Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Скопје, 11 август 2026 Додека СДС го градеше својот летен наратив од паника и невистини, во сенка на нивните преписки излегоа официјалните податоци на Државниот завод за статистика за инфлацијата и цените на мало во јули годинава. И тие податоци се јасни, проверливи и за жал талогот од СДС, не може да ги побие. Инфлацијата во јули 2026 година изнесува 2,3% на годишно ниво. За споредба, просекот во Европа е 2,9%. Значи, Македонија денеска има ...
11 август 2026 Пензионерите не се највозрасните граѓани кои го заокружиле својот работен век, туку тие се најзаслужната категорија на граѓани кои со својата пот и неуморна работа ја граделе државата, пишува во денешното соопштение - интегрален текст од прес-конференција на Дијана Илиевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Имајќи го ова предвид, уште во опозиција се обврзавме дека нема пензионерите повеќе да бидат ...
Скопје, 11 август 2026 Власта на Мицкоски ги извиси и ги изманипулира земјоделците производители на црвена пиперка. Наместо откупна цена која ќе им обезбеди исплатливо производство, министерот за земјоделство Борче Серафимовски, на земјоделците им нуди милостина, се наведува во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Договорената цена што Серафимовски, сака да ја прикаже како некаков успех е далеку од исплатлива и далеку од ...
Скопје, 11 август 2026 Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата. Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал, се вели во соопштението на Вреди од денешната прес-конференција на Дритон Сулејмани, што МИА го пренесува интегрално. ...
Скопје, 11 август 2026 Вработените во МВР повторно остануваат без здравствено осигурување, па полициски службеници се враќаат од лекарски прегледи, дијагностички процедури, хемотерапија, па дури и операции. Додека власта се расфрла со милиони за „безбедноста“, набавки, опрема и НАТО-стандарди, повторно заборава на најважниот дел од безбедносниот систем - луѓето кои треба да ја обезбедуваат таа безбедност, се вели во соопштението од ПП Левица ...
Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека на претстојните избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији. Од партијата наведуваат дека кандидатурата на Јахији претставува „одговорност, единство и визија за развој на општината“ и дека целта е создавање поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви ...
Скопје, 11 август 2026 (МИА) - СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите и хистеријата во јавноста. Денеска ова на прес-конференција го правеше нивниот Андреј Жерновски кој на јавноста и е познат по менување партии, неуспешна политичка кариера - стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Во суштина тоа се тие ликови на актуелното раководство на СДС кои реално се талогот на Македонија. Тоа се тие на кои им ...
Скопје, 11 авуст 2026 (МИА) - Зборот е збор - за скоро од денес започнуваме со асфалтирање на булеварот „Борис Трајковски“. По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани, информираше скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. - Денес трасата е ...
Куманово, 11 август 2026 (МИА) - Со изложба на создадените дела заврши 52. издание на Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2026“, на која пет дена твореа 14 уметници од земјава, Србија, Бугарија, Романија и Хрватска. Организатори на традиционалната манифестација се НУ Музеј-Куманово и Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово. Колонијата има традиција од 1974 година и важи за една од најстарите ликовни колонии во земјава и на ...
Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт-деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки, информираат од локалната самоуправа и нагласуваат дека градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и ...
Неготино, 11 август 2026 (МИА) - Второ прскање против комарци на територијата на општина Неготино ќе се врши утре и задутре, соопштија од локалната самоуправа. - Утре против комарци ќе се прска во сите населени места, додека во четврток прскањето ќе се одвива во градот и околината. Прскањето утре и задутре ќе започне и ќе се врши во раните утрински часови, кога и фреквенцијата на луѓе и возила е сведена на минимум - додадоа од локалната ...
Дебар, 11 август 2026 (МИА) - Во рамки на манифестацијата „Дебарско лето 2026" успешно е реализиран и маратонот „DIBRA SUMMER RUN" на кој учествуваа стотина учесници од Дебар, Скопје, Ростуше и Тирана. Се трчаше на пет километри, а прв на целта стигна Октај Беќири од Ростуше. Неговиот брат Харис Беќири беше трет, додека втор на целта пристигна Блеранд Мулаи од Дебар. -Ова се мигови исполнети со енергија, спорт и емоции. Дебар уште еднаш ...
Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Општина Кисела Вода информира дека оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија. Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и останат прибор неопходен за почетокот на ...
Штип, 11 август 2026 (МИА) -Првиот рок за упис на кандидати во прва година додипломски студии за академската 2026-2027 година на 12 факултети и три академии на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип започнува идната недела, и ќе трае три дена, на 19, 20 и 21 август, најави на денешната прес-конференција ректорот на УГД, Дејан Мираковски. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 26 август, конечните решенија за прием на 31 август, а ...
Куманово, 11 август 2026 (МИА) - Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово ќе го реконструира геријатрискиот дел и ќе добие нова опрема преку прекуграничен проект во соработка со општините Лесковац и Врање и партнерски организации од Србија, информираа денеска надлежните од установата. Директорот Александар Крстевски посочи дека проектот е во завршна фаза. Предвидена е целосна реконструкција на геријатрискиот дел, која ќе опфати водоводна ...
Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Советниците од Општина Карпош дале согласност за кофинансирање на проектот „Карпош SustainableHousing Lab“ кој влијае на намалување на јаглерод-диоксид, емисиите и подобрување на комфорот на живеење, информираат од Општината. Според предвиденото, фотонапонските електроцентрали ќе бидат поставени во ЈУОДГ „Орце Николов“ - објект Ѕвездички, Карпош 2, сомаксимална моќност до 13kWp и ЈУОДГ „Распеана Младост“ - ...
Штип, 11 август 2026 (МИА) - Центарот за трансфер на технологии во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип ќе понуди модерно високо образование и креирање на претприемачки способности на студентите, истакна на денешната прес-конференција проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дарко Лазаров. Тој вели дека на реализацијата на овој Центар заеднички работат УГД, Стопанската комора на Македонија и општина Штип. -Веќе сме во една ...
Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Во рамки на градежните активности што се реализираат во Урбана заедница Бардовци, Општина Карпош ја заврши фазата на поставување на ново, енергетски ефикасно улично осветлување. -На новопроектираните улици „5“, „6“ и „7“ поставени се 38 нови енергетски ефикасни светилки со моќност од 35 вати, со што значително ќе се подобри осветлувањето во овој дел од Бардовци. Дополнително, на улицата „1687“ поставени се уште ...
Делчево, 11 август 2026 година (МИА) – Со серија конкретни предлози од областа на урбанизмот, дигиталната економија, туризмот и заштитата на заедницата, заврши првиот Форум на дијаспората во организација на Општина Делчево, каде на иста маса седнаа претставниците на локалната власт, бизнис-секторот, активистите и македонските иселеници од повеќе европски земји. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, во своето обраќање ја истакна ...
Берлин, 7 август 2026 (МИА) - Во регионот Алгој, на југот на Германија пронајдена е тиса стара околу 1.100 години. Дрвото се наоѓа во близина на Штајбис и Балдершванг, на надморска височина од околу 1.100 метри. Според процената на Германското дендролошко друштво, животниот век на оваа тиса надминува единаесет века. Експертите објаснуваат дека е вистинско чудо што успеала да преживее толку долг период, имајќи предвид дека расте на ...
Пекинг, 10 август 2026 (МИА) - Кинескиот модел на вештачка интелигенција (ВИ) „Кими К3“ успеа да ја напушти заштитената изолирана средина („сендбокс“) на Британскиот институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ) за време на тестирање, по што на интернет-платформата „Гитхаб“ (GitHub) самостојно го пронашол решението за поставената тест-задача. Според експертите, „Кими К3“ не извршил софистициран хакерски напад, ниту, пак, нападнал ...
Лесна, кремаста и ароматична супа која се подготвува од едноставни состојки. Состојки: 600 г тиквички 300 г компири 80 г кромид 1–2 чешниња лук 100 мл неутрална павлака за готвење 1,5 л вода 2 лажици путер 2–3 лажици лимонов сок 1 лажица сув зачин Начин на подготовка: Во тенџере загрејте го путерот, па кратко пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне. Додајте ги тиквичките исечени на парчиња и динстајте уште неколку минути. ...
Лос Анџелес, 11 август 2026 (МИА) - Речиси 30 години по убиството на американскиот рапер Тупак Шакур, Судот на Лас Вегас наскоро би можел конечно да слушне детали за еден од најпознатите нерешени случаи во американската историја. Убиството е поврзано со големо соперништво меѓу раперите од Источниот и Западниот Брег на САД, како и со конфликти меѓу уличните банди „Бледс“ и „Крипс“. За случајот сега е обвинет 63-годишниот Двејн „Кифи Д“ Дејвис, ...
Скопје, 2 јуни 2026 (МИА) - Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, соопшти Министерството за здравство. - Ова е важен чекор за јавното здравје и за создавање поздрав, побезбеден и поодговорен јавен простор. Законот е резултат на широк институционален процес, разговори со засегнатите страни, консултации со тутунската индустрија, угостителскиот сектор, надлежните институции, ...
Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име. „Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување“, вели д-р Лазов во својата реакција на ...
Куманово, 10 август 2026 (МИА) - Уште еден случај на затруено дете е евидентиран во Куманово. Вчера во 14:28 часот во СВР Куманово лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив било донесено двегодишно дете кое било затруено со лекови. Од кумановската полиција информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот. Од Општа болница Куманово потврдуваат дека детето вчера било примено на Одделението за педијатрија, каде му била ...
Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи синоќа изрекла 60 казни за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол во акциска контрола низ земјава, спроведена синоќа во периодот од 22:00 часот до 04:00 часот утринава. -При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. 55 возачи биле санкционирани согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ...
Скопје, 10 август 2026, (МИА) -Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име. „Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување“, вели д-р Лазов во својата реакција на ...
Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Двајца малолетници на возраст од 15 и 13 години се лишени од слобода поради сомнение дека се обиделе да ограбат 14-годишник во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера, околу 20:40 часот, на улицата 11 Октомври во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода двајцата малолетници. Според пријавеното, околу 20:00 часот на булеварот Кочо Рацин, тие физички го нападнале ...
Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Расчистено е пукањето од 8 август во тетовското подрачје, три лица се лишени се од слобода, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. - Вчера во 14:45 часот на патот Тетово - село Селце, тетовско, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Тетово го лишија од слобода 34-годишниот А.Џ. од село Селце, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. ...