Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“. Како што информира Апелациониот суд, јавната седница за предметот против обвинетиот Нино Васев ќе се одржи во 10:30 часот, а седницата за организацискиот директор Нехат Нухи во 14 часот. ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Тони Коњановски, во Битола присуствуваше на почнување на реализацијата на капиталниот проект за реконструкција и адаптација на поранешното кино „Партизан“. Љутков истакна дека проектот, вреден 96 милиони денари, претставува прв сериозен чекор кон новата културна иднина на градот. – Реализацијата на проектот е предвидена до крајот на 2026 година ...

„Сенки“ е насловена самостојната изложба на Стојан Павлески што е отворена во галеријата на Македонскиот културен центар во Њујорк од 17 до 27 јуни. Проектот, конципиран како колажна инсталација, ги илустрира некогашните глорификации на идеолошката смисла на војувањето, наспроти сегашните бесмислени подвизи од името на новиот поредок, истиснувајќи го човекот од времето што го живее. – Лоцирајќи го Демначот и неговото соочување со баналноста на ...

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека Иран истрелал најмалку 10 ракети врз северниот дел на земјата. Сирените за предупредување од воздушен напад се огласија во Хаифа и северен Израел. ИДФ наведе дека е детектирано дека Иран истрелал балистички ракети. Засега нема информации за евентуални жртви. Овој напад следува по израелското ракетирање на Иран денеска наутро, само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не ...

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Останатите 40 автобуси ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа. Во интервју за Канал 5 телевизија, Николоски рече дека огласот е објавен пред два дена и дека еколошките автобуси се една ...

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако на изминатото рочиште одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда. Основното јавно обвинителство претходно побара максимална казна доживотен затвор за Палевски, Кешишев, Видевски и Манев, додека, за таткото ...

Соочен со оружен конфликт, вулканска активност и раширено уништување на шумите, најстариот национален парк во Африка почнува да произведува чоколадни горили за да ги поттикне сопствените напори за опстојување. Националниот парк Вирунга во источниот дел на Конго, кој е разорен од војна, месецов ја одбележува својата стогодишнина со производство на 25.000 рачно изработени слатки во блиската фабрика за чоколади, кои ќе се продаваат во Европа, ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека сериозно се разговара со Велика Британија за три категории на граѓани да бидат ослободени од вадење визи. Со ова, како што изјави Николоски во интервју за Канал 5, значи дека ќе бидат опфатени околу 80 проценти од граѓаните. За ова се разговарало за време на неговиот престој во Лондон. – Многу сериозно разговараме за најмалку три категории да бидат ослободени од визи ...

НЕОЛИБЕРАЛИТЕ ЈА ГУБАТ ПОЧВАТА ПОД СИЛАТА НА СУВЕРЕНИЗМОТ (ТРАМПИЗМОТ) Самитот на лидерите на Г7 одржан во Канада заврши со пораката – разбираме дека има извесни недоразбирања меѓу нас. Ја нема некогашната монолитност, а повторно на површина излезе поделбата на 6 плус 1, при што тој еден е бројка за американскиот претседател Доналд Трамп. Претседателот и врховен командант на САД не се согласува со многу политики на другите членки, па дури ќе им ...

Еден сосема различен поглед за актуелните политики на официјален Берлин Наместо заемно корисен компромис со Русија, Германија брза кон нова конфронтација. Очигледно, за колежите што ги предизвика во двете светски војни, а поради подоцнежните геополитички интереси на победниците, не беше казнета во вистинска смисла и не ја научи лекцијата. Хуго Бос повторно ќе шие Неодамна еден асистент на Универзитетот во Белград излезе пред нас со една ...

Нападите врз иранските објекти за збогатување ураниум, како оној во Натанц, не носат ризик од нуклеарна катастрофа од размерите на Чернобил или Фукушима, објави „Би-би-си“, повикувајќи се на проценки од нуклеарни експерти. Според „Би-би-си“, целите биле објекти за збогатување ураниум, а не активни реактори во кои се случува нуклеарна фисија. Поради оваа причина, ризикот од ширење на радиоактивноста е минимален. -Нема нуклеарна реакција во ...

Без завршница денеска остана 65. седница на Советот на Општина Кочани, откако најпрвин беше побарана пауза, а потоа поради инцидент меѓу советниците, претседателот Лазо Митев информираше дека го прекинува понатамошното разгледување на точките од дневниот ред. По вжештените дискусии околу повторниот предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка со Општина Струмица, се слушнаа дофрлања и меѓусебни навреди што беше и причина за инцидентот. На ...

Родителите на починатите лица во клубот „Пулс“ во Кочани денеска имаат средба со обвинителите од Основното јавно обвинителство, откако на саботниот „Марш за ангелите“побараа појаснување за поднесениот обвинителен акт во врска со трагедијата. Средбата е од затворен карактер и на медиумите не им е дозволен пристап во салата на Мултикултурниот центар каде влегоа четриесетина родители и блиски на починатите. Во обраќањето на маршот пред зградата на ...

