
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Пред седиштето на грчката железничка компанија Хеленик трејн во Атина вечерва имало експлозија, за која се сомнева дека потекнува од бомба, и засега нема информации за евентуални жртви. Полицијата кај местото на експлозијата поставила кордон, долж една од главните авении во престолнината на Грција, чии жители велат дека слушнале силна експлозија. Локалните медиуми јавуваат дека непосредно пред тоа еден весник добил анонимна дојава дека пред ...
Во Кремљ започна средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стивен Виткоф, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение од Кремљ. Разговорите се фокусирани на нормализирање на односите меѓу Москва и Вашингтон, како и на одредени аспекти поврзани со решавање на конфликтот во Украина. Претходно денеска, Виткоф се сретна со директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил ...
Кинеските производители на пластични божиќни елки и други празнични украси се соочуваат со сериозен пад на нарачките од САД, кои се клучни за нивниот извоз. Причината се новите високи царини кои ги воведе претседателот Доналд Трамп, со што тие достигнаа дури 125 проценти. САД увезуваат околу 87 отсто од ваквите производи од Кина, во вкупна вредност од четири милијарди долари, а кинеските фабрики зависат од американскиот пазар, каде што ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трасата на движење ќе започне од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта фонтана Лотус, при што сообраќајот ...
Здружението на инженери на Република Македонија иницираше измени на Правилата за снабдување со електрична енергија, поради евидентирани неправилности во фактурирањето на електричната енергија. Овие неправилности се резултат на нередовното отчитување на струјомерите и издавање на сметки врз основа на проценета, наместо реална потрошувачка. Целта на иницијативата е воведување на праведен, недискриминаторен и фер систем на наплата кој се базира на ...
„Во услови додека трае истрагата и додека се уште има активни мерки, кои што по самата природа на нештата бараат тајност и непристрасност, отворањето или прераното отворање може да направи попречување на самиот процес. Во случај кога имате затворена истрага и немате позитивни резултати, или граѓаните не ви веруваат дека институциите на системот ја исполниле својата задача, или во услови кога воопшто тоа не е направено, тогаш во такви услови е ...
Денес започна дводневната политичка академија во соработка помеѓу Партискиот истражувачки и аналитички центар „Љубиша Георгиевски“ и Фондација Конрад Аденауер насловена - „Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа“ во Крушево. На истата свое обраќање ќе имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Даниел Браун, официјален претставник на Фондација Конрад Аденауер и Светислав Васев, раководител на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ - ...
Холанѓанецот Вирџил ван Дајк ќе го следи својот соиграч од Египет во Ливерпул, Мохамед Салах и ќе потпише нов договор со англискиот клуб. Договорот на дефанзивецот ќе биде до јуни 2027 година. Договорот меѓу играчот и Ливерпул е веќе постигнат, а се очекува да биде потпишан многу брзо, пишува на социјалните мрежи трансфер експертот Фабрицио Романо. Сите детали од договорот се прецизирани и одобрени од страна на адвокатите на клубот и на ...
Цената на златото денеска првпат на светските берзи надминаа 3.200 долари, бидејќи инвеститорите бараат безбедно засолниште за капиталот во услови на слабеење на доларот и стравувањата дека трговската војна меѓу САД и Кина може да ја загрози глобалната економија. На берзата унца злато попладне чинеше 3.223,36 долари, што е за 1,56 поскапо од вчера. Од почетокот на неделата цената на златото се зголеми за околу шест проценти. На американската ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека очекува Европската Унија да преземе „конкретни чекори“ во врска со пристапниот процес на Турција кон Унијата, јави весникот „Биргјун“. – Доколку ЕУ сака да ги надмине сегашните предизвици и да биде достојно претставена во новата глобална архитектура, тогаш Турција мора да биде прифатена како полноправна членка во најкус можен рок, рече Ердоган на Четвртиот дипломатски форум во Анталија. Тој ...
Соочени со можноста од руска агресија, земјите од НАТО го засилуваат теренското планирање со изготвување на воени карти со правците на можните руски напади, јавија денеска западните медиуми. Најангажрана во ова е фанцуската армија, која во соработка со романската картографска агенција, изработува тридимензионални мапи за потенцијалните боишта, особено околу Карпатите. Картите вклучуваат„високи точки“, воено релевантни објекти како водени или ...
Шефицата на американската воена база на Гренланд е сменета поради испраќање електронска пошта до персоналот, при што изразила поддршка за Гренланд како дел од Данска. Така наречените „Американски вселенски сили“ денеска соопштија дека полковникот Сузан Мејерс е сменета од позицијата командант на базата Питуфик на Гренланд поради „губење на довербата во нејзината способност да води“. - Од командантите се очекува да се придржуваат до највисоките ...
Денешни гости во претседателскиот Кабинет беа учениците од основните училишта „Мирче Ацев“ од општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ од општина Аеродром и децата од градинката „Весели Цветови“ од општина Кисела Вода. Заедно со своите наставници, тие ја проследија Церемонијата на свеченото менување на државното знаме којашто се случува секој втор петок во месецот, во реализација на Баталјонот за почести при македонската армија и претставува ...
Стефанос Циципас бараше континуитет во изминатите 12 месеци, а сега се чини дека е подготвен да направи потег што би можел да му даде можност да ја ресетира својата приказна во кариерата. Во написот на грчкиот весник „Газета“ се тврди дека поранешниот шампион на Вимблдон, Горан Иванишевиќ ќе му се приклучи на тимот на Циципас по Ролан Гарос, што би било храбар потег. Иванишевиќ работеше со Новак Ѓоковиќ за време на плодниот период на успех на ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше најбрз на денешниот прв тренинг пред трката за Големата награда на Бахреин во Формула 1. Првиот тренинг Норис го заврши со време од 1:33.204 минути. Возачот на Алпин, Пјер Гасли, беше втор со заостанување од 0,238 секунди, додека Луис Хамилтон од Ферари го освои третото место со 0,596 секунди заостанување. Вториот тренинг е закажан денеска во 17:00 часот, третиот тренинг и квалификациите се утре, додека ...
Австралиецот Алекс Де Минаур, (АТП-10) се пласираше во полуфиналето на тенискиот турнир од серијата Мастерс 1000 во Монте Карло, откако попладнево во четвртфиналето го совлада Бугаринот Григор Димитров (АТП-18) со 6-0, 6-0. Дуелот траеше само 45 минути. Во полуфиналето, Де Минаур ќе игра со победникот од пресметката меѓу трикратниот победник на турнирот и бранител на титулата, Гркот Стефанос Циципас (ATP-8.) и Италијанецот Лоренцо Музети (16.). ...
Конечната одлука во случајот со обвинувањата за Манчестер Сити нема да биде објавена пред летото, тврди „Дејли Телеграф“. Рочиштата завршија во декември, а пресудата се очекуваше да биде објавена околу март-април. Комплексноста на случајот, вклучително и количината на докази што се слушнаа, оспорени и проверени, го направија случајот уште потежок. Обвиненијата првично беа 115, но потоа се зголемија на околу 130 поради конфузија околу некои од ...
Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ официјално предложи Светското првенство во 2030 година да се одржи со учество на 64 репрезентации, што ќе овозможи повеќе земји да се приклучат на прославата на 100-годишнината од првото Светско првенство. Веста ја објави прес-службата на КОНМЕБОЛ, откако претходно писмото беше испратено до Светската фудбалска централа (ФИФА). Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во три земји - ...
Мохамед Салах потпиша нов договор со Ливерпул, соопштија од клубот. Од „Енфилд“ објавија дека египетскиот интернационалец ќе остане во клубот и по крајот на актуелната сезона, но не го прецизираше времетраењето на новиот договор на играчот. Според различни извори, тој е за период од две години. Иднината на Салах беше предмет на постојани шпекулации во текот на целата сезона, а извештаите сугерираат дека тој привлече сериозен интерес од ...
