Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Microsoft на блогот на Outlook ги објасни промените што ги имаат направено кај пребарувањето во последните неколку месеци. Промените се во подредувањето на резултатите, пребарувањето при лоша врска и собирањето мислења од корисниците. Најзабележливата промена е што Outlook сега на врвот прикажува до седум резултати подредени по релевантност, наместо досегашните три, а останатите следат по датум. При подредувањето се гледа колку е нова ...
Sony ги претстави MDR-3R, нови жични слушалки со USB-C приклучок чиј дизајн е инспириран од MDR-3, слушалките што во 1979 година стигнаа заедно со првиот Walkman, TPS-L2. Според Sony, Walkman и MDR-3 создадоа нов начин на слушање музика во движење. Компанијата наведува дека речиси половина век подоцна жичните слушалки повторно се откриваат поради едноставноста, бидејќи не бараат полнење ниту поврзување, а тука секако е и подобриот квалитет на ...
Discord работи на нова верзија на својата апликација, повторно напишана од почеток во програмскиот јазик Rust. Компанијата денеска на X го сподели видеото на својот технички директор Станислав Вишневски, во кое тековната и новата верзија се отвораат една до друга на два лаптопи. Во видеото новата верзија се отвора видно побрзо од старата. „Помалата потрошувачка на „RAM“ меморија е само дел од приказната. Кликањето низ апликацијата делува ...
Андерфест повторно ја собира домашната алтернативна сцена на едно место, а осмото издание на фестивалот ќе се одржи во петок, 6 ноември, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Почетокот е во 19 часот. На сцената ќе настапат осум изведувачи: Мамут, Корка, Princess Donatsu, Крул, Гној и Фанк Шуи, како и Eurokrem и Replays од Roma Rock School. Организаторите најавуваат вечер што ќе ги поврзе различните генерации и звуци на ...
На церемонијата на доделување на наградите „Бизнис Лидер“, Publicis Groupe Македонија е прогласена за најдобра маркетинг агенција во Македонија, признание што ја истакнува континуираната посветеност на агенцијата, силата и експертизата на нејзиниот тим и креативниот пристап во создавањето ефективни комуникациски решенија. Признанието доаѓа во година кога агенцијата слави 30 годишен јубилеј, период во кој оствари силен придонес врз развојот на ...
Секојдневно избираме производи и услуги на кои им веруваме, се враќаме на брендовите со кои имаме добро искуство и ги препорачуваме оние што ги исполнуваат нашите очекувања. Токму овие искуства и перцепции се важен дел од приказната за секој успешен бренд, а од вчера, 18 октомври, потрошувачите имаат можност и директно да го искажат своето мислење во рамките на новото издание на Superbrands Macedonia 2026/2027. Јавното гласање ќе трае до 30 ...
Во Република Македонија и покрај континуираните активности за унапредување на безбедноста на патиштата, сообраќајните незгоди и понатаму претставуваат сериозен општествен предизвик. Според податоците со кои располага РСБСП, во 2025 година на патиштата во државата животот го загубиле 132 лица. Во 2024 година, бројот на загинати изнесува 142 лица. Посебно внимание заслужува категоријата млади и возачи почетници. Недостатокот на возачко ...
По повод претстојниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. РСБСП укажува: Почитувајте ги ограничувањата на брзината. Не ...
Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) вчера во Скопје организираше тркалезна маса посветена на унапредување на заштитата на интелектуалната сопственост. Во фокусот беше улогата на Националното координативно тело и можностите преку неговата работа да се обезбеди поефикасна заштита во оваа област. На настанот учествуваа претставници од институции, деловната заедница и стручната јавност, а поздравни обраќања имаа Барнабас ...
Вечер исполнета со музика, енергија и одлична атмосфера го одбележа првото издание на BIZBendovi, одржано во Скопје. Станува збор за уникатен натпревар на корпоративни бендови, кој веќе со години се одржува во Белград и од година во година докажува дека зад корпоративните титули се кријат луѓе со талент, страст и голема љубов кон музиката. По вечерта исполнета со познати музички хитови, победничката титула на BIZBendovi 2026 ја освои The ...
Скопје, 27 октомври 2026 година – За два дена, на 29 октомври, во Т Арена С.Ц. Борис Трајковски во Скопје започнуваат меѓународните саеми ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и Саемот за недвижности РЕАЛ ЕКСПО 2026. Под мотото „Вклучи одржливи навики“, двата настана до 31 октомври ќе обединат компании, институции, експерти, инвеститори и млади иноватори, со програма посветена на новите технологии, енергетиката, одржливиот развој и недвижностите. На брифингот ...
