Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Велес, 13 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес синоќа, околу 00:45 часот, ги лишиле од слобода 52-годишниот Г.Е. и неговата 49-годишна сопруга М.Е., двајцата од Велес, по пријава за семејно насилство. Според информациите од СВР Велес, по кратка расправија во семејниот дом, Г.Е. физички ја нападнал сопругата, по што таа му возвратила со дрвен предмет. Потоа, Г.Е. ѝ упатил закани со остар предмет и се заканувал дека ќе ја ...
Струга, 13 август 2026 (МИА) - Струга е град што помирува и почитува етнички, верски и секакви разлики, град кој може да биде пример за соживот - порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по денешната средба со струшкиот градоначалник, Менди Ќура, на која разговарале за состојбите во општината, меѓуетничките односи и предизвиците поврзани со заштитата на Охридскиот Регион под заштита на УНЕСКО. Сиљановска-Давкова истакна дека ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Вкупно 13 пожари на отворен простор низ државата се регистрирани денеска до 13 часот. Од нив, девет се сè уште активни, два се под контрола, а останатите два се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, во општина Студеничани гори мешана шума. Ниска вегетација гори во општините Велес, Прилеп, Струга, Новаци, Македонски Брод, Могила. Ниска вегетација и багреми горат ...
Струга, 13 август 2026 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Струга изјави дека е шокантен предлогот на Министерството за култура до Владата Струшките вечери на поезијата наместо самостојна национална установа да биде сектор во состав на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“-Струга, оценувајќи го како некултурен однос кон институција која е синоним за промоција на културата во светот. Според директорот на ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) – Вчерашниот ден беше најтежок од почетокот на новата сезона на пожари, со регистрирани најмалку 52 пожари на отворен простор, од кои 46 се изгаснати, додека шест сѐ уште се активни, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Покрај активните пожари, тој посочи дека се појавиле и нови жаришта ширум државата, а најголем предизвик, вели, се пожарите во општините Студеничани ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) – До 13 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои девет се сè уште активни, два се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците на ЦУК, меѓу деветте активни пожари е жариштето во Општина Студеничани над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде што гори мешана шума. Активни пожари во кои е ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно осум лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. За првообвинетиот, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Државна лотарија“, кој се уште е во бегство, јавниот обвинител побарал да биде определена мерка притвор од ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денеска извршиле увид во градежните работи на мостот на Маркова Река кој ЈПДП го санира со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на неговата конструкција. Мостот се наоѓа на регионалниот пат Р1106 во Кисела Вода, на влезот во Драчево. ЈПДП соопшти дека ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) – Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, излегува од притвор откако Судот, по позитивно мислење дадено од Обвинителството, ја прифатил гаранцијата од имот во вредност од 508.000 евра и му определил му се мерки на претпазливост – јавување во суд и одземена патна исправа. Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека притворот е укинат и за уште две лица и заменет ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Пожарот во шумата над селото Габер е проширен и се наоѓа во планински и непристапен терен, каде што интервенцијата од земја е отежната, поради што за негово гаснење се ангажирани три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и еден авион на Министерството за внатрешни работи, информираат од Центарот за управување со кризи. Ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) – Предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“ преку автоматска распределба е распределен кај судија и е насрочен за 24 август, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица, кои како што информираа од Обвинителството, во текот на 2023 и 2024 ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор. -Со лицата е извршен службен разговор, при што сите се изјасниле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе ...
Скопје, 13 август 2026 Семос Едукација и Импакт Фондација денеска го организираат DIGIWORK настанот „Твоја идеја, твои права - Авторски права за креативни фриленсери“, наменет за фриленсери, претприемачи и професионалци од креативните и дигиталните индустрии. Настанот е прва заедничка активност по неодамнешното потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу двете организации, со кој се поставуваат основите за соработка во областа на развојот ...
13 август 2026 Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА), Управата за јавни приходи одржа работилница посветена на проектот е-Фактура, на која присуствуваа околу 50 претставници од банкарскиот сектор. Работилницата претставува уште еден чекор во заедничките напори за дигитализација на процесите поврзани со фактурирањето и јакнење на соработката меѓу институциите и деловниот сектор. Како значаен чинител во дигиталните и ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија - 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени ...
Неготино, 13 август 2026 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска бил во посета на општина Неготино и заедно со градоначалничката Марија Нацева оствариле работна средба со лозари. Како што соопшти Нацева на нејзината Фејсбук-страница, состанокот се одржал во пресрет на стартот на претстојните берба и откуп на винското грозје, а со единствена цел, да поминат во најдобар ред. - На состанокот се ...
Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во контекст на уставните измени и почетокот на преговори за влез во ЕУ, вечерва повтори дека за нас се значајни суштински две работи - првата е да имаме јасни гаранции што или ќе бидат проточени во нашиот правен систем — уставни измени со одложена примена или ќе има гаранции од европските институции. - И исто така, за нас е значаен концептот на ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во посета на Струга каде ќе оствари средба со градоначалникот Менди Ќура. За време на посетата, претседателката ќе ги посети и Спомен-куќата на „Браќа Миладиновци“ и Канцеларијата на националната установа „Струшки вечери на поезијата“. бак/вг/ Фото: МИА архива Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи свечена седница по повод одбележувањето на 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Настанот ќе се пренесува во живо на профилите на Владата на „Фејсбук“ и „Јутјуб“. Рамковниот договор беше ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии. Фактите се поинакви, пишува СДСМ во денешното соопштение што МИА го пренесува интегрално. Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари. Минималната плата е 26.000 денари. Просечната плата е околу 49.000 денари. На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Охридскиот рамковен договор ги постави мирот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо општество. Нашата одговорност денес е да се надоврземе на неговите поуки и да ги преточиме во одржливи стандарди на демократијата и соживотот, вели претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод одбележувањето на годишнината од договорот. -Денес, одбележувајќи ја годишнината од Охридскиот рамковен договор, се ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината, истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод 25 години од потпишувањето на Рамковниот договор. Во ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата. - Четврт век е доволно долг период за ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Рамковниот договор е поглавје од нашата историја што сведочи дека научивме да живееме заедно, но во исто време е и обврска да им оставиме на идните генерации една поправедна, обединета и просперитетна држава. Обврска на сите нас е да ја сакаме, почитуваме и развиваме заедничката држава, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на свечената седница по повод 25-годишнината од ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Согласно со информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, до овој момент од надлежните грчки институции не е добиена официјална информација за бројот на евакуирани македонски државјани од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА. -Македонски државјани телефонски се обратиле до претставништвото за информации, при ...
Сараево, 12 август 2026 (МИА) - Состојбата со пожарите на подрачјето на Коњиц во Босна и Херцеговина се влошува, а поради ширењето на огнот кон населени места и неможноста локалните сили сами да ги стават пожарите под контрола, побарана е и меѓународна помош. Голем шумски пожар во текот на вчерашниот ден се проширил на атарот на селото Џепи, а огнот зафатил и уништил неколку, за среќа напуштени, објекти, потврдија од Професионалната ...
Тирана, 12 август 2026 (МИА) - Заедничката европска валута, еврото, продолжува да бележи ниски нивоа во однос на албанската валута-лек, достигнувајќи историски најниска вредност на домашниот пазар од неговото пуштање во оптек како физичка валута. На девизниот пазар денеска се купува за 92,4 леки, а се продава за 93,3 леки. Од почетокот на 2026 година, еврото изгуби околу 3,8% од својата вредност во однос на албанската валута, додека во ...
Софија, 12 август 2026 (МИА) - Девет дојави за бомби преку и-мејл беа примени утрово во разни институции и градинка во Софија, јави Бугарското национално радио. Во пораките пишува за закани за експлозии. Една од примените закани се однесува на Националната канцеларија за ревизија. Утрово беше примена закана за бомба во зградата на Нова Бродадинг Груп. Компанијата веднаш ја активираше стандардната постапка за справување со вакви ситуации, без ...
Атина, 12 август 2026 (МИА) – Појавата на случаи на вирусот Западен Нил, во комбинација со ризиците што ги носат климатските промени, нè доведоа до одлуката за 30 отсто да ги зголемиме насочените активности против комарците, додавајќи нови прскања од копно и воздух, посочи префектот на грчката област Атика Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. Според последните официјални податоци од Националната организација за јавно здравје на ...
Анкара, 12 август 2026 (МИА) - Процесот „Турција без тероризам“ влегува во нова критична фаза, откако 600-членото Големо национално собрание на Турција (Меџлисот) со 467 гласа го усвои рамковниот закон што ја поставува правната основа на иницијативата, објави весникот „Туркие“. Клучно значење во процесот ќе има очекуваниот конкретен повик на лидерот на Курдската работничка партија (ПКК), Абдула Оџалан, за распуштање на организацијата и ...