Струмичките пожарникари синоќа интервенираа на запалено возило, но и покрај брзата реакција, не успеја многу да спасат. Според информациите од ТППЕ Струмица, синоќа, во 22:45 часот во с.Старо Владевци, четворица пожарникари-спасители интервенираа на гасење на запалено патничко моторно возило. -Возилото во моментот на пристигнувањето беше во разгорена фаза. За кратко време пожарот беше локализиран и ликвидиран. Причинета е значителна материјална ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе во прашање посветеноста на САД кон НАТО, нагласувајќи дека САД не треба да им помагаат на земјите кои, според него, не трошат доволно за сопствената одбрана. „Ако не платат, нема да ги бранам“, изјави американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека земјите-членки на НАТО „треба да платат повеќе“. „Мојот најголем проблем со НАТО е тоа што ако САД имаа проблем и ја ...

Актерката Џенифер Гарнер и нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бен Афлек, во последно време поминуваат многу време заедно, а тој наводно е „отворен“ за обновување на нивната врска. Сепак, Џенифер не заинтересирана за тоа, како што неодамна изјавија извори за Page Six. Гарнер, која е во врска со Џон Милер од 2018 година, е среќна со своето момче и не планира да се смири со Бен. „Тој е подготвен да се обиде повторно“, истакна тој. Изворот додаде ...

Организаторите на Евровизија сакаат Селин Дион да биде специјална гостинка на финалето на натпреварот во Базел во мај. Иако се водат преговори, сè уште ништо не е потврдено, пред се поради нејзината здравствена состојба – пејачката со години се бори со синдромот на вкочанета личност, што го отежнува планирањето на настапите, пренесува ало.рс. И покрај нејзината болест, Дион минатата година присуствуваше на свеченото отворање на Олимписките игри ...

На погребот на Саша Поповиќ денес веднаш зад ковчегот, во вечното почивање го придружуваа четири лица кои на посебен начин му го одбележаа животот, меѓу кои беа и трите жени кои му беа најважни. Неговата сопруга Сузана Јовановиќ, која со денови добива сочувство, а нејзината тага е неизмерна. Цело време таа ја гушкаше и бакнуваше сликата на нејзиниот покоен сопруг, а во еден момент и ковчегот, додека покрај неа во солзи стоеја нејзината и ќерката ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе при МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Според описот во диспозитивот на наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „Трговија со дете“. -Кон средината на ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го укине привремениот правен статус на 240.000 Украинци кои избегаа во САД по руската инвазија, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на високи функционери и извори запознаени со планот. Одлуката, која треба официјално да биде објавена во април, е дел од пошироката стратегија на Трамп за укинување на привремените хуманитарни програми од времето на претседателот Џо ...

Пратеникот на Движење ЗНАМ, Миле Цеков на денешната прес-конференција информира дека нивната пратеничка група ќе достави иницијатива до Министерството за животна средина и до Владата каде бараат Планината Беласица да се прогласи за заштитно подрачје категорија 5, односно заштитен предел согласно Законот за заштита на природата. -Имено, оваа наша иницијатива ја засноваме на неколку факти. Планината Беласица која се наоѓа во југоисточниот регион ...

Денес во Белград беше погребан Саша Поповиќ. Погребната служба започнала околу 14 часот, а ја служел викарот на Неговата Светост Патријархот Порфирије Петар, со богослужби на петмина свештеници и ѓакони од парохиската црква Св. Василије Острошки на Бежанијска коса, на која и припаѓал и Саша, пренесува Б92. „Господ да ја упокои душата на својот слуга Александар, кој цел живот го љубеше Христа. Да не беше добар човек, толку многумина од вас немаше ...

Штипската тврдина Исар ќе се реконструира по примерот на скопското кале и Самуиловата тврдина во Охрид. Тврдината изградена во вториот век од нашата ера е симбол на Штип, а за нејзината реконструкција општината обезбеди 1,6 милиони евра преку вториот јавен повик за унгарскиот кредит. Предвидено е да се реставрираат трите кули, кои меѓусебно ќе бидат поврзани со бедем висок четири метри. За автентичноста на реставрацискиот процес се грижи ...

