На граничниот премин „Блато" на македонско - албанската граница кај Дебар, приведен е албански државјанин баран со меѓународна потерница. - Вчера во 7.55 часот на Граничен премин „Блато", на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Н.(20) од Република Албанија. При гранична контрола било констатирано дека се бара од Интерпол Норвешка, информираше денеска Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид. ...

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднело кривична пријава против Д.Т.(32), У.К.(24), Л.А., и В.Т.(50), сите од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што денеска информираа од МВР, на 17.04.2025 во својство на водач, првопријавениот на подрачјето на Гевгелија прифатил четири лица мигранти, од кои едно дете од Кина и ги предал на ...

Слободното изразување мислење и став за најразлични проблематики, за СДС изгледа е непознат поим. Но, што може и да се очекува од СДС, партија која на таканаречени внатрепартиски избори оди со еден кандидат, без можност членовите да имаат избор. Во владината коалиција владее демократија каде што секој има право на свое мислење, слободно изразување и партиско делување. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на враќање на ...

Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Сосиедад го назначи тренерот на резервниот тим, Серхио Франциско, за главен тренер од следната сезона, на местото на Иманол Алгуасил, кој ја напушта позицијата на крајот од тековната сезона. Алгуасил, кој седна на клупата на Сосиедад во 2018 година, го освои Купот на кралот во 2020 година и го предводеше Реал на европската сцена пет сезони по ред. Во четврток, тој го информираше клубот дека ќе ја напушти ...

Во Скопје во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје, кој синоќаво 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. МВР денеска соопшти дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против ...

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци ноќеска во 03.25 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци го лишиле од слобода А.М.(28) од Прилеп. -При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,80 ...

И покрај периодот на исклучителни кризи, преку внимателно обмислени и добри политики и преку навремени мерки, Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата и во јакнењето на нејзината отпорност. За овие достигнувања и за натамошните предизвици се разговараше на серија средби што ги оствари гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во рамките на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен ...

Паднаа маските на Димитар Апасиев и Левица. Додека Апасиев глуми загрижен и продава скромност, пред очите на јавноста излегоа докази и документи за тоа како преку ноќ Левица купила имот од 409 м2 во строг Центар во Скопје по багателна цена за 700 евра квадрат, но Град Скопје им пресмета дека тој простор вреди многу повеќе, односно 1.150 евра за метар квадратен. Додека Апасиев на своите членови од Левица и граѓаните им продава демагогии и гол ...

Македонските државјани ќе патуваат во ОАЕ без визи. Ова е прва придобивка и одлука на Обединетите Арапски Емирати да ја укинат визата за македонските државјани и е резултат на фокусирана и стратешка надворешна политика. Таа одлука доаѓа веднаш по официјалната посета на владината коалиција во периодот од 14 до 17 април, инаку посета што ги отвори вратите за продлабочување на билатералните односи со еден од најдинамичните економски центри во ...

Во вчерашното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“, гостуваше пратеничката Јулија Тушевска, која дискутираше за злоупотребата на надзорната алатка- пратенички прашања од страна на опозицијата, за работата на Собранието која изобилува со многу можности за надзорни улоги како и за алатката која ја имаат пратениците, а тоа е да вршат увид и надзор на работата на извршната власт, односно Владата. Пратеничката Тушевска во ...

Владата е посветена на одблокирање на евроинтеграцискиот пат, но порачува дека таа посветеност треба да престане да се мери по капацитетот на отстапките на која било влада во оваа држава по однос на национални прашања. Опозицијата пак смета дека евроинтеграцискиот пат на земјава е целосно заглавен, поради, немањето иницијатива од страна на владеачката коалиција за спроведување на уставните измени. -Имаме дијалог и комуникација со Софија и тоа ...