Warner Bros. вчера го објави последниот „трејлер“ за Dune: Part Three, третиот и завршен дел од адаптацијата на Дени Вилнев на научно-фантастичната сага на Френк Херберт. По мрачниот „тизер“ во март и „трејлерот“ во јули, овој пат студиото покажува многу повеќе акција, а Пол Атреидес (Тимоти Шаламе) веќе не е херојот од првите два филма. „По години борби, станав угнетувачот против кој Чани се заколна да се бори“, вели тој во „трејлерот“. ...
Гласни гитари, познати рок-хитови, многу аплаузи и енергија што не стивнуваше до крајот на вечерта. Вака изгледаше првото издание на BIZBendovi во Скопје, кое на 26 октомври во Public Room ги собра претставниците на бизнис-заедницата во едно поинакво издание. Настанот, кој веќе има своја традиција во Белград, за првпат се одржа пред македонската публика, носејќи концепт што ги спојува музиката, тимскиот дух и корпоративната култура. На ...
Скопје, 29 октомври 2026 – Со свечена чартер церемонија, вчера во Скопје официјално беше примен во меѓународното ротаријанско семејство новиот Ротари клуб „Скопје – Дебар Маало“. Клубот обединува луѓе од различни професии кои своето знаење, искуство и време ќе ги посветат на иницијативи за доброто на заедницата. Чартер-повелбата ја врачи гувернерот на Дистрикт 1912, Боштјан Врховшек, во присуство на основачите, претставници на ротаријанската ...
Холандскиот синџир кина Pathé најави експеримент наречен Pathé REWIND, во кој со помош на хипноза ќе се обиде 30 љубители на филм повторно да го доживеат омилениот филм како да го гледаат за прв пат. Идејата е гледачите да ги „заборават“ пресвртите и познатите сцени, па повторно да ја почувствуваат истата неизвесност. Експериментот се одржува на 9 ноември во Pathé Buitenhof во Хаг. Пријавувањето беше бесплатно и заврши на 29 октомври, а ...
По околу осум години тестирање на уредите на преклоп од Samsung, кои низ годините главно добиваа стандардни подобрувања, но не и драстични промени, оваа година ситуацијата е дефинитивно поразлична. Samsung, а јас би додал конечно, се одлучи да претстави поинаков формат кај својата Galaxy Z Fold серија. Така, новиот Galaxy Z Fold8 доаѓа со поширок и забележително понизок надворешен екран кога е затворен, како и во одличен мини таблет формат ...
REDMI Note серијата одамна има јасна задача, а тоа е да понуди што е можно повеќе во средната класа, без цената да се приближи премногу до „flagship“ сегментот. Кај новиот REDMI Note 17 Pro 5G, Xiaomi повторно оди по тој рецепт, но овојпат најголемиот акцент не е на камерата или на рекордни „benchmark“ резултати. Главната приказна е батеријата По неколку дена користење станува јасно дека ова е телефон направен за корисници кои повеќе ја ценат ...
После две години од кога првично требаше да им биде достапна, Apple конечно оваа недела ја донесe новата и понапредна верзија од Siri, сега наречена Siri AI, иако сѐ уште со бета ознака. Со пуштањето на официјалните финални верзии од iOS 27 и другите системи од компанијата, официјално и дојде Siri AI за повеќето корисници на Apple, со исклучок на тие од ЕУ. Сепак, Siri AI не е автоматски вклучена, па корисниците ќе мора истото сами да го ...
Наредниот настан кој Apple традиционално со години веќе го одржува во септември, неофицијално се очекува за 9 септември. Тоа значи дека останува уште малку до настанот кој изгледа ќе предизвика поголемо внимание од претходните неколку. Оваа година се очекуваат две новини при презентирањето на новите iPhone модели. Едната е поделбата на телефоните според класата, односно основните модели се очекува да бидат претставени на почетокот од идната ...
Скопје, 19 август 2026 година – Кога купувате нов телефон, веројатно читате рецензии и гледате видеа со споредби во потрага по „најдобриот“ уред. Иако рангирањата можат да бидат корисни, тие не можат да одговорат на најважното прашање: кој телефон е најдобар за вас? Одговорот зависи од личните потреби, како што се начинот на кој сакате да работите, да создавате содржини и да останете поврзани во текот на денот. Зошто „Samsung“ нуди повеќе ...
