Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во кавадаречко пожарникарите работеа во текот на целата ноќ, пожарот значително е намален но сеуште е активен, информира Стојанче Агнелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување. -Денеска од 6:00 часот на пожарот се ангажирани повеќе екипи на два правци: На правецот од с.Дреново кон Ќесендре интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со 1 цистерна, 1 скип и 2 вработени; МВР со 1 џип, 1 пинцгауер и 4 вработени; ЈПНШ – подружница „Бор“ ...
Анализа Дваесет и пет години по првата пресуда од Стразбур, прашањето веќе не е дали Бугарија има право на сопствен историски наратив, туку дали нејзините граѓани смеат мирно да се здружуваат и јавно да се именуваат како Македонци Во Бугарија, спорот за македонскиот идентитет одамна не се води само во книгите по историја или во дипломатските преписки со Скопје. Тој се води и пред регистарски службеници, домашни судови и Европскиот суд за ...
Министерството за здравство информира дека нема нови случаи на западнонилска треска и дека последните сомнителни случаи се негативни. – Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на Пи-си-ар тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска ...
Музичките, како и животните патишта кај секој пејач се различни. Низ историјата на славните пејачи имало и такви кои кариерата ја граделе тивко и блеснале многу подоцна, но и такви кои имаат можност и среќа да бидат сензација уште со првата испеана песна. За младата македонска пејачка Тина Русева, која десетина години живее во Германија, двете музички шоу-програми беа пресвртница во нејзиниот живот и во нејзината музичка кариера која е на ...
Брзото полнење не е толку штетно за батеријата како што често се тврди, но високата температура што се создава при полнењето може постепено да го забрза нејзиното стареење, пишува Лајв сајанс (Live Science). Според Жијуан Џијанг, вонреден професор по хемиско инженерство на Универзитетот „Сиан Џиаотонг“ во Кина, современите уреди се опремени со системи што ја следат температурата и автоматски ја приспособуваат брзината на полнење, со што го ...
Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп е поставена изложбата „Пејзажни знаци 26“ од академскиот уметник Атанас Атанасоски, кој вели дека идејата за реализација на поставката се надоврзува на неговите претходни изложби, во кои основен материјал е дрвенеста вегетација. Инсталацијата е од трнливи растенија, кои и по бербата како сува материја ја задржуваат цврстата структура. Според Атанасоски, користењето и моделирањето со ...
Билјана Тинтоска, прилепска писателка, професорка по македонски јазик и литература во СУ „Ѓорче Петров“, ја објави и промовираше новата збирка раскази „Момина солза“, која е поинаква и невообичаена. Збирката, која слободно може да се нарече китка, е со внимателно одбрани раскази, збирка мотивирана од и за нашата младост, ученици матуранти, нашата надеж и иднина. – Момината солза е белег од моето детство, сеќавање на родителскиот дом и долгите ...
Четириесет и едногодишна кратовка е приведена откако, според пријавата, физички нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица, соопшти денеска СВР Куманово. Од кумановската полиција информираат дека вчера во 19:30 часот полициските службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода С.Д. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на 2 август околу 18 часот на локалитетот „Куклица“ физички нападнала повеќе лица кои биле посетители ...
Фотографијата Охридско зајдисонце на авторот Александар Костадинов е изборот на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата за оваа недела. – Златното зајдисонце во Пештани, над волшебното Охридско Езеро – вели Костадинов за фотографијата, која утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. Фотографијата е избрана од најголемата македонска Фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories. „Нова ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за МИА вели дека се работи на трајно и одржливо решение што ќе го одблокира нашиот европски пат, потврдувајќи дека се водат разговори „под радарот“, но не откривајќи повеќе детали. -Разликата помеѓу оваа Влада и претходните влади е што ние не сме подготвени за попустливост по прашања поврзани со идентитет, историја, јазик и култура и затоа јас и ги, ние често ...
Фотографијата Охридско зајдисонце на авторот Александар Костадинов е изборот на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата за оваа недела. – Златното зајдисонце во Пештани, над волшебното Охридско Езеро – вели Костадинов за фотографијата, која утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. Фотографијата е избрана од најголемата македонска Фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories. „Нова ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе ...
Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вечерва е почувствуван во Скопје. Земјотресот е регистриран во 21:54 часот, а според информациите од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје. Земјотресот бил со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вечерва е почувствуван во Скопје. Земјотресот е ...
