
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Либерално-демократскатапартија (ЛДП) останува посветена на европската иднина на Македонија, велат од опозициската партијата. „Денеска премиерот во парламентот јавно ја препозна ЛДП како една од ретките партии со вистинско и влијателно европско и меѓународно партнерство. Тоа е признание што доаѓа со одговорност. Како либералдемократи, отсекогаш сме се залагале за заштита на националниот интерес, македонскиот јазик, идентитетот, културата и ...
Русија во четврток објави дека српската воена индустрија, и покрај декларираната неутралност на Белград, продолжува да испорачува муниција во Украина, а српскиот претседател Александар Вучиќ вечерта изјави дека фактите ќе ги утврди работна група формирана со руски партнери и дека не сака да зборува за деталите. Руските медиуми претходно во четвртокот објавија, повикувајќи се на соопштение од Руската служба за надворешно разузнавање (СВР), дека ...
Државниот јавен обвинител вечерва во интервју на ТВ 24 рече дека за еден член од бендот кој е осомничен за пиротехниката нема во моментов да се води постапка поради лоша здравствена состојба. -Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка ниту да дадат изјава, за жал, рече државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во ...
Белата куќа во четврток му се заблагодари на Илон Маск за неговата служба, откако претприемачот објави дека го прекинува своето учество во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави портпаролката на претседателот. „Му се заблагодаруваме за неговата работа. Му се заблагодаруваме што го започна DOGE (акронимот за неговиот Оддел за владина ефикасност) и напорите за намалување на расипништвото, измамите и злоупотребите ќе продолжат“, ...
Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите, објави во 24 анализа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Тој вели дека засега не може да прецизира колкав ќе биде конечниот број обвинети, а најави можност за некои да биде прекината истрагата. Тврди, ОЈО ГОКК продолжува со истрагата околу улогата на полицајците кои кобната ноќ беа во дискотеката „Пулс“ и не исклучува можност доколку се ...
Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Марко Рубио на средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја нагласил потребата „сојузниците на НАТО да поддржат и да стигнат до пет проценти издвојување за одбраната“. „ На средбата беше нагласена силната врска меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија и беа истакнати заедничките интереси за регионалната стабилност, економската ...
Управувањето со отпад не е само важно од аспект на подобрување на животната средина во земјата, туку истовремено е основа за креирање на одржлив развој базиран на принципите на кружната економија. Унапредувањето на овој процес значи поттикнување на целокупен економски развој и отворање на нови работни места, но и целосна трансформација на општеството. Ова беа главните пораки што беа упатени на меѓународната конференција „Патување кон одржливо ...
Судот во предградие на аргентинската престолнина Буенос Аирес во четвртокот го поништи судењето во кое се одлучува за вината на медицинскиот тим што се грижеше за легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона, кој почина во ноември 2020 година. Судењето беше поништено откако еден од тројцата судии во случајот поднесе оставка, наведувајќи го притисокот што го чувствувал од учеството во документарен фимл за случајот. Судот можеше или да ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 30.05.2025 година (петок) без електрична енергија ќе останат: Од 09.00 до 13.00 часот корисниците од ул.„Владимир Полежиновски“ и дел од ул.„Стефан Јакимов -Дедов“ општина Центар. Од 09.00 до 14.00 часот дел од корисниците од улица „Франце Прешерн“ во општина Карпош. Од 10.00 до 14.00 часот дел од потрошувачите на ул.„Исаија Маџовски“ и дел од ...
Новак Ѓоковиќ, 38-годишен српски тенисер, без поголеми проблеми го мина второто коло на Гренд слем турнирот во Париз, победувајќи го домашниот играч Корентен Муте со 6-3, 6-2, 7-6(1). Во третиот сет Муте можеше да го искомплицира натпреварот. Водеше со 4-2, а на 6-5 имаше сет-поен на сервис на противникот. Ѓоковиќ се извлече од сите тие проблеми и стигна до тај-брејкот во кој целосно доминираше, испуштајќи само еден поен и продолжува натаму на ...
