Американскиот долар под притисок Статусот на американскиот долар како доминантна глобална резервна валута – столб на меѓународниот финансиски систем повеќе од седум децении – сè почесто се доведува во прашање. Најновото предупредување доаѓа од германскиот финансиски регулатор „БаФин“ (BaFin), кој во својата годишна прогноза алармира дека доларот би можел да се соочи со сериозни предизвици уште во текот на оваа година. Предупредување од срцето ...

Со сослушување сведоци и законски застапници на оштетените во судницата во Идризово денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште беа сослушани повеќе сведоци, кои кобната вечер биле во дискотеката. Во своите искази тие ја опишаа атмосферата на паника и хаос што настанале во моментот кога пламените јазици и чадот ја зафатиле преполната ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека е подготвен за средба со синдикатот и потпишување на колективниот договор за државните службеници, но дека ќе мора да се согласат да се тргне делот за плати од Општиот колективен договор којшто, како што кажа, е збунувачки и за него ќе треба да се преговара. – Јас сум секогаш подготвен за средба. Апсолутно можеме да договориме средба и немаше потреба од никакви јавни коментари поврзани со оваа ...

Неколку земји започнаа нов групен предизвик, т.е. целосно бришење на апликациите за социјални мрежи во текот на февруари, со цел намалување на зависноста од паметните телефони и враќање на контролата врз вниманието, пренесува белгискиот медиум РТБФ (RTBF). Иницијативата доаѓа во период на растечко незадоволство од т.н. хиперповрзаност обележана со неконтролирано скролање, анксиозност, замор од алгоритми и загриженост поради брзиот развој на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека многу лесно може да го реши финансискиот проблем на Обединетите нации така што ќе ги натера земјите кои не ја платиле членарината во ОН веднаш да го сторат тоа. Трамп, во телефонски разговор за „Политико“, вели дека не е запознаен со тоа дека Соединетите Американски Држави не ги исполнуваат сите обврски кон ОН. Тој наведе дека е сигурен оти може многу лесно да ги реши финансиските проблеми ...

ЗИМСКА ТРИЛЕР-СТОРИЈА Откако ја запозна Марија Воронцова, Николај Михајлович како да ја стави и последната алка од веригата што му недостигаше. Пустелијата наречена Јакутија, прекуноќ се претвори во рај на земјата. Слично беше и со младата жена. Учителката мошне брзо се вклопи во јавето на средината во која требаше да мине дел од својата кариера. Таа потекнуваше од Сочи. Нејзините родители интелектуалци, кои мачно се бореа да го прехранат ...

Манастирот посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во селото Рајчица, во рамките на Дебарско-кичевската епархија на Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, доби исклучително значаен духовен дар – свети мошти на Свети Василиј Велики. Манастирот се наоѓа во епархијата со која раководи новоизбраниот надлежен архијереј, Неговото Високопреосвештенство митрополит Георгиј, а пристигнувањето на моштите се смета за ...

Средното училиште во Велес – жив споменик на македонската мисла, јазик и борба за духовна слобода Во срцето на Велес, на бреговите на Вардар и низ немирните слоеви на македонската историја, веќе 169 години опстојува институција што не ги преживеала само времињата туку и ги обликувала. Велешката гимназија „Кочо Рацин“, основана во 1857 година, не е само најстара гимназија во Македонија туку таа е жив споменик на македонската мисла, јазик и ...

ФЕЉТОН „ОД МИТРОВДЕН ДО ЃУРЃОВДЕН“: СПОМЕНИ ЗА МАКЕДОНСКАТА БОРБА ЗА СЛОБОДА И ЧОВЕЧКИ ПРАВДИНИ Во анализите на македонската културна историја, ликот и делото на Ѓорѓија Пулевски заземаат централно место, пред сè поради неговиот фундаментален ангажман во кодификацијата и нормирањето на македонскиот литературен јазик. Иако неговиот придонес е повеќеслоен, тој се етаблира во науката како првиот автор што експлицитно го дефинира јазикот како ...

Репортажа Љубљана, главниот град на Словенија, е една од најмалите европски престолнини, која можете многу лесно и брзо да ја прошетате, да се запознаете со убавините на градот, а потоа да уживате во богата понуда од настани, кои се случуваат низ целата година. Особено е живо околу божиќните и новогодишните празници, кога во голем број доаѓаат туристи да уживаат во градот во кој тече реката Љубљаница. Во Љубљана има што да се види, од ...

Во „Аудиокултура“ викендов беше промовиран албумот „Beyond the Silence“, првото дискографско издание на младиот виолончелист Антонио Илиоски. Станува збор за дебитантски проект што содржи Соната за виолончело и пијано од Клод Дебиси и Соната за виолончело и пијано бр. 1 од Јоханес Брамс. Албумот е снимен минатата година во Македонската филхармонија, со пијано-придружба на бугарската пијанистка Јана Лолова. Издавач е „Баги комуникации“. ...

Моделите што постојано ги ажурираат своите бази на податоци и учат од нив би можеле драматично да ги променат роботиката, зголемената реалност и мноштво други области. Како што моделите што го напојуваат ЧетГПТ се обучени да предвидуваат текст, оние за генерирање видеа предвидуваат што е статистички најверојатно да се прикаже следно. Но проблемот е што вештачката интелигенција во двата случаја нема јасно дефиниран модел на светот што ...

