
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Новиот закон за енергетика кој го помина првото читање во Собранието е документ што ќе го обликува енергетскиот сектор на Македонија во следните децении, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. -Не добивме забелешки за новиот закон за енергетика, но ќе има многу придобивки од законот кој требаше да биде донесен кон крајот на 2023 година. Напорно работевме и го направивме овој закон кој има 317 ...
Фондот за иновации и технолошки развој денеска на свечена церемонија ги додели ваучерите за иновации за Западен Балкан, со кои се поддржуваат 20 научно истражувачки проекти. Со овој настан се одбележа важноста од стратешката соработка помеѓу академскиот и бизнис секторот, како движечката сила на одржливи иновации, долгорочна национална конкурентност, клучен дел од Стратегијата за паметна специјализација, информираат од ФИТР. Во рамки на повикот ...
Потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска во просториите на Владата оствари работна средба со Анџела Агелер, амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. Средбата беше оддржана во исклучително конструктивна, работна и пријателска атмосфера, при што фокусот беше ставен на понатамошното продлабочување на партнерските односи ...
Советот на ЕУ денеска донесе одлука за доделување на 15 милиони евра помош во рамките на Европскиот мировен инструмент (ЕПФ) за зајакнување на одбранбените капацитети и способности на Армијата на Република Северна Македонија и нејзината оперативна подготвеност, јави дописникот на МИА од Брисел. - Денеска се согласивме да и обезбедиме на Македонија дополнителна поддршка од ЕУ во вредност од 15 милиони евра за нејзината Армија, изјави во врска со ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави денеска дека се чувствува оти дошло до генерациска смена и луѓето почнале да прифаќаат дека Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мареј повеќе не играат. „Се чувствува како да се променила цела генерација. Луѓето почнаа да прифаќаат дека Роџер, Рафаел и Енди повеќе не играат, а наскоро ниту јас“, рече Ѓоковиќ. Ѓоковиќ утре во рамки на второто коло на АТП турнирот во Мадрид ќе игра против Италијанецот Матеа ...
Француската скијачка Марго Симон почина на 18-годишна возраст по несреќа за време на тренинг во Вал д’Изер, соопшти денеска Француската скијачка федерација. Симон претрпе сериозен пад, по што лекар веднаш се обидел да ја реанимира, но не успеал да го спаси животот на младата француска скијачка. Сите детали околу трагичниот настан сè уште не се познати. Симон во март ја освои шампионската титула на националното првенство во категорија до 18 ...
Изградбата и уредувањето на новиот парк „Радост“ во Реонски центар во Општина Аеродром е во завршна фаза и во зависност од временските услови, се очекува паркот да го добие својот финален изглед до средината на следниот месец. Во паркот, кој е со површина од околу 6 000 квадратни метри, поставен е систем за осветлување со канделабри, а во овој момент се градат пешаките патеки, а се врши и хортикултурно уредување на просторот, по што ќе биде ...
Продолжува појава на узурпација на парцели покрај брегот на Дебарско Езеро, едно од најубавите делови во градот. Последна од многуте кривични пријави денеска е поднесена против А.Д.(27) од Дебар. -Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, неовластено узурпирал дел од катастарската парцела во месноста „Шпиље“ во ...
Кошаркарот на Кливленд, Еван Мобли, е прогласен за најдобар дефанзивен играч на во НБА лигата во сезоната 2024/2025. Дваесетитригодишниот Мобли беше прогласен за одбранбен играч на месецот двапати во текот на сезоната, во декември и февруари. Мобли оваа сезона имаше просек од 18,5 поени, 9,3 скокови и 3,2 асистенции по натпревар, а имаше просек од 1,59 блокади и седум дефанзивни скокови по натпревар. Тој ја освои наградата „Хаким Олајџувон“ ...