Русија ја снабдува Северна Кореја со напредна воена технологија од крајот на минатата година, се тврди во извештајот на Мултирателарниот тим за следње санкции (MSMT), објавен во четвртокот во кој не се дадени докази. Се вели дека Москва испорачала најмалку еден мобилен противвоздушен ракетен систем „Панцир“. Со тоа, ги крши постојните санкции на Обединетите нации, кои воведуваат ембарго за оружје на Северна Кореја, се наведува во соопштението. ...
Не би требало да има големи отстапки во учеството на СПМ на локалните избори во однос на претходните избори, изјави Љупчо Димовски, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и вицепремиер за политички систем прашан за очекувањата за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори. „Ние ќе се раководиме според расположението на јавноста и резултатите од анкетите. Таму каде што ќе се покаже дека наш кадар има добри изгледни ...
Русија ја снабдува Северна Кореја со напредна воена технологија од крајот на минатата година, се тврди во извештајот на Мултирателарниот тим за следње санкции (MSMT), објавен во четвртокот во кој не се дадени докази. Се вели дека Москва испорачала најмалку еден мобилен противвоздушен ракетен систем „Панцир“. Со тоа, ги крши постојните санкции на Обединетите нации, кои воведуваат ембарго за оружје на Северна Кореја, се наведува во соопштението. ...
Македонската фудбалска репрезентација во четветокот го одржа првиот собир пред јунските дуели против селекциите на Белгија и на Казахстан во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Во воведните две кола во групата Ј, избраниците на селекторот Благоја Милевски освоија четири бодови, откако триумфираа над Лихтенштајн на гостински терен, а одиграа нерешено против Велс во Скопје. Напаѓачот Александар Трајковски смета дека ...
Патниците на авионите што летаат за Турција ќе бидат казнети ако станат од седиштата пред да се исклучи знакот за појас по слетувањето, објави Турската управа за цивилно воздухопловство, како што објави BBC. Управата вели дека ги вовела казните по жалбите од патниците. Новите правила стапија на сила претходно овој месец. Според извештаите на турските медиуми, казните ќе изнесуваат околу 60 евра. Управата предупреди дека имало „сериозно ...
Приватен дистрибутер на помош во Појасот Газа поддржан од САД и Израел отвори трета локација во четвртокот и соопшти дека ќе отвори повеќе во наредните седмици, бидејќи илјадниците изгладнети Палестинци очајно имаат потреба од храна. Хуманитарната фондација Газа (GHF) започна со работа оваа седмица, која беше обележана со насилни сцени во вторникот, бидејќи илјадници луѓе пробија огради и ги принудија приватните обезбедувачи да се повлечат. ...
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев и министрите за локална самоуправа и за дигитална трансформација Златко Перински и Стефан Андоновски денеска во Естонскиот парламент имале средба со Парламентарната група за соработка со земјава. На средбата било разговарано за новите можности за соработка, поддршка и размена на искуства, како и за иницијативата за размена на добри парламентарни практики особено поврзани со финансирање на развојни ...
Со податоците со кои излезе Државниот завод за статистика, споредбено со првиот квартал од 2024 година и со првиот квартал од 2025 година, имаме сериозно поместување во позитивна насока”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во интервјуто за вестите на Канал 5 телевизија. Министерот додаде дека податоците говорат дека изминатите 11 месеци се носат конкретни чекори и мерки кои вродуваат со плод. „Во ...
Управата за водење на матични книги попладнево информираше дека е постигнат меѓуинституционален договор со кој свечената сала во објектот „Порта Македонија“ ќе може да се користи за граѓански венчавки. „Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14:00 до 17:30 часот, за реализација на службени венчавки“, информираа од Управата за водење на матични книги. ...