Дресот што Коби Брајант го носеше во својата дебитантска сезона во Лос Анџелес Лејкерс е продаден за седум милиони долари на аукција во четвртокот во Њујорк , објави денеска аукциската куќа „Сотби“. Дресот е илустриран со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996-97, вклучувајќи го неговото деби во претсезоната на 16 октомври и дебито во регуларната сезона на 3 ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во НБА. ...

Судот во Њујорк денеска го осуди поранешниот конгресмен Џорџ на 7,3 години затвор поради измама, кражба на донации и лажно претставување во изборната кампања. Сантос, кој во 2022 година доби место во Конгресот како републиканец, призна вина за финансиска измама и злоупотреба на идентитет. Федералниот судија Џоана Сајберт изјави дека Сантос не се покајал. Покрај затворската казна, Сантос треба да плати и речиси 580.000 долари. Обвинителите го ...

Сметам дека владината коалиција е навистина нестабилна. Како ќе се одвиваат работите во коалицијата ќе видиме, меѓутоа јас сум спремен да разговарам со апсолутно која било политичка партија, изјави денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче, по заедничкиот увид со градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во градежните активности за реконструкција на спортската сала Работнички во Градскиот парк во Скопје. Во ...

Имаме дијалог и комуникација со Софија и тоа нема да дозволиме да застане бидејќи доколку, изостане иницијативноста и дијалогот од наша страна, тогаш ние ќе бидеме и соучесници во еден процес на закочување на европската интеграција што е спротивставеност со целта на државата, а тоа е што побрзо да ги откочиме преговорите. Нашата посветеност кон европската интеграција треба да престане да се мери по капацитетот на отстапките на било која влада ...

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ - ,,Љубиша Георгиевски" во соработка со ИФЕС денес и утре одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема - ,,Модернизирање на комуникациските стратегии за локалните избори 2025" на кој учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ИК на партијата. На семинарот со свое обраќање на присутните им се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој кажа дека партијата е во контакт со членовите и граѓаните и дека секојдневно ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднел кривична пријава против К.Б., Г.Л. и А.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека е разочаран од тоа што дејствијата на Арбен Таравари, лидер на дел од Алијанса за Албанците и министер за здравство во Владата од коалицијата Влен „на терен го потпомагаат функционирањето на ДУИ“ и смета дека ВМРО-ДПМНЕ не треба да соработува со секој што соработува со, како што истакнува, вакво нереформирано ДУИ. Муцунски очекува ...

Гласачите гласаа за промена на централно ниво и убеден сум дека сакаат промени и на локално ниво, ќе бидеме фаворити во сите општини, нагласи вечерва првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити. -Затоа ние отидовме со друг чекор Влен да биде една платформа, единствени кандидати, единствени листи, ќе одиме во сите општини, сите градови каде гравитираат Албанците и плус тоа ќе излеземе и надвор Влен со ...

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука ОФС ОХРИД поради грубо кршење на одредбите од Статутот и актите на ФФМ да добие суспензија. У.О. на ФФМ по темелна постапка и по претходни сознанија од Одделот за интегритет, а во врска со нарушување на интегритетот во целост од страна на овластени службени лица од ОФС Охрид, едногласно одлучи да го суспендира Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС Охрид). Главните ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше пред утрешниот финален натпревар од Кралскиот Куп против Реал Мадрид, кој ќе се игра во Севиља. Вели дека секогаш е добро да се игра пред такви навивачи, а стадионот изгледа неверојатно и мора да уживаат во него и да дадат сè од себе. -Мора да се бориме. Започнавме патување на почетокот на сезоната и имаме шанса да освоиме три титули. И тоа е нашата цел. Иако знаеме дека е тешко, Мадрид е фантастичен ...

Администрација на претседателот на САД Доналд Трамп неочекувано ја повлече одлуката за поништување на над 1.500 студентски визи, изјави денеска претставникот на Министерството за правда за време на судско рочиште во Вашингтон, Џозеф Карили. Тој додаде дека имиграциските служби работат на нов систем за преглед и евентуално укинување на визи, и дека додека не заврши тој процес, нема да има нови поништувања. Чекорот следува по бројни индивидуални ...

Во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа, гостуваше градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. Костовски зборуваше околу моменталната состојба во општина Бутел, и проектите кои веќе дел од нив се реализираат успешно. Тој потенцираше дека следната недела општина Бутел ќе аплицира и на вториот повик, за поддршка на општините од страна на Владата со вкупно 38 проекти, проекти кои ќе им го подобрат животот на граѓаните кои живеат на ...

Во февруари годинава вкупно се потрошени 692 461 мегават часови електрична енергија, 39.165 милиони нормални кубни метри природен природен гас, 574 134 тони јаглен и 85 541 тони нафтени продукти. Како што објави денеска Државнот завод за статистика, 82.4 проценти од потрошената енергија е од домашни извори, а 99,4 проценти од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија. Вкупната бруто-произведена ...

Се размотува клопчето околу деловниот простор од над 400 м2 на Левица во центарот на Скопје, вистината целосно излегува на виделина. Тезите дека Левица купила подрум, воопшто не се точни и претставува манипулирање на членството на таа партија, но и граѓаните воопшто. Фотографиите кои ги видовме од деловниот објект, јасно се гледа дека не е само подрум во прашање, туку и високо приземје. Интересно е што во овој објект на Левица пред нецели два ...

А ако станува збор за организираност и наведувањата дека оваа Влада е неорганизирана, би констатирале само дека единствената работа во која што владата на СДС и ДУИ беше организирана беше криминалот, организираниот криминал, затоа и впрочем нема да се чепне или да се направи ревизија на работењето, а да не излезе од тоа некаква форма на организиран криминал правен од претходната влада во таа институција. Оттука, и логично е што на СДС ние им ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост папата Франциск, којашто ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, со мисата ќе претседава Неговото Високопреосвештенство кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите. На последното испраќање на папата на плоштадот Свети Петар најавено е присуство на бројни ...

Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина ЗПЗСУ ПДДМ алармира дека доведена е во прашање важноста на лиценците за работа на сите стоматолози во нашата држава кои релиценцирале со сертификати издадени од фиктивни здруженија кои не биле регистрирани во централниот регистар на Р.С. Македонија. Од ЗПЗСУ-ПДДМ информираат дека нивното повеќегодишното алармирање за неправилности на Стоматолошка ...

Почина повредениот во престрелката што попладнево се случи во близина на полициската станица на Бит Пазар, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР) за МИА. -Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите, посочуваат од МВР. Како што претходно информираа од полицијата, денеска околу 14 часот на улицата „Војдан Чернодрински“ на Бит Пазар се случило пукање од огнено оружје. ...

Фудбалер кој игра во третата лига на Англија е осуден на 14 месеци затвор за предизвикување смрт на велосипедист пред три години, соопшти денеска полицијата на Западен Јоркшир. Лукас Акинс, кој е напаѓач на тимот од Лига 1, Мансфилд Таун, управувал со својот Мерцедес кога на 17 март 2022 година го удрил 33-годишниот велосипедист Адријан Даниел на раскрсница во близина на Хадерсфилд. Даниел починал десет денови подоцна од здобиените повреди во ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
3.34
44%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.35
47%
1016
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.89
60%
1014
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
4.21
38%
1016
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
6.24
39%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
5.13
77%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
3.58
20%
1018
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.86
45%
1021
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.23
63%
1021
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
6.26
39%
1013
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
4.47
65%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.27
68%
1018
Currency

61.53

Currency

55.1097

Currency

73.024

Currency

35.3694

Currency

39.4472

Currency

65.7987

Currency

7.64669

Currency

0.6798

Currency

0.3776

Currency

0.52479

Currency

1.41825

Currency

0.6438

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15435.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.99

Сребро

1038.23

Злато

102972.02

Бакар

9.23

Паладиум

3054.32

Платина

31427.29

Родиум

176829.11

Цинк

2.68