Четворица повредени, кои беа хоспитализирани по извлекувањето од урнатини на популарен ноќен клуб во Доминиканската Република, починале во текот на ноќта, со што бројот на загинати се искачи на 225. Властите соопштија дека 189 лица биле спасени живи од урнатините на ноќниот клуб „Џет Сет“ во главниот град Санто Доминго. Повеќе од 200 лица се повредени, а 15 од нив се сѐ уште хоспитализирани, вклучително и петмина во критична состојба. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека САД не можат да се потпираат на Кина за производство на клучни технологии, како што се полуспроводници, чипови, паметни телефони и лаптопи, соопшти Белата куќа откако овие производи беа исклучени од повисоките царини. Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит, преку соопштение посочи дека Трамп обезбедил инвестиции вредни трилиони долари во САД од компании како „Епл“ и ...

Под мотото „Задоцнета реакција“ денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш што го организираа семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Симболично, учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, со што го искажаа незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија. Во тишина и молк колоната од неколку стотини граѓани ...

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бахреин, четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Австралиецот до втората пол-позиција сезонава и кариера на патеката „Сакир“ стигна со време од 1:29.841 минути, со +0.168 предност пред Џорџ Расел во Мерцедес. Најблиску до двајцата беше возачот на Ферари, Шарл Леклер, додека лидерите во генералниот пласман потфрлија – Ландо Норис ќе го заземе ...

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, ќе го пропушти домашниот натпревар на тимот против Манчестер Јунајтед во недела. Тој беше примен во болница откако се чувствуваше лошо неколку дена и беше подложен на тестови во петокот, соопшти клубот. -Медицинскиот персонал го префрли Еди во болница за дополнителни тестови, кои во моментов се во тек. Тој е свесен и зборува со своето семејство и продолжува да добива стручна медицинска помош, напишаа од Премиер ...

Прво, второ и трето место освоија македонските ученици од СТЕМ Академијата на глобална Олимпијада за натпревар во роботски спортови што се одржува на грчкиот остров Крит, кои се натпреваруваа во категоријата петобој арена каде што самонаведувачки робот во период од четири минути треба да изврши задача, јави дописничката на МИА од Атина. Марко Ангелов, Стефан Марковски, Павел Попоски, Андреј Крстев, Јаков Петков, Анастасија Дудеска и Неда ...

Во Општина Центар се одржа работна средба на градоначалникот Горан Герасимовски, Секторот за инспекциски работи и голем дел од управителите на станбени и станбено-деловни објекти, како и претседатели на куќни совети. На средбата се разговараше за предизвиците во делот на противпожарната заштита и одржувањето на фасадите. „Имавме одличен одзив на нашето барање до управителите да достават информации за состојбата со противпожарната заштита. Важно ...

Општина Бутел соопшти дека денеска почнало асфалтирање на улицата „30“ - главна во населеното место Љуботенски пат, која е во должина од 900 метри. -Асфалтирањето на улицата е дел од големата градежна офанзива – проект за реконструкција на 70 улици во износ од 150 милиони денари. Општина Бутел останува посветена на инвестиции во инфраструктурата и подобрување на животот на граѓаните во секое населено место, наведува Општината во соопштение ...

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин денеска изјави дека не е сигурен каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од англискиот клуб и дека неговото семејство е малку исплашено за иднината. Де Бруин минатата недела објави дека по 10 години ќе го напушти Сити на крајот на сезоната. Се шпекулира дека 33-годишниот белгиски фудбалер би можел да се пресели во некој од клубовите во САД или во Саудиска Арабија, но по денешниот натпревар и ...

Под мотото „Албанија 2030 во ЕУ, само со Еди и Социјалистичката партија“, на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, социјалистите официјално ја отворија изборната кампања за парламентарните избори на 11 мај. Во средината на сцената беа поставени 12 ѕвезди кои ги симболизираат 12-те ѕвезди на знамето на ЕУ но и 12-те окрузи во земјата. Редоследно на подиумот застануваа политичките раководители на партијата за секој од окрузите, заедно со кандидатите ...

Континуираното зголемување на минималната плата во Албанија не успеа да ја тргне земјата од дното на листата во Европа, особено кога станува збор за куповната моќ. Евростат ги објави првите податоци за минималната плата во Европа за 2025 година, кои покажуваат дека во Албанија минималната плата достигнала 405 евра. Таа во втората половина на 2023 година, изнесувала 376 евра, објавија албанските медиуми. Наведуваат дека минималната плата во ...

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека украинските сили извршиле пет напади врз руска енергетска инфраструктура во изминатите 24 часа, со што, според руската страна, бил прекршен мораториумот за такви напади што претходно бил договорен со посредство. Како што пренесе агенцијата ТАСС, нападите се случиле во областите Запорожје и Курск, како и во Краснодарскиот крај. Во напад со украинско беспилотно летало во Запорожје бил ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува указ за создавање резерви од метали ископани од дното на Тихиот Океан, со цел намалување на зависноста од Кина во однос на снабдувањето со материјали за батерии и ретки земни елементи, пишува „Фајненшал тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори. Планот предвидува создавање значителни резерви од овие суровини на територија на САД, кои би можеле да се активираат во случај на ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги иззема паметните телефони, компјутерите и другите електронски уреди од новиот пакет царини, вклучително и царината од 145 отсто на увозот од Кина. Според објавата на американската Царинска и гранична служба, изземањето ќе важи и за стоката што влегла во земјата или излегла од складиштата по 5 април. Од администрацијата на Трамп порачуваат дека електрониката нема да се оданочува ниту ...

Турски рибарски брод, управуван од криумчари на луѓе, утрово отворил оган врз брод на грчката крајбрежна стража кај островот Лезбос, објави грчката телевизија Скај. Инцидентот се случил околу 8 часот во грчките територијални води. Грчките граничари се обиделе да извршат проверка на рибарскиот брод, но неговиот екипаж отворил оган со тешко оружје. Грчкиот брод возвратил, по што пловилото се повлекло во турски територијални води. Според грчките ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го пофали американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека тој подобро го разбира конфликтот во Украина од другите западни лидери. - Кога зборуваме за отстранување на основните причини за кој било конфликт, вклучително и украинскиот, тоа е единствениот начин за решавање на проблемите и воспоставување долготраен мир. Треба да се решат основните причини, изјави Лавров на ...

Барселона и Ханси Флик постигнаа начелен договор за продолжување на соработката, а договорот наскоро ќе биде официјално објавен. Каталонскиот клуб му понуди на Германецот нов договор до летото 2027 година со подобрени финансиски услови. Актуелниот договор на Флик истекува во јуни 2026 година, но раководството, предводено од Жоан Лапорта, е решено да изгради долгорочен проект околу него. За да даде согласност, Флик постави неколку услови - тој ...

Томас Милер на крајот од сезоната го напушта Баерн Минхен, но се уште нема донесено одлука за својата иднина. Ветеранот има многу добри понуди од Италија, но во моментов напаѓачот повеќе се наклонува кон преселба во клуб од МЛС или да се откаже од фудбалот, тврди Флоријан Плетенберг. Поранешниот германски репрезентативец е во добра физичка форма и поверојатно е дека ќе игра уште малку пред да ги закачи копачките. Милер ќе добие проштален меч на ...

НАТО е загрижен дека Русија наскоро би можела да распореди нуклеарно оружје во вселената, според извештај објавен денеска во весникот „Велт ам Зонтаг“. ДПА пренесува дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави за весникот дека НАТО е свесен дека Русија размислува да стави нуклеарно оружје во вселената. Тој ги нарече сегашните способности на Москва во вселената застарени и неспоредливи со оние на Западот. Затоа, Руте додава, развојот на ...

Жителите на главниот град на Кина денеска се засолниле бидејќи ретки силни ветрови налик на тајфун ги погодија северните провинции, затворајќи историски места и го прекинаа сообраќајот, додека во некои области паѓаше снег и град. Прозорците се тресеа, а дрвјата паѓаа на пешачките патеки и автомобилите додека налетите на ветрот, поттикнати од студениот вртлог од соседна Монголија, ги намалија температурите за повеќе од 12 степени Целзиусови. ...

Јапонија денеска отвори годинашната светска изложба „Експо 2025“ во Осака во присуство на јапонскиот император Нарухито и неговата сопруга царицата Масако, јави ДПА. Портите на „Експо 2025“ ќе бидат отворени за пошироката јавност утре. Принцот и принцезата, како и премиерот Шигеру Ишиба, исто така, учествуваа на церемонијата на отворање, што се емитуваше во живо на телевизија. Изложбата „Експо 2025“, што се наоѓа на вештачкиот остров Јумешима, ...

Лидерот на романската десничарска опозиција Гоерге Симион, фаворит на мајските претседателски избори, вчера изјави дека тој е единствениот кандидат кој може да спречи можното повлекување на американските трупи од земјата. Романија ќе ги повтори претседателските избори на 4 и 18 мај, откако Уставниот суд ги поништи изборите во декември поради обвинувањата за руско мешање, што Москва ги негираше. Романската јавност е загрижена за можното ...

