Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Кавадарци, 16 мај 2026 (МИА) - Државно првенство во пинг-понг за лица со инвалидност се одржува денеска во Кавадарци. Настанот е во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија - Параолимписки комитет на Северна Македонија. Учествуваат натпреварувачи од здруженијата - членки, клубовите за спорт, од територија на целата држава. - Натпреварите ќе се одвиваат во четири категории кај лицата со ...
Њујорк, 16.мај 2026 (МИА) – Освојувачот на МВП наградата во НБА лигата ќе биде познат пред почетокот на првиот натпревар од финалето на Западната конференција меѓу Оклахома Сити и Сан Антонио во недела навечер. Во конкуренција се тројца играчи: Шеј Гилџус-Александер (Оклахома Сити), Виктор Вембањама (Сан Антонио) и Никола Јокиќ (Денвер). Кој било од тројцата да освои наградата ќе биде осма сезона во низа како добитникот е играч, кој е роден ...
Скопје, 16.мај 2026 (МИА) – Министерството за спорт се огласи по синоќешните настани поврзани со прославата на шампионската титула на ФК Вардар. Во известувањето пишува: „Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која ...
Скопје, 16.мај 2026 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразува осуда за навредливото и недолично однесување на ФК Вардар при прославата на победата и обезбедувањето на титулата шампион на Македонија. ФФМ отсекогаш апелирала и повикувала на достоинствен начин на однесување при победите и на понизност при поразите. Особено е неприфатлива потребата да се повикуваат навредливи содржини и да се пее вулгарни и навредливи текстови ...
Белград, 16.мај 2026 (МИА) – Младинската македонска ракометна репрезентација претрпе пораз во вториот контролен дуел со Србија одигран на теренот на противникот. Денеска избраниците на селекторот Наум Танески загубија од домаќинот со 32:25, а вчера славеа победа со 33:31. Ова за македонскиот младински тим беше проверка пред настапот на Европското првенство во јули во Романија. Македонската селекција е во група со селекциите на Норвешка, ...
Скопје, 16.мај 2026 (МИА) – Кошаркарите на Пелистер го добија првиот натпревар од разигрувањето за третото место во кошаркарската Супер лига откако денеска го совладаа ТФТ со 109:87 (30:20; 27:28; 27:23 и 25:16). Во натпревар во кој и двете екипи мислеа само на нападот и повремено на одбрана гостите заслужено дојдоа до водство од 1-0 во победи и за освојување им е потребна уште една победа. Најефикасни кај победничкиот тим беа: Лангстон ...
Ливерпул, 16.мај 2026 (МИА) – Египетскиот фудбалер и член на Ливерпул, Мохамед Салах на 24.мај на Енфилд против Брентфорд за последен пат во кариерата ќе го облече црвениот дрес на официјален натпревар. По несогласувањата со менаџерот Арне Слот, Салах сезонава беше и суспендиран, а набрзо потоа изјави дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот без обесштетување. Според турските медиуми, Фенербахче е подготвен да понуди средства и Салах ...
Цирих, 16.мај 2026 (МИА) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) направи неочекуван потег и пред почетокот на Светското првенство од отстрани од листата на официјални лица за Мундијалот холандскиот судија – Роб Диперник. Тој беше планиран да ја има улогата на ВАР судија на Светското првенство, но се најде под истрага на лондонската полиција по пријава за наводен сексуален напад над малолетни лица во април годинава во Кројдон. Случајот е ...
Рим, 16.мај 2026 (МИА) – Најдобриот светски тенисер Јаник Синер успеа во продолжението да го добие полуфиналето со Данил Медведев со 2-1 во сетови. Во решавачкиот сет, кој беше прекинат поради дожд го доби Синер со 6:4 во гемови. На тој начин во меѓусебниот скор со Медведев поведе со 10-7 во добиени мечеви и воедно ова му беше 33.та победа во низа на мастерс турнирите. Во финалето кое ќе се игра утре негов ривал ќе му биде Каспер Руд, кој ...
Барселона, 16.мај 2026 (МИА) – Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски потврди дека на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона. Тој својата одлука ја објави на социјалните мрежи. „По четири години полни со предизвици и напорна работа, време е да заминам понатаму. Заминувам со чувство дека мисијата е завршена. Четири сезони – три трофеи, напиша Левандовски. Тој истакна дека никогаш нема да го заборави живото во Барселона и дека од ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) – Оркестарот на Македонската филхармонија в среда со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Пролетен поздрав од Австрија – бисери на класичната музика“, кој се реализира во соработка со Австриската амбасада во Скопје. Како што соопштуваат од Филхармонијата, под диригентската палка на Елизабет Атл од Австрија, како солист ќе настапи австрискиот виолончелист Јеремијас Флидл. На програмата ќе бидат изведени ...
