Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ потврди дека во земјата се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година. Заболените се жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. И двајцата се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести поради невроинвазивна форма на заболувањето. Од Институтот апелираат граѓаните да се заштитат од убоди од комарци со користење репеленти, носење ...
Сомнителните 6 случаи со воспаление на мозокот кои изминатите денови завршија на болничко лекување на Инфективна добија дијагноза – лабораториски е потврдено дека се заразени со западно нилска треска. Ја имаат најтешката форма која се јавува кај еден процент од луѓе каснати од инфициран комарец. И новопотврдените како и останатите 10 кои се хоспитализирани на клиниката се од Скопје. Уште еден заразен со вест најл вирус е хоспитализиран во ...
Во текот на оваа година над 240 лица низ цела Европа се заразиле со Западнонилскиот вирус. Според неделниот извештај објавен вчера од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, вкупно 241 случај на инфекции на луѓе се пријавени од почетокот на сезоната на пренос заклучно до средата. Центарот соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Во Шпанија се регистрирани 17 инфекции, 13 во Македонија, 6 во Романија, 4 ...
Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), сите заразени биле локално инфицирани, односно не ја добиле инфекцијата за време на патување. Според центарот, 139 случаи се пријавени во Италија, 61 во Грција, 17 во Шпанија и 13 во Македонија. Романија пријави шест ...

