие дела ги изработил последните дванаесетина месеци . Изложбата ја отвори самиот автор, откако претходно имаше краток вовед поврзан со оваа изложба.. -Оваа ...
Младата пијанистка, 14-годишната Јана Алексовска, синоќа го одржа својот прв солистички концерт во Музејот на македонската борба во Скопје. Алексовска, ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на м-р Билјана Данилова Танасковиќ, се претстави со дела од Бах, Моцарт, Шуберт и Шопен. На барање на публиката, таа дополнително изведе и композиција од Стеван Мокрањац. Алексовска учествувала на бројни општински, државни и меѓународни ...
Кучињата не се само домашни миленици туку, напротив, тие се потврда дека два сосема различни вида можат да станат вистински пријатели. Нивната историја со нас ја открива човековата природа, односно нашата потреба за лојалност и безусловно прифаќање, но и нивната. Повеќеилјадната дружба и интеракција помеѓу кучето и човекот е потврда дека кучето е најдобар пријател на човекот, израз што потекнува од 18 век, кога поетите и филозофите ја славеле ...
Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување. Според адвокатот, не постоел договор за убиства и оттаму нема умисла за извршување таков вид кривични дела. -Нема претходен договор со другите обвинети за извршување кривично дело ...
Црниот дроб е еден од најважните органи во нашето тело – тивок и вреден, постојано филтрира токсини, помага во варењето и складира енергетски резерви. Сепак, овој витален орган често страда незабележано, сè додека не биде предоцна. Едно од најчестите нарушувања на модерната ера што го зафаќаат црниот дроб е стеатозата или замастен црн дроб – состојба што не боли, туку полека го поткопува здравјето одвнатре. Поврзана е со современиот начин на ...
Собранието денеска во рамки на 53. пленарна седница ја донесе Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година и измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, а заврши расправата за измените на Изборниот законик и дополнително ќе се гласа и за измените и дополнувањата на Законот за основното образование. Фискалната стратегија ја образложи заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, кој кажа дека ...
Претседателот на Турција и претседателот на Русија во телефонски разговор на темата „Состојбите на Блискиот Исток“ Службата за односи со јавноста на московски Кремљ соопшти дека „за време на вчерашниот телефонски разговор меѓу рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган главниот фокус бил ставен на ненадејно заострената ситуација на Блискиот Исток. Исто така било разговарано и за украинското прашање. Според официјалното ...
Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што поднесувам кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба, истакна на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски на денешната ...
Водата од банана се добива од кората. Лесно е да се направи: само потопете ги корите од банана во вода и оставете ги неколку недели во тегла или во кофа, а потоа прелејте ја течноста врз вашите растенија. Натопувањето на лушпите од банана ослободува хранливи материи како калиум и калциум во водата, создавајќи евтино домашно течно ѓубриво. Растенијата се новите миленици. Затоа не е изненадување што сопствениците на растенија секогаш бараат следно ...
Полициски службеници привеле возач кој вчера во 14:25 часот на патот Тетово-Гостивар управувал возило со брзина од 156 километри на час на место каде дозволената брзина е 80 километри на час. Лицето, како што информираат од МВР било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобзирно управување на моторно возило”. -На 17.06.2025 во 14.25 ...
Во преполната сала на Националната опера и балет На сцената на Националната опера и балет незаборавен концерт што долго ќе се памети одржа Кирил Џајковски, пионерот на електронската музика и истакнат композитор на филмска и театарска музика. Концертот беше ретроспектива на неговото 25-годишно творештво во работата на музика за филм, а публиката го награди со долготраен аплауз и стоечки овации. Во придружба на оркестар и врвни солисти беше ...
Израел им забрани на своите граѓани да ја напуштат земјата со авион, наведувајќи безбедносни причини по ескалацијата на непријателствата со Иран, објавија медиумите од Блискиот Исток. Според израелскиот весник „Хаарец“, владата им наредила на домашните авиокомпании да не им дозволуваат на израелските граѓани да се качуваат на појдовни летови, бидејќи расте стравот од можни ирански одмазднички напади врз израелските аеродроми. Аеродромот „Бен ...
Големи геостратешки потреси од досега невидени размери во поновата историја се случуваат на целата планета, а веќе никој нема дилема дека светот, 80 години од крајот на Втората светска војна, повторно се наоѓа пред нова прераспределба на интереси и влијанија. Ако досега САД беа единствениот светски полицаец што ги наметнуваше своите политики и интереси на глобално ниво, сега веќе тоа не е случај, бидејќи ваквиот повеќедецениски ангажман сериозно ...