Скопје, 15 мај 2026 (МИА) - Под покровителство на Град Скопје од 19 до 22 мај ќе се одржи 17. меѓународен фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло 2026“. Предвидени се две концертни вечери, на кои ќе настапат странски светски познати гитаристи. Првиот концерт ќе се одржи на 19 мај во Музејот на македонската борба од 18.30 часот, на кој ќе настапи Милош Вуковиќ од Србија, а како музички спектакл се најавува настапот на Националната ...
Техеран, 16 мај 2026 (МИА) - Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати порака до папата Лав XIV, во која ја повика меѓународната заедница да „дејствува одговорно против нелегалните дејствија на САД“ и предупреди против, како што наведе, „агресивните политики“ на Вашингтон и Тел Авив. Во пораката што ја пренесе иранската агенција Тасним, Пезешкијан му изрази благодарност на папата за неговите ставови за „праведен мир“ и ја оцени потребата ...
Вашингтон, 16 мај 2026 (МИА) - Одборот на Федералните резерви на САД (ФЕД) денеска објави дека го назначил претседателот во заминување Џером Пауел за привремен претседател додека Кевин Ворш не положи заклетва како нов шеф на централната банка на САД. Федералните резерви денеска објавија дека претседателот во заминување Џером Пауел ќе остане вршител на должноста претседател. Сенатот во вторникот го потврди 14-годишниот мандат на Ворш, што е ...
Бангкок, 16 мај 2026 (МИА) – Најмалку осум луѓе загинаа, а 25 се повредени откако автобус се судри со товарен воз во Бангкок. По судирот избувнал пожар, а огнот зафатил и неколку автомобили. Пожарникари и спасувачки екипи се на местото на несреќата. Според пожарникарите во судирот учествувале воз, автобус, автомобили и мотоцикли. ми/ фото: ЕПА Бангкок, 16 мај 2026 (МИА) – Најмалку осум луѓе загинаа, а 25 се повредени откако автобус се судри ...
Фритаун, 16 мај 2026 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Сиера Леоне, Тимоти Каба изјави дека земјата ќе прими стотина западноафрикански мигранти депортирани од САД. Тој додаде дека тоа е во согласност со потпишаниот билатерален договор за миграциска политика помеѓу Фритаун и Вашингтон, со кој се предвидува Сиера Леоне да прифати до 300 мигранти депортирани од САД, но максимално 25 лица месечно. Првиот лет со депортирани мигранти во ...
Техеран, 16 мај 2026 (МИА) – Државната иранска телевизија објави дека европски држави преговараат со Иран, за да добијат дозвола за минување низ Ормуска Теснина. - Откако бродови од источноазиските земји, меѓу кои Кина, Јапонија и Пакистан, поминаа низ Ормуска Теснина, денеска добивме информација дека Европејците започнале преговори со поморските сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда за минување низ Ормуска Теснина, јави ...
Абуџа, 16 мај 2026 (МИА) – Сенаторот на нигерискиот округ Борно југ, Али Ндуме изјави дека денеска се киднапирани 42 ученици, од кои 32 деца биле одведени од училиштето, а другите 10 од нивните домови, кои се наоѓаат во близина на училиштето. Вооружени мажи вчера киднапираа непознат број на ученици од основно и средно училиште во локалната самоуправа Аскира-Уба за време на настава. Ниту една група нема преземено одговорност за вчерашното и ...
Москва, 16 мај 2026 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на 19 и 20 мај на покана на кинескиот претседател Шји Џинпинг, соопшти денеска прес-службата на Кремљ. За време на посетата, Путин и Шји ќе разговараат за билатералните односи меѓу Москва и Пекинг, како и за меѓународни прашања, а планирано е да потпишат заедничка изјава и неколку договори, објавија руските медиуми. Како што е наведено, двајцата лидери ќе ...
Москва, 16 мај 2026 (МИА) – Украинско беспилотно летало се урна во близина на енергетските единици на нуклеарната електрана Запорожје, над која контрола има Русија. При уривањето не дошло до детонација на дронот, а нуклеарната централа продолжи со работа. Во нападот никој не е повреден ниту е предизвикана материјална штета. ми/ фото: МИА архива Москва, 16 мај 2026 (МИА) – Украинско беспилотно летало се урна во близина на енергетските ...
