Малолетник од селото Грчец, општина Сарај вчера малку после пладне се јавил в полиција за да пријави дека неговиот 21-годишен брат бил нападнат во семејниот дом. Всушност, тој кажал дека околу 13 часот во нивната куќа дошле две машки и три женски лица и физички го нападнале неговиот брат Д.Г.(21) и неговата малолетна девојка, при што малолетничката ја зеле со нив и заминале. Според пријавеното, двајца од нив, биле родители на малолетничката. ...

Гостиварец (72) вчера пријавил во полициската станица во Гостивар дека некој му ги злоупотребил личните податоци и му нанел финансиска и материјална штета со тоа што на негово име се впишани добивки од игри на среќа што не завршиле во неговиот џеб. Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече затворска казна од четири години на поранешниот директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, и затворска казна од една година и десет месеци на Блерим Амити, вработен во установата, во судскиот случај „Геријатрија“, поврзан со примање поткуп и награда за противзаконито влијание. Судот ги огласи двајцата обвинети за виновни, оценувајќи дека во ...

Украински суд го заплени имотот на лидерката на партијата „Баткившчина“, Јулија Тимошенко. Според Центарот за борба против корупцијата, запленетиот имот вклучува гаражи, мобилни телефони и три автомобили што му припаѓаат на нејзиниот сопруг, пренесува ТАСС. Во исто време, судот одби да заплени средства од личната сметка на Тимошенко, тврдејќи дека оваа сметка е единствен извор на приход на пратеничката. Тимошенко претходно изјави дека нема ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини нема влијание и по ниеден основ не се меша во работата на АД ЕСМ бидејќи е акционерско друштво и е директно под Владата, истакна денеска ресорната министерка Сања Божиновска одговарајќи на прашање на пратеникот Амар Мециновиќ од Левицата. На собраниската седница за пратенички прашања таа појасни дека Министерството прави стратегии, носи закони и нови мрежни правила фокусирајќи се на ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на брифингот за новинарите денеска информираше, меѓу другото, дека засега нема информации дали меѓу пронајдените 350.000 евра заѕидани во кујната во домот на родителите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов во Неготино дел од таа сум е митото коешто му е дадено на адвокатот Фехми Стафа, поранешен државен правобранител, со цел да поткупи судија за да му се укине притворот на ...

Веднаш по пристигнувањетѕо во Давос, американскиот претседател Доналд Трамп одржа говор во Конгресниот центар во кој на почетокот рече дека е „убаво да се држи говор меѓу пријатели, а и меѓу некои непријатели“. „Јас сум на власт една година, економијата е во подем, нема инфлација, опасните граници се затворени. САД се во средината на најдраматичниот економски пресврт во историјата. Пред една година бевме мртва земја под водство на радикални ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на борбата против корупцијата, бележи двоцифрен пораст, што, како што нагласи, е директен резултат на засилените активности и резултатите што МВР ги остварува во изминатите година и пол до две. Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на ...

Бројни средби со бизнисмени оствари македонската делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски на вториот ден од Светскиот економски форум во Давос. Мицскоски информира на фејсбук дека имал состанок со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“ (4iG), компанија која што ја доби дозволата за третиот мобилен оператор во Македонија. -Разговаравме за неговите планови, откако нормално ги упати средствата кои што се потреби за добивање на ...

Британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, денеска изјави дека нејзината земја „никогаш нема да исклучи ништо“ во врска со одмазничките царински мерки што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп поради учеството на британски војници во мисијата во Гренланд, каде што отидоа на покана на Данска. На Светскиот економски форум во Давос, Ривс изјави за Би-Би-Си дека Велика Британија „нема да биде изложена на удари“ и дека ќе ...

Русија планира да започне сериско производство на домашна сателитска интернет мрежа во 2026 година, што треба да претставува одговор на американскиот Starlink. Според најавите, проектот наречен „Рассвет“ (Зора) вклучува формирање на голема констелација сателити во ниската Земјина орбита, чија цел е да обезбеди широкопојасен интернет низ целата територија на Русија, вклучувајќи ги и оддалечените и тешко достапните региони како што се Сибир и ...