Наполи започна преговори за потпис на крилниот напаѓач на Тотенхем, Дејан Кулушевски, тврди „АреаНаполи“. Задачата ја презеде спортскиот директор на „наполитанците“, Џовани Мана, кој веќе стапи во преговори со шефовите на лондончани и се обидува да постигне договор. Засега, пак, преговорите се во прилично рана фаза и нема посебен развој на темата. Исто така, не е јасно дали Тотенхем би бил подготвен да се раздели со Швеѓанецот со македонски ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот го коментираше продолжувањето на договорот со напаѓачот Мохамед Салах. -Се надевам дека во недела повторно ќе покаже колку е важен за нас оваа сезона. Мислам дека нема да ве изненади што малку подобро знаев како се работите со неговиот договор, дека работите одат во вистинска насока. Мохамед Салах би можел да премине, веројатно, во секој клуб во светот, но тој остана во нашиот клуб. Тоа е комплимент, рече Слот, ...
Талентираниот шпански дефанзивец Дин Хујсен (19) стана еден од најбараните фудбалери по само една сезона во англиската Премиер лига и најверојатно ќе го напушти Борнмут ова лето, објавија денеска британските медиуми. Според истите извори, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Њукасл и Тотенхем веќе разговарале со неговиот менаџер за евентуален трансфер и младиот централен бек наскоро ќе треба да донесе одлука која ќе ја одреди неговата кариера. Хујсен е ...
Вишиот суд во Нови Сад денеска го врати обвинението што беше покренато против 13 лица за падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град на 1 ноември лани, јави допсиникот на МИА од Белград. Такво решение е донесено , според тој суд , поради потребно подобро расчистување на работата за да се испита основаноста на обвинителниот акт. Судот му наложи на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад - во рок од три денови од денот на ...
Папата Франциск го продолжува домашното лекување по неколкунеделна хоспитализација поради пневмонија, а клиничката слика покажува постепено подобрување на моторниот и респираторниот систем, соопшти денеска Ватикан. Папата сега може да не користи маска за кислород долго време, а високопроточен кислород користи „првенствено за терапевтски цели“, пренесува „Ватикан Њуз“. На неодамнешната средба со британскиот крал Чарлс, папата не мораше да ...
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет најави дека Пентагон ќе стави крај на „непотребното трошење“, вклучително и субвенциите за два престижни американски универзитети. - Во овој момент, ние потпишуваме меморандум со кој се анулираат договорите на Министерството за одбрана во вкупна вредност од 5,1 милијарди долари, наведе Хегсет. Тој наведе дека тоа е федералната програма за големи намалувања на трошоците преземени од Илон Маск. - Меѓу ...
Францускиот премиер Франсоа Бајру изјави денеска дека е наивно и опасно да се мисли дека Кина може да ги замени САД како трговски партнер и ги повика членките на Европската унија да се држат заедно во моменталната клима на глобални трговски тензии. „Идејата дека САД би можеле да ја заменат Кина е ужасно опасна идеја“, им рече Бајру на новинарите за време на посетата на саемот за сирење и вино. Кинескиот претседател Си Џинпинг му порача денеска ...
Поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу денеска има два судски процеси против него, а ќе се појави пред суд и во својство на сведок во процесот против неговата Републиканска народна партија (ЦХП). Против 53-годишниот Имамоглу се водат пет одделни судски процеси и уште три истраги. Имамоглу на почетокот од судењето за наводните закани кон јавниот обвинител даде изјава, но судскиот процес е одложен за 16 јуни. Обвинителството бара ...
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан денеска изјави дека доколку Соединетите Американски Држави сакаат да го решат царинското прашање преку дијалог и преговори, треба да ги прекинат екстремните притисоци, бидејќи, како што наведе, таквите притисоци не делуваат врз Кина. „Кина многупати го изрази својот став за прашањето на царините: нема победници во царинските и трговските војни. Кина не сака да се бори, но не ...
Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго се искачи на најмалку 221, соопштија денеска властите, додека потрагата по исчезнатите продолжува. Спасувачките тимови извлекоа речиси 200 преживеани од урнатините. Несреќата се случи на 8 април. Меѓу жртвите е и гувернерката на северозападната провинција Монте Кристи, Нелси Круз, како и сестрата на седумкратниот ...
Трудовата инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“, која ја користат дел од учениците на истоименото училиште, но и спортски клубови од Струга, поради опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените, соопшти за МИА Државниот инспекторат за труд. Според информацијата, по допрен глас, државен инспектор за труд од Одделение за безбедност и здравје при работа од тој регион, на 4. овој месец извршил вонреден инспециски ...