
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3 526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5 398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 872, што значи дека за толку ...
Во 2024 година, во споредба со 2023, евидентирано е зголемување на бројот на пријавените полнолетни лица за 15.6 %, кај обвинетите полнолетни лица за 5.3 %, а на осудените за 3.5 %, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во споредба со 2023 година, е зголемен за 15.6 %. Во наведениот период, зголемен е и бројот на обвинетите полнолетни лица за 5.3 %, а на осудените лица за 3.5 %. Во 2024 ...
Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, 26-годишниот Мартин Зубименди треба само уште да ги помине медицинските прегледи за да го комплетира трансферот во лондонски Арсенал, објавија британските медиуми. Договорот на шпанскиот интернационалец со Реал Сосиедад истекува во јуни 2027 година, а лондонски „Топчиите“ ќе мора да платат отштета од 60 милиони евра. Клубовите се согласија и за ратите за плаќање на отштета. Зубименди дојде преку ...
Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу доцна синоќа ѝ истури ѓубре на градоначалничката Данела Арсовска пред нејзината канцеларија во Град Скопје. Ганиу со 30-та граѓани и камион полн со ѓубре тргнаа пешки од Чаир до Град Скопје и го расфрлија ѓубрето пред влезната врата на Градот. Ганиу кажа дека го донеле ѓубрето кај Арсовска бидејќи таа и ЈП „Комунална хигиена“ не ги чистат контејнерите и општината е затрупана во смет, по што си заминаа. ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на Астана Интернационалниот Форум (AIF 2025). Во рамки на посетата, министерката Божиновска ќе учествува на главните сесии на форумот, посветени на енергетиката, климатските промени и одржливиот развој. Нејзиното присуство на AIF 2025 е дел од пошироката иницијатива за зајакнување на енергетската дипломатија на Македонија и интензивирање на билатералната ...
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер се пласираа во финалето на НБА плејофот откако ги победија Минесота Тимбервулвс со 4-1 во финалната серија на Западната конференција. Тандер ја остварија клучната четврта победа синоќа, славејќи на паркетот во својот „Пејком Центар“ со резултат од 124:94. Оклахома ја контролираше играта уште во првата четвртина, добивајќи го тој дел од натпреварот со 26:9. На полувремето домашниот тим имаше големи +33 (65:32) ...
Месото од кафеавите мечки – заштитен вид во Европската Унија, наскоро ќе биде достапно за консумирање во Словачка. Имено, словачката Влада минатиот месец одобри лов и убивање на околу четвртина од 1.300 мечки во земјата. Мечките станаа политичко прашање во Словачка по сѐ поголемиот број напади на луѓе, меѓу коишто и со смртни последици. Словачка, по бројот на напади, е втора во Европа, зад Романија, каде што, се проценува, има околу 13.000 ...
Руски суд денеска осуди двајца агенти на украинските специјални служби на 19 и 25 години затвор за шпионажа и подготовка на терористички напад, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Се наведува дека украинскиот државјанин Олег Сергеевич Заболотни, кој е осуден на 25 години, и рускиот државјанин Максим Александрович Волга, осуден на 19 години, биле уапсени во август 2023 година. ФСБ информира дека Заболотни во 2022 година поминал ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши, во присуство на претставници на Државната комисија за спречување на корупција, денеска ја потпиша Политиката на интегритет, што претставува важен чекор во зајакнувањето на транспарентноста и интегритетот во јавните институции. Овој документ има за цел да ги подигне стандардите за етика, отчетност и одговорност во работата на Собранието, осигурувајќи дека секоја акција и одлука е во согласност со законите и ...
Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти на прв циклус студии и Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во студиската 2025 /2026 година. Конкурсот за запишување питомци и студенти на прв циклус студии, се објавува за потребите на Министерството и Армијата, како и за потребите за управување со кризи и заштита и спасување. -Ги повикуваме сите заинтересирани млади лица кои ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го поздрави премиерот Христијан Мицкоски и неговото лидерство во заштита на европската граница од илегалните мигранти. Орбан говореше на отворањето на конзервативната CPAC конференција во Будимпешта, на која утре треба да се обрати и Мицкоски. – Нашиот македонски херој Христијан Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник. Тој е чуварот на тврдина која ја штити европската јужна ...
Огромен дел од глечер на швајцарските Алпи вчера се отцепи предизвикувајќи свлечиште од мраз, кал и карпи што го затрупа поголемиот дел од планинско село кое беше евакуирано поради ризик од одрон на карпи, соопштија локалните власти. Едно лице во моментов се води како исчезнато, соопштија официјални лица. Снимки од дрон емитувани од швајцарскиот национален радиодифузер СРФ покажаа огромна површина од кал и земја која целосно покрива дел од ...
Повредените лица од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со писмен допис до јавноста реагираат за кадровски промени во Општата болница со проширена дејност што ќе влијае врз анатмошниот нивен третман и лекување. -Чувствуваме должност и потреба да се обратиме јавно поради сериозна и загрижувачка промена во нашата здравствена нега. Ја информираме јавноста дека од овој понеделник, 1 јуни, докторката Катерина Паниќ, позната како докторка Кате, која ...
Од денеска до 30 јуни тече рокот во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучувајќи ги и носителите на лиценци за пробна работа треба да поднесат Барање за промена на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) согласно одредбите од новиот Закон за енергетика, во спротивно лиценцата ќе престане да им важи. Барањето за промена може да се преземе од веб ...