Здружението на судии ги oхрабри институциите да спроведат темелна и транспарентна истрага за случајот со скопскиот апелациски судија Ѓоко Ристов во чиј семеен дом беа пронајдени 350 000 евра. Оттаму изразија очекување истрагата да ги утврди сите релевантни факти и околности како и евентуална вклученост на други лица. „Ваков принципиелен и одговорен пристап треба да биде применет и кон сите други општествени чинители и функционери кои се ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразуваат сериозна загриженост и најостра осуда на зачестените јавни напади, дисквалификации и етикетирања на новинари и медиуми од страна на политичката партија СДСМ. Последниот таков случај се однесува на јавното таргетирање и етикетирање на телевизијата АЛФА ТВ преку партиски соопштенија и јавни изјави, што претставува директен ...

Почнато е со изградбата на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а претходно ја решаваме експропријацијата на земјиштето и отстранување на објекти по овие траси, истакна денеска министерот за транспорт и врски, Александар Николоски кој од собраниска говорница одговараше на прашањето: каде се трошат средствата на граѓаните од патарините на автопатиштата во земјата, поставено од пратеникот Халил Снопче. Министерот Николски ...

Европската унија мора да ги забрза своите напори кон независност за да се одбрани во свет кој брзо се менува, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. – На крстопат сме. Европа претпочита дијалог и решенија, но целосно сме подготвени да делуваме, ако е потребно, со единство, итност и одлучност, рече Фон дер Лајен во обраќање во Европскиот парламент. Таа укажа дека „во овој свет на сè поголемо беззаконие, на ...

Двајца возачи починале, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени во три одделни сообраќајни несреќи што се случиле во изминатото деноноќие. Како што информира МВР, во ОВР Крива Паланка утринава во 04:50 часот е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) ...

Реакција на АД за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република С Македонија: „Акционерското друштво за приредување игри на среќа во државна сопственост – Државна лотарија на Република Северна Македонија, најостро реагира на тенденциозните, малициозни и клеветнички обиди на одредени критички настроени медиуми да креираат искривена и неоснована перцепција за законитоста, професионалноста и институционалниот ...

Француските сообраќајни закони и прописи сега дозволуваат казнување на оние лица што користат уреди и инструменти што го нарушуваат мирот на другите со бучава во областите што се користат за јавен превоз. Пред неколку дена се прошири веста дека во Франција маж е казнет со 200 евра затоа што зборувал премногу гласно на мобилен телефон. Лицето познато само како Давид разговарало со сестра си со вклучен звучник на железничка станица во Нант, ...

Во последните денови, МВР регистрира зголемен број пријави од граѓани кои добиле електронски пораки наводно испратени од директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, или од Единицата за сајбер безбедност. Во пораките, примачите се предупредуваат дека се предмет на кривични истраги за сериозни злосторства како детска порнографија, педофилија или трговија со дрога и им се наложува да се јават во полициска станица или да испратат ...

Заев и Филипче му нуделе помош за судска постапка на д-р Жан Митрев во замена за неговата болница, изјави денеска Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. – Преку државните институции и инсталациите во правосудството, Заев и Филипче вршеле притисок врз д-р Жан Митрев за на легален начин и по релативно ниска цена да ја откупат болницата. Откако биле замрзнати личните сметки на д-р Жан Митрев, како и сметката на истоимената болница, тој бил ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на локален пат кај село Русјаци, општина Македонски Брод. Во несреќата животот го загуби 41-годишната К.С.С. од Кичево. Автомобил марка „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од нејзиниот сопруг излета од коловозот и се преврте. Од здобиените повреди на местото на несреќата почина жената, а лекар констатираше смрт. Телото е дадено на обдукција по наредба на јавен обвинител. ...