Неофицијалните информации дека британската компнија Џонсон Мети, која има свој погон во ТИРЗ „Бунарџик“ ќе отпушти 200 работници, стана официјална. Во одговор до ММС од компанијата потврдија дека ќе има намалување на работните места. При тоа, во одговорот не прецизираат за колкаво намалување се работи, ниту дали сегашната редукција на работните места, ќе биде единственото годинава. „Со оглед на неодамнешните глобални економски притисоци на ...

Има поголем интерес од очекуваниот за средства од кредитната линија во износ од 250 милиони евра од унгарскиот заем наменети за компаниите, потврди министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. -Добивме информации од сите банки дека побарувачката е многу поголема отколку тоа што го нудиме. Интересот е многу поголем отколку овие 250 милиони евра коишто ги имаме на располагање и ми е многу драго затоа што на почетокот кога тргнувавме во ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска останува на ставот дека Владата ќе прифати онолкава минимална плата во државава колкава што ќе договорат работодавачите и работниците. -Не знам зошто има коментари дека сме биле во судир со синдикатите во однос на минималната плата. Бев многу јасна и кажав – ќе се договорат работодавачите и работниците колку едните можат да испорачаат, а колку другите можат да платат, а за нас ќе биде ...

Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 3,2 проценти во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8 отсто, соопшти денеска портпаролката на Влада на Република Северна Македонија, Марија Митева. Главни фактори за растот на БДП, како што информираше Митева на денешната прес-конференција, се растот од 13,2 отсто во градежништвото и порастот од 10,6 проценти во стручни, научни и ...

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер летови на партиски посети. -Веќе трет ден молчат и не откриваат колку чинел летот со приватна авиокомпанија, со кој педесетина претставници на Владата и медиуми отпатуваа за Будимпешта. Мицкоски, познат по тоа што „го болат колената” во економска класа и секогаш избира бизнис-класа, овој ...

Науката откри нов дел од имунолошкиот систем којшто може да биде клучен во борбата против бактериските инфекции и отпорноста на антибиотици, објавија истражувачи од Израел. Научниот труд објавен во списанието „Нејчр“ (Nature) открива дека овој протеазом којшто е комплекс од ензими присутен во секоја клетка на телото, има досега неоткриена и непозната функција – освен што ги разградува старите протеини, може да произведе моќни молекули што ги ...

Сопственичка на кафуле во Велика Британија го преименуваше популарното кафе „Американо“ во – „Украино“ како протест поради, како што самата рече, „злоупотребата кон претседателот Володимир Зеленски“ во САД, за време на неговата посета на Овалната соба во Белата куќа. Кафето „Американо“ го добило своето име во Втората светска војна, кога американските војници го разредувале своето посилно „Еспресо“ во Италија за да го направат по нивен, ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски, во повеќе наврати го најави запирањето на финансирањето на клубовите од третите лиги од сите спортови заради, како што вели, слабиот резултат, а најмногу реакции имаше по споредбата која министерот ја направи во Штип, кога рече дека спортот не е замјоделие, па да финансираме сè и сешто. Деновиве се формираше иницијатива, предводена од фудбалските третолигаши ОФК Малеш, ОФК Карбинци, ФК Овче Поле и ФК ...

Американскиот претседател Доналд Трамп упати последно предупредување до палестинската исламистичка група Хамас доколку не ги ослободи израелските заложници што ги држи во заробеништво во Газа. Во пораката објавена на неговата социјална мрежа „Truth Social“ вчера, Трамп побара од милитантите на Хамас веднаш да ги ослободат сите заложници кои се држат во Газа, нарекувајќи го „последно предупредување“, повикувајќи го раководството на Хамас да ја ...

Крадец на накит од американската сојузна држава Флорида украл обетки вредни вкупно околу 770.000 долари (720.000 евра), коишто при апсењето ги проголтал. Џаетан Гилдер (32) им се претставил на вработените во специјализираната продавница „Тифани“ како претставник на кошаркар на НБА-кошаркарскиот клуб Орландо меџик, пред да биде одведен во ВИП-соба. Таму му биле покажани неколку парчиња накит од високата класа, се вели во соопштението на ...

Саша Поповиќ, денеска ќе биде погребан на Бежанијските гробишта. Семејството, пријателите и соработниците ќе му оддадат почит на комеморативниот собир закажан за 10 часот во центарот „Сава“, додека во 12 семејство ќе прима сочувство на Бежанијските гробишта. Опелото е закажано за 13 часот и 45 минути во црквата Свети апостол Тома, а како што дознава Гранд ќе чиноначалствуваат неколку свештеници. Погребот ќе се изврши во 14 часот и 30 минути, а ...

Средствата наменети за програмите и проектите на Националната фондација за демократија (НЕД) од кои се финансираат и повеќе организации и иницијативи во Македонија, со еден потег беа задржани и покрај тоа што се одобрени од Конгресот. Поради тоа, вчера НЕД поднесе тужба барајќи пристап до средства присвоени од Конгресот. Тужбата, како што соопшти НЕД, е против „агенциите и функционерите на извршната власт за незаконско задржување на нејзиното ...

Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би требало да биде околу 1.800 денари, а синдикатот бара зголемување за 6.000 денари и придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, да ги субвенционира Владата. Оттаму пак велат дека пари во Буџетот за оваа намена не се планирани. Се согласуваат со секое решение што ќе го договорат ...

Замрзнувањето на американското финансирање за програмите за туберкулоза става во опасност милиони животи ширум светот, предупреди синоќа Светската здравствена организација (СЗО), агенцијата на ОН од која САД планираат да се повлечат. СЗО проценува дека глобалните напори за борба против туберкулозата, најсмртоносната заразна болест во светот, спасиле повеќе од 79 милиони животи во изминатите две децении, се вели во соопштението. Сепак, овој ...

ЕБУ одлучи дека претставничката на Малта за Евровизија, Миријана Конте, мора да смени дел од текстот на нејзината песна. Една недела пред официјалното испраќање на песната на Малта на Евровизија, ЕБУ побара од членот на Малта да го отстрани зборот „кант“ од песната. View this post on Instagram A post shared by Miriana Conte (@mirianaconte) Тој збор во песната е на малтешки, додека целата песна е мешавина од малтешки и англиски. Кант значи пеење ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски изјави дека неделава за време на дводневниот македонско-унгарски владин самит во Будимпешта имал исклучително важна и продуктивна средба со неговиот колега, унгарскиот министер за земјоделство и рурален развој, Иштван Наги, на која е договорено обновување и проширување на соработката и во делот на науката. -Разговаравме за предизвиците со кои што се соочуваме како ...

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 7 март откако во Основниот Кривичен суд Скопје денеска беа изведени докази на предлог на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски. На следното рочиште е предвидено произнесување однос на материјалните докази, а веќе од расправата закажана за 12 март ќе започне распитот на обвинетите. Во Кривичен денеска беше сослушан сведокот Стојан Кујунџиевски кој сведочеше дека заедно со колегите од СВР Велес ...

Американскиот министер за трговија Хауард Лутник денеска изјави дека може да дојде до ублажување на царините од 25 отсто за увоз на некои производи од Канада и Мексико, што вчера ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп. Како причина за ваквата одлука се спомнува тоа што евентуалното зголемување на тарифите ќе и наштети на берзата, негативно ќе влијае на потрошувачите и ќе предизвика трговска војна. Лутник рече дека Трамп во попладневна ...

Овогодинешниот српски претставник на Евровизија се најде во непријатна ситуација откако на социјалните мрежи се појавија наводни пораки кои ги испратил до малолетничка. Принцот од Врање ги коментираше пораките кои кружат на интернет во кои се обвинува за педофилија. Тој веднаш реши овој случај да го пријави кај надлежните органи. Šok ! Prepiska Princa od Vranje sa maloletnicom! AUAU pic.twitter.com/0NSapfccrR — Malagaravaa (@vaskekopirinac) ...

За првото тридневие на велигденскиот пост, во познатите светилишта „Свети Јован Крстител“ – Бигорски манастир и „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица, престојуваа над 300 верници, кои по традиција сакаа на овој начин, во потполно тридневно воздржување од храна и вода да го започнат велигденскиот пост. Чесниот и свет пост започна во понеделникот, откако во неделата вечерта на Прочка, големиот број верници, за кои Бигорскиот храм ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
60%
1010
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
86%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
88%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
40%
1010
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.61
76%
1008
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
93%
1013
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.79
46%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1011
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
68%
1011
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
69%
1008
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
87%
1011
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
53%
1012
Currency

61.525

Currency

54.2311

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78