Шефот на кабинетот на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ја напушта функцијата, изјави синоќа висок функционер, додека продолжуваат превирањата во одделот оптоварен со случаи со протекување информации и серија заминувања. Тоа е најновото заминување на вработен во Пентагон, кој е во превирања откако кон крајот на март беше откриено дека министерот учествувал во безбедносен пропуст преку апликацијата „Сигнал“. Џо Каспер, кој ќе престане ...
Шест лица загинаа утрово кога мал тајландски полициски авион се урна во морето во близина на одморалиштето Хуа Хин, соопштија официјални лица. Портпаролот на полицијата, Арчаџон Краитонг, изјави дека авионот бил на пробен лет со цел да се подготви за падобрански тренинг, јавија американските медиуми. Иако моделот на авионот не е официјално потврден, фотографиите од местото на несреќата укажуваат дека станува збор за „Викинг DHC-6 Twin Otter“ со ...
Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Пит Хегсет, наводно користел необезбедена интернет-врска во својата канцеларија во Пентагон за да ги заобиколи официјалните безбедносни протоколи и да ја користи апликацијата „Сигнал“ на персонален компјутер. Според извештаите на Еј-Би-Си њуз, Хегсет користел таканаречена „валкана линија“ - комерцијална интернет врска што овозможува пристап до страници што се блокирани на класифицирани и ...
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави за Би-Би-Си дека Украина може да биде принудена да се откаже од делови од својата територија како дел од мировниот договор со Русија, поради, како што е наведено, зголемениот притисок од американскиот претседател, Доналд Трамп, да се прифатат територијални отстапки. -Едно од сценаријата е... да се откаже од територијата. Тоа не е фер. Но, за мир, привремен мир, можеби тоа може да биде решение, ...
Повеќе од 128.000 луѓе од завчера наутро до денеска до 8 часот поминаа покрај ковчегот со телото на поглаварот на Римокатоличката црква, Франциск, во базиликата „Свети Петар“ во Рим, за да се збогуваат со него, соопшти Ватикан. Од завчера во 11 часот до денеска во 8 часот, „повеќе од 128.000 луѓе дојдоа во базиликата „Свети Петар“ за да му оддадат последна почит на папата, чиј отворен ковчег е изложен пред главниот олтар на базиликата, се ...
Судија од Врховниот суд на Бразил го осуди поранешниот претседател на земјата, Фернандо Алфонсо Колор ди Мело (1990-1992), на осум години и десет месеци затвор по обвинение за корупција, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ. Судијата Александар де Мораес ја отфрли последната жалба на поранешниот претседател и нареди веднаш да се започне со издржување на казната изречена во мај 2023 година, соопшти Врховниот суд. Колор ди Мело беше обвинет од ...
Европската централна банка (ЕЦБ) размислува да ја промени својата стратегија, врз основа на која ја спроведува својата монетарна политика, за да може побрзо и пофлексибилно да реагира на можни ценовни шокови, објави Ројтерс, повикувајќи се на публикација на Блумберг. Управниот совет на ЕЦБ ќе разговара детално за можна промена во својата стратегија за прв пат за време на неформален состанок што ќе се одржи на 6 и 7 мај во португалскиот град ...
Поставување југуларни катетери под ехо кај пациенти кои се лекуваат со хемодијализа е нова процедура што почна да ја применува Специјализираната болница за нефрологија – Струга, информира директорот на установата Јетмир Зиба. Постапката под ехо, појасни тој, го прави процесот побезбеден и поконтролиран, а е направена со поддршка на лекари од клиниката Von Basedow од Германија. - Поставувањето на југуларни катетери кај пациентите кои се лекуваат ...
Полицијата синоќа околу 23:30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, го лишила од слобода Н.К.(29) од Република Грција. При гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства. Како што информира МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе ...
Владината мерка за замрзнување на цените и ограничување на маржите на основните прехранбени производи има позитивни ефекти. Овие резултати потврдуваат дека мерките се ефикасни и дека Владата продолжува со својата политика на стабилизирање на економијата и подобрување на животниот стандард. Според анализите на ССМ, во месец февруари 2025 година, трошокот за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство изнесувал 23.427 денари. Во март истиот ...
