Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Ливерпул ремизираше 2:2 вечерва со Фулам на гостински терен во 20. коло од Премиер лигата. Напаѓачот на домаќините, Хари Вилсон, го отвори резултатот во 17. минута. Играчот од средниот ред на Ливерпул, Флоријан Вирц, постигна гол во 57. минута, а напаѓачот на гостите, Коди Гакпо, му донесе водство на својот тим во 90+4 минута. Во 90+7 минута, играчот од средниот ред на Фулам, Харисон Рид, израмни и ги спаси домаќините од пораз Ливерпул го ...
Норвежанецот Јоханес Клебо постави нов рекорд за најмногу победи на етапната трка „Тур де Ски“. Дваесет и деветгодишниот Клебо денес го освои генералниот пласман по петти пат во својата кариера, завршувајќи на 12-то место на масовниот старт слободен стил во Вал ди Фиеме, Италија. Неговото вкупно време беше 1 час, 56 минути и 12,4 секунди. Норвежанецот го надмина Швајцарецот Дарио Колоња, кој четири пати го освои Тур де Ски. Клебо претходно го ...
Јапонецот Рен Никаидо е победник на денешната етапа од турнејата „Четири скокалници“. Никаидо попладнево на скокалницата во Инсбрук освои 276,5 бода по скоковите со должина 131 и 128 метри. Словенецот Домен Превц го освои второто место со 276 бода по скоковите од 129,5 и 128 метри. Домашниот натпреварувач Стефан Ембахер заврши на третото место со 275,8 бода со скокови 130 и 127,5 метри. По три скокалници Превц е лидер со 895,8 бода, пред Јан ...
Тренерот на Филаделфија, Ник Нурс, ја пофали избалансираната игра на својот тим по победата на гостински терен над Њујорк со 130:119. -Тајрис Макси упати неколку клучни удари. Дури и кога имавме мал пад во офанзивниот дел, тој нај де начин да ја погоди победничката тројка и да ни даде моментум. Правиме многу работи во моментов… Џоел (Ембид) ќе биде поактивен во скоковите кога ќе биде во подобра форма и ќе се чувствува подобро, а Тајрис ќе ...
Наполи попладнево го победи Лацио со 2:0 на гостински терен во 18. коло од Серија А. Дефанзивецот на гостите, Леонардо Спинацола, го отвори резултатот во 13. минута, Амир Рахмани во 32. минута ги постави конечните 2:0. Во 81. минута, напаѓачот на Лацио, Тијани Нослин, доби втор жолт картон поради сопнување и беше исклучен. Пет минути подоцна, судијата Давиде Маса ги исклучи играчот од средниот ред на Лацио, Адам Марушиќ, и дефанзивецот на ...
Театарската претстава „За нас почнува живот“ ќе биде изведена вечер на вториот ден од Божикниот театарски фестивал во општина Кисела Вода. -Со успешен почеток стартуваше првиот Божикен театарски фестивал во Кисела Вода, најавувајќи нова културна традиција во општината. Првата фестивалска вечер помина во празнична атмосфера и со голем интерес од публиката, во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Вечер со почеток во 20 часот, на програмата на ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски вели дека последната и претпоследната откупна сезона за тутунот се едни од најуспешните досега. Во интервју за емисијата „Аграр“, Трипуновски посочува дека просечната цена на откупот е околу 420 денари. – Сликата во минатото беше трактори на улиците, негодувања и откупни цени кои беа далеку под денешното ниво. Денес имаме откуп на тутун каде што согласно квалитетот се ...
Зголемен е извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти во 2025 година споредбено со 2024 година, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Во интервју за емисијата „Аграр“, Трипуновски посочува дека според податоците на Државниот завод за статистика во периодот јануари–октомври 2025 година во споредба со истиот период во 2024 година, извозот на земјоделски производи е зголемен за 5,5 проценти, што ...
