Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска пред почетокот на 76. седница го информираше Собранието дека државниот обвинител Љупчо Коцевски до законодавниот дом поднел барање за престанок на функцијата. Согласно ова барање, како што кажа, расправата за негово разрешување би била беспредметна па така таа точка на дневниот ред нема да се разгледува. Претходно денеска во изјава за медиумите Коцевски соопшти дека поднел неотповиклива оставка ...

Соединетите Американски Држави му понудија на Киев безбедносни гаранции по урнекот на НАТО, бидејќи американските и европските преговарачи објавија напредок во разговорите за прекин на војната на Русија во Украина, но договор за територијални отстапки е сè уште далеку. Емисарите на американскиот претседател Доналд Трамп ја дадоа безбедносната понуда за време на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин, изјавија ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше планот на Европската Унија за издавање заеднички заеми за финансирање на трошоците на војната во Украина, предупредувајќи дека тоа ќе ги оптовари идните генерации. – Секој што бара заем од ЕУ на сметка на своите внуци сега може да се придружи на бриселскиот хор. Лесно е да се даде, но уште потешко е да се ослободите од него – напиша Орбан на социјалните мрежи. Тој истакна дека решението на ЕУ – ...

Трезорот работи, работите се извадени од контекст. Нема простор за паника, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска по објавите дека трезорот се затвара на 15-ти месецов поради немање прилив и дека ќе бидат стопирани сите исплати. – Не сме го заклучиле Трезорот. Ова прашање го следам деновиве и излезе од контрола. Не можам да ги разберам, поготово да доаѓа од опозиција која наместо да се средува во своите ...

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска соопшти дека поднел неотповиклива оставка на функцијата, пренесува МИА. Коцевски на прес-конференцијата во ЈОРМС, го оцени како политичка одлука предлогот за негово разрешување што треба да се разгледува на денешната собарниска седница. Кажа дека од функцијатра што ја вршел помалку од две години „заминува со гордо крената глава, но и со разочараност поради очигледното непочитување на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан за изгледите за ставање крај на војната во Украина Европа е на работ на голема можност и САД наскоро би можеле да ѝ стават крај на војната што Европејците не успеваат да ја решат четири години, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан на својата фејсбук-страница, пред состанокот на Комитетот за прашања на Европската Унија на унгарскиот парламент, додавајќи дека Европа нема да има друг избор освен да ги поддржи ...

Во пресрет на еден од најважните самити на носителите на највисоките државни функции во Европа во врска со војната во Украина Европската Унија продолжува со сите сили да се противи на американскиот мировен план за Украина, во име на, како што тврдат од Брисел, „заштита на украинските интереси“, при што европските лидери се обидуваат да издејствуваат согласност за планот за заем од повеќе милијарди евра за понатамошно финансирање на Киев, што ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“. Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји ...

Историски сведоштва: Како хегемонистичките идеологии се обидувале да го асимилираат македонското Население и како македонската култура и македонскиот јазик упорно опстојувале Историјата никогаш не е едноставна приказна, а уште помалку кога станува збор за Македонија, која била сместена на крстосницата меѓу големите балкански и европски интереси и која била сцена на постојани конфликти. Монографијата на Александар Николаевич Сквозников (руски ...

Многумина од нас го доживуваат зеленчукот како неизоставен дел од здравата исхрана, богат со витамини и антиоксиданти. Сепак, новите истражувања укажуваат дека преголемата консумација на овие суперхранливи намирници може негативно да влијае на нивото на тестостерон и на сексуалната виталност на мажите. Кој зеленчук е во прашање? Најчесто станува збор за зелка, брокула, карфиол и кељ, зеленчук богат со фитонутриенти. Иако има многу здравствени ...

Виртуозниот пијанист Франческо Барбаџелата од Италија и моќниот шпански тенор со импресивна вокална моќ, Рамирез Дроз Реиналдо Елаис на 20. декември ќе одржат свечен новогодишен концерт што го организира НУ „Охридско лето“ . Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток во 20 часот. Пијанистот Франческо Барбаџелета е истакнат уметник познат по својата беспрекорна техника, префинета музичка чувствителност и ...

Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска беше отворена изложбата „Круг и град“ од уметниците Петра Јованоска и Рафаел Ристовски. Претставени се графики и фотографии. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Во заедничката изложба, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски создаваат уметнички дијалог, каде двата различни пристапи — тој на Јовановска преку симболиката на геометриските ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц гледа напредок во дипломатските напори за изнаоѓање начини за ставање крај на војната во Украина. – Сега имаме шанса за вистински мировен процес за Украина. Напредокот е сè уште мал, но шансата е реална – рече Мерц вечерва на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Канцеларството во Берлин. Тој изјави дека сега има „голем дипломатски моментум, можеби најголем од почетокот ...

На протестот во Скопје за поддршка на командантите на УЧК од Косово обвинети за воени злосторства во Хаг: На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во саботата се одржа протест за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК (Ослободителна војска на Косово – ОВК), на кои им се суди во Хаг за воени злосторства. Претседателот на Организацијата на воени ветерани на УЧК, Хисни Гуцати, одржа многу провокативен и контрадикторен говор на ...

