Британците Хју Најтингејл и Шарлот Бенкс победија во тимската трка мешано во сноуборд крос на Зимските олимписки игри 2026. Италијанците Лоренцо Сомарива и Микела Мојоли завршија втори, со заостанување од 0,43 секунди. Французинките Лоан Боцоло и Леа Каста завршија трети, со заостанување од 0,55 секунди. За Велика Британија ова е второ злато на Игрите во Италија. Претходно златен медал освои Мет Вестон во скелетон. Post Views: 3 февруари 16, ...

Холандската лизгачка Фемке Кок го освои златниот медал на 500 метри на Олимписките игри во 2026 година. Дваесет и петгодишната лизгачка оствари време од 36,49 секунди, освојувајќи го својот прв златен олимписки медал. Втората Холанѓанка која беше фаворит за највисок пласман, Јута Лирдам, го освои сребрениот медал со 0,66 секунди побавно време зад сонародничката. Јапонката Михо Такаги заврши трета (0,78 секунди зад Кок). Post Views: 3 ...

Табита Стокер и Мет Вестон од Велика Британија се победници во скелетон мешани тимови на Олимписките игри 2026 во Италија. Британците до златото стигнаа со вкупно време од 1 минута 59,36 секунди, поставувајќи рекорд на патеката во лизгачкиот центар „Кортина“ во Кортина д’Ампецо. Германските претставници Сузане Крехер и Аксел Јунг завршија втори со време од 1 минута 59,53 секунди. И бронзениот медал е за Германија, а го освоија Жаклин Фајфер и ...

Норвежанката Ана Одина Стром победи вечерва на големата скокалница на Олимписките игри 2026. Дваесет и седумгодишната Стром освои 284,8 поени по двата скока. Ова е трет медал за Стром на Олимписките игри во Италија, претходно таа освои злато на малата скокалница и сребро во мешано екипно натпреварување. Норвешката Еирин Марија Квандал заврши втора (282,7 поени), додека Ника Превц од Словенија го освои третото место (271,5). Пласман на десетте ...

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш покажаа дека немаат конкурент во македонската кошарка. Тие вечерва во финалето на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово го совладаа истоимениот домашен тим со 96:70. Аеродромци ја освоија својата 14-та куп-титула и четврта по ред, додека Куманово остана без трофеј и по своето второ финале. Најдобар играч на натпреварот беше Меквин Смит со 23 поени. Воедно тој го доби признанието МВП. Во ...

Во натпревар на поранешните македонски фудбалски шампиони, Вардар попладнево како гостин го победи Работнички со убедливи 3:0. Ова беше 15 победа сезонава за „црвено-црните“ во 18 натпревари од Првата македонска фудбалска лига. На вториот денешен натпревар од 18. коло, Струга на свој терен загуби од Силекс со 2:3. Стружани водеа во два наврата, но на крајот останаа со празни раце. Табела: Вардар 48 бода (18 натпревари), Шкендија 42 (18), ...

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се надева дека напаѓачот Мохамед Салах ќе продолжи да игра за „Мерсисајдерс“ следната сезона, бидејќи е важен играч за тимот. Вчера, 33-годишниот Египќанец реализира пенал и асистираше во победата од 3:0 во четвртото коло на ФА Купот над Брајтон. – Мо е сè уште лидер и како капитен, важно ми е да го имам со нас. Тој секогаш носи повеќе во тимот отколку само голови. Очигледно, во моментов, целото ...

Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови низ државата, а екипите на општините, противпожарните служби и институциите за заштита и спасување непрекинато интервенираат на критичните места во Скопскиот, Кумановскиот, Тетовскиот и Гостиварскиот Регион, каде што има излевање на реки, поплавени домови, свлечишта и затрупани одводни канали. Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 ...

Според податоците од хидролошките станици низ земјава, останува висок водостојот на река Вардар во горниот дел од сливот со можност за заезерувања и локални излевања во Полошката Котлина, а регистриран е прилично висок водостој и на река Кумановска и река Треска, во чии сливови се можни локални излевања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од УХМР, исти така, предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и сууводолиците ...

Податоците од хидролошките станици низ земјава укажуваат на сеуште исклучително високи водостои на река Вардар во горниот дел од течението, како и на река Треска каде сè уште има опасност од излевање на реките. На останатите реки во западните делови каде имаше регистрирано зголемувања, водостоите се во постепено опаѓање кое се очекува да продолжи и до крајот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во текот на вечерва и ...

Во тек се активности за санирање на последиците кај поплавени куќи кај селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај. – Екипи од Бригада за противпожарна заштита на Град Скопје и Тетово вршат испумпување на водата од поплавените објекти и расчистување на критичните точки, додека ЈП Водовод и канализација – Скопје стабилизираат и прочистуваат канализациската мрежа за да се спречат дополнителни излевања. Паралелно, Дирекција за заштита и ...

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, вечерва присуствуваше на состанокот на Кризниот штаб во Општина Сарај, заедно со градоначалникот Мухамед Елмази и членовите на Штабот, на кој, како што информираат била направена детална анализа на состојбата по обилните врнежи од дожд и поплавите што зафатија повеќе населени места во општината. Според информациите од терен, над 30 домаќинства беа погодени, при што службите ...

Норвешкиот скијач Јоханес Клебо стана првиот деветократен шампион во историјата на Зимските олимписки игри. Дваесет и деветгодишниот нордиец денес го освои златниот медал како дел од штафетата 4×7,5 км. на Норвешка на Олимписките игри 2026. Оваа победа му овозможи на Клебо да ги надмине тројцата сонародници по бројот на освоени први места: скијачите Бјорн Дели и Марит Бјорген и биатлонецот Оле Ејнар Бјорндален. Победата во штафетата беше ...

Обилните врнежи во државава предизвикаа поплави на повеќе куќи на улица „Прилепска“ во Кичево, поради што евакуирани се 180 лица, а во поплавена куќа во гостиварското село Балиндол заглавени се две деца и нивната мајка. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево, а како и куќи и во гостварските населби Циглана и Бањечница и во селата Буковиќ и Семениште во општина Сарај. Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информација за состојбата по ...

Македонската скијачка Јана Атанасовска, не успеа да ја заврши првата трка во велеслалом на Зимските олимписки игри 2026. Атанасовска на патеката на денешната трка мина само триесетина секунди и не успеа да се избори за втората трка. Атанасовска во првото мерење имаше заостанување од водечката 1,45 секунди зад водечката, на втората контролна станица негативата изнесуваше 2,97, а пота се откажа. Следен настап на Атанасовска на Олимпијадата во ...

Канадскиот скијач во слободен стил, Микаел Кингсбери, го освои златниот медал во акробатско скијање двојни могули на Олимписките игри 2026. Јапонецот Икума Хоришима се пласираше на второто место и го освои сребрениот медал. На победничкиот пиедестал се најде и Австралиецот Мет Греам кој го освои бронзениот медал. Претходно на Игрите во Италија, Кингсбери освои сребро во класични могули. Post Views: 4 февруари 15, 2026 Канадскиот скијач во ...

Шведскиот биатлонец Мартин Понсилуома го освои златото во трката во потера на Олимписките игри во 2026 година. Триесетгодишниот атлетичар ја заврши дистанцата од 12,5 км за 31 минута и 11,9 секунди. Тој промаши една цел. Ова е првиот златен олимписки медал на Понсилуома. Норвежанецот Стурла Легрид заврши втор (+20,6 секунди и две промашувања). Емилиен Жаклен од Франција ја освои бронзата (+29,7 секунди и три промашувања). Пласман на првите 10 ...

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард, кој не одигра ниту еден натпревар оваа сезона додека се заздравува од скинатата Ахилова тетива, го освои натпреварот за тројки на НБА Ол-стар викендот во Инглвуд. Лилард ја освои наградата по трет пат во последните четири години, придружувајќи им се на Лари Берд и Крег Хоџис како трикратни победници. Во последниот круг, бекот на Блејзерс постигна 29 поени, надминувајќи ги Девин Букер од Феникс (27) и ...

Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР) најави дека утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има пообилни врнежи од ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. АМСМ соопшти дека сообраќајот на патниот правец Кичево – Гостивар целосно е нормализиран претпладне во 10:30 часот, откако екипи на ЈП „Македонијапат“ го отстраниле одронот кај село Колари што го блокираше патот од 5.40 часот изутрината. На патниот правец село Лисец – Попова Шапка, каде во 05:45 часот изутрината поради врнежи од снег беше воведена забрана за ...

Словенецот Домен Превц го освои златниот медал во скијачки скокови на големата скокалница на Олимписките игри во Италија. Дваесет и шестгодишниот словенечки ски-скокач освои вкупно 301,8 поени (147,0 + 154,8) по двата скока. Ова е втор златен медал за Превц на Игрите во 2026 година. До златото Превц стигна по одличниот втор скок со должина 141,5 метри по што ја надополни негативата од седум бода од првата серија во однос на Јапонецот Рен ...

Меѓународната скијачка и сноуборд федерација (ФИС) одговори на протестот на финскиот тим против резултатите од машкиот спринт на Олимписките игри во 2026 година. Тој беше одбиен поради доцно поднесување. – Според член 361.3.3 од Меѓународните скијачки прописи, протест против друг спортист или неговата опрема може да се поднесе најдоцна 15 минути по објавувањето на неофицијалните резултати. Бидејќи трката се одржа во вторник, 10 февруари, ФИС ...

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец, Роналдињо, му се обрати на алпскиот скијач Лукас Пињеиро Братен, кој освои злато во велеслалом на Олимписките игри во Милано во 2026 година. Дваесет и петгодишниот скијач кој се натпреваруваше за Норвешка до 2023 година, му го донесе на Бразил првиот медал на Зимските олимписки игри во историјата. -Честитки за златниот медал, Лукас! Ти си извор на гордост за сите нас!“, напиша фудбалерот на ...

Американската алпска скијачка Линдзи Вон објави дека уште една операција по нејзиниот пад за време на натпреварот по спуст на Зимските олимписки игри во Италија во 2026 година била успешна. – Операцијата помина добро! За среќа, конечно ќе можам да се вратам во САД! Штом се вратам, ќе ви кажам повеќе за мојата повреда… Но, додека седам овде во мојот кревет и размислувам, сакам да споделам неколку мисли… Читам многу пораки во кои се вели дека ...

„Моето име е д-р Паиви Расанен. Служам како член на финскиот Парламент од редовите на Христијанско-демократската партија од 1995 година, а дополнително бев министер за внатрешни работи од 2011 до 2015 година. Исто така сум лекар и горда баба на дванаесет внуци. Финска е демократија изградена врз владеење на правото и основните слободи. Овие вредности ми се длабоко важни како Европејка и како христијанка“, вака го започна своето сведочење ...

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги пофали своите фудбалери по успехот во синоќешното дерби со Јувентус. Интер на свој терен победи со 3:2 во меч од 24. коло од Италијанското фудбалско првенство. – Бевме ограничени во нашите постапки и во она што сакавме да го понудиме. Игравме против голем тим кој ни создаде многу предизвици. Тие заслужуваат комплименти. Но, благодарение на нашиот карактер и она што ни требаше, успеавме да победиме. Во ...

Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен покажува сериозен интерес за напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен. Според информациите во турските медиуми, 27-годишниот Нигериец се смета за потенцијално напаѓачко засилување на баварскиот клуб. Баерн ја следи ситуацијата и ја проценува можноста за трансфер. Други европски клубови исто така покажуваат интерес за Осимен. Оваа сезона, напаѓачот постигна 15 гола и имаше девет асистенции во 22 ...

Реал Мадрид заработи најмногу пенали во најдобрите пет фудбалски лиги во Европа во сезоната 2025/26. „Кралскиот клуб“ доби 13 пенали во 24 натпревари од шпанската Ла Лига. Баерн (Германија) заработи девет, додека Мајнц (Германија, Брентфорд (Англија) и Брест (Франција) заработија по осум. Во победата од 4:1 над Реал Сосиедад синоќа во 24. коло од Ла Лига, Реал Мадрид реализираше два пенала, двата ги претвори во гол Винисиус Жуниор. Клубот од ...

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 литри на метар квадратен). Претежно во источните региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 километри на час). Попладне на планините во северните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а попладне од северен ...

На патниот правец Кичево – Гостивар поради голем одрон кај село Колари од 7 часот изутринава е воведен наизменичен сообраќај по една коловозна лента во должина од 30 метри, информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат. Поради одронот сообраќајот на патот Кичево – Гостивар од 5.40 часот беше во целосен прекин. АМСМ информира дека од 05:45 часот на патниот правец село Лисец – Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај на ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
58%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
47%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
55%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.72
84%
1017
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
54%
1015
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
5.66
71%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
31%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
78%
1016
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
41%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

358480.82

Бакар

10.65

Алуминиум

3.19

Сребро

2179.44

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Калај

43.91

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Цинк

0.00