Собранието на денешната пленарна седница ја констатираше оставката на уставниот судија Гоце Наумовски, со што официјално му престана функцијата, пренесе МИА. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, информираше дека Наумовски нема да ја образложи својата оставка пред пратениците. -Согласно член 121 од Деловникот на Собранието, уставниот судија има право да ја образложи оставката. Бидејќи сум известен дека тоа нема да го направи, ...

Општина Гостивар од денеска воведува дополнителни мерки за справување со состојбата предизвикана од загадената вода за пиење. Активиран е Кризниот штаб, а ќе биде отворена и телефонска линија преку која граѓаните ќе можат да побараат помош и достава на вода за пиење, пренесе МИА. Ова на денешната прес-конференција го соопшти градоначалникот Ваљбон Лимани, кој најави дека Кризниот штаб наскоро ќе одржи седница и ќе носи препораки и мерки за ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата денеска ќе донесе одлука за намалување на акцизите за безоловниот бензин и дизел-горивото, со цел да се ублажат последиците од растот на цените на нафтата на светските пазари. Говорејќи по посетата на Општина Велес, Мицкоски рече дека повторното зголемување на цените на нафтата, предизвикано од воените случувања во Персискиот Залив, претставува сериозен предизвик за македонската економија. – ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за состојбата со загадената вода во Гостивар морална одговорност треба да понесат сите локални функционери, почнувајќи од градоначалникот, додека за евентуална кривична одговорност, како што рече, треба да се произнесе Обвинителството, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Велес, Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да им помага на граѓаните на Гостивар со ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница запре повеќе постапки и отфрли неколку пријави, откако утврди дека по наводите веќе постапувале надлежните институции или биле преземени соодветни мерки во рамките на нивните законски овластувања, пренесе МИА. Еден од затворените предмети се однесува на анонимна пријава за исплата на додаток на плата од 15 проценти во Агенцијата за финансиска поддршка. По вонредниот ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека Владата преку АА програмата и проектите со Светската банка досега инвестирала, или во моментов инвестира, околу девет милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, пренесе МИА. Говорејќи при посетата на градот, Николоски посочи дека станува збор за значајни инвестиции кои се реализираат преку повеќе проекти. -Денеска започнува реконструкцијата на две улици, а една ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, поради сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување исправа“. Според Управата, пријавениот А.З., кој работел како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, во периодот од март 2020 до февруари 2023 ...

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јули изнесува 68.498 денари и е пониска за 156 денари во споредба со истиот месец минатата година, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според пресметките на ССМ, доколку во трошоците се вклучи и кирија за изнајмен стан од 60 квадратни метри, вредноста на минималната синдикална кошница достигнува 83.873 денари. Најголем дел од месечните трошоци и натаму се однесуваат на ...

Убавините на островот Крит (втор дел) Крит со векови има богата култура, разнолика природа, интересни градови и убава музика што треба да се видат и истражат доколку сте таму. Па така, и ние се решивме да прошетаме да видиме неколку значајни града богати со историја. Првата одредница беше градот Ханиа, кој се наоѓа на речиси три часа пат од Херонисос. Тргнавме со автобусот, со Бранко и патувачката дружина, а патот нè водеше преку планини и ...

НУ Завод и музеј – Битола организираше меѓународна стручна работилница за конзервација на културното наследство во рамките на „Акт фор Преспа“ (ACT4PRESPA). Не може само од учебници да се научи како се зачувува културното наследство. Највредното знаење се стекнува на самите споменици на културата – преку размена на искуства, различни пристапи и заедничка работа на стручните лица. Токму затоа, НУ Завод и музеј – Битола, како водечки партнер во ...

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека се преземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), кај граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена. По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за ...

Повод: Повикот на Европската комисија секоја држава членка да воспостави национален механизам што ќе ги координира сите институции поврзани со европската стратегија „Глобал гејтвеј“ Со формирањето на „Тим Австрија“, Виена практично го прифати повикот на Европската комисија секоја држава членка да воспостави национален механизам што ќе ги координира сите институции поврзани со европската стратегија „Глобал гејтвеј“ (Global Gateway). Целта не ...

Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на ...

Фељтон: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МЕЃУ НАУКАТА И ПОЛИТИКАТА (5) До крајот на XIX век, македонскиот народен јазик веќе одамна не бил само средство за секојдневна комуникација. Тој живеел во народното творештво, во книгите на преродбениците, во црковната книжевност, во дамаскините и во многубројни ракописни и печатени споменици. Недостигало, меѓутоа, нешто што секој современ литературен јазик мора да го има – јасна научна концепција за неговата ...

ФЕЉТОН „ОД ЃУРЃОВДЕН ДО МИТРОВДЕН“ Историските преданија за Гоце Делчев, како многу важен дел од македонската фолклористика, овозможуваат увид во колективните спомени на македонскиот народ за ликот и делото на Делчев. Неговата организаторска и револуционерна дејност, која е прикажана не само во историските податоци туку и во преданијата, оставила голема трага на овие простори. Првата посериозна научна студија за историските преданија за Гоце ...

Неодамна завршија теренските истражувања на археолошкиот локалитет Велушка Тумба во Пелагонија. Истражувањата се спроведуваат во соработка меѓу НУ „Завод и музеј“ – Битола и Центарот за истражување на предисторијата, а во нив учествуваат Германскиот археолошки институт и Универзитетот во Базел, преку кои се изведуваат археоботанички и радиокарбон-анализи. Раководител на истражувањата е д-р Гоце Наумов, а кораководителка виша кустоска е ...