Повеќе од 300 пожарникари и натаму се борат со големиот шумски пожар во областа Виотија во централна Грција, кој и денеска останува надвор од контрола. Силниот ветер продолжува да го отежнува гаснењето, а властите спроведоа нови превентивни евакуации на населението. Пожарот избувна вчера наутро, а поради неповолните временски услови брзо се прошири на повеќе фронтови. И утрово се активни неколку жаришта, додека противпожарните екипи се ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со генералниот секретар на партијата Драган Ковачки и со заменик-министерот за правда Ален Деребан положи цвеќе пред спомен-обележјето на хероите од илинденската епопеја во село Ташмаруништа. – Илинден не е само спомен на славното минато, туку и трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина. Со благодарност кон хероите и со почит кон нивното дело, го ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информира дека денеска се регистрирани 20-тина пожари на отворен простор од кои најголем дел се изгаснати. Останатите се ставени под контрола и се очекува да бидат изгаснати во текот на денот. Во гаснењето на пожарите денеска не се вклучени ер-тракторите. – Пожар којшто беше видлив од подалеку и предизвика одредена ...
Седумдесет и тригодишен охриѓанец е приведен откако со пиштол му се заканлувал на сосед за паркинг-место. Во неговиот дом пронајдени се пиштол „застава“, пушка „застава“, куршуми и резервни делови. – На 01.08.2026 во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу ...
Илинден нè учи и на нешто друго, нешто што ни е потребно повеќе од кога било. Дека има мигови кога она што нè обединува мора да биде поголемо од она што нè дели. Може да имаме различни политички ставови и различни погледи за патот по кој се движиме. Тоа не е слабост, тоа е демократија, но постојат работи што мора да стојат над поделбите, а Македонија е првата меѓу нив – порача денеска од Мечкин Камен, потпреседателот на Собранието, Антонијо ...
Македонското друштво „Илинден“-Тирана, друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ упатија честитки по повод 2 Август – Илинден, порачувајќи дека празникот претставува завет на достоинство и симбол на единството на Македонците. – Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени темелите на современата ...
Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира денеска Министерството за здравство. – Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации – се наведува во соопштението. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, нагласи дека поопасно од секоја криза е моментот кога еден народ ќе престане да верува во себе и нагласи дека нивна најголема задача во моментов не е само да управуваат со институциите, туку повторно да изградат доверба, чувство дека оваа држава повторно му припаѓа на народот, дека законите важат ...
Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите со употреба на соодветна спасувачка опрема успешно ги ...
Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да бидат предавани, можат да бидат потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, затоа што слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање од Пелинце, по повод одбележувањето на ...
Со полагање на цвеќиња на спомен обележјата на Методоја Андонов Ченто ,на Пере Тошев, Ѓорче Петров, на Кузман Јосифовски Питу, на Могилата на непобедените, денеска во Прилеп беше одбележан 2 Август, Илинден, Денот на Републиката. Бројни делегации, градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски, со длабока почит им оддадоа признание на македонските херои кои со својата храброст, пожртвуваност и љубов кон татковината ги вградија своите животи во ...
По повод Илинден: Македонското знаме можеш да го ротираш. Можеш да го превртуваш. Можеш да се обидеш да му ја смениш положбата. Но не можеш да му ја смениш суштината! И токму затоа македонското знаме не може вистински да биде закачено наопаку! Не затоа што тоа не го дозволува протоколот. Туку затоа што тоа не го дозволува симболот! Сонцето нема горе и долу. Има само изгрејсонце. Во тоа има нешто длабоко македонско! Знамињата како државни или ...
Петтото јубилејно издание на спортскиот фестивал „Илинден 2026“, во организација на спортско-рекреативниот клуб Соларис се одржува денес во Струга. Во рамките на своите можности силите ќе ги одмерат голем број натпреварувачи. Ќе можат да се проследат ватерполо турнир во соработка со Ватерполо федерацијата на Македонија, пливачките трки, кајак регатата, трките во СУП и за крај на радост на сите македонски граѓани, ќе се одржи и ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, истакнувајќи дека овој датум е „најсветиот македонски ден“ и симбол на вековната борба за слобода и државност. Во својата честитка, претседателката посочува дека на 2 август 1903 година македонската републиканска идеја се остварила преку Крушевската Република, а во 1944 година, со Првото заседание на АСНОМ, било ...
Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна, и покрај дневното зголемување на бројот на нови прегледи, пренесе МИА. Според официјалните податоци, на 31 јули биле регистрирани 60 први прегледи, што претставува благо дневно зголемување. Сепак, надлежните потенцираат дека вкупниот тренд е значително поповолен во споредба со пикот на епидемијата на 18 јули, кога биле евидентирани дури 649 први ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека истрагата за загадувањето на водоснабдителниот систем во Гостивар продолжува и најави можност за нејзино проширување, посочувајќи дека веќе се преземаат мерки за утврдување на одговорноста, пренесе МИА. Одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на Дебар, Мицкоски рече дека, според досегашните сознанија, вработени во ЈП „Водовод“ несовесно префрлале вода од река во главниот резервоар со ...
Министерството за здравство соопшти дека започнува вонреден инспекциски и стручен надзор по случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез во Клиничката болница во Штип останала со тешки невролошки последици, пренесе МИА. Од Министерството информираат дека е издаден налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за спроведување вонреден инспекциски надзор, со цел целосно и објективно да се утврдат сите околности поврзани ...