Пред да се зборува за улица, пароли и за „поддршка“, мора да се воспостави јасен интелектуален и правен контекст. Што всушност се поддржува? Да се разбереме: Хашим Тачи, поранешен претседател на Косово и политички лидер на УЧК, се товари за злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително незаконско затворање, тортура, прогон, убиства и присилни исчезнувања, врз основа на командна и индивидуална одговорност; Кадри Весели, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп сака телефонски да разговара со европските шефови на држави и влади за тековните напори за ставање крај на војната во Украина – изјави денеска висок американски функционер. Сè уште е нејасно кога точно ќе се одржи телефонскиот разговор – јавува ДПА. Американскиот функционер го спомена телефонскиот повик додека зборуваше за денешната вечера одржана во Берлин меѓу шефовите на држави и влади. Украинска и ...

За повеќеслојноста на македонскиот суверенизам (8) Впечаток е дека постојниот устав на Република Македонија практично е дефицитарен со одредби со кои би се препознале темелите на т.н. образовен суверенитет на македонската држава. Образованието во него е споменато само во одредбите и членовите 44, 45, 46 и делумно во членот 48. На пример, во членот 44 пишува: „Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви ...

Новиот премиер на Чешка, Андреј Бабиш денеска, по првиот состанок со ново именуваната Влада, нагласи дека тој е за Европска Унија, но оти ЕУ не решава некои проблеми, меѓу кои и проширувањето на шенген зоната со земјите од Западен Балкан. – Не разбирам зошто ЕУ одамна не го реши проширувањето на шенген зоната со земјите од Западен Балкан, за да ја бранат нашата Европа на море од шверцерите, кои ги злоупотребуваат луѓе и им ветуваат подобар ...

Пари во буџетот има, истиот е стабилен и во одлична кондиција, додека датумот 15 декември не значеше затворање на трезорот, туку иницијатива за правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози, за да не биде се, како што рече во 5 до 12, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. -Кога зборуваме за трезорот сакаме едноставно да има ред, тоа значи дека минатата година се случи во 5 до 12 многу налози да дојдат и да не ...

Собранието денеска треба да ја одржи 76. седница, на чиј дневен ред се Предлог за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата Јавен обвинител на Македонија и Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против налегалната миграција. Владата во Предлогот посочува дека разрешувањето на Коцевски се бара поради – направени крупни професионални грешки при раководењето на Јавното ...

Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, вчеравечер во Македонската филхармонија во Скопје се одржа традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, овој пат збогатен со настап на музичари од Централниот оркестар на Вооружените сили на Романија. По пречекот на претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и интонирањето на химната на Романија и македонската химна, ...

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови – изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора да имаме јасни гаранции од Европскиот совет, во форма на заклучоци, дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се неприкосновени и дека кога Македонија ќе стане дел од ЕУ, македонскиот јазик ќе биде официјален. Исто така, процесот мора да се ...

Одлуката за разрешување на државниот јавен обвинител не е само политичка, иако е логично да има политичка димензија – изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски. -Ние ја водиме Владата и дадовме шанса година и половина, како ниедна влада досега, на наследен јавен обвинител да се размавне со неговиот тим. Ги видовме резултатите и не сме задоволни. Логично е да влеземе во процес за избор на јавен обвинител од кој очекуваме многу повеќе – ...

Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 73 денари за ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека не се точни пишувањата на британските медиуми во врска со носење мигранти во земјава. – Не, нема вистина, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Македонија во вечерашното интервју во Тема на денот на „ТВ Сител“ за пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во државата. Премиерот Мицкоски истакна дека не само што нема вистина, туку не може да ...

Германија ќе ја продлабочи својата посветеност на одбраната на Украина преку заеднички вложувања, понатамошна интеграција на пазарот и можни федерални инвестициски гаранции, според планот од 10 точки презентиран денес за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлин. – Силната украинска одбранбена индустрија е клучна за одбраната од руска агресија и е важен елемент на безбедносните гаранции насочени кон одвраќање ...

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан пред почетокот на седницата на Комитетот за европски прашања во Парламентот во Будимпешта, на Фејсбук (Facebook) објави дека се подготвува за претстојниот Самит на Европската Унија во Брисел. – Влогот е едноставен: војна или мир. Никогаш не сме биле толку блиску до решавање на руско-украинската војна. Европа е на прагот на огромна можност: САД наскоро може да ја завршат војната што ние Европејците не ...

Во присуство на многу деца со нивните родители, граѓани на Скопје и гости од целата држава вечерва на плоштад „Македонија“ свечено беше осветлена новогодишната елка и отворен Божиќниот маркет, со што официјално започна празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември. На настанот, пред палењето на светилките на елката кое копче симболично го притисна градоначлникот Орце Ѓорѓиевски, настапи хор составен од ...

Од 18 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е затворен за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С., во својство на директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., во својство на раководител на сектор во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ од член 353-в став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
998
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
70%
997
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
4.12
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.29
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
999
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
66%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
100%
1000
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
87%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
91%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
56%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Калај

48.78

Бакар

12.12

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Паладиум

55781.55

Иридиум

221848.72

Родиум

339994.14

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Кобалт

64.04