Знаменитостите на Македонија Преспанско Езеро не е само природен пејзаж што ја украсува јужната граница на Македонија туку вистински митолошки хоризонт во кој се спојуваат историјата, преданието и човечката фантазија. Неговата тишина не е обична тишина – таа е длабока како вековите, како да ја чува меморијата на исчезнати светови. Длабочината на езерото не е само вода туку огледало на вечноста, во кое се одразуваат и радост и трагедија и ...

Танцовиот перформанс „Митот за Амазонките“, инспириран од легендата за митската раса жени воини, беше изведен на „Охридско лето“ од грчкиот танцов театар „АРТ денс“. Во сржта на ова атрактивно музичко-сценско дело беа Амазонките, симбол на силата, автономијата и еднаквоста, кои оживеаја на сцената „Долни сарај“ преку динамичен спој на современиот танц и театарски израз, со оригинална музика напишана од Јанис Псимадас, специјално за оваа ...

Од печат излезе книгата „Рацин(е!)“, впечатлива студија од професорката Марија Ѓорѓиева-Димова, која претставува значаен придонес кон рацинологијата. „Студијата ‘Рацин(е)!’ на Марија Ѓорѓиева-Димова, без сомнение, претставува едно впечатливо, оригинално, теориски и илустративно цврсто засновано толкување на поезијата на Кочо Рацин во контекст на неговото и на нашето време, од поетичка, но и од културолошка и од историска перспектива“, пишува ...

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија врвните уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“. Пред бројната публика, која со долг аплауз ја поздравуваше секоја изведба, беа оживеани некои од најубавите бисери на македонското музичко наследство, во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. ...

Иницијатива во Словенија за распишување референдум за напуштање на НАТО Додека во Брисел и Вашингтон се договараат нови стратегии за драматично зголемување на воените буџети, во срцето на една членка на НАТО се отвора сосема поинаква дебата. Љубљана како предупредување Имено, Словенија, држава што долго време се сметаше за пример на успешна евроатлантска интеграција, денес станува простор каде што се судираат две визии за иднината на Европа ...

Влажната и топла средина влијае поволно за размножување и ширење на бактериите, габите и на вирусите што предизвикуваат голем број непријатни тегоби. Ако на ова ги додадеме и летниот распуст, семејните годишни одмори и долгото време поминато во базен или во морска вода, можноста за добивање инфекција е многу голема, објаснува проф. д-р Снежана Ивиќ-Колевска, микробиолог во „Ре-медика“. – Водата е погодна средина за раст и размножување на ...

Водата не е само природен ресурс. Таа е предуслов за живот, јавно здравје, економска стабилност и за национална безбедност. Затоа секое постапување што може да ја загрози исправноста на водата за пиење претставува напад врз едно од најосновните човекови права и еден од најсериозните облици на институционална неодговорност, и тоа двапати директно поврзано со (не)функционирањето на институциите на локалната самоуправа. Последните случувања во ...

Драмскиот репертоар на 66.„Охридско лето“ вчеравечер на публиката ѝ ја понуди театарската претстава „Која е Лорет“ од Флоранс Кадије, во режија на Драгана Милошевски-Попова, а во изведба на Театарот за деца и Младинци-Скопје. Во фокусот на приказната е Лорет, девојче со Даунов синдром, кое не е дефинирано преку една особина, туку преку сите улоги што ги живее. Според директорката на НУ Театар за деца и младинци-Скопје, Фросина Карловицс, ...

Надлежните институции денеска се очекува да ги објават резултатите од анализите што треба да ја утврдат причината за зголемениот број лица со стомачни тегоби во Гостивар. Во меѓувреме, продолжуваат здравствените и превентивните мерки, а од синоќа започна и дистрибуција на пакувана вода за пиење. Преку владините служби, во градот секојдневно ќе се дистрибуираат по 50.000 литри вода за пиење, соопшти директорот на Службата за општи и заеднички ...

Три лица, кои вчера беа пријавени за исчезнати, синоќа се пронајдени починати во превртен автомобил на патот од Граничниот премин Блаце кон Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 19 јули во 22.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце – Скопје има превртено патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки. Полициски службеници веднаш излегле на местото на несреќата, ...

Од денеска до 23 јули во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, поради што ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти МВР. Посебниот режим на сообраќајот ќе се применува во поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници. Од денеска ...

Денеска времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места ќе има услови за невреме со појава на град. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 34 и 40 степени. Во Скопје ќе ...

Фотографијата Галичка невеста на авторката Викторија Стојковска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. -Нашата традиција преточена во обичаи, вез, танц, музика, нашиот фолклор… Нашето битисување. Ми претставуваше огромна радост и чест да присуствувам на манифестацијата Галичка свадба, а посебно ме радува фактот дека и огромен дел од присутните беа млади луге. Традицијата продолжува. И вака се сака Македонија – ...

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што ноќеска го погоди регионот на Андите во Перу. Поради потресот, околу 300 жители беа принудени да ги напуштат своите домови, кои претрпеа оштетувања. Според сеизмолошките служби, земјотресот бил регистриран вчера во 21:24 часот по локално време. Епицентарот се наоѓал на два километри западно-југозападно од градот Сикаја, ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
4.01
22%
1010
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
6.82
55%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.93
22%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.21
28%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
5.95
32%
1011
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.45
35%
1012
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.71
35%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.02
30%
1012
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.11
32%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1011
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 37ᴼ
1.79
23%
1012
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
5.88
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20

Цинк

0.00

Паладиум

43499.96

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Злато

136962.18

Бакар

13.51

Кобалт

56.29

Родиум

274085.11

Сребро

1994.05