Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Една пациентка е сè уште во тешка состојба, информираше попладнево на прес – конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. – Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој би бил најсреќниот човек доколку на 24 јуни биде усвоен извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц за Македонија, но напомена дека деновиве добива информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада, дека доколку тој извештај биде изгласан, тоа би можело да ги радикализира проруските структури против сегашната ...

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не открива сè уште кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, но напомена дека тој ќе биде поддржан од коалицијата што ќе ја предводи неговата партија и дека ќе биде иден градоначалник. Ова го кажа во одговор на новинарско прашање во врска со подготовките за претстојните локални избори. – Не би споменувал имиња, бидејќи тоа е наша внатрепартиска процедура. Но, имаме неколку ...

Околу 15 објекти кои би прифатиле околу 1.500 деца, во моментов се адаптираат, реконструираат и модернизираат, а се градат уште 11 нови со капацитет за 1.100 дечиња, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што презема Владата во однос на проблемите со сместувањето и капацитетите на градинките. – Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после ...

Од понеделникот во Кичево започна наплатата на надомест за паркирање на автомобилите на јавни паркинзи. Работното време во кое ќе се наплаќа паркинг е од 7 часот изутрина до 22 часот навечер. Цената за еден час паркирање ќе чини 30 денари во првата зона, додека во втора зона цената за паркирање за период од еден час изнесува 10 денари. -Како и повеќето градови во земјава така и во Кичево од почетокот на оваа седмица, започна наплатата на јавните ...

Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола. МВР го истражува случајот што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е што навремено снабдување со електрична енергија ќе добијат сите корисници. Во РЕК Битола се даваат натчовечки напори во делот на ...

Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашањето во врска со најавите за штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ, доколку не се поништи последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ. -Не мислам дека е тоа причината. Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат ...

Интензивно се работи на реконструкцијата на патот кој води кон Пеленица – една од фреквентните, но со децении запоставувани патни делници во овој дел на Скопје. По речиси три децении чекање, овој потег конечно ќе добие безбеден, функционален и достоен сообраќаен пристап за жителите на Кисела Вода, Драчево и околните населени места. Изградбата се одвива на потегот од „Јустинијан Први“ до границата со Општина Студеничани, на делница долга 3.370 ...

Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ во известување до раководството на М-НАВ бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк. Повикуваат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на месецов, а во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10. ...

На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена ...

Општина Илинден Општина Илинден официјално започна со реализација на еден од своите капитални инфраструктурни проекти – изградба на нов плочест мост и сервисна улица 500 во населеното место Марино. Проектот предвидува изградба на мост со коловоз широк шест метри и тротоари од по 1,5 метар од двете страни, со што ќе се обезбеди безбедно и непречено движење на пешаците и на возилата. Покрај мостот, ќе се гради и нова сервисна улица во должина од ...

Бројот на умрени лица во земјава минатата година бележи раст од 0,1 процент. Повеќе умираат мажите и тоа во просек за 4,9 години порано од жените, а во над една третина од случаите причина за смртта се болести на циркулаторниот систем, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2.010, се регистрирани во јануари, а најмалку, 1.518, во април. Од вкупно починати 20.201, поголем број ...

Мај 2025 година беше вториот најтопол мај во светот, со просечна температура на површинскиот воздух од 15,79°C според ЕРА5, што е за 0,53°C над просекот за мај во периодот 1991-2020 година, објави службата за климатски промени „Коперникус“. Мај 2025 година беше за 0,12°C постуден од рекордниот мај 2024 година и за 0,06°C потопол од третиот најтопол мај 2020 година, според „Коперникус“, додавајќи дека изминатиот месец бил за 1,40°C над ...

Во текот на изминатите пет години Виена постави нови стандарди во урбаното зеленило преку иницијативата „Збогум асфалт“, трансформирајќи повеќе од 85.000 квадратни метри јавен простор. Со инвестиција од 100 милиони евра и имплементација на околу триста проекти во сите градски области, австриската престолнина активно се приспособува на климатските промени и станува сè попријатно место за живеење. Како дел од иницијативата „Збогум асфалт“, ...

Промовирана „Шепоти во бездната“ на Мартина Додевска Книгата „Шепоти во бездната“ на нашата млада авторка Мартина Додевска, која излезе лани во октомври 2024 година, а нејзиното објавување беше најавено и во весникот „Дефине либере“ што излегува во Франција и во женевскиот регион во Швајцарија, беше промовирана вчера во Скопје. Неколку недели пред книгата да биде достапна за поширок читачки аудиториум, темите за кои се пишува во книгата биле ...

Нов еколошки проблем Во многу земји во светот постојат ограничувања за употреба на пластичните ќеси за еднократна употреба, кои лебдат на дрвјата, внесуваат микропластика во почвата и во водата и му штетат на морскиот свет, но ваквиот вид успешна приказна во заштитата на животната средина крие еден проблем. Многумина од нас се пренатрупани со ќеси за повеќекратна употреба – платнени торби или подебели, потрајни пластични ќеси што трговците на ...

Покрај решавањето на сообраќајната инфраструктура, општината ќе биде домаќин на 44 студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“, кои се избрани на јавниот повик за универзитетска летна практика, во соработка со Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО Битола Со конкретни чекори кон подобрување на урбаната мобилност и поттикнување здрави животни навики, Општина Битола започна со обележување на новите велосипедски патеки, како ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја останува посветена на дипломатијата, но ќе продолжи да дејствува во самоодбрана против Израел. -Иран дејствува само во самоодбрана. Дури и во најскандалозната агресија против нашиот народ, Иран досега одговори само на израелскиот режим, а не на оние кои го помагаат и го поттикнуваат – напиша Арагчи на социјалната мрежа „Х“. – За разлика од нелегитимниот, геноциден ...

