Охрид, 11 август 2026 (МИА) - Александар БАЧИЌ Во време на длабоки политички и општествени поделби, војни, забрзан технолошки развој и криза на довербата во институциите, прашањето за хуманизмот повторно станува суштинско. Што значи да се биде хуманист во свет во кој дијалогот се почесто го заменуваат поделбите, а разумот се соочува со нови идеолошки и технолошки предизвици? На тие и низа други актуелни прашања во интервјуто за МИА говори ...

Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер, како што наведува, вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра. -Ова е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и ...

Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Македонија има голем потенцијал за развој на авиосообраќајот и туризмот и тоа го докажуваме во континуитет. 28 нови дестинации, растот од 40 проценти во авиосообраќајот, преку 20 проценти раст на туристите е јасен показател дека интересот за Македонија расте. Нашата цел е овој тренд да го претвориме во нови авиолинии, повеќе туристи и нови инвестиции и отворени сме за соработка, рече денеска вицепремиерот и ...

Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Под покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Од Министерството за односи меѓу заедниците информираат дека денеска во Клубот на пратеници ќе се одржат неколку панел-дискусии, а утре ќе се одржи главниот настан во 19:30 часот на ...

Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека веќе 95 институции се поврзани преку Платформата за интероперабилност. Посочува дека за 130 отсто e зголемен бројот на трансакции споредено со лани, на 3,5 милиони трансакции во јули. -Податоците треба да се движат, не граѓаните. Ако државата веќе има одреден податок, нема причина повторно да го бара од вас на шалтер - посочува Андоновски на ...

Скопје, 12 август 2026 (МИА) – Со панел-дискусија посветена на досегашната имплементација и идните предизвици беше одбележана 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во Клубот на пратениците. На панелот беше истакната потребата од продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеењето на правото и европската интеграција, како и подобрување на квалитетот на ...

Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Сметам дека како држава сме созреани да имаме капацитет веќе да ги надминуваме етничките линии и да градиме вистинско граѓанско општество што е насочено пред сѐ на предизвиците на 21-от век и времето во коешто ние живееме. Бидејќи институциите, системот, државата му припаѓаат на граѓанинот пред сѐ, нагласи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на панел-дискусијата „Иднината на ...

Скопје, 12 август 2026 (МИА) - Одбележувањето на 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор не треба да биде само потсетување на минатото, туку можност вниманието да се насочи кон иднината и кон предизвиците кои претстојат, порача денеска министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, на втората панел-дискусија на тема „Иднината на Охридскиот договор и градењето одржлив мир“, на настанот организиран од Министерството кое го предводи. ...

Скопје, 12 август 2026 До сега очекувавме и видовме се од талогот на СДС, но ова веќе ги преминува сите граници. Вакви пораки на социјалните мрежи биле праќани од страна на активисти на СДС кон граѓаните. СДС го допре дното и со умисла создава паника и хистерија за тоа дека водата во Скопје не била безбедна за пиење, додека вистината е сосема спротивна, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране ...

Франкфурт, 11 август 2026 (МИА) – Бројот на девојчиња на возраст од 10 до 17 години хоспитализирани во Германија поради нарушувања во исхраната повеќе од двојно се зголеми во текот на 20-те години до 2024 година, соопшти денеска Федералниот завод за статистика. Бројот порасна од околу 2.800 во 2004 година на приближно 6.000 во 2024 година, се наведува во соопштението. Остриот пораст значи дека уделот на девојчиња во оваа возрасна група ...

Букурешт, 11 август 2026 (МИА) – Бурни реакции во романската јавност предизвика неодамнешниот случај на напад врз возило на Службата за итна медицинска помош, со повици и за целосна забрана на социјалната платформа „ТикТок“ во земјата. Јавноста во Романија се разбранува откако завчера во селото Речја-Кристур во округот Клуж, во северозападниот дел на Романија, локално население нападнало со секири и камења екипа на Службата за итна медицинска ...

