Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Седум нови случаи на инфекција со западнонилска треска се регистрирани оваа недела во Македонија, информираше денеска Министерството за здравство. Според соопштението, сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. – На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се ...
Од Министерството за економија и труд сметаат дека нема потреба од воведување нови интервентни мерки, бидејќи најновите официјални податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата опаѓа и ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот. -Министерството за економија и труд и понатаму внимателно ги следи движењата на цените преку официјалните статистички податоци, но и преку ...
Во сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотоцикл, на патот од Радишани кон Побожје, загинало 21-годишно момче, потврдил за МИА д-р Драган Панов, раководител на смена во Итна медицинска помош – Скопје. Според првичните информации, момчето кое управувало со мотоциклот, починало на лице место. – По пристигнувањето на лице место на наша екипа, констатирана е смрт на лице место без витални знаци на живот – изјавил д-р Панов. Во сообраќајна ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија со загриженост констатира дека се појавува пракса во која Владата систематски одбива да одговара на новинарски прашања и го ограничува пристапот до информации од јавен интерес. -Истата се повтори и на вчерашниот настан на кој владиниот Пи-ар одговараше селективно на новинарски прашања. Обврска на Владата е да комуницира транспарентно со јавноста. Молкот не смее да биде ...
Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ потврди дека во земјата се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година. Заболените се жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. И двајцата се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести поради невроинвазивна форма на заболувањето. Од Институтот апелираат граѓаните да се заштитат од убоди од комарци со користење репеленти, носење ...
Од Министерството за здравство утрово информираа дека се известени од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите на кои им е потребен. – Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по ...
Најсилната европска економија влегува во опасна зона Германија, поранешниот економскиот мотор на Европската Унија, се соочува со најголемиот бран корпоративни банкроти во повеќе од две децении. Рекорден број компании пред затворање Според податоците на Институтот за економски истражувања од Хале (ИВХ), во вториот квартал од 2026 година дури 4.996 компании поднеле барање за несолвентност, што претставува раст од девет проценти (девет отсто) ...
Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен амбиент кој совршено ја надополни ...
Грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори вечерва ќе концертираат на традиционалната Грчка вечер на „Охридско лето“ што се одржува со поддршка од Амбасадата на Грција во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Оценета од списанието „Би-би-си мјузик“ како пијанист со драматични квалитети, емотивна суптилност и како возбудлив изведувач, грчката пијанистка Теодосија ...
Пијанистот Mихаил Јагуриноски (22) е ново име во македонската класична музика. Роден е во Прилеп, каде го завршил основното образование и основното музичко училиште, а средното музичко образование го оформил во Државно музичко училиште во Битола. Сега е студент на Факултетот за музичка уметност при УКИМ во Скопје, во класата на проф. м-р Дино Имери. Иако млад и уште студент, благодарение на својот талент, но и на љубовта и посветеноста го ...
Изложба на скулптури „Ризница на добродетели“ на монахињата Ана Пановска Несекојдневно уметничко доживување за кавадарчани приреди првата самостојна изложба на скулптури под наслов „Ризница на добродетели“ на монахињата Ана Паноска, која во рамките на манифестацијата „Кавадаречко културно лето“ беше отворена во галеријата на домот на културата „Иван Мазов-Климе“. Поставката е составена од тринаесет скулптури, од кои десет изведени во ...
„Светот црта – Велес изложува“ Велес уште еднаш докажува дека е значаен фактор на меѓународната стрип-сцена. Најновото издание на Меѓународниот стрип-салон и традиционалната стрип-колонија, организирани од Стрип-центарот на Македонија (СЦМ-Велес), започнува во знак на историски успеси – голем бран пријавени дела на меѓународниот конкурс. Притоа, велешкиот стрип-салон јасно го истакнува чистиот стрип како култура по себе (без никакви ...
Европската централна банка (ЕЦБ) го започна процесот на редизајн на евробанкнотите, со цел тие да бидат побезбедни, поиздржливи и попристапни за сите граѓани. ЕЦБ претстави 10 предлог-дизајни, а јавноста ќе може да гласа за нив до 21 септември. Конечниот изглед на новите банкноти треба да биде избран до крајот на годинава. Новите евробанкноти ќе добијат понапредни заштитни елементи против фалсификување, ќе бидат изработени од поиздржливи ...
Граѓанската маска на Граѓанската партија на Грците во Србија падна, а заедно со неа и маските на патронот од Атина Постојат моменти кога една политичка реакција кажува многу повеќе за оној што реагира отколку за поводот поради кој реагира. Таков е и настапот на таканаречената Граѓанска партија на Грците во Србија, која побара да биде запрена иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад. – Ова не е реакција на ...
Во акциската контрола спроведена вчера од 17 до 23 часот низ целата држава, полицијата санкционирала 222 возачи на мотоцикли, соопшти Министерството за внатрешни работи. Најголемиот дел од прекршителите – 186 мотоциклисти – управувале без заштитна кацига. Полицијата привела 14 возачи поради кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, бидејќи сите возеле без возачка дозвола. Во акцијата биле одземени и 14 мотоцикли. За време на ...
