Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари. Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на ...

Љубљана, 18 мај 2026 (МИА) - Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Љубљана оствари средба со претседателот на словенечкиот Државен Збор, Зоран Стевановиќ, кому му го честиташе стапувањето на функцијата. На средбата, Сиљановска-Давкова ја истакна важноста на парламентарната дипломатија и улогата на законодавните домови во зачувувањето на институционалниот континуитет и ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Потпретседателот на Собранието Јован Митрески, оствари средба со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, на која беше потврдена добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и важноста од понатамошно унапредување на меѓусоседските односи. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, потпретседателот Митрески ја истакна значајната улога на опозицијата во едно демократско ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска остварил средба со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, на којa биле нагласени традиционалното пријателство и долгогодишната конструктивна соработка и поддршка меѓу двете земји. Тој, како што информираат од собраниската прес-служба, ѝ посакал на Црна Гора успешно завршување на процесот за полноправно членство во ЕУ и истакна дека за жал, нашиот ...

18 мај 2026 Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата, Мимоза Муса, член како и Ели Панова, заменик член учествуваа на Втората меѓупарламентарна конференција за борба против организираниот криминал во регионот на ОБСЕ која се одржа на 14 и 15 мај 2026 година во Рим. Конференцијата се одржа на иницијатива на потпретседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјален ...

Љубљана, 17 мај 2026 (МИА) - Македонија и Словенија се две земји чии односи ги карактеризира традиционално пријателство и длабока соработка во сите области, вклучително и во економијата. Словенија е еден од нашите најдоследни поддржувачи во евроинтеграцијата и петти најголем инвеститор, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето пред присутните на средбата на Македонско-словенечкиот бизнис клуб во Љубљана. Според неа, она ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Од полноќ поскапуваат горивата. Новите цени ќе бидат поскапи од два до два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 поскапува за два денари, а малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на дизелот се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,846 ден/кг кој сега ќе се продава по цена од 50,814 ден/кг. Единствено се намалува цената на ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши истакна дека со новите најавени измени на Предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри се очекува да се стесни кругот на игрите на среќа. -За првпат носиме закон за предлог измени на Законот за игри на среќа со којшто се предвидува 500 метри оддалеченост (на казината) од основните и средните училишта. За првпат ќе има ред, поголема заштита на јавниот интерес, ...

Барселона, 18 мај 2026 (МИА) - Барселона синоќа го победи Бетис со 3:1 на свој терен 37. коло од Шпанското фудбалско првенство. Каталонците стана првиот тим што ги доби сите домашни натпревари во сезона во Ла Лига со 38 натпревари и 19 домашни натпревари. Ова е прв пат да се случи такво нешто во натпреварувањето откако Реал Мадрид ги освои сите 17 домашни натпревари во сезоната 1985/86. Барселона ја обезбеди титулата во Шпанското првенство за ...

Кливленд, 18 мај 2026 (МИА) - Сопственикот на Кливленд кавалирс, Ден Гилберт, го организирал превозот на навивачите на тимот на седмиот натпревар од четвртфиналната плејоф серија на НБА против Детроит, објави „ESPN“. Пред натпреварот, на социјалните мрежи кружеа фотографии од повеќе од 20 автобуси со навивачи на Кавс, кои беа транспортирани до Детроит со бесплатни маички, храна и билети. Растојанието помеѓу двата града е приближно 170 км. - ...

Барселона, 18 мај 2026 (МИА) - Астон вила размислува да го потпише напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, објави „Мундо Депортиво“. Договорот за позајмица на 28-годишниот Англичанец со шпанскиот шампион вклучува клаузула за ослободување од 30 милиони евра, која треба да се активира до 15 јуни. Сепак, иако и клубот и играчот се заинтересирани за потпишување на траен договор, финансиските фактори ја комплицираат ситуацијата. Ваков ...

Мадрид, 18 мај 2026 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го сподели своето мислење за напаѓачите на тимот, Винисиус и Килијан Мбапе. - Многу сум задоволен од сите. Нивните напори. Свесни сме дека не сме ги постигнале нашите цели и секогаш сакаме да се подобруваме. Тука сум четири месеци и мислам дека двајцата се потрудија најдобро што можат. Секој од нив имаше свои тешкотии со кои се соочи. Беа тешки четири месеци за сите, ...

