Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе биде засилен. Минималните температури ќе се движат од 14 до 23 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во делови од Скопската Котлина ...
Со изведување на градежното вештачење за објектот „Пулс“ и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, изнесе низа наоди од вештачењето, посочувајќи дека во „Пулс“ системот, ...
Денеска и во петок, 14 август, ќе се одржи августовскиот рок за екстерните испити од државната матура за кандидатите кои во јуни не ја положиле матурата или не ги положиле сите предвидени испити. Полагањето ќе започнува во 9 часот. Според податоците на Државниот испитен центар, за августовската сесија се пријавени 1.328 кандидати за државна матура, 126 за државна стручна матура и шест за државна уметничка матура. Денеска кандидатите ќе го ...
Парламентот на Унгарија го избра Андраш Бака, поранешен претседател на Врховниот суд, за нов претседател на земјата. Бака беше избран на функцијата, која во голема мера има церемонијален карактер, со гласовите на владејачката десноцентристичка партија Тиса. Пратениците од опозицискиот Фидес претходно најавија дека нема да учествуваат во гласањето. Претседателот на Унгарија се избира со двотретинско мнозинство на тајно гласање. Доколку првиот ...
Министерството за транспорт ја презеде обврската за санација на свлечиштето на патот кон Тефериџ во Општина Кисела Вода, поради сложеноста на проблемот и потребата од дополнителна стручна експертиза, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Телма, пренесе МИА. Николоски информира дека во тек е постапка за избор на изведувач, а по завршувањето на тендерот ќе започнат активностите ...
На територијата на државата до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пренесе МИА. Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во Општина Ново Село, на планината Огражден ...
Министерството за внатрешни работи денеска упати апел до граѓаните да не отвораат сомнителни пораки кои наводно се испратени од системот „Безбеден град“ и да не споделуваат лични или банкарски податоци, пренесе МИА. Од МВР информираат дека во изминатиот период е забележана зголемена појава на фишинг-напади преку лажни СМС и електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Во конкретниот случај, граѓаните ...
Либанскиот парламент денеска донесе историска одлука со која целосно се укинува смртната казна, а Либан станува првата арапска земја што формално ја укинува најстрогата кривична санкција. Со законските измени, смртната казна ќе биде заменета со доживотен затвор со тешка принудна работа. За реформата гласало мнозинството од 128-члениот парламент, додека против се изјаснил парламентарниот блок на Хезболах, пренесе „Асошиејтед прес“. – Ова е ...
На 9 август 2026 година, во селото Пасинки во областа Голо Брдо, се одржа првата годишна средба на жителите и иселениците од селото, на која околу 160 луѓе повторно се собраа околу заедничките корени, спомените и традицијата на родниот крај. Средбата беше организирана со цел да ги поврзе луѓето кои потекнуваат од Пасинки, без оглед каде денес живеат, и да придонесе кон зачувување на сеќавањата, обичаите и културното наследство што ги ...
Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори со европските земји, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пренесе МИА. Тој посочи дека веќе се склучени договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, додека преговори се водат со Австрија, Германија и Унгарија. Целта е обезбедување долгорочни работни визи за македонските превозници. Според Николоски, овие земји се приоритет ...
Ако сакаме да влијаеме врз иднината, мора да работиме на сегашноста и да им овозможиме на младите активно да учествуваат во процесите на одлучување и креирањето политики, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова на средбата со млади во Охрид. На дискусијата „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“, организирана од Советот за млади во пресрет на Меѓународниот ден на младите – 12 Август, се ...
Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер имаше ретка можност да ужива во богатата колористична и лирска звучност на харфата врз која совршено владееше младата но виртуозна руско-американска уметница Алиса Садикова. Садикова е редок пример на талентиран харфист, а нејзиниот уметнички раст е видлив уште од раната возраст кога дебитирала на светската музичка сцена. Тоа го потврдија и присутните на синоќешниот концерт кои уживаа во ...
Илјадници туристи денеска останаа блокирани на Сицилија поради продолжената активност на вулканот Етна, кој петти ден по ред исфрла густи облаци од пепел, предизвикувајќи сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај, пренесе „Ројтерс“. Најголеми последици има аеродромот во Катанија, еден од главните воздухопловни центри на островот. Поради густата вулканска пепел, денеска се дозволени само ограничен број слетувања и полетувања. Рано утрово ...
Најмалку 2.011 луѓе починале од почетокот на најновата епидемија на ебола во Демократска Република Конго, покажуваат најновите податоци на здравствените власти. Бројките укажуваат дека заразата се шири со досега невидено темпо. Од почетокот на епидемијата се потврдени вкупно 4.381 случаи на зараза, од кои 2.011 завршиле со смртен исход. Во моментов 704 пациенти се на лекување и се наоѓаат во строга изолација. Црниот биланс е достигнат за ...
Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе го чекаат состанокот во Брисел, закажан за 1 септември, на кој треба да разговараат со претставници на Европската комисија за проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната. Од исходот на состанокот ќе зависи дали превозниците ќе организираат нови протести. На денешниот состанок во Скопје тие порачаа дека не сакаат да протестираат, но доколку не биде најдено решение, ќе бидат ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна уредба со која се предвидува намалување на бројот вакцини препорачани за деца, ограничувајќи ја програмата за вакцинација на 11 вакцини, соопшти Белата куќа, пренесоа новинските агенции. Со уредбата, исто така, се препорачува комбинираната вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) да се подели на три одделни вакцини, што би се примале одвоено. -Мојата администрација од ...
Повеќе од 80 лица загинаа, а стотици се повредени во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди Колумбија, при што се урнаа и оштетија голем број објекти во повеќе градови, пренесе ДПА. Земјотресот се случил околу 7.34 часот по локално време во департманот Чоко, а бил почувствуван и во Богота, Медељин, Кали, Переира, Попајан, Арменија и Манисалес, како и во соседните Венецуела, Еквадор и Панама. Најмалку 47 лица загинале во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе бара Иран да плати компензација за конфликтот на Блискиот Исток, како дел од евентуалните идни мировни преговори. Како причина, Трамп ги наведе насилството и нападите за кои, според него, Иран сноси одговорност во текот на изминатите децении. Трамп рече дека Иран бара компензација за штетите претрпени во петмесечниот воен конфликт, но дека и тој ќе бара надомест од Техеран за ...
Квалитетот на водата од гостиварскиот водовод е блиску до ниво кое овозможува безбедно користење и пиење, информираат од Локалниот кризен штаб. Оттаму посочуваат дека резултатите од микробиолошките анализи се поволни, а последните мерења покажуваат дека и концентрацијата на хлор се враќа во дозволените граници. Координаторот на Локалниот кризен штаб и член на Централниот кризен штаб, Зуди Џелили, вели дека конечната одлука за укинување на ...
Технички проблем во производството на радиоизотопи, поврзан со циклотронот, е причината за моменталниот застој во работата на ПЕТ/КТ скенерот, информира Министерството за здравство, по обвинувањата од Левица за состојбата со апаратот. Според Министерството, овластениот сервисер интензивно работи на отстранување на дефектот, а преземени се сите неопходни активности апаратот да биде вратен во функција во најкраток можен рок. Од Министерството ...
Македонија се наоѓа меѓу европските земји со висока стапка на секојдневна употреба на тутун и сродни производи. Според последните достапни податоци, во 2022 година 22,5 отсто од лицата на возраст од 16 години или постари секојдневно користеле тутун, електронски цигари, никотински кесички или загреани тутунски производи. Според Евростат овој удел е значително над просекот на Европската Унија, кој во 2025 година изнесува 16,5 отсто. Во ЕУ, ...
Расчистено е пукањето од 8 август во тетовското подрачје, три лица се лишени се од слобода, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 14:45 часот на патот Тетово – село Селце, тетовско, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Тетово го лишија од слобода 34-годишниот А.Џ. од село Селце, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, тој се сомничи дека на ...
Министерството за финансии ја објави Првата конечна листа на јавни инвестиции, претходно одобрена од Комитетот за јавни инвестиции и усвоена од Владата. На листата се опфатени проекти од повеќе области, меѓу кои патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализацијата, образованието, здравството, земјоделството, водостопанството и животната средина. Меѓу приоритетните проектни идеи се реконструкцијата и изградбата на Клиничката ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, а во четврток и во петок попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица ...
„Евростат“ тврди дека патувањата се недостижни за милиони граѓани на Европа Иако важи за еден од побогатите региони во светот, сепак, голем дел од жителите на Европската Унија сѐ уште не можат да си дозволат еднонеделен годишен одмор, покажаа најновите податоци на европскиот статистички центар „Евростат“. Иако економиите во земјите во Европа се меѓу побогатите во светот, сепак, за милиони граѓани годишниот одмор сè уште е недостижен луксуз. ...
Општина Кисела Вода информира дека оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија. Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и останат прибор неопходен за почетокот на наставата. Градоначалничката на ...
Грција со вето на предлог-одлуката во ЕУ за санкционирање на рускиот течен природен гас (ЛНГ) Повеќе од четири години ЕУ настапува со пораката дека санкциите против Русија се симбол на европското единство и доказ дека земјите членки се подготвени заедничките интереси да ги стават над националните. Но најновиот спор околу рускиот течен природен гас (ЛНГ) покажа една поинаква реалност – онаа што, всушност, отсекогаш постоела во ЕУ. Имено, кога ...
Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%). Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат ...
Еминентните македонски уметници , виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вечерва ќе изведат барокна музика во рамки на фестивалскиот репертоар на 66. „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Цветанка Созовска е родена во 1975 година во Скопје. Започнува да учи пијано на 7-годишна возраст и основното и средното музичко образование ги завршува во класата на проф. Кармен ...
Германската политичка сцена пред нова пресвртница Германскиот канцелар Фридрих Мерц влегува во можеби најтешкиот период откако дојде на власт, бидејќи исходот од покраинските избори во Саксонија-Анхалт би можел да ја одреди не само иднината на неговиот кабинет туку и рамнотежата на моќта во Христијанско-демократската унија. Изборите во оваа источногерманска покраина ќе се одржат на 6 септември, а анкетите покажуваат дека Алтернатива за ...