Тирана, 11 август 2026 (МИА) - Полициската статистика покажува дека во Албанија има речиси 40 илјади регистрирани странски државјани, при што повеќе од половина од нив остануваат во земјата за да работат. Поточно, според податоците од Државната полиција до 30 јуни 2026 година се регистрирани вкупно 38.712 дозволи за престој одобрени за странски државјани. Според државјанството, најголем број дозволи поседуваат граѓаните на Косово со 7.302 ...

Приштина, 11 август 2026 (МИА) – Мировната мисија на НАТО во Косово (КФОР) започнува процес на постепено интегрирање на косовската полиција во безбедносниот систем за заштита на манастирот „Високи Дечани“ во западно Косово, објави весникот „Газета експрес“, повикувајќи се на официјално соопштение од мисијата. Според соопштението, процесот на предавање на контролата ќе се спроведува постепено и е строго координиран со Српската православна ...

Тирана, 11 август 2026 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на најавата на српските власти дека се разгледува промена на текот на реката Ибар, порачувајќи дека реката ќе продолжи да тече според географијата, а не според фолклорот и потсетувајќи дека токму за вакви ситуации постои меѓународното право за водите. Реакцијата на Рама следи откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред два дена изјави дека државата ја разгледува ...

Приштина, 11 август 2026 (МИА) – Европската Унија упати апел до сите политички партии во Косово итно да постигнат договор за избор на нов претседател и да соработуваат за надминување на долготрајната политичка криза, предупредувајќи дека блокадата на институциите сериозно го загрозува европскиот пат на земјата. – ЕУ постојано ги повикува сите политички актери да обезбедат институционална стабилност. Од суштинско значење е институциите на ...

Атина, 11 август 2026 (МИА) – За време на гаснењето на пожарот што избувна во ниска вегетација во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, што веќе е ставен под контрола, пожарникарите пронајдоа тело во изгорен автомобил, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна околу 15.30 часот, интервенираа 121 пожарникар, со два пешадиски тима и 36 возила, меѓу кои и 23 пожарникари со пет возила од Романија и 18 пожарникари со ...

Белград, 11 август 2026 (МИА) – Во Србија во шумски пожари во периодот од 2006 до 2025 година изгореа повеќе од 51.632 хектари шума, односно над 516 квадратни километри, покажуваат најновите податоци на Републичкиот завод за статистика што ги пренесе порталот „Нова економија“. Станува збор за застрашувачка зафатена површина што е еднаква на околу 72.000 фудбалски игралишта. Податоците откриваат дека во изминатите две децении повеќе страдале ...

Белград, 11 август 2026 (МИА) – Србија си постави цел да биде целосно подготвена за приклучување кон Шенгенскиот простор до крајот на 2027 година - изјави српскиот министер за европски интеграции Немања Старовиќ во интервју за Радио Белград. – Имаме сопствен акциски план што треба да се реализира до крајот на 2027 година, за да бидеме подготвени за пристапување кон Шенген-зоната. Мислам дека тоа е следната голема тема, бидејќи сме свесни оти ...

Бања Лука, 11 август 2026 (МИА) – Изворите на вода во Босна и Херцеговина се загрозени од долготрајната суша, поради што во многу градови се воведени рестрикции во снабдувањето со вода, со повици за нејзино рационално трошење. Во Мостар и Лукавац има привремени плански прекини во испораката на вода, во Бања Лука испораката е ограничена за одделни приградски населби, а на Пале се во сила секојдневни четиричасовни рестрикции, пренесоа ...

Лондон. 10 август 2026 (МИА) – Цените на нафтата денеска пораснаа откако условите што ги постави Иран за повторно отворање на Ормуската Теснина предизвикаа загриженост дека нарушувањата на глобалните енергетски пазари би можеле да продолжат подолг период. Цената на референтната северноморска нафта „брент“ со испорака во октомври се зголеми за 1,09 отсто, на 84,46 долари за барел, додека американската нафта „Вест Тексас интермедијат“ (ВТИ) со ...

Скопје, 11 август 2026 Судскиoт совет на Република Северна Македонија и Здружение на судиите на Република Северна Македонија, во врска со Решението на Уставниот суд И.бр.1/2026 и реакциите што тоа ги предизвика во јавноста, смета за потребно да укажат на неколку принципиелни прашања од значење за независноста на судската власт и владеењето на правото. Судскиот совет на Република Северна Македонија и Здружение на судиите на Република Северна ...

Скопје, 11 август 2026 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржината на коментарите објавени на официјалната Фејсбук страница на новинарот и колумнист Ерол Ризаов, во кои се упатуваат сериозни закани, повици за физичко насилство и навреди по основа на етничка припадност. Во дел од коментарите се содржани повици за физичко пресметување со новинарот, вклучително и пораки со кои се повикува на негово ...

Скопје, 11 август 2026 Почитувани граѓани на денешен ден или во 1992 година, Македонија го усвои своето знаме и Македонија ја усвои својата химна. Ете точно кога Владата на Мицкоски го направи скандал, овој дебакл со нашето македонско знаме. На нивната официјална организирана прослава по 35 години од независноста на државата, платена со милиони евра народни пари, Мицкоски и неговата Влада ги понижаа државата и ги понижија граѓаните, се ...

11 август 2026 Министерството за култура и туризам произведе цело соопштение за да докаже нешто што никој не го оспорил - дека важечкиот закон дава МОЖНОСТ (не и обврска) за ангажирање посебни советници. Честитки за успешно прочитан член од закон. Ние прашавме зошто среде летни и колективни одмори се оставаат само три дена за пријавување, зошто кандидатите мора експресно да обезбедат оригинали или нотарски заверени документи, зошто за правен ...

11 август 2026 Предавничката СДС која до пред две години беше власт, не направи ништо важно за граѓаните и државата, само ги распродаваше националните интереси. Предавничката СДС се однесува како падната од Марс, се наведива во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. Како денес да се појавиле на политичката сцена, а не како од независноста до сега во повеќе наврати ја воделе државата, а и само до пред само две години биле ...

Скопје, 11 август 2026 Алта банка, блиска до Александар Вучиќ и СНС, продолжува со ширење во Македонија. По Стопанска банка АД Битола, сега влегува и во осигурувањето. ЗОИЛ официјално преминува во Алта осигурување, се посочува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Во исто време, Владата на Црна Гора го стопира аранжманот со истата Алта банка. Одбиваат да влезат во бизнис со банка околу која има сериозни европски истраги, ...

Скопје, 11 август 2026 Талогот од СДС освен што сака да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, сака да ја види Македонија на колена, уништена и мизерна, затоа што тоа им е пасија. Но тоа, нема да го дозволиме, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објавата на партискиот портпарол Валентин Манасиевски со реакција на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Од СДС директно се против прославата на ...

Скопје, 11 август 2026 Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието. Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека такa повторно ќе дојдат на власт, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната ...

11 август 2026 Филипче и Рената Младеновска треба веднаш да кажат зошто со години молчеле за загадената вода во Гостивар. Токму оние кои со години имаа политичка и институционална моќ денес најгласно се обидуваат да ја префрлат одговорноста, стои во соопштението од прес-конференцијата на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, Мартин Андоновски, што МИА го пренесува интегрално. Наместо денес да морализираат, треба да одговорат зошто не ...

11 август 2026 Откако Изет Меџити го презеде раководењето со Општина Чаир, еден по еден пропаѓаат клубовите кои со години беа спортска гордост на Чаир, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Првиот и најдраматичен случај е ФК Шкупи. Клуб кој пред само неколку години беше шампион на Северна Македонија, настапуваше во европските натпреварувања и беше гордост на Чаир, минатата сезона заврши на дното на табелата и ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34