Мадрид, 18 мај 2026 (МИА) - Жозе Мурињо ќе биде назначен за нов тренер на Реал Мадрид, објави новинарот Фабрицио Романо. Според Романо, двете страни постигнале договор за условите на двегодишен договор. Шеесет и тригодишниот тренер наводно ќе пристигне во Мадрид по натпревар од последното, 38. коло на Ла Лига помеѓу Реал Мадрид и Атлетик Билбао. Натпреварот ќе се одржи на 23 мај. Мурињо претходно го водеше Реал Мадрид од 2010 до 2013 година. ...

Битола, 18 мај 2026 (МИА) – АК Олимп од Битола, викендот испиша една од најголемите страници во својата понова историја. На Купот на Македонија за сениори и сениорки 2026 одржан во Скопје, Олимп во женска конкуренција го освои првото место со 367 бодови, додека во севкупниот пласман со 831 бод го освои второто место веднаш зад екипата на Куманово. За успехот на АК Олимп најзаслужни се Ирма Хајдари која триумфираше на 800 метри со резултат ...

Рим, 18 мај 2026 (МИА) - Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташна светскиот рекет број еден Јаник Синер за комплетирање на трофеите од сите мастерс-турнири. Италијанецот стана вториот играч во историјата на Здружението на тениските професионалци (АТП) што победил на секој АТП 1000-турнир во календарот. Синер го постигна овој подвиг по победата над Норвежанецот Каспер Руд (6-4, 6-4) во финалето на АТП 1000-турнирот во Рим. - Честитки, ...

Лондон, 18 мај 2026 (МИА) – Тренерот на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, ги оцени шансите на неговиот тим да остане во Премиер лигата по вчерашниот пораз (3:1) од Њукасл на гостинскиот натпревар од 37. коло. - Боли. Ги боли момците, нè боли нас, го боли клубот. Затоа мора да ја завршиме сезоната оваа недела со достоинство и почит кон навивачите. Мора да играме подобро за да им покажеме на нашите навивачи на стадионот во Лондон различен резултат ...

Барселона, 18 мај 2026 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Барселона и Шпанија, Фермин Лопез, може да го пропушти Светското првенство 2026 година поради скршеница на десното стапало. Според новинарот Фабрицио Романо, 23-годишниот Лопез ќе треба да се оперира. Фермин настапи на 48 натпревари за Барселона во сите натпреварувања во сезоната 2025/26. Тој постигнал 13 гола и има 17 асистенции. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи од 11 ...

Кочани, 17 мај 2026 (МИА) - Клубот за планински спортови ,,Осоговски Орел" од Кочани денеска по трет пат ја реализираше MTБ турата „Манданата 2026“ на Осоговските Планини. Годинава учествуваа педесетина велосипедисти од клубови од цела Македонија. -Уште еднаш докажавме дека велосипедизмот, природата и добрата дружба спојуваат луѓе со иста страст и енергија. Голема благодарност до нашите спонзори — Општина Кочани, Млекара "Балкан" и Винчини — ...

Скопје, 16 мај 2026 (МИА) - Во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, денеска на сцената на Националната опера и балет со почеток во 20 часот ќе биде изведено ремек-делото „Тоска“ од Џакомо Пучини, едно од најпознатите и најизведувани дела во светската оперска литература. „Тоска“ е опера во три чина од Џакомо Пучини, создадена врз либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза, инспирирано од драмата на Викториен Сарду. Од ...

Кочани, 16 мај 2026 (МИА) - Започна 63. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија. На сцената на ЦК „Бели мугри“ во Кочани синоќа први настапија членовите на Народниот театар Штип, со претставата „Хаос“ на режисерот Александар Ивановски. Претходно, се одржа кратка свеченост на која зборуваше градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов. Тој фестивалот го прогласи за отворен. -Повеќе од шест децении, ДАФ во Кочани е магијата со ...

Скопје, 17 мај 2026 (МИА) - Ликовната уметница Јана Манева – Чупоска повторно беше избрана за претседателка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) со четиригодишен мандат на вчера одржаното годишно Собрание во Домот на АРМ во Скопје. Таа беше и единствениот кандидат за оваа функција, додека со тајно гласање беше избрано и новото раководство на Друштвото со мандат до 2030 година. За членови на Управниот одбор беа избрани ...

