Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Во услови на сѐ почести и пософистицирани сајбер закани, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), во соработка со Амбасадата на САД, презема мерки за зајакнување на заштитата на енергетската инфраструктура, пренесе МИА. На денешниот состанок во Министерството се разговарало за конкретни активности за воспоставување на Energy CSIRT (Computer Security Incident Response Team) – секторски тим за одговор на сајбер ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Македонско-германската соработка во рамки на НАТО придонесува за зајакнување на регионалната стабилност и безбедност, а Македонската армија е кредибилен сојузник, се сложиле денеска pретседателката Гордана Сиљановска-Давкова и началникот на вооружените сили на Германија, генерал Карстен Бројер, на средбата во Скопје. Кабинетот на претседателката соопшти дека Сиљановска-Давкова истакнала дека посетата на генералот Бројер претставува уште една ...
Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот. Владата почнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на Македонија, изградба на Национален дата центар, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. – Донесовме одлука заради визијата и решеноста на премиерот и во моментов работиме на еден од најзначајните инфраструктурни проекти ...
Кремљ денеска соопшти дека во моментов нема изгледи за продолжување на мировните преговори со Украина, иако нагласи дека Русија останува отворена за можноста за дијалог. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ја цени подготвеноста на Турција да помогне во напорите за постигнување мир, но дека засега не се очекува продолжување на преговорите. – Целосно сме свесни за подготвеноста на нашите турски пријатели да продолжат да го ...
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди нова истрага за наводното мешање на Кина во изборите во САД, најавувајќи декласификација на разузнавачки документи за кои вели дека откриваат големи ранливости во системите за гласање во земјата, пишува „Дојче веле“. Зборувајќи од Белата куќа, Трамп тврдеше дека Кина извршила она што го опиша како „најголемо компромитирање на изборни податоци во историјата“. Тој тврдеше дека Пекинг добил пристап ...
Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случила вчера попладне на регионалниот пат Неа Мудања – Никити, кај Полигирос, од противпожарната служба интервенирале со осум пожарникари и три возила, а со употреба на ...
Во 2026 година, ентериерите сѐ повеќе се оддалечуваат од студениот минимализам и совршено полираниот простор. Наместо тоа, домовите што се чини дека имаат историја, приказна и слоеви доаѓаат до израз, а токму таква е вилата на Ен Хатавеј во Јужна Калифорнија. Станува збор за селска куќа од 1906 година, која ја украси дизајнерката Памела Шамшири. Инспирацијата ја нашла во оригиналниот дух на архитектот Мајрон Хант, кој замислил швајцарска вила ...
На 17 јули во „Kaldrma Cocktail Bar“ во Старата скопска чаршија ќе биде отворена самостојната изложба „Divine Line“ на младиот македонски илустратор и стрип-автор Александар Танчовски. Настанот ќе започне во 20 часот, а посетителите ќе можат да видат повеќе од триесет дела изработени во молив, мастило и водени бои. Изложбата ќе биде достапна до 23 јули, а влезот е бесплатен. Александар Танчовски е роден во Скопје во 1997 година и е дел од ...
Основното јавно обвинителство Скопје информира дека по спроведена истражна постапка, е поднесено обвинение за измами со брзи кредити и тоа против вкупно шест лица за продолжени кривични дела „фалсификување исправа“, „злоупотреба на лични податоци“ и „компјутерска измама“, додека против вкупно 33 лица предлог за издавање казнен налог за кривично дело „компјутерска измама“. Против вкупно шест лица поднесени се обвиненија за повеќе дејствија на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека останува на својот предлог за воведување придружно членство за Украина и земјите од Западен Балкан како чекор кон полноправно членство во Европската Унија. Тој посочи дека иницијативата наишла на различни реакции во Украина, главно поради внатрешнополитички причини, но дека кај останатите лидери на ЕУ била позитивно прифатена. „Веќе 13 години Европската Унија нема примено ниту една нова членка, ...
Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата. Од Уставниот суд информираат дека Наумовски до нив не доставил официјална информација за оставката, но претседателот на судот, Дарко Костадиновски, добил потврда за оставката во телефонски разговор со претседателот на Собранието, Африм Гаши. – До судот од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен ...
Јавното обвинителство на информира дека предметниот јавен обвинител Марија Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението поради наодот од супервештачењето, а со самото тоа настапи и апсолутна застареност од 15.3.2024 година. Од Обвинителството информираат дека во конкретниот предмет, по наредба на Основниот кривичен суд Скопје било извршено ново супервештачење од областа на економско, финансиско, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да постигне договор за прекин на војната во Украина и оцени дека конфликтот би можел да заврши до крајот на неговиот претседателски мандат, кој истекува во ноември 2028 година. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп, одговарајќи на прашање дали очекува војната да заврши додека тој е на функција, рече дека е уверен оти тоа ќе се случи. ...
По настапите со Џим Џефрис на европската турнеја, еден од најбескомпромисните комичари на денешницата, Амос Гил, ја носи во Скопје својата наградувана претстава „Бледиот, досаден, хетеросексуален бел маж“ („The Pale, Stale, Straight White Male“). Еден од најострите, најбрзи и најпровокативни гласови на современата стендап-комедија, австралискиот комичар Амос Гил, на 22 јули ќе настапи на летната тераса на „Јавна соба“, каде што пред ...
Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Проширувањето на Коридорот кон Западен Балкан е резултат на интензивните дипломатски активности што ...
Вистинската големина во ракометот се гради преку тимска доверба, дисциплина и храброста да бидеш транспарентен во секој потег. Кога немаш што да криеш, вистината станува твојата најголема предност на теренот. Ако немаш што да криеш, измери ја вистината! Анти-допингот е на твоја страна, порачува ракометниот репрезентативец Милан Лазаревски-Мечка. Во време кога спортот сè почесто се соочува со предизвиците на недозволените супстанци, проектот ...
Судот го прифати предлогот на Основнотно јавно обвинителство Скопје и им определи 30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, притворот е поради постоење опасност од бегство и влијание врз сведоци. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека по спроведена истрага и ...
Предметот „Тотал“ на поранешното специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост. Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 мај ...
Годинашното јубилејно 20-то издание на балканскиот етнофјужн-фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „Десетте бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби, како и танцувачка група. „Десетте бузуки на ...
Утре треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, сепак, како што рече денеска заменик-министерот за економија Марјан Ристески, не е исклучено за тоа да се разговара. – За утре е предвиден Економско-социјален совет на кој ќе бидат разгледувани неколку точки. Една од точките е донесување годишна програма за работа на ЕСС, а од страна ...
Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државата, информира денеска министерот за транспорт Александар Николоски. – Утрово добив информација дека во понеделник ќе го добијам извештајот. Четири компании аплицирале, во понеделник јавно ќе ве запознаеме со извештајот и со наводите во извештајот. Навистина се надевам дека овој пат повикот ќе биде успешен ...
Дваесет и пет години Договор за добрососедство: партнерство во интерес на мирот и соработката Оваа година има големо значење за билатералните односи меѓу Народна Република Кина и Руската Федерација. Во април ја одбележавме 30-годишнината од потпишувањето на Заедничката декларација Кина-Русија, со која беше воспоставено стратешко партнерство за координација, рамноправно и со доверба, насочено кон 21 век. На 16 јули одбележуваме друг значаен ...
Софија повеќе не сака автоматски да го следи Брисел и дали Бугарија на Румен Радев го менува балансот во ЕУ? Одбивањето да ѝ се приклучи на коалицијата за понатамошна воена поддршка на Украина, резервираноста кон новите европски безбедносни иницијативи, барањето преиспитување на санкциите против Русија и блокирањето на нови имиња на европската санкциска листа претставуваат делови од една поширока политичка стратегија на новите бугарски ...
КОЈ ЗБОРУВА ВО ИМЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА? (1) Вистинската битка во ЕУ се води за тоа кој ќе ја има контролата врз надворешната политика на Унијата. Многу суштински несогласувања до скоро се криеја под тепих, но од неодамна конфликтите излегоа на виделина, а прашањата поврзани Израел, како еден дел од несогласувањата, се само повод. Во две продолженија, денеска и утре, ќе можете да прочитате сублимат од разговори со повеќе наши соговорници, ...
Вчеравечер во Охрид во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ беше промовирано реизданието на песнарката „Охридски музички бисерник“ дело на прерано починатиот член на ВИС „Билјана“, Андреј Лаброски, кому неговите другари и колеги по музиката секоја година преку концерти, креативни настани и промоции му оддаваат достојна почит. Меѓу кориците на песнарката има близу 70 текстови, како и нивни нотни записи и приказни за настанокот за некои од ...
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Триото го сочинуваат пијанистката Марта Черета, виолинистот Стефано Ракањи и виолончелистот Џорџо Лукини. „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 ...
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МЕЃУ НАУКАТА И ПОЛИТИКАТА (2) Ако сакаме да разбереме зошто македонскиот и бугарскиот јазик денес се два посебни литературни јазика, тогаш не треба да почнеме од нивната кодификација во XX век. Одговорот треба да се побара многу порано – во средновековната словенска писменост. Во современата славистика, широко е прифатено дека старословенскиот јазик, првиот литературен јазик на Словените, е создаден врз основа на ...
Сите имаме такви денови кога едноставно нашата концентрација исчезнува, забораваме зошто сме влегле во собата, чувствуваме необјаснив замор, а најмала работа е доволна за да нè тргне од колосекот и да нè направи раздразливи. Нашиот прв инстинкт е да го припишеме тоа на премалку сон, премногу стрес на работа или на тежок ден. Но науката нуди многу поедноставно објаснување: вашиот мозок веројатно е жеден. Заборавете го митот дека треба да пиеме ...
Во конкуренција за наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ се 27 македонски преведувачи. Книгите се објавени од девет издавачки куќи, а преводите се направени од 12 различни јазици. Опфатени се дела (самостојни книги или избори од творештвата) на 22 странски автори, а кога ќе се земат предвид и двете антологии, вкупно се опфатени дела од стотина светски поети. Првпат откако е основана оваа награда ќе биде доделена за превод ...