Firefox на iOS, кој веќе го вклучува карактеристичниот систем за блокирање на „следачи“, сега добива и дополнителна функција специјално насочена кон блокирање на рекламите. Истата не е автоматски вклучена, па корисниците ќе можат тоа да го направат самите во делот „Browsing“ од прилагодувањата на прелистувачот, односно апликацијата. Оваа новина не треба да се очекува на Android или другите оперативни системи, а во главно поради фактот што на ...
Сараево / Скопје, 18 август, 2026 година – Македонскиот долгометражен игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ вчеравечер (17.08.2026) премиерно беше прикажан пред преполната сала во Народно позориште Сарајево, во рамките на 32. издание на Интернационалниот Филмски Фестивал во Сараево. Оваа регионална премиера го означи официјалниот почеток на трката на филмот за престижната награда „Срцето на Сараево“ во главната натпреварувачка програма за ...
ChatGPT десктоп апликацијата официјално дојде и на Linux, односно на дел од големиот број на дистрибуции. Со тоа оваа позната алатка е достапна на сите платформи, после достапноста на Windows и macOS. Апликацијата моментално е достапна во „preview“ верзија и ги обединува ChatGPT, ChatGPT Work и алатката за кодирање Codex во еден интерфејс. Според информациите, поддржани се десктоп варијантите на Ubuntu 24.04 и 26.04 LTS, Debian 13, како и ...
Почнувајќи од најновата верзија на Signal апликацијата од оваа недела, корисниците добиваат можност да ја поврзат апликацијата со повеќе уреди од досега можното. Главната новина тука е можноста да се поврзат дополнителни телефони, користејќи ја истата сметка, односно истиот телефонски број на кого апликацијата е регистрирана. Ова ќе им овозможи на корисниците кои користат повеќе од еден телефон да можат да ја користат Signal апликацијата без ...
Претставувањето на првиот уред на преклоп пред осум години не ја донесе „големата револуција“ која очекував дека ќе се случи, а популарноста на овие уреди остана под таа на „обичните“. Иако оваа ситуација е очекувана во голем дел и од цената на уредите на преклоп, сепак, голем фактор е и нивната реална функционалност, кратко кажано. Високиот и тесен екран кој се отвора во исто така чуден формат, заедно со послабите камери, очекувано влијаеше ...
Microsoft започна со тестирање на нов, модернизиран прозорец за својства (Properties) во File Explorer, кој треба да го замени досегашниот дизајн базиран на класичниот Win32 систем. Оваа промена, која е забележана во најновите тест верзии на Windows 11, претставува обид да се реши проблемот со фрагментираниот кориснички интерфејс, за што од компанијата со години добиваат критики. Досегашниот прозорец за својства се потпираше на основен код ...
Значаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург. Од фестивалот официјално потврдија дека филмот, кој меѓународно ќе биде претставен под насловот „You Won’t Believe What Happened Before“, е избран во официјалната конкуренција и ќе ...
Џон Просер го објави неговото најново видео, а иако тој поретко објавува, неговите видеа секогаш вреди да се гледаат. Точноста на објавените информации, најчесто за производите од Apple, може да се види и преку тужбата на Apple кон него за откривањето на „Liquid Glass“ дизајнот. Најновото видео, објавено преку неговиот YouTube канал „fpt.“, го носи насловот „Ова е iPhone 18 Pro | Прв Поглед“. Во него тој говори за наредната генерација од ...
Досега повеќе пати пишувавме за првиот уред од OpenAI, за кого се што знаеме официјално е дека постои и е во подготовка. Исто така, познато е дека тој уред е развиван во соработка со легендарниот Џони Ајв, чија компанија стана дел од OpenAI. Марк Гурман повторно има информации за каков уред се работи, па според него OpenAI ќе претстави преносен паметен звучник без екран. За разлика од традиционалните стационарни звучници, овој уред е опремен ...
Microsoft започна со тестирање на нова верзија на Windows Search во Windows 11, која има за цел да го направи корисничкото искуство побрзо, порелевантно и полесно за користење. Според компанијата, фокусот на оваа надградба е насочен кон отстранување на визуелниот шум, поедноставување на почетниот екран на функцијата и овозможување побрз пристап до неодамнешните активности. Промените првично им се достапни на корисниците во програмата Windows ...