Советот за оценка на обвинителниот акт го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство против осомничениот Васил Јованов за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ поврзан со сообраќајката од јануари годинава што се случи на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова, соопштуваат од Основен Кривичен суд Скопје. -Ја информираме јавноста дека Советот за ...
Мерка притвор во траење од 30 дена за првоосомничениот – вработен во едно од обвинетите правни лица и мерки на претпазливост за две лица - едно службено лице вработено во Подружница ТЕЦ Неготино и за актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, определи Судот, постапувајќи по предлог на Обвинителството во продолжената акција за предметот „Адитив“. Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство ...
Основниот кривичен суд Скопје определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија, соопштија денеска од Кривичен. По вчерашното постапување на судии на претходна постапка по предлогот на јавниот обвинител, на девет лица им е определена мерка притвор во траење од 30 дена, за петмина куќен притвор, додека за други девет мерки на претпазливост. Во текот на вчерашниот ...
Заемната поддрка што ја искажуваме на планот на европската интеграција претставува добар пример за нашата одлучност за напредок на овој пат кој ќе ни обебзеди сигурност стабилност и напредок кон просперитетна Европа кон која заеднички целиме. Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати. Ова заеднички го констатираа шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и на Црна Гора, Тимчо Муцунски и ...
Министерството за образование и наука ќе им распредели 344 милиони денари на државните универзитети и факултети, јавни научни установи и на МАНУ за да ја унапредат научно-истражувачката инфраструктура и за да реализираат иновативни научно-истражувачки проекти. МОН објави два јавни конкурса на кои треба да се аплицира електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, во рок од 45 дена. На прес-конференција денеска министерката за образование и ...
Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук. Наскоро, како што најави Мицкоски, со конкретната примена на одлуката за без визното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. -Се бориме на секој можен начин да се ...
Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот “Адитив“ не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Антикорупциска, а воедно не може да гласа и да распределува предмети. Димитровска, вчера беше изведена пред Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје, кој одлучувајќи по предлогот на Обвинителство, и определи мерки ...
Група студенти стартуваа денеска маратон со трчање до Брисел, со цел да го привлечат вниманието на европските институции кон ситуацијата во Србија јави дописникот на МИА од Белград. Со извици „пумпај“ собрани пред блокираната зграда на Радио-телевизија на Србија, голем број луѓе ја испратија групата студенти од Белград кои заминаа кон Нови Сад, па потоа кон Брисел. Тие ќе трчаат низ земји на Европската унија под слоганот „Од моето село до ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека во почетокот на мај ќе биде во САД дека ќе се сретне со „сите најистакнати“ членови на владејачката Републиканска партија и верува оти ќе има можност да разговара два или три пати со претседателот Доналд Трамп, јави допписникот на МИА од Белград. Во изјава за ТВ Информер тој нагаси дека добил покана да присуствува на состанокот на Републиканскиот национален комитет во почетокот на мај и ...
Ковчегот на папата Франциск ќе биде запечатен за време на литургиски обред што ќе се одржи вечер во 20 часот во базиликата „Свети Петар“. Кардиналот Кевин Фарел ќе претседава со обредот на запечатување на ковчегот на покојниот папа Франциск, пред неговиот погреб утре изутрина. На литургискиот обред ќе присуствуваат неколку кардинали и функционери на Светата Столица, објави Ватикан њуз. Тоа ќе го означи крајот на јавното изложување на телото на ...
Никој не знае кого ќе изберат кардиналите да го наследи папата Франциск и да стане нов поглавар на Католичката црква, но оние што внимателно ќе следат понекогаш можат да видат навестувања за тоа кој би можел да биде следниот папа. Процесот на избор на нов папа е долг и таинствен. Повеќето од 252 кардинали од целиот свет пристигнуваат во Рим. Но, само оние помлади од 80 години, од кои 135 се подготвуваат да влезат во конклавата за да го изберат ...