Париз, 16 мај 2026 (МИА) – Француски судија е именуван да ја води истрагата за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, соопшти денеска француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ). Согласно француските закони, на судиите им е дозволено да истражуваат одредени тешки злосторства сторени против странски државјани во странство. Именувањето на судија уследи по пресудата од 11 мај на Апелацискиот суд во Париз, со ...
Берлин, 16 мај 2026 (МИА) – Две лица загинаа кога мал авион денеска се урна во населба во градот Лимбургерхоф, југозападна Германија. Според досегашната истрага, во несреќата загинале две лица, а нема информации за повредени жители на Лимбургерхоф. Германските медиуми јавија дека авионот експлодирал во воздух, а остатоци од леталото паднале „на поголемо подрачје околу местото на несреќата“. ми/ фото: МИА архива Берлин, 16 мај 2026 (МИА) – ...
Берлин, 16 мај 2026 (МИА) – Германскиот производител на автомобили Мерцедес размислува да произведува оружје. - Светот стана уште понепредвидлив и затоа Европа мора да го прошири својот одбранбен профил. Подготвени сме ако можеме да имаме позитивна улога во овој процес, изјави извршниот директор на Мерцедес Бенц, Ола Керлениус. Тој наведе дека автомобилската индустрија е позната по производство на „висококвалитетни прецизни машини“ и затоа е ...
Рим, 16 мај 2026 (МИА) – Седум луѓе се повредени откако автомобил со голема брзина удри во случајни минувачи во центарот на италијанскиот град Модена. Возачот на автомобилот е приведен и според полицијата нема други опасности. Претходно, италијанските медиуми објавија дека автомобилот откако се залетал во луѓето удрил во излог на продавница, а потоа возачот избодел еден човек, кој се обидел да го запре. ми/ фото: Икс Рим, 16 мај 2026 (МИА) – ...
Виена, 16 мај 2026 (МИА) – Неколку илјади луѓе денеска протестираа на улиците на Виена поради учеството на Израел на Избор на песна за Евровизија. Тие го обвинија организаторот на Евровизија за лицемерство бидејќи дозволил учество на Израел, а на Русија и беше откажано учеството во 2022 година поради инвазијата врз Украина. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Слободна Палестина“ и „Блокирајте ја Евровизија“. Шпанија, Холандија, ...
Белград, 16 мај 2026 (МИА) - Вишиот суд во Белград денеска му одреди 30-дневен притвор на Веселин Милиќ, осомничен дека извршил неколку кривични дела како началник на Полициската управа за градот Белград со цел да го прикрие стореното кривично дело тешко убиство во обид во ресторан во Сењак на 12 мај. Тој е приведен за да не се уништат, сокријат, изменат или фалсификуваат докази или траги од кривично дело, како и да не се попречува постапката ...
Мостар, 16 мај 2026 (МИА) - Високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, во интервју за Face TV од Сараево, ги негираше тврдењата дека американските дипломати му се заканиле дека ќе го стават на црна листа доколку не се повлече од функцијата. Шмит минатиот викенд објави дека се повлекува од функцијата прв човек на меѓународен надзор над Босна и Херцеговина, а во вторникот тоа го потврди и во дебата пред Советот за ...
Анкара, 16 мај 2026 (МИА) – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Анкара ќе продолжи да поттикнува силна регионална соработка, да ги зајакнува одбранбените способности и да го обнови дипломатскиот ангажман со сојузниците во НАТО и во Европска Унија. Тој осврнувајќи се на американско-израелските напади врз Иран, истакна дека прво мора да биде запрен Израел. - Прво треба да бидат неутрализирани израелските провокации, а ...
Тирана, 16 мај 2026 (МИА) - Албанија официјално стана дел од Центарот за кооперативна киберодбрана на НАТО (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence - NATO CCDCOE) со седиште во Талин, Естонија. - Членството на Албанија беше формализирано со церемонијата на кревање на знамето во седиштето, со што Албанија се приклучи на центарот заедно со Финска и Шведска. Со тоа бројот на земји-членки и партнери на оваа меѓународна мрежа на ...
Тирана, 16 мај 2026 (МИА) - Меѓурелигискиот совет на Албанија организираше симпозиум на тема „Заедно за семејството: Меѓурелигиски и институционален дијалог“, на кој покрај лидерите на верските заедници во земјата, учествуваa и претставници на институции, на младински и невладини организации. - Во својот поздравен говор, претседателот на Муслиманската заедница на Албанија, Бујар Спахиу, пренесувајќи го заедничкиот став на верските лидери во ...