Кочани, 17 мај 2026 (МИА) - Три претстави, сите во вечерни термини, ќе бидат одиграни денеска на 63. Драмски аматерски фестивал на Македонија. Трите претстави се на гости од странски театри. Програмата на третиот фестивалски ден ја отвора Драмското студио од Ниш, Србија. Пред кочанската публика на сцената на Центарот за култура „Бели мугри“ тие ќе настапат со „Драги дневниче“, режисерско остварување на Андрија Митиќ. Во 20 часот следува „Кад ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Археолошкиот музеј на Македонија во соработка со Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, по повод Меѓународниот ден на музеите, организираат изложба, како и панел дискусија посветени на археолошкиот локалитет Исар - Марвинци, еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија и поширокиот балкански простор. Настанот што денеска ќе се одржи во просториите на Македонскиот културно-информативен ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Со повеќе настани во Скопје, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на музеите, меѓу кои изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“, инклузивната модна ревија „Модата во минатото“, како и изложба на детски ликовни творби во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата „Вода: Од исконски верувања до современ пулс“, чиј автор е ...

Белград, 18 мај 2026 (МИА) - Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, во соработка со СОКОМ и „Балкан музик форум“, вечерва ќе биде домаќин и организатор на концерт на гудачкиот квартет „Атака“. Овој музички проект, поддржан од Министерството за култура и туризам, пред белградската публика ќе го претстават директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров,. и Дејан Мојсовски од името на СОКОМ. На програмата ќе бидат ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, на 21 мај во 19 часот, концерт ќе одржат Елена Стојческа, Гонца Богоромова-Краповски, Паскал Краповски и к.г. Ромен Петио. Истиот концерт претходно ќе се одржи вечерва во Битола во НУ КИЦ „Официрски дом“ и утревечер во НУ „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, исто така, со почеток од 19 часот. Музичарите се дел од ансамблот „Алтус НЗ“ и на концертот ќе изведат ...

Струмица, 18 мај 2026 (МИА) - Актерот на НТ „Антон Панов“, Коста Ангов, ја доби наградата за најдобра машка улога на 35. издание на Друмеви театарски празници, кој се одржува во Шумен, Бугарија - соопштија од оваа културна установа. Во соопштението се наведува дека ова е и големо признание за Струмичкиот театар, а наградата за најдобра машка улога Ангов ја добил за улогата на Мажот во претставата „Деца на светот“ од Стефан Цанев, во режија на ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Да се говори вистината во време на опресија, исполнето со цинични лаги и лажни реалности, бара смирена храброст и бистрина на умот. Тоа е мечот на духовниот воин. Тоа е моќта на поезијата - изјави познатата естонска поетеса Дорис Карева на отворањето на третото издание на манифестацијата Денови на поезијата, што се одржа во Скопје, во организација на Фондацијата „Ацо Шопов - Поезија“. Годинава се одбележаа ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Хорот „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност од Скопје под раководство на маестро проф м-р Сашо Татарчевски учествуваше на фестивалот „Universitas Cantat“ којшто претставува форум на најквалитетните универзитетски хорски ансамбли од светот. Од Факултетот за музичка уметност информираат дека концертите кои овојпат биле во формација на женски хор, поминале со огромна посетеност и интерес. Првиот ...

Скопје, 18 мај 2026 (МИА) - Владата не планира укинување на културните институции, туку нивна реорганизација со цел подобрување на условите за работа и поефикасно користење на ресурсите - истакна денеска во Собранието министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со музичкиот ансамбл во Тетово. Тој нагласи дека во Националната стратегија за развој на културата 2026 - 2030 не се предвидува ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.45
65%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
64%
1022
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
0.09
55%
1024
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.24
64%
1023
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
9.33
69%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.45
71%
1024
weather icon

Атина

31ᴼ / 27ᴼ
1.79
56%
1011
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.26
69%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.96
50%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.92
96%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
55%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.95
69%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Рутениум

48965.59

Злато

131337.93

Цинк

0.00

Бакар

12.52

Калај

51.97

Платина

53756.05

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Паладиум

39545.42

Алуминиум

3.48

Иридиум

253540.09

Сребро

2072.63