Европските лидери се обидуваат да ги намалат тензиите со САД околу Гренланд, дури и кога Доналд Трамп ги удвојува своите закани за воведување дополнителни царини за осум европски. „НАТО веќе 20 години ѝ кажува на Данска дека „мора да ја отстраните руската закана од Гренланд“. За жал, Данска не можеше ништо да стори во врска со тоа. Сега е време и тоа ќе се направи!!!“, напиша Трамп на Truth Social. Британскиот премиер Кир Стармер ја осуди ...

Шпанија ја истражува причината за железничката несреќа во која загинаа најмалку 40 лица, а 122 други се повредени кога во неделата вечерта воз излетал од шините и се судри со друг што доаѓал од спротивната насока. Комисијата за истрага на железнички несреќи (CIAF) ги испитува можните причини, а истрагата би можела да трае со денови. На една од фотографиите објавени во понеделникот се прикажани истражители на Цивилната гарда како стојат покрај ...

Словенечкиот премиер Роберт Голоб доби покана од американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на Одборот за мир, објави словенечката влада во понеделник на X. Извори блиски до владата неофицијално ѝ кажаа на агенцијата STA дека премиерот не е за учество во комитетот. Како што рекле натаму изворите, се очекува владата да разговара за ова прашање во четврток. Мировниот одбор е формиран за одржување на прекинот на огнот, привремена ...

Висока владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. „Следните денови ќе имаме бројни состаноци коишто очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување на голем број на инвестиции. Учесник ќе бидам на три панели на коишто ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе ...

Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, во обраќање до нацијата соопшти дека поднесува оставка и ќе учествува на претстојните предвремени парламентарни избори. Одлуката доаѓа девет години откако Радев и заменик-претседателката Илина Јотова положија заклетва на 19 јануари 2017 година, а официјално ја презедоа функцијата на 22 јануари истата година. „Пред девет години ми гласавте доверба да бидам претседател. Преку 2021 година ...

Се очекува голем број дански војници да пристигнат во Кангерлусуак во западен Гренланд доцна вечерва, објави ТВ2, повикувајќи се на извори од данската војска. Се очекува началникот на командата на данската армија, Питер Х. Бојсен, исто така, да пристигне во Гренланд. Според данскиот врв, распоредувањето на овие војници ќе се одвива како дел од военото засилување на Данска на островот. Сорен Андерсен, командант на Заедничката арктичка команда ...

Иконскиот италијански моден дизајнер Валентино Гаравани почина на 93-годишна возраст. Тој ја основал својата луксузна модна куќа „Валентино“ заедно со бизнисменот Џанкарло Џамети во Рим во 1960 година. Гаравани, кој наполни 93 години во мај 2025 година. Со неговото прецизно креирање шари, препознатлива нијанса на афион црвена боја и око за женствени детали како машни, набори, чипка и везови, Валентино беше еден од клучните архитекти на ...

Рускиот удел во НИС од 56,15 проценти е продаден на унгарски МОЛ, дел од сопственоста ќе им припадне и на ОАЕ, а Србија исто така ќе го зголеми својот удел. „По завршувањето на трансакцијата, МОЛ ќе преземе значајни акционерски одговорности и управувачки права во компанијата што управува со единствената рафинерија во Србија, дополнително зајакнувајќи го своето присуство на енергетскиот пазар во Централна и Југоисточна Европа“, соопшти МОЛ ...

Најмалку 19 лица загинаа во шумски пожари во Чиле, соопштија властите во понеделник, додека владата спроведе масовни евакуации и се бореше со 23 пожари кои беа влошени од силни ветрови и интензивна топлина. Иако временските услови помогнаа некои од пожарите да се стават под контрола преку ноќ, најголемите и натаму остануваат активни. Се очекуваат неповолни временски услови во текот на целиот ден, изјави министерот за безбедност Луис Кордеро ...