Американската војска премести дел од авионите и бродовите од базите на Блискиот Исток кои би можеле да бидат изложени на потенцијален ирански напад, изјавија за Ројтерс двајца неименувани американски функционери, a пренесe „Танјуг“. Функционерите во среда изјавија дека преместувањето на авионите и бродовите е дел од плановите за заштита на американските сили, но одбија да кажат колку од нив биле преместени или каде. Еден од функционерите рече ...

Постојано повикуваме граѓаните да си ги контролираат здравствените сметки. На апликацијата „Мое здравје“ можат да вршат увид на прегледите и здравственото осигурување. Доколку увидат некои упати за здравствени услуги, што тие не ги користеле, да поднесат пријава до Фондот за здравствено осигурување. Ние постапуваме по сите предмети, вршиме проверки и такви случаи има редовно. Вака денеска одговори на новинарско прашање, директорот на Фондот, ...

Обвинителство информира дека е применет инструментот на проширена конфискација во случајот против сега осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше, кој во март годинава беше фатен како прима поктуп во угостителски објект. Судот, како што информираат од Обвинителство, одлучил да го прифати предлогот и да се конфискуваат сите парични средства во вкупен износ од околу 11.600 евра што во моментот на претресот биле пронајдени кај сега ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70 денари за литар исто како и ...

Владата денеска го усвои Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти. -Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу 1 процент повеќе во однос ...

Здружението Инжинери на Македонија повторно се огласи по претставката што ја поднесе на 29 мај, кога во сила стапи новиот Закон за енергетика. – Во нашата претставка баравме итно укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија, затоа што е во директна спротивност со член 185 од новиот Закон за енергетика. Дополнително побаравме итен вонреден надзор над ЕВН. Баравме РКЕ да упати јавен повик до граѓаните да пријавуваат ...

Владејачкото мнозинство е комотно, комфорно, речиси две третини од пратениците во Собранието ја поддржуваат оваа Влада, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, дали ќе има проширување на владејачкото мнозинство. -Така што, може да има, а може и да нема. Владата продолжува да испорачува тоа што го очекуваат граѓаните – изјави Мицкоски. Прашан за носењето на реформските закони, за кои треба Бадентерово ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека денеска се исплатени 341.536.000 денари на 4.144 земјоделци за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. -Се реализираше исплатата на подмерка 2.2 Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4 и 2.5 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во ...

По седум години денеска повторно беше отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана за најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи. На отворањето беше присутен премиерот Христијан Мицкоски кој посочи дека комплексот ќе придонесе во развојот на туризмот и истакна дека државата бележи раст од 20 отсто споредбено со ...

Очекуваме во следниов период да дојде експерт за ампутации од Словенија за да се погледнат опциите за третман на повредените кои имаат ампутации на прсти. Ова денеска го соопшти на прес-конференцијата во Влада, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, зборувајќи за најновите информации во врска со повредените во пожарот во кочанската дискотека. – Дополнително на тоа, за да излеземе во пресрет на потребите на повредените, ...

Комплетната анализа на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за зголемување на цените на прехранбените производи ќе биде готова во текот на наредната недела, најави денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој во Штип одговараше на новинарско прашање, дали веќе работат на мерки за да се намалат цените на прехранбените производи во супер маркетите. Ристески истакна дека оваа Влада за разлика од некои претходни влади секогаш ...

Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Една пациентка е сè уште во тешка состојба, информираше попладнево на прес – конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. – Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој би бил најсреќниот човек доколку на 24 јуни биде усвоен извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц за Македонија, но напомена дека деновиве добива информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада, дека доколку тој извештај биде изгласан, тоа би можело да ги радикализира проруските структури против сегашната ...

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не открива сè уште кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, но напомена дека тој ќе биде поддржан од коалицијата што ќе ја предводи неговата партија и дека ќе биде иден градоначалник. Ова го кажа во одговор на новинарско прашање во врска со подготовките за претстојните локални избори. – Не би споменувал имиња, бидејќи тоа е наша внатрепартиска процедура. Но, имаме неколку ...

Околу 15 објекти кои би прифатиле околу 1.500 деца, во моментов се адаптираат, реконструираат и модернизираат, а се градат уште 11 нови со капацитет за 1.100 дечиња, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што презема Владата во однос на проблемите со сместувањето и капацитетите на градинките. – Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после ...

Од понеделникот во Кичево започна наплатата на надомест за паркирање на автомобилите на јавни паркинзи. Работното време во кое ќе се наплаќа паркинг е од 7 часот изутрина до 22 часот навечер. Цената за еден час паркирање ќе чини 30 денари во првата зона, додека во втора зона цената за паркирање за период од еден час изнесува 10 денари. -Како и повеќето градови во земјава така и во Кичево од почетокот на оваа седмица, започна наплатата на јавните ...

Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола. МВР го истражува случајот што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е што навремено снабдување со електрична енергија ќе добијат сите корисници. Во РЕК Битола се даваат натчовечки напори во делот на ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
26%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
5.14
37%
1020
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
3.6
41%
1022
weather icon

Софија

35ᴼ / 33ᴼ
5.66
24%
1018
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
2.65
15%
1015
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
5.14
52%
1022
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
11.32
25%
1011
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
1.54
13%
1012
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
21%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
7.72
40%
1018
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
1.54
37%
1023
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
9.26
33%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326