Американскиот Сенат усвои предлог-закон за санкционирање на купувачите на руски енергенти Американскиот Сенат со огромно мнозинство од 86 гласа „за“ и 11 „против“ го усвои т.н. Закон за санкции против Русија и Иран (Lindsey O. Graham Sanctioning Russia and Iran Act of 2026), кој го носи името на сенаторот Линдзи Греам, еден од најжестоките американски поддржувачи на Украина, кој почина во јули. Законот сега треба да помине низ Претставничкиот ...

Вашингтон планира санкции против оние што продолжуваат да ја одржуваат руската енергетска машина во живот. Тоа е суштината на новиот закон за санкции. И затоа законот може да биде многу поважен од самата бројка од 100 отсто. Бидејќи стоотстотната царина не мора ни да биде воведена за да има ефект. Доволно е европските компании да знаат дека Вашингтон има политичка и законска можност да ја повлече таа рачна сопирачка. Тогаш инвеститорите ...

И денеска ќе продолжат високите температури поради топлотниот бран што ја зафати Македонија, предупредуваат од Управата за метеоролошки работи (УХМР). Температурата ќе се искачи до 40 степени, а сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да ...

Германската политичка сцена пред нова пресвртница Германскиот канцелар Фридрих Мерц влегува во можеби најтешкиот период откако дојде на власт, бидејќи исходот од покраинските избори во Саксонија-Анхалт би можел да ја одреди не само иднината на неговиот кабинет туку и рамнотежата на моќта во Христијанско-демократската унија. Изборите во оваа источногерманска покраина ќе се одржат на 6 септември, а анкетите покажуваат дека Алтернатива за ...

Вашингтон планира санкции против оние што продолжуваат да ја одржуваат руската енергетска машина во живот. Тоа е суштината на новиот закон за санкции. И затоа законот може да биде многу поважен од самата бројка од 100 отсто. Бидејќи стоотстотната царина не мора ни да биде воведена за да има ефект. Доволно е европските компании да знаат дека Вашингтон има политичка и законска можност да ја повлече таа рачна сопирачка. Тогаш инвеститорите ...

Сушата во Европа како предупредување Европа ова лето не се соочува само со уште еден топлотен бран туку со предупредување што веќе ги менува економските и енергетските политики. Сушата што зафати голем дел од европскиот континент откри колку е ранлив системот што со децении се сметаше за стабилен. Дунав на одделни места достигна ниво пониско и од историскиот минимум измерен во 1909 година. Во Бугарија и Хрватска бродови остануваат заринкани ...

Министерството за здравство реагира дека здравствениот систем во Гостивар навремено постапил, пациентите добиле соодветна медицинска грижа, а јавноста била информирана за состојбата, пренесе МИА. Од Министерството велат дека ја почитуваат законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ и очекуваат надлежните институции професионално и неселективно да ги испитаат сите наводи. Основното јавно обвинителство веќе ...

Првите 30 од вкупно 150 електрични автобуси се очекува да пристигнат во земјава во декември или јануари, а целата набавка да биде реализирана во рок од година и половина, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пренесе МИА. Процесот на жалби е завршен, откако Второстепената комисија за жалби по јавни набавки денеска ја отфрли единствената поднесена жалба. Следува потпишување на договорот со избраниот понудувач. ...

Колагенот е важен за кожата, зглобовите, косата и за ноктите. Одредени намирници можат да придонесат за негово внесување и за создавање во телото. Домашните супи, рибата и квалитетната храна се добар избор за исхрана богата со колаген. Колагенот е еден од најважните протеини во човечкото тело бидејќи придонесува за еластичноста на кожата, здравјето на зглобовите, како и за цврстината на косата, ноктите и на сврзното ткиво. Бидејќи неговото ...

Во уметничката галерија „Пионери“, на 19 август, во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Ана Јовановска, наградувана македонска графичарка, графичка дизајнерка, авторка на уметнички книги и мултидисциплинарна уметница со седиште во Токио. Нејзината уметничка практика произлегува од внимателно набљудување и интуитивна реакција на современото време, просторот и емоциите, истражувајќи ги нивните состојби во контекст на современиот ...

Иран и Оман договорија мапа за пловидба низ Ормуската Теснина и во моментов ги разгледуваат техничките детали, соопшти портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи. Според Багеи, преговорите се конструктивни и имаат за цел да го утврдат правецот на пловидба низ стратешкиот пловен пат. Техеран, сепак, предупреди дека преминот ќе биде овозможен под услови утврдени од Иран. Багеи го оцени јужниот правец на пловидба ...

МВР синоќа санкционираше 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол во рамки на акциска контрола спроведена низ земјава. Контролата се одвивала од 22.00 до 04.00 часот, при што кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. Од нив, 55 биле санкционирани согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека против петмина биле поднесени кривични пријави. При контролата биле откриени и санкционирани уште 124 ...

Научници развија нов вид молекула која би можела да отвори нов пристап во лекувањето на одредени сериозни заболувања. Станува збор за таканаречени „молекуларни лепила“ – соединенија што можат да поврзат штетен протеин со природниот систем во клетката задолжен за негово отстранување. Во истражување објавено во научното списание „Science“, научниците покажале дека ваква молекула може да се искористи за отстранување на протеинот KAT2A, кој има ...

Најмалку 47 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија, соопштија локалните власти. Десетици објекти се урнати, а има и повредени и лица заробени под урнатините. Епицентарот бил во близина на Сан Хосе дел Палмар, во департманот Чоко, на околу 400 километри западно од Богота. Според Геолошкиот завод на САД, земјотресот се случил на длабочина од 107 километри и бил почувствуван и во Еквадор и Панама. ...

