
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Претседателката Гордана Силјановска Давкова во врска со смената на Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека во моментов е најважно да се остави Обвинителството да работи и да се справи со трагедијата која, како што рече, „ги засега сите граѓани“. -Мислам дека тоа е политички одговорно. Замислете ако вие после трагедија што цел живот ќе ја носиме, трагедија за која ни треба толеранција и единство за да се справиме, сега продолжите со ...
Современото општество бездруго носи многубројни предизвици, но без познавањето на корените не можеме да полетаме високо, изјавува Танески Звонко Танески, македонист Звонко Танески е македонски поет, книжевен критичар, универзитетски професор, научник и преведувач. Професор е на Катедрата за словенски филологии на Филозофскиот факултет во Нитра и околу дваесет години ја гради својата професионална кариера на релацијата Македонија-Словачка. ...
Во законодавниот дом денеска беше одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и јубилејот 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, на тема „Младите и употребата на македонскиот јазик“. На годинешното одбележување свои обраќања имаа претседателката на собраниската Комисија за култура и туризам Саранда Имери-Стафаи, потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, пратениците Иванка Василевска, Бобан Карапејовски и Бисера ...
Министерот за здравство Арбен Таравари од Тетово информираше дека јавната набавка за инсулин е завршена, потпишан е договор и извршено снабдување на аптеките и болниците со лекот за регулирање на шеќер во крвта. Тој рече дека јавната набавка е за наредните две години, што го оцени како начин да се избегне недостаток на инсулин. -Како Министерство за здравство и Националната комисија за дијабет, одлучија набавката за инсулин да се направи секоја ...
Продолжувањето на континуираното проучување на македонскиот јазик на сите рамништа, создавањето на корпус на македонскиот јазик и големиот наплив на англицизми беа издвоени како најголемите предизвици на денешниот настан по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје. Проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, ...
Поради масовното иселување на младите, во моментов македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората, отколку во татковината. Јазикот мораме да го заштитиме со доследно почитување на уставната норма, но и во дигиталната ера за да биде достапен за дијаспората и за идните поколенија – напомена претседателката Гордана Силјановска Давкова. Претседателката денеска е покровителка на Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на ...
Социјалдемократската партија (СПД) ги претстави своите седум членови кои според коалициониот договор ќе преземат министерски функции во новата влада на Германија. Министерот за одбрана Борис Писториус ќе остане на функцијата, Бербел Бас ќе го преземе Министерството за труд, а Карстен Шнајдер Министерството за заштита на животната средина и нуклеарна безбедност. Како што пренесува „Шпигел“, ко-лидерот на СПД Ларс Клингбајл (47) ќе стане ...
Средбата на премиерот Христијан Мицкоски со Арбен Тарвари околу актуелните политички случувања ќе биде денеска во 17 часот во рамки на Владата. Премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Општина Штип, рече дека на средба би сакал да слушне од Таравари за која опција е тој, порачувајќи дека „со или без господинот Таравари Владата е стабилна, цврста и со големо мнозинство“ и оти останува на него и неговите сопартијци да ...
Владата нема да дозволи никакви трикови за зголемување на цените во маркетите и ќе ги засили контролите не само кај трговците, туку и кај дистрибутерите и производителите. Притоа, посебно внимание ќе се обрне на влезните фактури – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна, одговорајќи на новинарски прашања во рамки на работната посета на Кавадарци, ситуацијата ќе се следи и нема да се дозволи стихијно однесување на пазарот. ...
Сојузот на здруженија со лица со дијабетес (СЗДСМ) бара од Владата, Министерството за здравство и Националната комисија за дијабетес пред престојната јавна набавка на инсулински пумпи да се осигураат минимум критерумите за квалитет и со тоа секое лице со дијабет тип 1 да има пристап до новите технологии кои превенираат нарушување на здравјето. – Македонија се соочува со предизвици во грижата за дијабетесот, особено со загризувачки најмал пристап ...