За инвестициско и техничко одржуваење и за набавка на опрема на националните установи пристигнале 239 проектни апликации за 2026 година и по евалуацијата се прифатени 66 проекти со вкупен износ од 15.500.000 денари. Министерот Зоран Љутков соопштувајќи ги резултатите од годишните конкурси по дејности на прес-конференција во Владата посочи дека овие средства се наменети за обезбедување основни услови за функционирање на националните установи ...

Мистична Македонија: Музеј под отворено небо Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „ Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент Aрхеоакустиката е ново интердисциплинарно поле на учење, со кое користејќи различни параметри за истражување на древните локалитети, преку модерната ...

Претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ по текст на Филип Грујиќ, во режија на Борис Василески, ќе биде изведена на први февруари, во 20 часот, во салата „25 мај“ во Младинскиот културен центар. Во претставата играат: Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли и Јанка Лефкова. Продуцент на претставата е Андреа Маркоска, драматург Стефан Миленков, костимографијата е на Марта ...

Сојузот на синдикатите и работодавците да седнат на преговарачка маса и да се договорат за минималната плата. Она што ќе го договорат, Владата ќе го прифати, истакна денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој нагласува дека до тогаш важи постојната формула од трипартитниот договор од 2022 година. -Владата е за покачување на минималната плата, но врз база на реални параметри кои се актуелни во економската состојба и ...

Елитите од највисоките институции на ЕУ во внатрешна борба за моќ во Унијата Сериозно влошените односи меѓу водечките функционери во Европската Унија, предводени од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја изнесоа на виделина големата борба за моќ што моментно се води во Брисел. Овие состојби најексплицитно ги опишува во своите последни пишувања реномираниот аналитички портал „Политико“, и тоа во анализата со наслов ...

По 14 години, Кипар од први јануари годинава повторно го презеде шестмесечното претседавање со Европската Унија во геополитички многу чувствителен момент со нагласена цел да придонесе кон обликувањето на улогата на Унијата на глобалната сцена. Кипарскиот претседател Никос Христодулидес на 21 декември 2025 година објави официјален документ, во кој, покрај другото, пишува: „Кипарското претседателство ќе следи амбициозен пристап, насочен кон ...

Уште еден кус историски осврт кон влијанието на бугарската пропаганда во Македонија кон крајот на 19 век Во поширок контекст, османлиската власт свесно ја толерирала и дури и ја поттикнувала оваа состојба на паралелни образовни системи. Наместо да воспостави единствена и унифицирана образовна политика, која би можела да создаде заедничка културна основа за сите жители на Македонија, империјата дозволувала и легитимирала постоење на училишта ...

Фотографијата Самоиловата тврдина на авторот Никола Наумоски (FramebyNik) е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. -Самоилова тврдина, каде верата и историјата се спојуваат – вели авторот. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во ...

Мораме сите заедно да соработуваме во рамки на Економско-социјалниот совет за да ги решаваме прашањата кои се во насока на подобрување на економијата и животниот стандард на сите граѓани, вели заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. – Ние како влада и министерство за економија и труд спроведување голем број на мерки и активности за подобрување на животниот стандард и раст на сите плати. Изминатиов период се работеше на ...

Поради врнежи од снег се уште е во сила забраната за тешки товарни возила и автобуси воведена од 9:20 часот утрово на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка, соопшти АМСМ. Сообраќајот на остаматите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, ...

Денеска сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот, бидејќи вие сте тие коишто овозможивте драстично да ...

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Кејстон-СДА (Keystone-SDA), повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Ле Констелатион“(„Le Constellation“) во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице. Пожарот избувна за време на забава за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, реагираше на објавувањето на повеќе од три милиони страници документи поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, тврдејќи дека документите го ослободуваат од обвинувањата. – Не сум ги видел документите лично, но некои многу важни луѓе ми кажаа дека тие не само што ме ослободуваат, туку покажуваат спротивно од она што радикалната левица и другите го очекуваа- им рече Трамп на новинарите во ...

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека од вторник ги започнува консултациите со парламентарните групи за именување на нов технички премиер кој ќе треба да одговори на очекувањата на граѓаните за фер и транспарентни избори. Јотова денеска информираше дека веќе остварила сериозни разговори со потенцијалните кандидати од списокот утврден со Уставот. – Разговорите беа содржајни и опфатија палета теми – од најитните задачи пред ...

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на казните, клучното прашање е – како функционира системот откако ќе се регистрира прекршок и што точно можат да „видат“ и измерaт овие камери. Камерите автоматски ги детектираат прекршоците штом возилото ќе ја надмине ...

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево се укинува од 14.30 часот, соопшти ЈП „Македонија пат“. Забраната беше воведена денеска од 9.40 часот во двата правца на патот поради врнежи од снег. Забрана за сообрачај на камиони и автобуси од 9.20 часот е воведена за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка и од 5.45 часот за тешки товарни возила на патниот правец крак ...

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков изјави дека се чекаат препораките од УНЕСКО за Охрид и Окридскиот Регион откако заедно Албанија е пратен извештај во седиштето на оваа организација на ОН. На новинарско прашање на прес-конференција посветена на резултатите од годишните конкурси за проекти во култуата во 2026 и што ќе се преземе за заштита на Охридскиот Регион како културно наследство во опасност, Љутков одговори дека тој наследил ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
71%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
79%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
56%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.78
91%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.25
76%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
79%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
62%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
70%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
6.17
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Калај

43.91

Родиум

358480.82

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Рутениум

56199.51