Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Целите на САД во Иран во голем дел се постигнати, во најава контролирана деескалација според утврден план Поранешниот американски претседател Доналд Трамп оценува дека со операцијата „Епски бес“ веќе во голема мера ја постигнал стратешката цел, односно сериозно ослабување на капацитетите на Иран и создавање нова рамнотежа што ќе овозможи политичко решение под услови поволни за Вашингтон. Во изјава за Аксиос, Трамп посочи дека има „неколку ...
Одбележувањето на 20-годишнината од започнувањето на проектот на Форумот на словенски култури за превод на 100 словенски романи се одржа во Мултимедијалната читалница на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. На почетокот, куси поздравни обраќања имаа директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Јовица Никчевски, висок претставник од Министерството за култура и туризам на Македонија и помошник-министерот од ...
Шоуто за сите генерации, „Златна бубамара на популарноста“, се одржа по 29. пат, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Најпопуларната манифестација кај нас го оправда мотото под кое се одржа годинава – „Апсолутна власт, апсолутна забава“, за што беше најзаслужно комичното дуо Атанас и Тино. Публиката уживаше во вечер исполнета со смеа, музика и актуелни теми од домашната сцена. Атанас и Тино со своето стендап-шоу ја кренаа атмосферата во ...
Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (9) Во сите сфери каде што се согледуваат декадентност, заостанување и неподносливо повторување на минатите лоши практики, има три причини: историска (намерно создадена), социолошка (незаинтересираност на мнозинството) и политичка калкулација (избегнување промени и ризици). Оваа колумна, иако се однесува на животните, ја разгледува проблематиката низ призма на ...
ФЕЉТОН „ОД МИТРОВДЕН ДО ЃУРЃОВДЕН“ (14) Од капиталното дело „Славјанско-маќедонска општа историја“ на Ѓорѓија М. Пулевски можеме да прочитаме многу информации за античките македонски кралеви, а посебниот дел познат и како „Царственик Александров“ содржи опис на животот на Александар Трети Македонски. Пред да се запознаеме со трудот на Пулевски за Александар, ви претставуваме дел од неговиот опис за таткото на Александар, Филип Втори ...
Од денеска стапува во сила законската обврска за засилена автентикација при онлајн-плаќања со платежни картички. Наместо досегашната потврда со СМС-код, корисниците на платежни картички ќе добиваат известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобрат трансакцијата. Потврдата се врши со ПИН за апликацијата, отпечаток од прст или препознавање лице. Без оваа потврда плаќањето нема да може да се изврши, дури и ако некој ги ...
Воената сила на САД на Блискиот Исток Американското воено присуство на Блискиот Исток останува едно од најголемите и најкомплексни воени системи надвор од територијата на САД. Според медиумски и аналитички извори, во регионот се распоредени меѓу 40.000 и 50.000 американски војници, заедно со значајни воздушни, поморски и копнени капацитети. Присуството е распоредено во повеќе држави и опфаќа постојани бази, повремени локации и поморски сили ...
Мапирање на целите на САД во Иран: Погодените воени цели во Иран ги идентификуваат американските политички цели Според официјалните изјави од Вашингтон, нападите биле насочени исклучиво кон воени цели, со јасна намера да се ослабат ракетните капацитети и потенцијалната нуклеарна инфраструктура на Техеран. Но со најновиот бран американски напади врз иранска територија, со нивниот обем, а особено со нивната прецизност, се идентификуваат целите ...
Дваесет и седумте земји-членки на Европската Унија повикуваат на „максимална воздржаност“ и целосно почитување на меѓународното право во конфликтот со Иран и низ целиот Блиски Исток, вели шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, пренесува МИА. – Повикуваме на максимална воздржаност, заштита на цивилите и целосно почитување на меѓународното право, вклучувајќи ги принципите на Повелбата на Обединетите нации и ...
Фотографијата Зимска глетка од Маврово на авторот Гоце Паришев е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“. Вашите авторски ...
За легитимноста и легалитетот на употребата на сила во меѓународните односи Токму на крајот на февруари годинава, САД во коалиција со Израел извршија воени напади врз територија на Иран. Тоа резултираше со серија ракетни контраудари од Техеран кон американски и израелски цели во регионот. Овој инцидент повторно го отвори прашањето за легитимноста на употребата на сила во меѓународните односи. Американската администрација ги образложи нападите ...
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие детектирал објава на социјална мрежа која укажувала на можна намера за самоубиство од страна на малолетно лице. Од МВР информираат дека веднаш по добиените сознанија било постапено итно и координирано, при што биле преземени сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на корисникот. За кратко време лицето било ...
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Силјановска Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток, пренесува МИА. Таа додаде дека ...
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за МИА информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација, пренесува МИА. Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат ...
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа, пренесува МИА. – Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив. Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго – беше цитиран од списанието „Атлантик“. Тој не коментираше ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Во разговорот, министерот Муцунски изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон Обединетите Арапски Емирати, упатувајќи најдлабоко сочувство за жртвите од нападите. Тој остро ги осуди нападите извршени од Иран врз ...