Повод за геополитичка опсервација: Што кажа рускиот претседател Владимир Путин на прославата на Денот на руската морнарица во Санкт Петербург Не секогаш големите геополитички цели се остваруваат исклучиво со примена на воена сила. Имено, во повеќе наврати историјата покажува дека државите честопати се обидуваат да ги обликуваат политичките процеси преку внимателно избрани пораки, создавање нови партнерства и поттикнување интереси што во ...
Изјавата на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски како повод Доверливите разговори често претставуваат своевиден тест на можните решенија. Во нив се проверува дали постои простор за приближување на ставовите, без веднаш да се создава атмосфера на победници и поразени. Ако разговорите дадат резултат, тогаш договорот излегува пред јавноста. Ако пропаднат, процесот завршува без дополнително да ги наруши односите меѓу страните Во ...
Деновиве, во Културниот центар „Магаза“ во Битола, беше отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници-Битола (ДЛУБ) на која со свои дела се претставија четириесет уметници. Изложбата беше отворена со обраќања на Нела Петровска, претседателка на ДЛУБ, Маргарита Спасова, директорка на Завод и музеј – Битола, историчарката на уметност Лилјана Христова и историчарот на уметност Филип Иванишевиќ. – Каталогизирањето (односно ...
Во изминатото деноноќие полицијата привела 15 лица низ државата поради кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, сите приведени управувале возило без возачка дозвола, а петмина од нив се малолетници. По целосното документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од Министерството апелираат до граѓаните строго да ги почитуваат ...
До 18 часот денеска во земјава се евидентирани 18 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на локалитетот Стојанова Населба, каде што горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во општина Струмица, меѓу селата Ново и Старо Коњарево, каде што ...
Пентагон подготвува нова нуклеарна стратегија со која САД би биле поподготвени да одговорат на евентуални закани од Русија или Кина, објави телевизијата „Ен-би-си“, повикувајќи се на извори од американското Министерство за одбрана. Според висок претставник на Пентагон, стратегијата има цел да му обезбеди на американскиот претседател Доналд Трамп повеќе „кредибилни нуклеарни опции“ во случај на криза, особено доколку американски сојузници ...
Неформалната организација за афирмација на младинската култура по вторпат го организира настанот за млади „Клинци“, каде што ќе се претстават четворица млади автори и ќе биде поставена изложба на младиот уметник Бојан Звездаковски. На настанот ќе учествуваат младите автори Викторија Ангеловска, Драгана Стојадиновска, Дамјан Златановски и Софија Тодороска. Тие ќе се претстават со своја поезија и проза, а публиката ќе може да ја погледне и ...
Песни што ме тераат да играм Не знам за вас, ама за мене целото тоа движење нов романтизам беше некако празно, голо. На око убаво, светкаво, но музички неповрзано, текстуално катастрофа. Што да се очекува од движење што израсна веднаш по или во време на панкот, и тоа од неколку бутици на кои им беше доста од искинати фармерки, кожени јакни, спојувалки, патенти расфрлани онака без врска, скинати чизми и чудно обоени коси. И за да дојдат до ...
Историски момент за астрономијата Опсерваторијата „Вера Ц. Рубин“ го објави првиот производ со научни податоци изграден врз набљудувања направени од најголемата дигитална камера во светот. Фотографијата го прикажува КОСМОС. Сместен во соѕвездието Секстанс, КОСМОС е еден од најнабљудуваните региони на универзумот, а новата фотографија дава нов поглед на оваа добро позната вселенска знаменитост. Сликата, која прикажува различни видови галаксии, ...
Харизматичниот холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија вчеравечер во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а продолжија со уште една Соната за виолина и пијано од Франсис Пуленк. Репертоарот го заокружија со Фантазија за виолина и пијано од ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска предупреди дека новата учебна година ќе започне со значително помал број ученици, пред сè поради драстичниот пад на бројот на запишани првачиња. Според неа, во учебната 2026/2027 година досега се запишани околу 4.900 првачиња помалку во споредба со лани, а и по завршувањето на дополнителните уписи се очекува бројот да биде најмалку 3.000 помал од минатата година. – Бројката сè уште не е ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведе вонредни инспекциски надзори во здравствените установи каде што се лекувала пациентката С.М., соопшти Министерството за здравство. Надзорите биле извршени во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и на Универзитетската клиника за неврологија. Инспекторите извршиле увид во медицинската документација и здравствената евиденција, а земени се и изјави од здравствените ...
Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, оцени дека преговорите со Иран нема да бидат брзи, наведувајќи дека Техеран е „исклучително тежок соговорник“ поради внатрешните поделби во политичкиот систем. – Иранците се исклучително тешки луѓе и имаат фрагментиран систем. Во нивниот систем има луѓе кои сакаат војната да заврши, но има и радикали кои сакаат конфликтот да продолжи – изјави Венс, пренесе „Фокс њуз“. Тој нагласи дека целта на ...
Сеута и шпанската мигрантска криза повторно ја разголуваат најголемата слабост на ЕУ Последната ескалација околу шпанската енклава Сеута повторно ја стави на тест европската кохезија. Наместо единствен одговор, Брисел доби нова политичка пресметка меѓу земјите членки. Додека шпанскиот премиер Педро Санчез бараше европска солидарност, дел од европските лидери ја обвинија неговата влада дека со својата миграциска политика го охрабрува новиот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Брисел Плејбук“ на „Политико“ оцени дека Македонија заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија, по повеќе од две децении чекање. Според Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, „Политико“ потсетува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната ...