Дебар, 11 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи денеска во 1:05 часот, ги привеле С.З.(28) и Н.И.(24) и двајцата од селоТребиште, како и А.Б.(34) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше. -При преглед во паркирано патничко возило „алфа ромео“ на рекреативниот пат покрај Дебарско Езеро биле пронајдени и одземени кафеава материја и други предмети. Со лицата е извршен службен разговор и по ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, а во четврток и во петок попладне се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) – Македонија се наоѓа во групата земји со висока стапка на дневни корисници на тутун и сродни производи во Европа, при што речиси еден од четворица граѓани над 16 години (22,5% во 2022 година) е секојдневен консумент. Иако стапката на Македонија е под просекот на водечките земји од регионот како Турција (29,6%), Србија (26,6%) и Бугарија (26,3%), таа е значително повисока од просекот на Европската Унија, кој во ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Осум пожари на отворен простор низ државата се евидентирани денеска до 13 часот. Од овие осум - еден е активен, друг е под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Активниот пожар е на територија на општина Македонски Брод во место викано „Видуш“, близу село Драгов Дол. Горат ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот на ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Согласно официјалните информации од Универзитетскиот институт за позитронско емисиона томографија, моменталниот застој во работењето на ПЕТ/КТ скенерот е предизвикан од технички проблем во производството на радиоизотопи, поврзан со циклотронот. Овластениот сервисер интензивно работи на отстранувањето на дефектот, а преземени се сите неопходни чекори апаратот повторно да биде ставен во функција во најкраток можен ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во параглајдинг, со учество на 130 пилоти и околу 200 лица од 38 земји. Од 8 до 19 август градот е домаќин на една од најзначајните меѓународни настани во дисциплината Paragliding Cross Country. Главното полетување е од Мечкин Камен, а слетувањето и завршувањето на натпреварувачките задачи се одвиваат на соодветни слетувалишта во поширокото подрачје, во зависност ...

Охрид, 11 август 2026 (МИА) – Ако сакаме да влијаеме врз иднината, мора да работиме и да ја уредиме сегашноста, а младите активно да бидат вклучени во процесите на одлучување и во креирањето на политиките во општеството, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната дискусија со млади на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“ во претседателската вила „Билјана“ во Охрид. На средбата ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот. Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е ...

Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Јули оваа година беше просечно топол и просечно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности (1991 -2020), на ниво на држава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи по анализата на мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија. Средномесечната температура во јули се движела од 18,0 степени во Маврово до 27,2 степени во Гевгелија. -Споредено со ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за употреба. Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија што се поврзува со изворот „Рашче“, а со тоа се создава непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење. Депонијата не е на територија на Град Скопје, соопшти попладнево скопскиот градоначалник ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот". Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток. Зад секоја ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - На територијата на државата до 18 часот денеска се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите во Општина Македонски Брод, кај месноста Видуш во близина на селото Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи денеска упати апел до граѓаните да не отвораат лажни пораки, кои наводно се испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци. Изминатиов период, нагласува МВР, е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Околу 4.000 деца кои годинава треба да започнат со настава во прво одделение сè уште не се запишани, но бројката не е конечна бидејќи дел од родителите традиционално ги запишуваат децата кон крајот на август и во текот на септември, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за телевизија Сител. Таа појасни дека Министерството за образование и наука конечните податоци за бројот на ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување вечерва информираа дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. -Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Учениците ќе ја почнат новата учебна година со обезбедени учебници, а најголемиот дел од нивната дистрибуција веќе е завршена, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во интервју за телевизија Сител, Јаневска истакна дека Министерството за образование и наука презело повеќе мерки за подобрување на системот за издавање и дистрибуција на учебниците, вклучително и донесување нова законска рамка ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Првите 30 електрични автобуси се очекуваат да стигнат во државава во декември или во јануари, а набавката на вкупно 150 се очекува да заврши за година и половина. Била поднесена една жалба која денеска е отфрлена од Второстепената комисија за жалби по јавни набавки, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Заврши и процесот на жалби, имаше една жалба поднесена, денеска беше отфрлена ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната. Откако Европската унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, најпогодени беа професионалните возачи кои и протестираа против ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка (НБ) до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање и зголемената побарувачка на ликвидност во ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 5.011 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 74,4 милиони евра, објави Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (71,1%), по што следуваат монетарното злато (15,6%) и валутите и депозитите (13,2%).са/ Фото: МИА архива Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Девизните резерви на крајот на јули ...