Неготинската градоначалничка Марија Нацева го посетила првото бебе во 2026 година од Неготино. -Новиот живот е најголемиот благослов и најубавиот почеток за нашата заедница. Со многу љубов и радост му посакуваме добредојде на првото новороденче од општина Неготино. Денес имав чест и огромно задоволство да го посетам првото бебенце родено во оваа година и неговата храбра мајка. Нема поубав симбол за нова надеж од првата средба со најмладиот ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ доби меѓународно признание во Кина, каде што беше одликуван со Почесна награда за визуелна имагинација во главната натпреварувачка селекција на Blue Planet Sci-Fi Film Festival. Наградата ја доделува Организацискиот комитет на фестивалот и претставува признание за исклучителниот визуелен концепт и иновативниот пристап во градењето на изгледот на филмот. Blue Planet ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека тутунот се откупува по највисока цена досега и дека и откупувачите и тутунарите се задоволни. – Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу седум евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку, напротив, задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата, ...
Нова детска градинка беше отворена денеска во Сопиште. Детската градинка „Сонце“ ќе овозможи згрижување и воспитание на 84 деца од предучилишна возраст и се наоѓа на локација што ќе одговара и на жителите од Долно Соње, Горно Соње, Добри Дол и Ракотинци. Во неа се предвидуваат јасли за згрижување дечиња од 0 до 2-годишна возраст, како и две хетерогени групи за дечиња од 2 до 4-годишна возраст и група за дечиња од 4 до 6 – годишна возраст. ...
Аталанта ја победи Рома со 1:0 во 18. коло од италијанското фудбалско првенство. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Атлети Аѕури д’Италија“ во Бергамо. Дефанзивецот Џорџо Скалвини го постигна единствениот гол во 12. минута од натпреварот. Кон крајот на првото полувреме, VAR системот го поништи голот на Џанлука Скамака поради офсајд. Аталанта освои 25 бода и се искачи на 8. место на табелата во Серија А. Рома по седмиот сезонски пораз ...
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, на навивачите ја препиша заслугата за победата од 3:1 вчеравечер на домашен терен над Нотингем во 20. коло од англиската Премиер лига. Џон Мекгин постигна два гола за Бирмингем Сити, а Оли Воткинс додаде уште еден. – Толку сум среќен, а овде на Вила Парк, со нашите навивачи, сум уште посреќен. Тие ни помогнаа, нивната енергија е неверојатна. Тоа е клучот за успехот. Така играме тука, бидејќи сме сите ...
Под влијание на нестабилна воздушна маса, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат над 15 литри на квадратен метар. Според прогнозата на УХМР, до среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. -Во четврток и петок ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата. Post Views: 2 јануари 4, 2026 Под ...
Кавадарци денеска одбележува 83 години од убиството на народниот херој Страшо Пинџур. Од Музеј галеријата потсетуваат дека потекнувал од видно револуционерно семејство од Ваташа. За неговата активност во организирањето на македонскиот народ во борба против фашистичкиот окупатор, Страшо Пинџур бил меѓу првите прогласени народни херои во Македонија, на 29 јули 1945 година. – Во Крагуевачката гимназија се изградувал како напреден младинец и ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е задоволен од текот на подготовките во пресрет на Европското првенство 2026. Со оглед на здравствената ситуација кај одредени ракометари, нема да брзаме со конечниот список за Европското првенство. Ќе почекаме да поминат последните тренинзи, па ќе се одлучи кои ракометари ќе патуваат на ЕП. Со федерацијата донесовме одлука за Данска да патуваат 19 ракометари. Задоволен сум од ...
Бостон ги победи Лос Анџелес клиперс со 146:115 на гостински терен рано утрово во натпревар од НБА-лигата. Најдобар кошаркар беше бекот на Селтикс, Џејлен Браун, кој постигна 50 поени. Клиперси ја прекинаа серијата од шест победи. Тие се на 12. место на табелата во Западната конференција (12-22). Бостон го доби својот трет натпревар по ред и е трет во Источната конференција (22-12). На другите натпревари играни ноќта сабота кон недела ...
Мали го победи Тунис во осминафиналето на Африканскиот куп на нации со 3:2 на пенали. Натпреварот се одигра синоќа во Казабланка. Тунис поведе во 88. минута благодарение на голот на Фирас Чауат. Во шестата минута од дополнителното време, Мали израмни со пенал од Ласина Синајоко. Мали играше со десет играчи од 26. минута, бидејќи дефанзивецот Војо Кулибали доби црвен картон. Во четвртфиналето, Мали ќе се соочи со Сенегал, кој претходно го ...