„Јас сум повеќе од задоволен кога гледам земјоделци како ми приоѓаат и ми кажуваат дека оваа година е многу подобра од претходните и така да се продолжи. Имаме задоволни лозари, задоволни градинари, задоволни овоштари”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во вчерашното гостување на „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија. „Ексклузивно за вашата емисија, во наредните десетина дена ќе излезе уште еден ...
Потенцијалите на циркуларната економија, управувањето со отпадот како ресурс, декарбонизацијата и примената на зелената енергија и дигиталните алатки, се од суштинско значење за креирање одржлива иднина, рече денеска првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити на 6. Меѓународна конференција „Патот до одржливо управување со отпад“. Владата, напомена Меџити, останува цврсто посветена на ...
На 24-то издание на ОФФест, кое што ќе се одржи од 5-ти до 8-ми јуни во Националната опера и балет и во Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапат врвни музички артисти и групи од осум различни земји. -ОФФест 2025 ја има најсилната програма во последните неколку години и нуди девет концерти на врвни музички артисти и групи од осум различни земји и една специјална филмска проекција. Широката музичка лепеза и разноликоста во жанрови, емоции ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предложи следната рунда преговори со Украина да се одржи следниот понеделник, 2 јуни, во Истанбул. Киев ја разгледува понудата, објави РТ. Претставници на двете страни се состанаа во истиот град на 16 мај, за прв пат од 2022 година. Во изјава од средата, Лавров рече дека руската делегација оттогаш подготвила меморандум во кој ги наведува своите услови за постигнување трајно решение на ...
Милијардерот Илон Маск соопшти дека ја напушта својата позиција во американската влада откако го водеше таканаречениот Оддел за владина ефикасност во контроверзен обид за намалување на федералните трошоци. – Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X. Мандатот на Маск од 130 дена како ...
Кина рано денеска ја почна својата прва мисија за собирање примероци од карпи од астероид близу Земјата. Целта е да се продлабочат научните сознанија за создавањето и обликувањето на астероидите и за раниот Сончев Систем. Вселенското летало без екипаж „Тијанвен-2“ успешно полета од центарот за лансирање на сателити „Шичанг“ во југозападна Кина, соопшти кинеската Национална вселенска администрација. Сондата ќе патува околу една година, а целта е ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Астана, Република Казахстан, ќе учествува на Меѓународниот Астана форум 2025. Како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, предвидено е таа да се обрати на пленарната сесија што ќе ја отвори претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев. Меѓународниот Астана форум 2025 се одржува од 29 до 30 мај 2025 година, на тема „Поврзување на умовите, обликување на иднината“. – ...
Договорот со Обединетото Кралство е транспарентен уште од самиот почеток и јавноста е запознаена. Само Венко Филипче и СДС ја напаѓаат Велика Британија и им смета договорот за стратешко партнерство кој ќе донесе стабилност, безбедност и развој на државата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Филипче и СДС се уплашени од успехот на Владата за стратешкиот договор меѓу Македонија и Велика Британија и затоа манипулираат, ја дезинформираат јавноста и шират лажни ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера, 28 мај 2025 година, учествуваше на 18. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (форум „BCHOD“), која се одржа во Истанбул, Република Турција. Годинашната конференција, која се одржа на тема „Визија за употребата на беспосадни системи во идните оперативни средини“, беше отворена од страна на домаќинот, началникот на Генералштабот на ...
Национален парк Шар Планина бара граѓаните да помогнат со донирање на јаболки и пченка со цел да се изврши прихрана на мечките поради намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште. Се бараат доброволни донации на јаболки и пченка од домашно потекло, со цел хранењето да биде што е можно послично на природната исхрана на мечката (Ursus arctos), која претежно е растително базирана. -Во последните две недели, сè ...
Во дигиталната судница во затворот Идризово во Скопје, започнува судењето на 31 обвинети и пет правни лица, помеѓу кои и високи службеници од енергетскиот сектор во случајот познат како „Адитив“. Осомничените лица организирале и извршиле пререгистрација на правни субјекти за да ги изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист. Ова е второ судење по две ...
Поранешниот македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши. Ѓорѓевски беше замонашен завчера во чин кој според Скопската епархија на МПЦ-ОА, бил извршен во православниот храм на МПЦ-ОА „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол во Скопје, од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. „На 27 мај 2025 година, во Навечерието спроти празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на ...
Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“ зборуваше за патот Скопје-Битола и укажа дека очекува што побрзо да се пушти и втората делница за да може побрзо да се стасува. -Едната делница кај Дреново е пуштена во употреба и многу се скратува и со нетрпение и желба она што го најави Владата да ја видиме и побрзо втората делница. Верувам дека за час и половина ќе ...
Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу доцна синоќа ѝ истури ѓубре на градоначалничката Данела Арсовска пред нејзината канцеларија во Град Скопје. Ганиу со 30-тината граѓани и камион полн со ѓубре тргнаа пешки од Чаир до Град Скопје и го расфрлија ѓубрето пред влезната врата на Градот. Ганиу кажа дека го донеле ѓубрето кај Арсовска бидејќи таа и ЈП „Комунална хигиена“ не ги чистат контејнерите и општината е затрупана во смет, по што си ...
Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото. Последните пораки што им ги дава се подготовки за Педесетницата. Не оддалечувајте се од ...
Повеќе од 17.000 луѓе беа евакуирани денеска во провинцијата Манитоба, централна Канада, откако се соочи со многу лош почеток на сезоната на шумски пожари, соопштија локалните власти. Во услови на глобално затоплување, Канада сè почесто е погодена од екстремни метеоролошки појави, вклучително и пожари во шумските предели во последните години. Во 2023 година, земјата ја доживеа најлошата сезона на пожари во својата историја. – Ова е најголемата ...