Скопје, 11 август 2026 Во рамките на активностите за подготовка за воведување на системот е-Фактура, Управата за јавни приходи (УЈП) во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) организираше обука на која учествуваа 80 претставници од општините и јавните претпријатија (ЈКП). На обуката беа презентирани функционалностите на овој систем и начинот на неговото користење, како и обврските и придобивките од електронското ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализација, образование, здравство, земјоделство, водостопанство и животна средина ја сочинуваат Првата конечна листа на јавни инвестиции, што ја објави Министерството за финансии, а претходно одобрена од Комитетот за јавните инвестиции и усвоена од Владата. Помеѓу проектите се реконструкцијата и изградбата на Клиничка Болница во ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Во периодот јануари – јуни 2026 година вкупниот број на туристи е намален за 0,5 отсто во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето е за 3,1 процент, а кај странските има зголемување за 0,3 отсто. Намален е и вкупниот број ноќевања за 1,5 отсто - кај домашните туристи е забележан пад за 3,3, а кај странските за 0,7 проценти. Во јуни 2026 година 113 436 туристи оствариле 221 608 ноќевања. Од ...

Струмица, 11 август 2026 (МИА) - Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени-прва класа за 40 денари, прва/втора и за индустриски капацитети 30 денари и шкарт како класа 15 денари. Ова во изјава за медиумите го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица и откако производителите ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе чекаат до 1 септември кога во Брисел е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија од чиј исход ќе зависи дали ќе преминат кон протести. Тие денеска во Скопје одржаа состанок по којшто изјавија дека не сакаат да протестираат, но дека ако бидат приморени ќе го преземат овој чекор со тоа што протестите нема да прекинат како минатиот пат, ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Македонија самостојно преку билатерални договори го решава проблемот со транспортерите. Веќе имаме такви договори со Швајцарија, Хрватска и Романија, а работиме со Австрија, со Германија и Унгарија. Тоа е систем на ЕУ и тие треба да најдат решение, ние во рамки на можностите на Владата го наоѓаме решението преку овие билатерални договори за долгорочни работни визи, истакна заменик-претседателот на Владата и ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) – Нема ништо тајно. Владата има јасна и цврста позиција дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија, нагласувајќи дека блокадата од страна на Софија е политичка и нема врска со реформскиот напредок на земјата и дека Македонија во моментов постигнува најдобри резултати во однос на ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Претседателот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски изјави дека партијата ќе положи сметка пред граѓаните и најави дека на средината на септември ќе го објават извештајот за работата на нивните функционери. -Некаде средина на септември до почетокот на октомври ќе објавиме комплетен извештај за работењето на сите наши партиски функционери во сите сегменти, во сите министерства, директорати и ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс. -На средбата уште еднаш ги потврдивме одличните билатерални односи, за што сведочат политичкиот дијалог и редовните средби на високо ниво. Разговаравме за реформските процеси, како и за идните активности насочени кон натамошно ...

Скопје, 11 август 2026 (МИА) - Министерството за транспорт ја презеде обврската да го реши проблемот со свлечиштето на патот за Тефериџ во Кисела Вода бидејќи проблемот е комплициран и бара поголема експертиза, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостувањето на ТВ Телма. Николоски нагласи дека тендерот за изведувач се уште трае, по изборот на изведувач ќе започнат да работиме и очекува за ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42