„Длабоко сум почестена од личната покана на претседателот Трамп да ја претставувам Република Косово во Одборот за мир, како член-основач, рака под рака со САД во мисијата за побезбеден свет“, напиша Вјоса Османи, претседателката на Косово во прилог на копијата со писмо потпишано од американскиот претседател Доналд Трамп. „Храброто лидерство не само што зборува за мир, туку го гради. Токму тоа го прави претседателот Трамп со оваа историска ...

По снежните врнежи кои го зафатија цело Скопје, Општина Кисела Вода од раните утрински часови спроведува интензивни активности за чистење и одржување на патната инфраструктура со цел обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соопштија од општината. „Активиран е Кризниот штаб на Општина Кисела Вода, кој е во постојана комуникација со сите надлежни служби и ја координира работата на терен, овозможувајќи ефикасно справување со ...

ЗГ “16 Март 2025” Кочани в сабота, 24 јануари со почеток од 14:05 ч. организира Марш за ангелите, посветен на граѓанска поддршка за како што велат, неправедно тужените млади согаѓани. Во соопштението за јавноста стои: -Јавно реагираме на постапките поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ на 16.03.2025 година. Наместо институциите да ја утврдат одговорноста таму каде што реално лежи, фокусот неоправдано се ...

Нова студија покажа дека витаминот Д, честопати наречен „витамин на сонцето“ бидејќи телото може да го произведува користејќи сончева светлина, може да игра клучна улога во справувањето со респираторни инфекции. Веќе е познато дека витаминот Д помага во регулирањето на количината на калциум и фосфат во телото, кои се од витално значење за коските и мускулите. Но, експертите веруваат дека може да има и антивирусни својства. Лекарите советуваат ...

Американскиот претседателски претставник Стив Виткоф изјави во интервју за CNBC дека планира да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во четврток, 22 јануари, објави Ројтерс. На 14 јануари, Блумберг објави дека Виткоф и зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер планираат да патуваат во Москва во јануари за да се сретнат со Путин. Прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков нагласи дека дијалогот меѓу Русија и САД за ...

Европската Унија наскоро ќе биде поделена. Многу јужноевропски земји ќе сфатат дека е економски поповолно за нив да соработуваат со Русија, САД и Кина и ќе побараат да се приклучат кон „новата ОН“. Други, особено Велика Британија и Германија, ќе се обидат да ги обединат северните земји во нова Европа, изјави политикологот Александар Рар за весникот „Взгљад“. Тој коментираше за извештаите дека повеќето членки на ЕУ одбиле да се приклучат кон ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Охрид го организираше традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор, при што ја истакна важноста на културната, економската, спортската и научната, покрај традиционалната дипломатија. Според претседателката, дипломатијата не е само збир на протоколарни активности, туку докажан цивилизациски механизам којшто успева истовремено да урива ѕидови и да гради мостови. – Вие, ...

Ракот на белите дробови е 24 пати почест кај пушачите на цигари, а двојно помалку, 12 пати почест кај пасивните пушачи, односно непосредните жртви на активните пушачи, изјави Милан Ристески за МИА, клинички онколог. -Колку никотинот е штетен, и тоа внесен во организмот во било која форма: инхалиран, преку цигара или луле, или џвакан, или пак трансдермално налепен на кожата? За среќа, во јавноста скоро и да нема легитимен лик кој ќе тргне во ...

Од 9.30 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на овој патен правец беше целосно затворен од Од 9.16 часот поради расчистување на снегот. Од 9 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар. Како што информираат од ЈП „Македонијапат“, нивни екипи со цела механизација и работна ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
81%
1007
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
77%
1001
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
997
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
5.66
80%
1008
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.45
92%
1008
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
0.45
74%
1010
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
2.68
94%
1006
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
4.12
92%
998
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
70%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.13

Калај

48.33

Родиум

334367.76

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Бакар

11.89

Паладиум

54688.42

Платина

67130.76

Иридиум

213919.04

Цинк

3.32

Сребро

2586.53

Злато

161412.82