Незначителни и мали се штетите на леите со тутунов расад. Тутунарите кои со расадопроизводството ја почнаа новата производствена година, навреме ги заштитија од ниските температури леите со посеаниот тутунов расад, велат од Сојузот на земјоделските здруженија кои ја следат ситуацијата на теренот. -Мали се оштетувањата на тутуновиот расад поради ниските температури. Тоа е поради фактот што нашите тутунопроизводители се добро едуцирани и добро си ...

Оскар Пјастри го предупреди Мекларен дека светските конструкторски шампиони не можат да си дозволат да бидат „невнимателни“ во битката против Макс Верстапен за светската титула во Формула 1. Ландо Норис и Оскар Пјастри победија во Австралија и Кина на почетокот на сезоната, но Верстапен победи во Јапонија, каде победи на квалификациите и ја контролираше трката и покрај притисокот од двајцата возачи на Мекларен. -Мислам дека го имаме најбрзиот ...

Петочниот слободен тренинг пред Големата награда на Формула 1 на Бахреин покажа дека промените и подобрувањата на болидот на Ферари функционираат, но покажа и дека се уште не се доволни за директна битка со Мекларен. Ферари ги искористи првите големи промени оваа сезона – нова верзија на подот и нов дифузер, а до последно имаше сомнежи за новиот под. -Едноставно не сме доволно брзи во однос на перформансите на Мекларен. Во моментов изгледаат ...

Кингсли Коман сака да го напушти германскиот гигант Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми. За крилниот напаѓач се заинтересирани англиските клубови Арсенал и Тотенхем, како и некои клубови од Саудиска Арабија. Забележано е дека трансферот не е приоритет за Спарс, бидејќи тимот од Лондон има пристап на чекање и гледање поради високата плата што играчот ќе ја бара. Саудиските клубови од своја страна покажуваат сериозен интерес за Коман и ...

Шпанскиот голман Давид де Хеа и следната сезона ќе остане во Фиорентина. „Виолетовите“ ќе ја искористат опцијата за продолжување на неговиот договор за една година. Актуелниот договор на 34-годишниот голман е до крајот на кампањата. -Тој ќе остане со нас и следната сезона, изјави претседателот на Фиорентина, Роко Комисо. Де Хеа на стартот на сезоната по една година без тим дојде во тимот од Фиренца. Тој оваа сезона одигра 32 натпревари во сите ...

Микел Артета верува дека повредениот Каи Хаверц би можел да игра пред крајот на сезоната, што би било одлична вест за Арсенал. Хаверц доживеа кинење на тетивата за време на тренинг кампот на „топџиите“ во февруари, за што беше потребна операција. Поради тоа, клубот од северен Лондон почна да го пушта Микел Мерино како лажна деветка. Од објавата за повредата на Германецот на натпреварот на Арсенал против Саутемптон на 25 мај од последното коло ...

Факт е дека сѐ до појавата на овој АБЕЦЕДАР, македонското дете немало буквар, учебник, па и книга од кои можело да се описменува, да научи да чита и воопшто да чита на својот мајчин, македонски народен јазик. Во тој контекст може да се споменат само два примера, едниот на Јордан Хаџи Константинов – Џинот, а другиот на Григор Прличев. Имајќи ја предвид скромната претходница, факт е дека излегувањето на македонски буквар насловен како АБЕЦЕДАР е ...

Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп им нареди на вработените во Стејт департментот да пријавуваат случаи во кои нивните колеги покажуваат „антихристијански предрасуди“. Ова е дел од спроведувањето на нова извршна уредба со која се цели поддршка на вработените од христијанска вероисповед во федералната администрација. Според интерен документ во кој имал увид „Политико“, Стејт департментот ќе соработува со ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.27
52%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 16ᴼ
2.38
74%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.89
50%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.9
64%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
4.16
69%
1014
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.45
61%
1015
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.47
42%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.44
68%
1019
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.11
74%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
6.71
51%
1011
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.58
63%
1015
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 16ᴼ
2.08
50%
1016
Currency

61.525

Currency

55.1097

Currency

73.1652

Currency

35.2049

Currency

39.3687

Currency

65.7791

Currency

7.62839

Currency

0.67963

Currency

0.37879

Currency

0.52475

Currency

1.41535

Currency

0.64361

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15431.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.98

Сребро

1044.89

Злато

104156.43

Бакар

9.18

Паладиум

3054.32

Платина

31601.82

Родиум

176829.11

Цинк

2.68