За премиерот Христијан Мицкоски намалувањето на јавниот и државниот долг претставува одличен индикатор за состојбата на македонската економија. Тоа, како што посочува, укажува дека се случило консолидирање на економијата по слободиот пат во изминатите години и оти следува период на развој. -Уште една убава вест за македонската економија и граѓаните. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви/Март, намален е јавниот и државен долг. ...
Британската служба за борба против тероризмот уапси вкупно осум мажи, вклучувајќи седум ирански државјани, во одделни рации, соопшти лондонската полиција. Би-би-си објави дека осумте мажи биле уапсени во две одделни полициски истраги за борба против тероризмот и дека, според соопштението од полицијата, петмина од нив биле уапсени на различни локации во Англија како дел од „претходно планирана“ истрага за заговор за „напад на одредени простории“. ...
Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме, обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее, ниту ние ќе бидеме Македонци без него. Ние сме оние што во него се препознаваме, со него се идентификуваме, по него се разликуваме од другите, се вели во пораката од претседателката Гордана Силјановска-Давкова по повод Денот на македонскиот ...
Кодификацијата на македонскиот јазик – од Партение Зографски, преку лозарите и Крсте Петков Мисирков, до Блаже Конески Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зар не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви? Кирил Филозоф Македонскиот литературен јазик е факт! Исто како што и суштествувањето на македонскиот ...
Во вселената, каде што ресурсите се ограничени и опстанокот зависи од иновациите, кинеските астронаути направија историски пробив. Вселенската станица „Тиангонг“ успешно произведе кислород и ракетно гориво користејќи технологија што би можела да биде пресвртница за идните мисии на Месечината и на Марс. Овој научен пробив ги потврдува амбициозните цели на Кина во длабоката вселена и носи нова надеж за создавање самоодржливи системи за живот ...
Сахара денес е бескрајна песочна пустина – негостољубива и сурова, лишена од живот. Сепак, пред неколку илјади години, овој простор беше сосема поинакво место. Во времето познато како африкански влажен период, кој траел од околу 14.800 до 5.500 година пр. н.е., Сахара била зелена, богата со вода, полна со езера, мочуришта и со живот. Тоа беше савана во полн цут – плодна земја каде што луѓето можеа да ја обработуваат почвата, да ловат, да ...
Во издание на здружението на уметност и култура „Дијалог“ од Скопје деновиве излезе од печат книгата „Македонистички предавања“ од познатата руска славистка, академик Ала Шешкен. Книгата е објавена по повод значајниот јубилеј – педесет години македонистика на Универзитетот „Ломоносов“ во Москва. Издавачот подвлекува дека „идејата за почнување македонистички студии и нејзиното реализирање на еден од најголемите универзитети во светот, досега ...
Во рамките на традиционалното одбележување на 76-годишнина од Денот на македонската дипломатија 29 април, како и 15-годишнината од своето основање и 10-годишнината од излегувањето на своето специјализирано списание „Дипломатскиот летопис“, минатата недела членовите на Дипломатскиот клуб презедоа бројни активности. Покрај редовниот преглед на досегашните активности во афирмација на меѓународната позиција на нашата држава, во печатениот 18 број на ...
Овој фељтон се занимава со прашањето за официјалното име на Гоце Делчев. Во историографијата, презимето Георги доминира како верзија на неговото официјално име; сепак, внимателното испитување на разни официјални документи покажува дека формата Георги е институционална творба, која се преселила во историографијата по инерција; самиот Делчев никогаш не ја користел формата Георги при потпишување на официјални документи или друга кореспонденција. ...
Песни што ме тераат да играм Ги имам зборовите преточени во букви, ги имам сликите, подвижни и неподвижни, во мојата глава, ги имам и емоциите длабоко во себе и ги имам мислите што постојано течат, а сето тоа е ставено на хартијата пред мене. И го препрочитувам напишаниот текст (рецензија на концертот) и сѐ е поврзано, напишано како што треба, сѐ има смисла. Но тогаш доаѓаат текстовите од неговите песни што ме мачат, па го бришам текстот што ...