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели премиерот Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа, пренесе МИА – Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови – вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата, пренесува МИА. – Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо – беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз. Во посебно интервју за Си-ен-би-си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“. Американскиот претседател Доналд Трамп ...
Во текот на вчерашниот ден (28.02.2026), полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи поради тешки сообраќајни прекршоци. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пет лица биле приведени поради управување возило под дејство на алкохол, и тоа на подрачјата на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје. Дополнително, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка ...
Во периодот што следува овде, во регионот на Крива Паланка и овој дел од Македонија ќе влезат неколку стотици милиони евра инвестиции, за проекти што ќе ја поврзат Македонија и Коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на Коридорот 8, рече денеска во Крива Паланка премиерот Христијан Мицкоски, пренесува МИА. Премиерот Мицкоски, кој заедно со вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈСП, ...
Иранскиот напад со дронови врз поморската база во Абу Даби предизвикал пожар, но немало жртви, соопшти Министерството за одбрана, додека Иран го напаѓал Заливот втор ден по бранот американски и израелски напади, пренесува МИА. – Специјализирани тимови денеска реагираа на инцидент што произлезе од напад на два ирански дрона врз магацин во поморската база Ал Салам во Абу Даби. Нападот предизвикал пожар во два контејнери со општи материјали, но ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вели дека привремениот лидерски совет, формиран по убиството на врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи, ја започнал својата работа, пренесува МИА. – Привремениот лидерски совет ја започна својата работа… ние ќе продолжиме со сета наша сила по патот што го постави Имам Хомеини – основачот на Исламската Република, вели Пезешкијан, во снимена видео изјава емитувана на државната телевизија. Тој додава дека ...
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад е убиен во воздушен напад во главниот град Техеран, соопштија денеска иранските медиуми, пренесува МИА. Засега нема официјална потврда од иранските власти. Познат по своите тврдокорни ставови, Ахмадинеџад, кој беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година, повика на уништување на Израел. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад е убиен во воздушен напад во главниот град ...
Клучните членови на алијансата за производство на нафта ОПЕК+ објавија поголемо од очекуваното зголемување на квотите за производство, по нападите на САД и Израел врз Иран, кои предизвикаа иранска одмазда низ целиот Блиски Исток, пренесува МИА. Групата од осум членови, позната како В8, која ги вклучува клучните производители како Саудиска Арабија и Русија, како и неколку земји од Персискиот Залив кои претрпеа ракетни напади од Техеран, ...
Пред петнаесет години, на 1 март 2011 година, првиот број на македонскиот весник „Илинден“ беше објавен како двоен број (март/април). Македонскиот весник „Илинден“ е гласило на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана. Досега се објавени вкупно 71 број, со што весникот докажува континуитет и посветеност во информирањето на своите читатели и предизвикува голем интерес кај публиката во Албанија, во татковината Македонија, како и меѓу ...
Иранското министерство за надворешни работи, во својата изјава за смртта на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, уште еднаш ги осуди американските и израелските напади за време на дипломатските разговори меѓу Техеран и Вашингтон за нуклеарната програма на Иран. Неодамнешните напади се случија додека Оман посредуваше во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран, а последната рунда преговори се одржа во Женева на 26 февруари. Иранскиот министер за ...
Земјите од Персискиот Залив ќе се состанат вечерва за да разговараат за унифициран одговор на нападите на Иран, велат двајца дипломати од Персискиот Залив, додека Техеран продолжува со вториот ден од нападите откако американските и израелските напади го убија неговиот врховен лидер, пренесува МИА. – Тоа ќе биде онлајн состанок на министрите за надворешни работи на Персискиот Залив поради затворањето на аеродромите – изјави дипломат од ...
Влијателен ирански свештеник ги повика муслиманите ширум светот да се одмаздат за смртта на врховниот водач Али Хамнеи, објави ДПА, а пренесе МИА. Иранската државна новинска агенција „Тасним“ денеска јави дека големиот ајатолах Насер Макарем Ширази во религиозна изјава, или фатва, прогласил дека „главните сторители на ова злосторство“ се САД и Израел. – Одмаздата е религиозна должност на сите муслимани во светот, со цел злото на овие ...
Министерството за финансии соопшти дека, со поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, продолжува реализацијата на инвестиции за унапредување на енергетската ефикасност во јавните здравствени установи и регионалните болници во земјата. Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор се спроведува преку Проектната единица при Министерството за финансии. Преку компонентата „Инвестиции во енергетска ефикасност во ...
Во последно време во Максиму (Премиерската палата) постои едно интересно размислување: премиерот во следниот период да го посети Скопје, пишува грчкиот весник „Катимерини“, а повод за ваквите размислувања и евентуалната посета на Кирјакос Мицотакис е договорот за одново активирање на продуктоводот Солун-Скопје, јави дописничката на МИА од Атина. Според весникот, во следниот период ќе се донесе одлука дали грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ...