Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари - МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно - здравствените препораки за заштита од топлото време. - Меѓу општите јавно-здравствени препораки што ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Полициски службеници изминатото деноноќие лишиле од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти МВР. Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, две лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана и две лица возеле без возачка дозвола ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во земјава Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Како што соопшти Министерството за односи меѓу заедниците на средбата била истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание било ...

Скопје, 10 август 2026, (МИА) Дарко ЈАНЕВСКИ Втората балканска војна започнала со судирите меѓу Бугарија, Грција и Србија во јуни 1913 година во врска со различните сфаќања за тоа на која држава колкав дел од Македонија треба да и припадне. Подоцнежните анализи покажале дека е многу веројатно оти Бугарија ќе успеела да извојува победа и на двата фронта, доколку таквата ситуација не ја искористела Романија, која поттикната од Франција и Велика ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки, се вели во реакцијата од Министерството за здравство. Министерството за здравство, се вели во реакцијата, ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ, ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи демантира наводи изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7 Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, МВР во допис до медиумите соопшти дека процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот, од кои шест се активни, два се под контрола, а седум се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај местото викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струга кај с. Долна Белица - ниска вегетација; во Општина Центар Жупа ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог - проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии (МФ) и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата, како што наведува МФ, ги содржи предлог-проектните идеи подготвени и проверени од иницијаторот (институцијата што го има доставено), а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 87 денари за литар, ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. - Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Во периодот јануари – јуни 2026 година домашната градежна оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 12.9 милиони денари што претставува намалување за 57 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 12 875 илјади денари или 76,5 отсто помалку во споредба со истиот период ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена, наведува премиерот Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. - Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија, напиша нa својот ФБ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по положувањето свежо цвеќе во касарната Илинден, како дел од одбележувањето на 25-годишнината од масакрот кај Љуботенски бачила каде загинаа осум македонски бранители. „Во касарната Илинден оддадовме ...

Скопје, 9 август 2026 (МИА) – Македонските тенисери имаа успешен настап во конкуренција на двојки на турнирот „Neocom open 2026“ што викендов се одржува на терените на ТК „Југ“ во Скопје, откако Кристијан Јанев и Ерион Незири го освоија пехарот во машка, а Сара Митевска заедно со Андреја Глушкова од Бугарија во женска конкуренција. На турнирот кој е од рангот Ј60 за тенисери и тенисерки до 18 години, Митевска и Глушкова без поголеми проблеми ...

Гевгелија, 9 август 2026 (МИА) – Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство од б дивизијата, откако синоќа во Гевгелија загуби убедливо од Хрватска со 112:57 во рамки на 3 коло во групата Б. Предводени од Дион Шабани во нападот, македонските кадети одиграа рамноправна прва четвртина во салата „26. Април“., а на почетокот на вториот период, хрватската селекција направи серија од 5:0 ...

Кочани, 9 август 2026 (МИА) - Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Осогово“ од Кочани на 23 август ќе го организира четвртиот традиционален меморијален планинарски марш „Стамен Каровски“, посветен на својот починат член, планинар и долгогодишен другар. Маршот ќе започне во 9 часот од туристичкиот локалитет Пониква, а учесниците ќе се движат по маркирана кружна патека долга околу 9 километри до највисокиот врв на Пониква – Панаѓур (1.669 метри ...

Ливерпул, 9 август 2026 (МИА) – Премиерлигашот Ливерпул е на чекор од потпишување договор со дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, јави денеска „Скај Спортс“. Според истиот извор, Араухо денеска ќе пристигне во Ливерпул на задолжителните медицински прегледи по што се очекува да остане на „Енфилд“ како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. Ливерпул ќе може да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со Барселона од 55 милиони ...

Скопје, 9 август 2026 (МИА) – Вториот по големина град во Узбекистан, Самарканд, идниот месец ќе биде домаќин на 46 шаховска Олимпијада на која македонскиот репрезентативен шах ќе биде претставен во машка и женска конкуренција. Како што денеска објави Светската шаховска федерација (ФИДЕ), натпреварувачкиот дел ќе стартува на 16. септември, со воведното од вкупно 11 кола кои ќе се играат во Меѓународниот изложбен центар „Патот на свилата“. ...

Скопје, 9 август 2026 (МИА) – Со дерби натпреварот меѓу Вардар и Шкендија, и дуелот меѓу Скопје и Струга денеска ќе биде комплетирано 2. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Дербито на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 17 часот ќе донесе пресметка меѓу актуелниот првак Вардар и вицешампионот Шкендија, кои и оваа сезона се главните аспиранти за титулата. „Нè очекува дерби натпревар против Шкендија ...

Белград, 9 август 2026 (МИА) – Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го освои деветтото место на Европското првенство во Белград, откако попладнево во својот завршен настап извојува убедлива победа над Израел со 39-29. Македонските ракометари до победата дојдоа со фантастично второ полувреме во кое имаа апсолутна контрола врз случувањата на теренот. Натпреварот започна со иницијатива на израелските ракометари кои на средина од ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Официјално денеска започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, долгоочекуван кинематографски трилер со елементи на драма и хорор-фантазија. Проектот се реализира во продукција на „City Star Production“, под режисерска палка на Игор Алексов, авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“ кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценариото е дело на ...

Струга, 6 август 2026 (МИА) - „Стари навики и нови приказни - пишување сценарио во денешниот свет“ е темата на мастеркласот на Масимилијано Нардули што ќе се одржи денеска во Струга во рамките на вториот ден од 10. издание на фестивалот Дрим Шорт. Програмата, како што и нформира тимот на Дрим Шорт, ќе почне во 15 часот во кафе бар Дуќан со отворање на катчето за виртуелна реалност, каде публиката ќе има можност да ги искуси „8 billion ...

Дојран, 7 август 2026 (МИА) - Со концерт во амфитеатарот во Стар Дојран, фолклорното друштво „Мегдан" од Богданци вечерва повторно ќе организира хуманитарна акција за прибирање средства за лекување на 39-годишниот Ристо Живковиќ од Богданци, татко на три деца. Под мотото „Оро на хуманоста", концертот е дел од „Дојранско културно лето 2026" и го организира Општина Дојран од 19.30 часот. Ќе настапи Фолклорниот ансамбл „Мегдан" од Богданци, ...

Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Во Паркот на франкофонијата вечер во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Анастасија Саздовска „Homo archīvālis“ во организација на Центарот за современи уметности Скопје, со поддршка на Министерство за култура и туризам и Општина Центар. Изложбата се состои од дигитални колажи и дела изработени во комбинирана техника и претставува истражување на традиционалните тетоважи и нивно повторно поставување ...

Охрид, 7 август 2026 (МИА) - Пијанистката Теодосија Нтоку и виолончелист Масимо Полидори вечерва ќе настапат на традиционалната Грчка вечер на фестивалот „Охридско лето“, организирана со поддршка на Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Теодосија Нтоку е пијанистка со значајно присуство на меѓународната музичка сцена, а списанието „Би-Би-Си мјузик“ ја опишува како изведувач со драматични квалитети, емотивна суптилност и возбудлива ...

Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Македонскиот Културно-информативен центар во Софија и Друштвото на писателите на Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со што, како што известува Центарот, „воспоставена е цврста основа за понатамошно унапредување на соработката во областа на културата, книжевноста и промоцијата на македонското духовно и литературно творештво“. Меморандумот го потпишаа директорот на КИЦ на Република Македонија во Софија, ...

Струга, 7 август 2026 (МИА) - Со работилница на тема „Справување со насилството врз девојчиња и жени“ денеска во Струга продолжува 10. издание на фестивалот за краток филм Дрим Шорт. Работилницата, како што соопшти тимот на Дрим Шорт, е предводена од „Женска инфо точка - Струга“, а предвидена е анализа на студентскиот филм „Сведоци“ во режија на Јана Голабоска. Едукативната програма, како што посочуваат, ќе продолжи со почеток со мастерклас ...

Охрид, 7 август 2026 (МИА) - Галеријата на икони во Охрид од денеска е збогатена со уште едно непроценливо историско, уметничко и духовно дело – иконата „Исус Христос на престол“, изработена во ретка мозаична техника, односно од ситни обоени камчиња или стаклени коцкички (тесери), карактеристична за византиската уметност. Како што беше посочено на денешната презентација организирана по повод одбележувањето на 75-годишниот јубилеј на ...

Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Културниот и едукативен центар „Лабораторум“ почнува нов проект наречен „ЛИФТ“, иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика и независната музичка сцена преку едукативни и креативни програми. Првата активност во рамки на проектот се бесплатни музички работилници посветени на тереминот, првиот електронски музички инструмент во историјата и еден од најнеобичните инструменти во светот. Создаден пред ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07