Објавена e „Македонска поетика и стилистика“ – прва национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји. Монографијата е во издание на Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и Институтот за славистика на Универзитетот „Карл Франц“ во Грац. И е прво издание од ваков вид во и за македонската литература. Работата на изданието е производ на повеќегодишната работа на неколкумина македонски ...
Две лица загинаа, а 31 лице е хоспитализирано во три хрватски градови откако патнички автобус и автомобил се судрија рано изутрината на автопат во Хрватска, објавија хрватските медиуми. Денес околу 3 часот наутро, на автопатот А3 Посавска Автоцеста, кој поминува низ регионот Славонија во источна Хрватска, се судрија двокатен патнички автобус со босанска регистарска табличка и автомобил, исто така со босанска регистарска табличка, објави ХРТ. ...
Усвојувањето на македонската азбука и на македонскиот правопис во 1945 год. претставуваат круна на македонската борба за самостојност и постоење. А тоа овозможи да се раскрили македонскиот творечки ген во животот, литературата и во културата како пат за нашиот „силно светнат ден“, како што пееше бесмртниот Кочо Рацин. Да не дозволиме да ни го испоганат, погазат, негираат или да ни го одземат мајчиниот македонски јазик, зашто без него сме никој и ...
Откако трговците со уметнички дела во Унгарија испратиле на поправка виолина што ја чувале со години заедно со половен мебел, било откриено дека инструментот го направил еврејски затвореник за време на Втората светска војна меѓу ѕидовите на нацистичкиот концентрационен логор Дахау во Германија. – Пробен инструмент направен во тешки услови без алатки или материјали. Дахау, 1941 година, Францишек Кемп – гласи пораката скриена во виолината, која ...
Најмалку 40 Палестинци загинаа, а 125 ранети во Појасот Газа во израелски напади во последните 24 часа, според извори во медицинските служби, пренесуваат денеска палестински медиуми. Локалните здравствени власти во исто време потврдија дека бројот на убиени Палестинци од почетокот на израелските напади во октомври 2023 година се искачи на 52.535, додека 118.491 лица се ранети, објави палестинската новинска агенција. Според извештаите, повеќето ...
Министерството за финансии ги објави податоците за нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година. Согласно објавените податоци јавниот долг бележи намалување од 4,7 п.п. во споредба со нивото од крајот на 2024 година и изнесува 57,7 отсто од БДП или намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ. -Ваквите податоци се директна потврда за политиките што ги спроведуваме и траекторијата по која се движиме. Јавниот долг од 62,4 ...
Денеска одбележуваме 80 години од објавувањето на современата македонска кирилична азбука во „Нова Македонија“. Ова е пригодна илустрација од најновата книга на проф. д-р Илија Велев, со развојот на македонската словенска писменост, каде што во стилизиран свиток се аплицирани трите македонски азбуки: македонска (охридска) глаголица, македонска старословенска кирилица и македонска современа кирилица. Велев е универзитетски професор, научен ...
На денешен ден, 5 мај 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик На денешен ден, 5 мај 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик. Во историската приказна за буквите се содржани исклучителни примери за колективниот гениј на македонскиот народ и неговите јазични, книжевни, просветни и културни ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го повика лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, да извлече поука и наместо да се заканува со излегување на улица, да се фокусира на структурни реформи во својата партија. Изјавата на Ахмети денеска ја коментираше и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на македонија (СДСМ), Венко Филипче. Тој рече дека правото на протест е уставно загарантирано право, но не смета дека тоа треба да ...
Фотографијата Пролет на авторот Мартин Ташкоски е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ фотографија на неделата. -Фотографијата е направена на 13 април 2025 година во паркот „Авионче“ во Скопје, а во позадина се гледа црквата Св. Јован Крстител – вели Ташкоски. Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата Фотографијата секој вторник, на цела ...