Зголемената вулканска активност на италијанската Етна предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај на Сицилија. Најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества вулкански пепел и вжештени парчиња карпи, пренесе „Ројтерс“. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), густи текови лава истекуваат од два отвора на падините на вулканот, на надморска височина од околу 2.360 и 2.750 метри. Поради ...

Уште еден случај на затруено дете е евидентиран во Куманово. Вчера во 14:28 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено со лекови. Од кумановската полиција информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот. Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била укажана медицинска помош, по што ...

Воено-експертска анализа: Зошто Путин разреши четири генерали за да ја зајакне логистиката? Указот на рускиот претседател Владимир Путин, проследен со зборовите изговорени при последната голема ротација на високите руски команданти, заслужуваат многу подлабока анализа отколку што изгледа на прв поглед, велат наши соговорници, воени експерти и поранешни генерали во АРМ, кои го иницираа брифингот по ова прашање. Русија се подготвува за војна ...

Делегации од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, Владата, Собранието и Кабинетот на претседателката на државата денеска положија цвеќе пред спомен-плочата во касарната „Илинден“, во спомен на осумте припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Централната делегација од Генералштабот и Министерството за одбрана ја предводеше началникот на Генералштабот на Армијата, ...

Многу топло време со температури до 40 степени Целзиусови се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Многу топло време со температури до ...

Дизелот за 8, а бензините за 4 денари Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 87 денари за ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оддаде почит на осумтемина македонски бранители кои загинаа кај Љуботенски Бачила пред 25 години, истакнувајќи дека нивната жртва останува трајно потсетување на цената на мирот, слободата и безбедноста. Во објава на Фејсбук, Мицкоски се потсети на трагичниот настан од 10 август 2001 година, кога при активирање мина на патот кон Љуботенски Бачила животот го загубија припадниците на резервниот состав на ...

АВСТРАЛИЈА ПРЕД НОВ ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО Пописот не е само статистичка постапка – тој е официјално признавање на постоењето, бројноста и придонесот на една заедница каква што е македонската во австралиското општество. За македонската заедница, секој одговор има значење. Секој човек што ќе се изјасни како Македонец придонесува кон создавање реална слика за големината на заедницата и нејзиното место во мултикултурна Австралија. Накусо, тоа ...

Владата во моментов нема да воведува нови мерки за ограничување на цените, бидејќи инфлацијата и движењето на цените се под контрола, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој посочи дека последното поскапување на дизелот е последица на движењата на светските берзи, но нагласи дека Владата со намалувањето на акцизата и ДДВ-то на горивата успеала да ги задржи цените пониски од оние во соседните земји. – Нашата цел е ...

Печалбарските патишта на Македонците во Австралија Историјата на македонската дијаспора всушност е историја на болка и надеж, на разделби и повторни средби, на тишината на празните огништа и на гласот на новите заедници што никнуваат далеку од татковината. Феноменот на печалбарството е сржта на таа приказна – тој е мостот што ги поврзува селата на Македонија со рударските градови на Австралија, со фабриките во Америка, со лозјата во Канада. ...

Во оваа година македонската кинематографија е во фокус со интензивен продукциски период во кој се снимат три долгометражни филма, додека четвртиот започнува со снимање во август. Филмовите ги осветлуваат различни жанрови и три различни режисери, поддржани од Агенцијата за филм. Станува збор за „Мравки“ во режија на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов и „Ајал“ во режија на Арбен Тачи, додека на 25 август започнува со ...

Најмалку 12 лица ги загубија животите на Филипините во свлечишта и поплави предизвикани од обилните монсунски дождови, додека уште осум лица се водат како исчезнати, соопштија властите. Повеќе од половина милион луѓе во 33 провинции се погодени од југозападниот монсун, кој дополнително е засилен од два тропски циклони. Националниот совет за намалување и управување со ризици од катастрофи пријавил и стотици оштетени домови и објекти од ...

САД подготвуваат нова нуклеарна стратегија со која американскиот претседател би добил поширок спектар на опции за евентуална употреба на нуклеарно оружје Ако во изминатите три децении доминираше уверувањето дека нуклеарното оружје останува исклучиво средство за крајна одбрана, денес најголемите сили повторно размислуваат за сценарија во кои тактичкото нуклеарно оружје би можело да биде дел од регионални конфликти. Самата идеја за нова ...

Сосема случајно, еден мој драг пријател, познатиот скулптор, а по вокација и срце – натурализиран бабинчанец, Сале, неодамна сподели линк до текст и фотографии објавени од северниот сосед, од автори што се претставуваат како истражувачи на минатото. На Сале, секако, му должам благодарност што без да знае ми отвори една интересна историска трага. Последниве години сè почесто се среќаваме со еден вид засилено, а понекогаш и мошне агресивно ...

Историски трилер По договореното со Гаврило Колароски, Карпис Карапетјан се симна кај тврдината Анадол. Тоа беше дел од планот што го смисли Гаврило Колароски. Бидејќи луѓето што се во таинствени мисии во секого од опкружувањето гледаат противник, Карапетјан беше мошне внимателен кога преправен во грбавец стапна на копно. Потоа веднаш капариса пајтон, кој го одведе во Истанбул. Во вилата постоеја подрум и скривница во која беше сместен ...

Еден домашен апарат може да ја зголеми температурата во станот до пет степени во лето, предупредуваат експертите. Заменувањето на класичните светилки со ЛЕД-осветлување може да придонесе за попријатна температура во домот. Во текот на најжешките денови, се препорачува да се користат алтернативни методи за приготвување храна за да се одржи домот ладен. Пред нас е повеќедневен топлотен бран со температури што на некои места ќе ја надминат 40 ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87