Кисела Вода Општина Кисела Вода интензивно работи на изградбата на новото рекреативно и туристичко место Покрсти, кое наскоро се очекува да прерасне во омилена дестинација за љубителите на природата и рекреацијата од цело Скопје. Сместена во зелена околина, со чист планински воздух и поглед над цело Драчево и околината, локацијата Покрсти добива свој нов лик. Веќе е изградена асфалтирана рекреативна патека, а во тек се активности за уредување ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека таков директен разговор би бил корисен, но дека треба да се подготви. Тој нагласи дека „доколку се создадат услови за обновување на односите“ меѓу Русија и САД, Москва е подготвена да го одржи овој тренд – пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на руската „РИА Новости“. Рускиот претседател оцени дека нема да има ...

Бугарската држава, според ЕФА, одбива да го признае македонскиот идентитет. Ова е главниот проблем што историски влијаел на односите меѓу двете заедници и кој го користи Бугарија за да ја блокира Република Македонија од започнување преговори за членство во ЕУ. Без отстапки од Македонија, Бугарија ќе продолжи да ги попречува нејзините европски амбиции, оценува ЕФА Реакции на Европската слободна алијанса (ЕФА) во врска со недозволивиот однос на ...

Истакнати претставници од академската, правната и духовната заедница доставија Предлог-резолуција до меѓународните институции, со повик за историско признавање, етичка реакција и институционална превенција од геноцидот врз македонскиот народ АПЕЛ ДО СВЕТОТ: Во значаен и долгоочекуван исчекор кон историска и меѓународноправна рехабилитација на страдањата на македонскиот народ, група еминентни македонски интелектуалци – академици, правници, ...

Словачка и Унгарија пред некој ден ги блокираа заклучоците на состанокот во Луксембург за постепено напуштање на увозот на руски гас, додека Европската комисија наведе дека ќе ги занемари заклучоците и ќе објави законски предлог во оваа смисла за кој не е потребен консензус. Ова покажува како ЕУ-елитите се секогаш „инвентивни“ кога сакаат да се заобиколи нечие вето, при што актуелен Брисел без проблем наоѓа начин да ја истурка својата агенда. Од ...

Оваа година ми беше голема чест и радост да бидам една од претставниците на Интернационалната недела на уметноста во Гуангдонг (Guangdong international art week), огромен настан што се одржа на средината на мај во меѓународниот конгресен и изложбен центар „Нанфенг“ во Гуангџоу, Кина. Учествував со три оригинални акварелни дела и голем број уникатни постери од мои дела, кои прекрасно резонираа со посетителите. Заинтересираноста на посетителите за ...

Во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа промоција на книгата од академикот Љупчо Коцарев и писателот Ефтим Клетников, а промотори беа професорот д-р Трајче Стојанов и новинарот и поет Христо Ивановски. Издавач на книгата е „Матица македонска“, а пред присутните настапи и хорот „Елегија“ под водство на Валери Стефановски со песната Заветна. За време на промоцијата на книгата беше промовирана и нацрт-резолуцијата Меѓународен ден ...

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре ќе биде забрането движење кај месноста Виречка Полјана, делчевско. Забраната, како што информираа од Подрачната канцеларија на Регионалниот центар за управување со кризи, важи за жителите од повеќе делчевски села, кои гравитираат околу споменатиот регион. – За да се спречат евентуални несакани последици се известува населението од селата Стамер, Град, Вирче, Тработивиште и Разловци дека во определениот ...

Успешен менаџер за продажба е оној што оди по песок, не му го слушаш чекорот, но трагите остануваат – ова е главната порака од книгата „Траги врз песок“ од Бојан Стефановски „Траги врз песок“, корисен водич за успех на менаџери за продажба, инспириран од врвните спортски тренери, беше промовиран минатата недела. Автор на ова инспиративно и мотивациско четиво, кое ги обединува бизнисот и спортот, е Бојан Стефановски. Во својот вовед на книгата ...

Франција планира заедно со европските партнери да предложи договорено решение за прекин на конфликтот меѓу Иран и Израел, соопшти претседателството на земјата, откако претседателот Емануел Макрон претседаваше со состанок на Советот за национална безбедност. Макрон на состанокот му наложи на министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро во наредните денови да изготви „иницијатива со блиски европски партнери што би предложила договорено решение за ...

Скопје попладнево беше зафатено од пороен дожд, ветер и грмотевици. Засега нема информации за причинета материјална штета. Синоптичарите за денеска попладне најавија нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град. Од УХМР упатија препорака во случај на појава на електрични празнења, поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Нестабилното ...

Ако продолжи воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе има импликации, може да проработат инфлациските тенденции. Тоа е опасност за Македонија. Ќе се зголемат производните трошоци на сите бизниси што е многу сериозен проблем, оценува академик Таки Фити. Според него, ова прашање е поврзано со геополитиката, а геополитичкиот пејзаж многу брзо се менува во современи услови. -Војната Украина – Русија, трговскта војна наметната од Трамп, сега Иран – ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
19%
1013
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
4.63
32%
1019
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
40%
1021
weather icon

Софија

36ᴼ / 34ᴼ
4.12
22%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
3.25
14%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
50%
1021
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
9.26
26%
1011
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
2.06
11%
1011
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.12
17%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 33ᴼ
6.71
31%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
35%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
9.77
100%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326