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 15 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 2, а максималните ќе ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат дека во сила е законската обврска за носење зимска опрема во возилата која трае до 15 март. Post Views: 5 јануари 4, 2026 ...
Минималните температури денеска се над нулата во цела држава. Најладно е во Гевгелија каде утрово се измерени два степена, а најтопло во Битола каде утринската температура е 12 степени. За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со повремен локален дожд и наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17 степени. Post Views: 3 јануари 4, 2026 Минималните температури ...
Брајтон го победи Барнли со 2:0 во домашниот натпревар од 20. коло од англиската Премиер лига. Џорџињо Рутер го отвори резултатот во 29. минута, Јасин Ајари го постави конечниот резултат во 47. минута. Брајтон ја прекина серијата од шест натпревари без победа и се искачи на осмото место на табелата во Премиер лигата со 28 бода. Барнли остана на 12 бода и е на претпоследното место, 19-то. Тимот нема победа во последните 11 натпревари. Во ...
Сенегал вечерва го победи Судан со 3:1 во осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Натпреварот се одигра на стадионот „Стад Ибн Батута“ во Тангер, Мароко. Папа Гуеје постигна два гола за Сенегал, а Ибрахим Мбаје додаде уште еден. Амир Абдалах го постигна единствениот гол за Судан. Сенегал стана првата репрезентација што се пласираше во четвртфиналето на турнирот. Противник на Судан во четвртфиналето ќе биде победникот од натпреварот ...
Со присуство на Македонци од сите делови на Мала Преспа и пошироко и претставници на македонската Амбасада, денеска во Пустец, седиште на истоимената општина, беше одржан Саем на македонска традиционална кујна. – Настанот беше организиран од страна на македонскиот активист Панде Симонофски, со поддршка преку Јавниот повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од дијаспората на Министерството за надворешни работи и надворешна ...
Реал Мадрид продолжува да покажува интерес за фудбалерот на Манчестер Сити, Родри. Според „Марка“, мадридскиот клуб ќе го следи договорот на 29-годишниот Шпанец со клубот од Премиер лигата. Неговиот актуелен договор истекува летото 2027 година. На 1 јануари, Родри играше за Манчестер сити за прв пат од почетокот на ноември. Тој одигра 45 минути во ремито без голови со Сандерленд во 19. коло од Премиер лигата. Родри е во Манчестер сити од 2019 ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, зборуваше за расположението на напаѓачот на Мадрид, Винисиус Жуниор. -Го гледам среќен и насмеан. Беше добро за сите нас да се наполниме со енергија. Утре, ние мора да бидеме оние што ќе ги заразат луѓето со оваа желба. Ако е заемно, сè ќе биде во ред, изјави Алонсо за „Марка“. На 20 декември, навивачите на Реал Мадрид го исвиркаа Винисиус за време на победата од 2:0 над Севиља во 17. коло од шпанската Ла ...
Раководството на Челзи планира да одржи итен состанок за да разговара за назначувањето на нов главен тренер, објави „indykaila News“. Според изворот, постои значително несогласување во клубот околу изборот на нов главен тренер. Претходно, извештаите сугерираа дека главниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, би можел да ја преземе функцијата. На 1 јануари, Челзи го отпушти Енцо Мареска, кој беше на чело од летото 2024 година. Под водство на ...
Со Центарот за развој на Вардарскиот регион со седиште во Велес во кој влегуваат девет општини нов вршител на должноста е Зоран Јаневски од Велес, досегашен директор на ЈП „Парк-спорт и паркинзи“. Тој функцијата в.д директор ќе ја извршува во наредните шест месеци се’ до изборот на нов директор. Јаневски едногласно бил избран на втората седница на Вардарскиот плански регион одржана на 24 декември во Градско. Во изјава за МИА најави дека во ...
Формула 1 тимовите Ферари и Мерцедес му упатија честитки на својот поранешен возач и седумкратен светски шампион, Германецот Михаел Шумахер, за неговиот 57-ми роденден. – Среќен роденден, Михаел. Вистинска икона на Ф1 и важен дел од нашата историја, се вели во соопштението од Мерцедес на социјалните мрежи. „Денот кога се роди легенда“, стои во објавата на Ферари. Шумахер го имаше своето деби во Формула 1 во 1991 година за Џордан. Тој стана ...