Моментално светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синнер, го победи Ришар Гаске со 6-3, 6-0, 6-4 во второто коло на Ролан Гарос, испраќајќи го францускиот ветеран во заслужена пензија, откако го одигра својот 1.018-ти натпревар во кариерата на АТП и Гренд слем турнирите, Олимписките игри и Дејвис купот. По натпреварот во кој Синнер, како што се очекуваше, ја постигна својата 16-та последователна победа на Гренд слем турнирите и се ...
Со измени на Законот за царински тарифи треба да се намалат 67 царински стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриoска-Кочоска. „Предлог-законот предвидува да се изврши намалување на царинските стапки до 50 проценти од нивото на царинските стапки кои важат во ЕУ, со што ќе се придонесе и за поголема усогласеност со царинската тарифа на ЕУ и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио. Двајцата соговорници ја потврдија извонредната соработка меѓу двете држави, која е заснована на заеднички вредности, политички интереси и долгогодишно пријателство. Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на македонската влада кон унапредување на ...
Цените на нафтата паднаа под 64 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи знаците за слабеење на побарувачката на работна сила во САД следеа по сигналите од големите производители дека тие може да ја зголемат понудата. На лондонскиот пазар, со барелот сирова нафта попладнево се тргуваше по цена за 95 центи пониска од вчерашната на затворањето на тргувањето од 63,95 долари. На американскиот пазар, таа беше пониска за 1,1 долар и ...
Инфлацијата во еврозоната се зајакнува, а јазот меѓу растот на платите и цените малку се прошири, според проценките на граѓаните во анкетата на Европската централна банка (ECB), потврдувајќи го трендот од почетокот на пролетта. Цените во еврозоната се зголемија за 3,1 отсто во април во споредба со истиот период минатата година, според медијаната на проценките на граѓаните. Пресметките на Европскиот завод за статистика покажаа дека инфлацијата ...
Кинеската компанија за е-трговија „PDD Holdings“, сопственик на онлајн платформата Temu, објави во вторникот помал раст на приходите во првиот квартал, во услови на жестока конкуренција на домашниот пазар и трговски ограничувања во странство. Приходите на матичната компанија на Temu во првите месеци од оваа година изнесуваа 95,67 милијарди јуани (13,30 милијарди долари), што е зголемување од 10 отсто во однос на истиот период минатата година. За ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска одговарајќи на пратеничко прашање за Договорот со Велика Британија денеска изјави дека задолжувањето и проектите што ќе се реализираат ќе бидат согласно нашите закони. „Договорот вели пет милијарди фунти кои што ќе можат да ги користиме во рок од десет години или кога би одело годишно или би имале зрели проекти, по 500 милиони евра, тоа е повлекувањето. Рокот на отплата зависи од самите ...
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше и имаше обраќање на 6-тата Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA. Во своето обраќање, министерот Меџити ја истакна важноста на одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија како клучни елементи во ...
Англискиот шампион Ливерпул постигна договор со унгарскиот репрезентативец 21-годишниот Милош Керкез и сега треба да се договори со Борнмут за висината на отштетата, објавија британските медиуми. Керкез пристигна во Борнмут летото 2023 година од холандскиот АЗ Алкмар во трансфер вреден 18 милиони евра. Тој игра на позицијата лев бек, а оваа сезона постигна два гола и имаше шест асистенции. Така, „Црвените“ сега ќе имаат на располагање двајца ...
Наградата Карло Велики за заслуги за промовирање на европското единство беше доделена во четврток на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ја нагласи потребата Европа да биде што е можно понезависна. „Време е Европа да се крене и да го започне следниот голем европски проект… следната ера, нашиот следен голем проект мора да оди во насока на независна Европа“, рече претседателката на извршното тело на ЕУ додека ја ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања го опиша стратешкиот договор со Обединетото Кралство како историски момент како за државата, но и за регионот, затоа што силно присуство на еден од водечките политички чинители во светот тука во регионот значи многу и за граѓаните, и за државата, но и за иднината на регионот, при што објаснувајќи го подели во два дела, политички и ...