Германија треба да стане нуклеарна сила, бидејќи притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд покажува дека Европа повеќе не може да се потпира на американска заштита, изјави пратеникот од Алтернатива за Германија (AfD), Кеј Готшалк. Тој рече дека повоениот консензус за „предавање на одбраната на Европа“ на Вашингтон „се растворил во воздух“ и тврди дека ставот на Трамп кон Гренланд докажува дека „нема ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез го посети во понеделникот местото на железничката несреќа во која загинаа најмалку 39 лица, а 152 се повредени, и прогласи тридневна жалост во земјата. „Ова е болен ден за Шпанија“, изјави Санчез пред новинарите во јужниот град Адамуз. Шпанија ќе прогласи тридневна жалост од полноќ додаде. Два воза од спротивни насоки се судрија во неделата вечерта во 19:40 часот по локално време на влезот во градот, кој има ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-4) изјави дека испишувањето историја силно го мотивира на првиот овосезонски грен слем турнир Австралија Опен, што денеска го почна со победа од 3-0 во сетови над Шпанецот Педро Мартинез (АТП-71.). За Ѓоковиќ ова е јубилејна 100-тапобеда на Австралија Опен во кариерата. „Што да кажам, ми се допаѓа како звучи – ‘сентурион’. Навистина убаво чувство“, рече 24-кратниот грен-слем шампион, по стартната победа во ...

Рускиот енергетски гигант „Газпром) и унгарскиот концерн MOL се согласни за условите на договорот за NIS (Нефтена индустрија Србија), а Белград ќе го зголеми својот удел во компанијата за 5 отсто, изјави во понеделникот српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Џедовиќ-Хандановиќ. Според шефицата на српското Министерство за енергетика, преговарачите наскоро ќе ги презентираат условите на договорот пред Канцеларијата за контрола ...

Рускиот претседател Владимир Путин е поканет во таканаречениот „Мировен одбор“ на американскиот претседател Доналд Трамп, потврди Кремљ во понеделникот. „Моментално работиме на разгледување на оваа понуда и се надеваме дека ќе воспоставиме контакт со американската страна за да ги разјасниме сите детали“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на редовниот дневен брифинг со акредитираните новинари. Мировниот одбор е формиран за одржување ...

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо ја доби судската постапка против својот поранешен клуб Јувентус и ќе може да задржи 9,8 милиони евра што клубот од Торино му ги исплатил за заостанати плати, објавија италијанските медиуми. Роналдо премина од Јувентус во Манчестер Јунајтед во летото 2021 година, а во 2023 година покрена арбитражна постапка против италијанскиот клуб, тврдејќи дека му должи 19,6 милиони евра за неисплатени плати ...

Во пукање во градскиот совет на чешкиот град Чрибска во понеделникот загина едно лице, а најмалку шест други, вклучувајќи тројца полицајци, беа ранети, соопштија властите додавајќи дека вооружениот човек извршил и самоубиство. Полицијата соопшти дека ја обезбедила зградата во Чрибска, гратче со околу 1.300 жители во регионот Дечинско, 110 колометри од чешката престолнина Прага. „Во моментов, ништо не укажува на терористички или екстремистички ...

Маскирани лица во неделата напладне на фудбналското игралиште во населбата Маџари физички нападнале група малолетници и со тврди предмети претепале едно од децата, а насилството го снимале со мобиле телефон, извести во понеделникот Министерството за внатрешни работи. Според известувањето на „ 18.01.2026 во 13:15 часот Е.О.(37) од Скопје пријави дека на подрачјето на Маџари нејзиниот малолетен син, кој бил заедно со уште двајца негови другари ...

Европа (Европската унија) нема да биде уценувана и ќе одговори јасно и обединето на тарифите што ги заканија САД за поддршка на Данска по прашањето за Гренланд, изјавија во понеделникот министрите за финансии на Германија и Франција. Американскиот претседателот Доналд Трамп во саботата објави нови тарифи за увоз од осум европски земји, сојузници на САД во НАТО кои демонстративно преку ноќ испратија по десетина војници на Гренланд на ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите православни верници, свештенството и учесниците во празничните чествувања, упатувајќи посебна честитка до најсреќниот верник Дарко Митровиќ кој го извади Светиот Крст од осветените води. Во својата порака, тој го истакна длабокото духовно значење на празникот, како и силата на верата, традицијата и заедништвото ...

Челниците на земјите-членки на Европската унија ќе се соберат на вонреден самит в четврток за да разговараат за одговорот на Унијата на заканите од Соединетите држави со нови царини и преземање на сувернитетот над Гренланд, автономна област на Данска која е членка на блокот но самиот арктичко остров не е дел од ЕУ. Средбата ќе се одржи во Брисел со почеток во 19:00 часот. Портпаролот на Комисијата, Олоф Гил, изјави во понеделникот дека ЕУ се ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски се надева дека опозицијата ќе гласа за законските решенија за проектот „Безбеден град“ особено, како што вели, по ветувањето на лидерската средба. Порачува дека сите треба да учествуваат во овој проект, кој, потенцира, спасува животи. На новинарско прашање дали Собранието ќе побара од МВР најмалку три месеци одожување на проектот Николоски рече дека „се работи за принципиелно прашање ...

Принцот Хари, Елтон Џон и пет други јавни личности беа жртви на масовно прислушување телефони и други нелегални дејствија од страна на моќниот британски конзервативен весник Daily Mail, во кое учествуваа членови на одборот, уредници и некои новинари, изјави адвокатот што ги застапува на суд во понеделник. Британското кралско семејство и други тужители го обвинија издавачот „Associated Newspapers“ за нелегално однесување од 1993 до 2011 ...

Сведоштвата на др. Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните институции, вршеле притисок да му ја преземат болницата, ја потресоа јавноста. Но, за нас тие не се изненадување, обвинува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. „Подолг период укажуваме дека ова криминално дуо Заев-Филипче, мора да одговара за своите постапки. Речиси секојдневно излегуваат нови сведоштва, признанија и ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.Р.(60) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „загрозување на сигурностa”. На ден 06.12.2025 во дом во Делчево, по кратка расправија, пријавениот под дејство на алкохол со нож упатил закани кон родителите на жената со која живеел. Надворешната канцеларија за ...

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу денеска преку социјалните мрежи соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Алиу оставката ја поднел до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а ја сподели во објава на својот фејсбук профил. Тој посочува дека оставката доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа, нагласувајќи дека ценел дека во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со лдиерот на ДУИ, Али Ахмети биле во врска со локалната самоуправа во Гостивар. „Со Али Ахмети прво разговаравме во врска со локалната самоуправа во Гостивар. Таму заеднички го поддржавме кандидатот од Алијанса. Градот има сериозни проблеми, потреби имаат граѓаните соодветни, реорганизација во однос на тоа како ќе се постави градоначалникот сега ...

Дваесет ичетири годишниот Дарко Митровиќ од општина Центар го извади чесниот крст од водите на Вардар во рамки на централната манифестација за одбележување на празникот Водици во Скопје, што се одржа кај мостот „Слобода“ во центарот на главниот град. Митровиќ беше најсреќниот меѓу 160 пријавени се пријавени за фаќање на крстот што во водите на Вардар го положи поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ...

Европската унија има „алатки“ да го одврати американскиот претседател Доналд Трамп од воведување нови царини за земјите коишто испраќајќи војници на Гренланд искажаа противење на анексија на арктичкиот остров од страна на САД, предупреди во понеделникот комесарот на Европската комисија, Стефан Сежурне, додавајќи дека „Гренланд никогаш нема да биде американски“. „Оваа уцена мора да престане. Мислам дека американската влада прави голема грешка: ...

пецијалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин за економска соработка со странство, Кирил Дмитриев, ќе отпатува во швајцарското одморалиште Давос оваа седмица и ќе одржи серија состаноци со членовите на американската делегација на маргините на Светскиот економски форум, изјавиле за Reuters два извора запознаени со посетата под услов да останат анонимни. Главниот преговарач на Украина, Рустем Умеров, откако престојуваше викендов ...

Дваесет и двегодишниот, Борис Стефановски, студент, го извади чесниот крст од Соборниот храм „Свети Никола“. Голем број кумановци се обидоа да го извадат светиот крст во старата градска црква. „Моментално сум студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, имам уште еден испит. Седма година се обидувам да го извадам крстот. Оваа година очекувам да дипломирам, да се вработам, да работиме со дечиња да имаме здравје да нè чува ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1003
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
7.2
54%
998
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
88%
995
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
66%
1003
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.17
74%
1005
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
96%
995
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
69%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
48%
1000
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1002
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
80%
1005
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
91%
995
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
71%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.33

Бакар

11.89

Злато

161412.82

Сребро

2586.53

Алуминиум

3.13

Кобалт

64.04

Платина

67130.76

Рутениум

45750.51

Цинк

3.32

Иридиум

213919.04

Родиум

334367.76

Паладиум

54688.42